Оперската дива од Бугарија, сопранот Александрина Пендачанска, на 8 март 2023, одржа гала концерт во Националната опера и балет, заедно со свои гости -други оперски пејачи. Таа на публиката во салата и се заблагодари за топлиот прием и рече дека за неа беше голема чест што настапи во Скопје, од каде, рече, има потекло. Дивата заедно со гости- солисти, исполни оперски арии од големите мајстори на класиката- Бах, Моцарт, Бизе, Верди, Росини, ...

Битола се сеќава на жртвите на 80 годишнината од холокаустот на битолските Евреи Во Офицерскиот дом во Битола, денеска се одржа комеморација по повод одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи. Во сеќавање на денот на депортацијата на Битола се сеќава на жртвите на 80 годишнината од холокаустот на битолските Евреи Во Офицерскиот дом во Битола, денеска се одржа комеморација по повод одбележувањето на 80-годишнината ...

„Македоника литера“ неодамна ја публикуваше книгата „Клучните концепти во кинескиот традиционален спорт“ од авторите Ченг Хон, Сие Веи и Ванг Чен, која претставува запознавање на традиционалната кинеска физичка култура од аспект на филозофската и животната мудрост и култура на живеење. Оваа книга содржи 95 клучни концепти поделени во четири категории: филозофија на спортовите, здравјето и спортовите, забавата и спортовите, и натпреварувачките ...

Здружението на новинарите на Македонија во Брисел ги пренесе барањата од новинарскиот протест. Безбедни новинари и сниматели, крај на неказнивноста на напаѓачите врз новинарите, крај на агресивниот „ПР“ на Владата и на омаловажувачкиот однос на политичарите кон медиумските работници, итно формирање на фонд за квалитетни медиумски продукти, беа дел од темите што претставниците на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги истакнаа за време ...

Досега невидени сценски визуелни ефекти во форма на 3Д мапинг и уникатна програма ќе бидат премиерно прикажани на концертниот спектакл „GROOVE” (ГРУВ) на македонскиот камерен оркестар „Профундис” кој ќе се одржи на 21 април на сцената на Националната опера и балет. На ова аудиовизуелно доживување како солист ќе настапи виртуозот на виолончело Драган Ѓорѓевиќ – Сузуки, кој пред македонската публика ќе се претстави заедно со врвните музичари од ...

Кординаторите на иновативната иницијатива “До зголемена инклузија” како претставници на граѓанското Здружение за значење на еколошкото образование во осовременување на образовниот преоцес (ЗЕОООП), упатија пораки до носителите на одлуки и до градоначалникот на општина Аеродром за важноста од исполнувањето на нивните ветувања дадени за време на предизборната кампања. Тие особено се осврнаа на ветувањето за модернизирани училишта со лифтови за ...

Денес, 9 март 2023, со почеток од 18.30 часот, во КИЦ на РСМ во Софија ќе се одржи промоцијата на книгата „На враќање“ од македонската писателка Фросина Пармаковска. „На враќање“ излегува како издание на издавачката куќа „Персеј“ од Софија, преведена на бугарски јазик од Маријан Петров. На промоцијата на литературното дело пред софиската публика, во присуство на авторката, ќе говорат издавачот Пламен Тотев и преведувачот Марјан Петров. ...

5 ноември 1968- Во МНТ била одржана премиерата на операта “Цар Самуил“ од Кирил Македонски. Кирил Македонски (Битола, 19 јануари 1925 – Скопје, 2 јуни 1984) — македонски композитор, автор на првата македонска национална опера „Гоце“, која својата премиера ја доживеала во Скопје, во 1954 година. Покрај камерни творби, тој пишувал музика и за радиодрами и за театарски пиеси, потоа за краткометражни филмови, како и за играниот филм „Македонска ...

Омаж на Ацо Шопов ќе се одржи на 14 Март во Музејот на македонската борба, од 13 часот. Во организација на Француски институт во Скопје. Оваа, 2023, е Година на Ацо Шопов. Претседателот Стево Пендаровски е покровител на чествувањето на стогодишнината од раѓањето на славниот македонски поет Ацо Шопов, што ќе се одбележи со низа настани во текот на 2023 година. Чествувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на великанот на ...

Со дебатата „УИНТ и 8. Март“, Универзитетот „Св. Апостол Павле“, го одбележа 8. Март. Учесниците на дебатата проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска, проф. д-р Јованка Дамоска Секулоска, проф. д-р Анета Велкоска, проф. д-р Дијана Цапеска Богатиноска како и студентките Ана Алексова и Рахела Бушиноска зборуваа за жените кои ги инспирирале, позицијата и улогата на жените во дигиталното општество. Дебатата беше модерирана од доц. д-р ...

Конечно македонската публика ќе има можност одблиску да ја запознае популарната српска хуманитарка и инфлуенсерка Ана Дорник, жената која со својата работа ѝм помага на многу жени да се справат со борбата со ракот. Ана Дорник е хероина, една од нас, жена која победила во борбата со ракот на дојка и одлучила со своето искуство да ѝм помогне на сите жени кои поминуваат низ иста фаза во животот. Со своето здружение „Жена уз жену“ и ...

Бројна публика меѓу која преовладуваа припадничките на понежниот пол вчеравечер го проследи концертот на триото „Џентлмен“ што се одржа во црквата „Света Софија“ во организација на НУ „Охридско лето“. Триото „Џентлмен“ е формирано по урнекот на светските поп-класични состави од професионалните оперски пејачи, тенорите Дејан Стоев и Јане Дунимагловски и баритонот Кристијан Антовски. На нивниот репертоар освен класичните композиции се наоѓаат и ...

Денеска во КИЦ Битола во чест на празникот на жените и одбележување на 80 години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка. Оваа година на 11.03.2023 се одбележуваат осумдесет години (80) од депортацијата на 7144 евреи од Македонија во Треблинка. Како и минатите години така и оваа година во сеќавање на жртвите ќе се одржи манифестацијата „Маршот на живите“ во Битола и Штип. Денеска на 08.03.23 ќе биде одбележан денот на жените 8 ...

Во Гевгелија, минатата година, 2022, биле остварени 47.637 ноќевања, главно, странски туристи, поради што е еден од најпосетуваните градови во Македонија, со најмногу туристички ноќевања. Според податоците на Државниот завод за статистика, во Гевгелија секој месец престојуваат по неколку илјади туристи, од кои повеќето се странски. Лани, во јуни се евидентирани 3.276 странски туристи, кои реализирале 5.671 ноќевања. Во јули, минатата година, ...

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, од 4-ти до 8-ми март, Скопје Сити Мол организира голем осмомартовски базар „За сите посебни дами во вашиот живот“. Билјана Тодороска – BRILLO, Јulie Decoupage, Esoapery, ЕКО восочна обвивка, Елена Ристовска, Small piece of joy, Filigree LARGO, Glow Natural, Котев Ксенија, LaSoy, Маја Донева, Марта Пејоска, Coral Jewelry, Morpho, Unique Corner, Карло Хорват, Шарено Ќоше, М&М LUXURY SOAP BOUQUET, ...

„Ладна зима полека заминува, ливадите разеленуват, ластовички летаат од гранка на гранка, вредни пчели од цвет на цвет, собираат мед, убаво време дојде, добре дојде пролет. За зимата нема место, време е за пролет, нема веќе студој снегој, се појави сонце, ајде деца да играме не седете домче…“ Приказната за Зајко кој го изеде носот на Снешко, за итрата Кума Лиска која го даде Зајко на шумскиот суд кај баба Меца за да му суди за стореното дело. ...

Четврток, 9.Март, “Марија Димитријевиќ квартет” ќе музицира во скопскиот концертен клуб Аудиокултура, новата музичка мека на современите македонски музички уметници. Џез, варијации на џез, латино, потемпераментни ритми, музички коктел во нејзин препознатлив манир. Концертот почнува во вообичаениот концертен термин на клубот 19.30 часот и трае нешто повеќе од еден час. Погледнете ја и програмата за другите мартовски настапи кои нѐ очекуваат на ...

Овој четврток со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Бедем” на кој како солистка ќе настапи една од најперспективните виолинистки на светската музичка сцена – Леиа Зу (Кина/Англија). Диригентка е Ребека Тонг (Индонезија/САД), а на програмата се Концертот за виолина и оркестар во Де-дур и Симфонијата бр. 7 во А-дур од Лудвиг ван Бетовен, како и два става од композицијата „Robert’s suite” на ...

Тимот на „Семос Едукација“ организираше целовечерен колоритен настан во духот на Оскарите на кој беа доделени 20 „Semos Academy Awards“ за најдобритe студенти од вкупно 15 Академии и две награди за талент партнерите и општествено – одговорните компании. Беа доделени и 10 стипендии во вредност од 10.000 илјади евра за нова генерација студенти на Академиите, во рамки на годинашниот проект за општествено одговорни практики „Година на дарување”. ...

Гевгелија, 7 март 2023 Играорците од Ансамблот „Бојмија“ освоија Гран при на Меѓународниот фестивал на изворна музика „Тодорица 2023“ во Свети Николе со освоена Гран при награда на Фестивалот. На овој реномиран фестивал се претставија со влашки изворни песни и ора од гевгелискиот крај. Со ова, „Бојмија“ го повтори успехот од 2018 година, кога, исто така, ја освоија првата награда на овој фестивал. Инаку, со овој Меѓународен фестивал на ...

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија распиша Јавен конкурс за поетски творби од роднокрајни автори во пресрет на уредувањето на годинашното 10. јубилејно издание на стихозбирката „Метрички карван: Гевгелија – Кочани“. На Конкурсот, со по три необјавени, поетски творби можат да учествуваат роднокрајни автори кои потекнуваат од подрачјето на општина Гевгелија или се поврзани на друг начин со Гевгелија и Гевгелиско. Темата е слободна. Јавниот ...

Скопје, 5.03.2023 Голем интерес помеѓу посетителите, широки насмевки и љубопитни очи уште на првиот ден од отворањето на петдневниот маркет во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 март, кој го организира Скопје Сити мол. На базарот „За сите посебни дами во вашиот живот“ кој ќе биде отворен до 8 март, 20тина индивидуалци, успеаја да го свртат вниманието на посетителите со рачно изработените современи креации. Веќе препознатливите ...

Актерите од ансамблот на Театар „Провокација“ уште еднаш ќе ги насмеат гевгеличани, но овојпат со нивната актерска игра во урнебесната комедија „Пациенти“. Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, „Пациенти“ ќе биде изведена во Народниот театар- Гевгелија на 9 март, со почеток во 19.30 часот. Влезот чини 200 денари, а билетите се пуштени во претпродажба од денеска и можат да се купат во Народниот театар- Гевгелија од 08 ...

И годинава, жената ќе се чествува со стихови и музика во рамките на поетско- музичка манифестација „За тебе љубов моја“. 21. издание на „За тебе љубов моја“ ќе се одржи на 7 март, во просториите на хотел-казино „Аполонија“- Гевгелија, со почеток во 19.30 часот. Влезот е слободен. Организатори на настанот се професорите по македонски јазик и литература, Даниела Џишева и Тони Аврамов, кои преку Здружението „Од станица до граница“, годинава, ...

На самиот почеток од 20 век, интензивните социјалистички движења меѓу останатото ја поддржуваа борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Повеќе од половина век борба за родова еднаквост ја произведе Одлуката на Обединетите нации од 1975 година, 8 март да биде прогласен за Меѓународен ден на жената. Меѓународниот ден на жената – светскиот празник 8 Март оттогаш се чествува секоја година. По овој повод ...

Од печат излезе првата збирка поезија на Блаже Петревски со наслов „Врвот Дно” во издание на Академска мисла – Скопје. Песните, распоредени во три циклуси („Од врвот на дното”), („Легии на свеста со штитови од мисли”), („Испарувања”) се нов силен поетски глас на македонската поетска сцена. За дебитантското поетско остварување на Петревски, современиот македонски писател Стефан Марковски пишува: „Словото на Блаже Петревски (Охрид, 1987), ...

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски ја освои Специјалната награда на жирито во престижната програма Недела на режисерите на фестивалот Фантаспорто. Ова беше 43. издание на фестивалот кој се одржува во португалскиот град Порто. Како еден од наградените филмови, „Кајмак“ имаше специјална дополнителна проекција на затворањето на Фантаспорто. Oва е најнова награда за Манчевски, најтрофејниот македонски режисер, кој има освоено повеќе од 60 ...

Овој четврток со почеток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Бедем” на кој како солистка ќе настапи една од најперспективните виолинистки на светската музичка сцена – Леиа Зу (Кина/Англија). Диригентка е Ребека Тонг (Индонезија/САД), а на програмата се Концертот за виолина и оркестар во Де-дур и Симфонијата бр. 7 во А-дур од Лудвиг ван Бетовен, како и два става од композицијата „Robert’s suite” на ...

Домот на културата „Македонија“- Гевгелија е организатор на уште еден културен настан од областа на македонскиот фолкор и богата традиција. На 3 март, 2022 година, со почеток во 19:00 часот, во Клуб-галеријата на Народниот театар (прв кат), ќе биде отворена Изложбата на етнокореологот Бојан Петковски: „Скутина, фута, бовча, диљка“. Влезот е слободен. – Кон крајот на ЏИЏ век носијата била во својот полн сјај, карактеризирајќи се со слоевитост ...

Вечерва, во 20 часот, во Музејот на современата уметност – Скопје ќе биде отворена изложба на дела од уметникот Петар Лубарда. Изложбата е заедничката соработка на министерствата за култура на Црна Гора и Република Северна Македонија, амбасадата на Црна Гора и Музејот на современа уметност – Скопје под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Куратори на изложбата се Благоја Варошанец и Владимир ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
74%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 0ᴼ
1.03
76%
1024
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1022
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
2.57
65%
1024
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.16
97%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
92%
1023
weather icon

Атина

9ᴼ / 6ᴼ
1.79
67%
1024
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
76%
1027
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -5ᴼ
1.34
86%
1021
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -5ᴼ
2.57
86%
1024
weather icon

Истанбул

3ᴼ / 3ᴼ
4.63
56%
1024
Currency

61.545

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Сребро

2756.60

Рутениум

44946.74

Алуминиум

3.17

Иридиум

174307.10

Бакар

12.02

Цинк

3.15

Паладиум

57839.19

Платина

74245.83

Калај

48.40

Кобалт

59.52

Злато

147673.55

Родиум

318292.39