Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на критиките на СДС на програмата 1198, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ја презентира програмата со 1198 проекти за граѓаните на Македонија, а СДС освен критики немаат што друго да понудат. Мицкоски посочи и дел од проектите каде ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на олеснување на работата на компаниите, рамен данок, борба со сивата економија, реформи во УЈП како и ревизија ...

Исплатата на месечен надомест за приватните специјализанти, во висина на просечна плата, започна во мандатот на Венко Филипче. Пред 2018 година оваа категорија на лекари беа социјални случаи бидејќи не добиваат ништо за својот труд, вели д-р Александра Георгиева од Здружение на лекари специјалзианти (ЗЛС) во „Студио 10“ на Телевизја 24. „Во Македонија пред 2018 година не постоеше никаков надоместок за приватните специјализанти, значи таа ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска заедно со заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска и организациониот секретар на СДСМ, Митко Трајчулески, во Собранието на Република Северна Македонија, остварија средба со делегацијата на Aд-хок Комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа за набљудување на претседателските и парламентарните избори во Република Северна Македонија. ...

„Јас на гласачите ќе им понудам многу работа, отвореност, транспарентност, чесност, ќе им понудам да бидам нивни вистински претставник во Парламентот, да ги застапувам нивните интереси. Едноставно, ќе го работам многу повеќе, тоа што сега го работам и до сега“, истакна во ТВ интервју Венко Филипче, кандидат за пратеник и носител на листата во Изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата. Тој во едночасовното интервју се осврна на начинот на кој ...

Денес во просториите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски потпиша меморандум за соработка со претседателот на Движењето за Нова Република, Ивон Величковски, со кој се проширува соработката со сите општествени и политички чинители, а во насока на продолжувањето на активностите кои означуваат обезбедување европска иднина за граѓаните. Со меморандумот за соработка се потврдува соработката со ...

Во ТВ интервју по повеќе од две и пол години откако не е на функција во политиката, Венко Филипче говореше за проектите кои ги реализирал како министер, но и за работата како пратеник после изборите во мај. „Тоа се платите на здравствените работници, тоа се оригиналните инсулини, тоа е биолошката терапија - како некои од покрупните проекти. До нашиот мандат луѓе, за жал, или летално завршуваа или одеа да се лекуваат во странство за таа ...

Венко Филипче во своето прво интервју по објавената кандидатура за пратеник се осврна на реализираните проекти во здравството додека тој беше министер во период од пет години, кога Владата ја предводеше Зоран Заев. Филипче истакна дека во тој период, и покрај сите предизвици со Ковид кризата, реализирани се низа проекти и реформи кои се од клучно значење за пациентите и здравствените работници. „Сериозно ги покачивме платите на докторите, ...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на Венко Филипче и ангажманот во 4-тата изборна единица истакна дека според него се работи за потенцијална лидерска битка во СДСМ по изборите и кој да го преземе раководството во СДСМ, но Венко Филипче треба да даде одговори на многу прашања во јавноста како за набавката на вакцини, модуларната болница во Тетово, случајот Онкологија и многу други. ...

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје, со сите нереализирани изборни ветувања ДПМНЕ излезе со нови лажни ветувања. Промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања. Скопјани, но и граѓаните во над 40 општини ширум државата под капата на ДПМНЕ тоа најдобро го знаат. ДПМНЕ ветуваше бесплатен јавен превоз, 250 еко ...

Би сакал да ја продолжиме темата која што ја отворив минатата недела на која што до денес не добивме релевантни и кредибилни одговори во однос на улогата на спорни странски консултанти во кампањата на Стево Пендаровски на СДСМ. Имено целата мината недела поставував прашања за улогата на Асаф Еисин во кампањата на Стево Пендаровски и на СДСМ. Добивме многу конфузни одговори, од една страна Стево Пендаровски кажа дека се среќавал со него, но ...

Во период од 4 години 800 милиони евра ќе се слеат од владата кон земјоделците и земјоделието. Средствата се предвидени како доходовна поддршка на земјоделците, како субвенции, грантови и друг вид на поддршка, потоа инвестиции во диверзификација, инфраструктура и опрема. Предвидени се средства за стимулирање на осигурувањето на земјоделските поседи и посеви. Ќе се одвојат значајни средства за водоснабдување, реконструкција и изградба на ...

„Јас сум присутен насекаде во државата, посебно во регионот на Изборната единица 4. Изминатиот период комуницирам со многу луѓе од тој регион, имам познавање и за потребите и за можните решенија на нивните проблеми“, истакна Венко Филипче во телевизиско интервју по речиси две и пол години откако ја напушти функцијата министер за здравство. Тој потенцираше и дека пратеникот треба да ги застапува сите граѓани понатаму и во Парламентот, а не ...

По залагањето на Градоначалникот Митко Јанчев заедно со Комерцијална Банка АД Скопје за стечајната постапка за Еуроникел Индустри, на 22.03.2024 година се склучи договор за продажба на фабриката Еуроникел Индустри од страна на Комерцијална Банка АД Скопје со компанијата Polynickel Holding BV, која е дел од групацијата Yildirim Group, а преку новоформираната компанија Дабл Игл ДООЕЛ - информираат во соопштението од кабинетот на градоначалникот ...

СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за европска иднина преточен во новата изборна програма. Повисок животен стандард, европски плати и пензии се еден од клучните столбови на планот за европска иднина на Македонија. Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари или 500 евра - стои во денешното соопштение од СДСМ. Дополнително се предвида мерка- новогодишен пакет од 100 евра за секој ...

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на намалување на невработеноста до 7.5% и до 5% годишен раст на економијата. ВМРО-ДПМНЕ проектира дека како идна влада ќе креира 55.000 нови работни места, со што невработеноста ќе се сведе на едноцифрена, т.е. на 7.5%. Тоа ќе се постигне со раст на економијата од 5% годишно - стои во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе креира 10 годишна нова стратегија за привлекување на гринфилд и ...

„Возилото беше превртено, а возачот приклештен. Поради тоа интервенираше и противпожарната единица. Повредениот е извлечен и транспортиран во општа болница Кавадарци. Виталните функции беа сочувани. Во болницата се врши понтамошна дијагностика“ рече за КТВ, д-р Ратко Грков од Итната медицинска помош Кавадарци. ОД ТППЕ Кавадарци бевме информирани дека интервенирале со петмина пожарникари, едно возило за техничка интервенција и возило за ...

Со одлука на советот, извршена е распределба на финансиски средства на невладиниот сектор во општина Кавадарци, по претходни апликации на јавен повик за предлагање на проекти, согласно општинската програма за развој на невладиниот сектор за 2024 година. Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци добива 250.000,00 денари, Доброволно противпожарно друштво „САШКО ГЕШОВСКИ“ Кавадарци 200.000,00 денари, 180.000 денари се доделени на здружение ...

Синоќа во 19.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода З.П.(56) и Б.П.(33) од село Сирково, кавадаречко. При претрес во нивниот семеен дом, извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, кај З.П. биле пронајдени и одземени две воздушни пушки, сигнален пиштол, повеќе сигнални куршуми, повеќе куршуми за ловечка пушка, кутија со сачми и барут и алатки за изработка на ...

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, вчера одржаа повеќе средби со успешни жени земјоделки. Жената земјоделка сите овие изминати години беше наш главен фокус, во мерките и политиките што како министерство ги креиравме, а во тој правец, посветено ќе продолжиме и во наредните години. Заедно постигнавме многу успешни ...

Завршните сметки на општината и на институциите под општинска капа денеска беа меѓу точките на дневен ред за 40-та седница на кавадаречкиот совет. Голем број од советничките дискусии потсетија дека доаѓаат избори. Финансиското работење на општината, училиштата и останатите општински институции се разгледуваше на денешната 40-та седница на советот на општина Кавадарци. Остварувањето на вкупните приходи по сите основи за 2023 година во ...

Во новиот мандат на СДСМ со мене како премиер, ги зголемуваме субвенциите на 750 милиони евра, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски синоќа во Прилеп на отворањето на промотивниот штаб на партијата. – Од оваа година дел од субвенциите им се исплаќаат на земјоделците авансно, за да ги добијат средствата тогаш, кога им се најпотребни. Со новата програма на СДСМ за 2024 година, во новиот мандат, тутунарите покрај субвенција за откупен ...

Денес, нека се сетиме на сите достигнувања и борби на жените од минатото, но и да ги прославиме сите заложби кои ги постигнавмезаеднички. Да се вклучиме во поддршка и почит кон секоја жена, за нејзината силна волја и непрекината борба за рамноправност и достоинство. Во текот на последните три децении,нашетоЗдружението за родова еднаквост Визија како основач и членка на Националниот Совет за родова рамноправност во невладиниот сектор го ...

Како звучи идејата за уште едно уникатно искуство со многу музика, возбуда и иновација? Оваа сабота забавата е загарантирана во срцето на Тиквешијата, во Кавадарци, а кафулето Рома, по 12 часот напладне ќе биде центарот на изненадувања и моменти за паметење за сите присутни. За незаборавно доживување во градот на виното, ракијата и серенадите ќе се погрижи IQOS TogetherX. Кавадарци во изминатиот период беше домаќин на најновата иновација - ...

КАВАДАРЧАНИ СИНОЌА ГИ ПРОГЛАСИЈА НАЈДОБРИТЕ СПОРТИСТИ,СПОРТСКИ КОЛЕКТИВИ И СПОРТСКИ РАБОТНИЦИ ЗА 2023. Синоќа во кино салата при домот на културата Иван Мазов Климе се одржа манифестацијата „Избираме спортист на годината за 2023„. Клубовите претходно доставија до Сојузот на спортови на град Кавадарци свои предлози за поединечните и екипнии достигнувања. На синоќнешната манифестација беа доделени награди во неколку категрии: таленти, јуниори ...

Следното ниво продолжува во Кавадарци Во центарот на Тиквешијата, го наоѓаме Кавадарци. Град познат како Градот на виното, ракијата и серенадите, а и на најпознатата староградска македонска музика. Познати домаќини, добри угостители, ревносни фудбалски навивачи и мајстори на занаети - така и Кавадарчани велат за себе, а и да се пофалат. Па така од прошетки низ еден од најубавите Градски паркови, кафе во добро уредените Кавадаречки кафулиња, ...

Утринава во 04.25 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.П. (28) од Кавадарци, постапувајки по претходна пријава од 19 – годишната С.Џ. од Кавадарци дека пред нивниот дом физички го нападнал нејзиниот сопруг И.В. (22) и со дрвен предмет ги оштетил нивните возила „форд“ и „опел астра“ и влезната врата од домот. Р.П. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител, а увид на местото бил ...

Здружението на лекари специјализанти - ЗЛС го поздравува најавеното линеарно покачување на 5% за сите здравствени работници и соработници за март 2024 година и верува дека ваквиот тренд мора да перзистира. Воедно, потсетуваме и бараме да не се заборави значајна група од над 300 лекари - приватни специјализанти кои секојдневно работат рамо до рамо со нивните колеги за само 26 000 денари, односно нешто над минималната плата. Акцентираме дека ...

Уредите без чад значително ја променија сликата на пазарот на алтернативи на пушењето. Предводник во оваа категорија несомнено се IQOS уредите. Со загревање наместо согорување на тутунот, уредитенудат подобра алтернатива на цигарите за сите полнолетни пушачи, кои инаку би продолжиле да пушат. На македонскиот пазар неодамна пристигна технолошки најнапредниот уред за загревање- IQOS ILUMA, што користи технологија за индукциско загревање, а ...

Остварувањето на вкупните приходи по сите основи за периодот од 01.01.2023-31.12.2023 година е во износ од 31.334.875 денари во однос на планираните 1.235.593.000 денари или изразено во проценти 83,47 %. – ова го покажуваат податоците од образложението на кварталниот извештај за последниот квартал од минатата година кој го разгледуваа советниците денеска во рамки на 39-та седница. Опозицијата во советот констатира слабо извршување на ...

Со оваа соработка што денеска и официјално ја објавуваме, Кожувчанка станува горд поддржувач на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија во наредниот период. Кожувчанка со новото партнерство обезбедува значајна поддршка за КФСМ за да поттикне нови успеси и значајни заеднички победи на сите македонски национални тимови под капата на кошаркарската федерација. -Веруваме дека македонската кошарка има потенцијал, сила и моќ во себе за да ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1005
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
4.12
92%
1000
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
91%
1001
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
65%
1005
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.5
84%
1003
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
96%
1001
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
83%
1009
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
72%
1006
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1001
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
1.34
89%
1002
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
8.23
66%
1008
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.3623

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Сребро

2492.14

Платина

72143.25

Рутениум

44142.98

Паладиум

58707.26

Родиум

311058.47

Калај

44.58

Кобалт

59.52

Иридиум

169549.30

Алуминиум

3.08

Злато

143662.56

Бакар

11.76

Цинк

3.11