Приходи од продажби Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2024 година продажбите достигнуваат 9.997.468.062 денари, што е за 9 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 14.236.125.924 денари, што е за 14 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се ...

Во рамки на октомври – месецот на штедење, УНИБанка организираше серија интерактивни активности под мотото “УНИФин Aвантури”, насочени кон финансиска едукација на најмалите. Кампањата вклучи различни категории на образовни институции и тоа градинки, основни и средни училишта низ целата држава. Овие активности имаа за цел да ги едуцираат младите за важноста на штедењето и управувањето со финансиите, да се запознаат децата со концептите на ...

„Алкалоид“ е компанија која функционира глобално, но базата е во Македонија. Иако прогнозите на светско ниво се песимистички, со стабилност дома, ако сите дадеме свој мал придонес за раст на националната економија, амбициозните проекции би биле реални. Ни недостига и поголема меѓусебна доверба за како нација да растеме заедно“. Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, зеде учество на Првата годишна конференција ...

ПроКредит Банка започна нова соработка со Европската инвестициска банка (ЕИБ) како дел од Програмата за техничка помош на Greening Financial Systems (GFS), со што ќе добие поддршка во напорите за управување со климатските ризици преку споделено знаење и техничка експертиза коишто се неопходни за спроведување на сеопфатен план за климатска транзиција. Со оваа иницијатива, ПроКредит Банка ја потврдува својата долгорочна посветеност на ...

ПроКредит Банка продолжува да ја шири својата мрежа со отворање на нова, модерна филијала во Чаир. По реновирањето на неколку постоечки филијали и отворањето на нови филијали низ Македонија, ПроКредит Банка ја збогатува и својата мрежа во Скопје. Отсега клиентите на банката ќе можат да ги користат сите дигитални поволности, како и стручните совети од ПроКредит тимот во населбата Чаир на ул. Џон Кенеди бб, Скопје. Филијалата во Чаир располага ...

Сопственикот на Фероинвест, проф.д-р Кочо Анѓушев вели дека компанијата Фероинвест на годинешниот саем ЕНЕРГО ТЕХНОМА во Скопје ќе претстави решенија за проблемот со вишокот електрична енергија од фотоволтаици, што е главен проблем во моментот, но дека нивните инженери веќе работат на енергетски решенија кои ќе се бараат по 5 или 6 години. Нашата компанија е една од водечките компании во техничката сфера во Македонија, особено во ...

Скопје, 24.10.2024. Компанијата dm drogerie markt постигна извонредни деловни резултати во деловната 2023/24 година. Со остварен промет од 3,07 милијарди денари, односно раст од 25,15 отсто, инвестиции во износ од речиси 126 милиони денари во својата продажна мрежа, како и раст на фреквенцијата на пазарување од окoлу 16 отсто, најголемиот дрогериски синџир постигна напредок во сите клучни области и ја зајакна својата позиција на македонскиот ...

ПроКредит Банка официјално го објави лансирањето на првиот дигитален банкарски асистент во нашата земја – Предраг, кој ќе биде достапен за користење 24/7, а ќе послужи како уште еден за комуникација на банката со клиентите, сѐ со цел да овозможи уште полесно и попристапно банкарство. Како дел од стратегијата за дигитализација на банката, Предраг е дигитален асистент кој ја нагласува посветеноста на ПроКредит во активно инвестирање во ...

Зелените инвестиции играат значително важна улога во обезбедувањето на долгорочна одржливост на компаниите во денешниот брзо променлив свет каде сѐ повеќе доминираат темите од еколошки аспект. Со насочувањето кон зелени инвестиции компаните придонесуваат за заштита на животната средина и за зајакнување на сопствената конкурентност и стабилност на пазарот. Обезбедување долгорочна одржливост Најважната придобивка од зелените инвестиции за ...

Некои земји од Западен Балкан ќе станат членки на ЕУ до крајот на деценијата! Важни ќе ви бидат суштинските реформи на тој пат без кои нема да има напредок! Небојша Стојчиќ е ректор на Универзитетот во Дубровник. Истакнат претставник на помладата генерација на хрватски економисти. Неговата академска работа опфаќа широк опсег на теми, со посебен акцент на технолошката конвергенција, иновациите и индустриската политика и процесите на ...

CPHI 35 години по ред обединува фармацевтски експерти, иноватори и пионери од индустријата. Оваа глобална мрежа нуди можности за учење, иновации и разни типови на соработка. Тимот на „Алкалоид“ на овогодишниот собир брои околу 30 професионалци од различни организациски сектори на компанијата „Алкалоид“ годинава од Милано ја започна третата деценија како традиционален учесник на најреномираниот светски настан во областа на фармацијата – CPhl ...

Групацијата ГЕН-И ја изгради својата втора голема соларна електрана во земјата, во близина на Кавадарци. На претходно деградирано земјиште од 70.000м², инсталирани се 17 612 фотоволтаични модули, што зафаќаат вкупна површина од 60.000м². Нивната максимална вкупна моќност (во зависност од временските услови) изнесува 12 MW. Во зависност од бројот на сончеви часови, овие модули можат годишно да произведат до 15.500 MWh енергија без јаглеродни ...

Не може сите млади да бидат ИТ инженери, бидејќи на државата и се потребни и архитекти, и градежници, и металурзи и технолози. Вака проф. д-р Кочо Анѓушев се брати на дебатата на Машинскиот факултет во Скопје, по повод 20 години од Институтот за мехатроника. „Мора да се земе предвид дека стопанството денес не е истото коешто беше пред 30 или 40 години. Индустријата има потреба од друг тип на кадри и одговори, и затоа и факултетите треба да ...

Кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за македонските фирми да постават батерии на фотонапонските електрани, инсталирани на покривите на индустриските објекти, е поволноста со која европската финансиска институција ќе го поттикнува македонското стопанство да биде енергетски ефикасно. Пред штипските фирми, во салата на општина Штип, консултантите на Европската Банка, Ловре Ристевски и проф. Даме Димитровски, порачаа дека има потреба ...

Би споменал дека банката од водечкото светско списание „Global Banking & Finance Review” беше прогласена за „Најдобра банка за мали и средни претпријатија во Македонија во 2017 година”, а од истото списание беше прогласена и за „Најдобра Банка за Население во Македонија во 2020 година”. Имаме добиено и награда „Креатори на векот“ за 2018 година за придонесот во развојот на претприемништвото во Централна и Југоисточна Европа. Во 2020 ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вторник на 8 октомври ќе патува за Будимпешта каде ќе биде потпишан договорот за кредит во висина од 500 милиони евра од унгарската експорт-импорт банка. -На 8 октомври заминувам и тој ден ќе се потпишува кредитот во Будимпешта. Очекувам до крајот на следната недела парите да легнат на буџетските сметки, прво на девизната, а потоа ќе пренасочуваме дел на денарската сметка – рече таа во ...

Нов станбен кредит во денари со каматна стапка од 3,49% и потрошувачки кредит со кaматна стапка од 5,3% Шпаркасе Банка воведува нов станбен и нов потрошувачки кредит со фиксни каматни стапки Почнувајќи од 1 октомври, Шпаркасе Банка нуди нов станбен кредит во денари со фиксна каматна стапка од 3,49% за првите десет години од отплатата. Кредитот е достапен во максимален износ до 24.600.000 МКД со рок на отплата до 360 месеци. Дополнителна ...

Наменски дизајнираните маички со лајтмотив – индивидуалната енергија како експресија низ теоријата на бои – симболизираше пропусница за пикникот, преку која семејството алкалоидовци и пријателите до денес донираа околу 2 милиони денари. „Алкалоид“ АД Скопје ја продолжи хуманата мисија на 10-тиот по ред донаторски хепенинг по неколкугодишна пауза која се должеше на пандемиските ограничувања. Хуманитарниот пикник беше спроведен под закрила на ...

На пример, дали е точно дека хотелите Холидеј ин, Турист, Бристол, Водно, Јадран (Арапска куќа), Карпош, Сарај и Белви … деновиве се предмет на купопродажба од страна Фатмир Етеми? Точно ли е …? Плус рестораните Пивница, Лондон и Македонија … И сетоа тоа обединето во „Македонија Турист„! Дали е точно …? А ние чекавме Хајат, Краун плаза или Фор сизан да дојдат … Знаете што? Тие ке дојдат секако … Ама нема Доне да ги донесе, туку Фатмир …!? ...

Водечките ИТ експерти ги претставија најновите текови во ИТ сферата и споделија мислења со партнерите и студентите кои наскоро ќе станат дел од таа фела. Традиционално и оваа година, на третата годишна конференција на „Ingram & Vendors Networking #3“ што се одржа во Охрид, над 170-мината учесници ги утврдија најновите трендови во ИТ секторот, ставајќи фокус на надминувањето на ризиците во сајбер-безбедноста, како и унапредувањето на ...

Компанијата „Божиновски часовници и накит“ во соработка со Фестивалот „Браќа Манаки“ го прославува богатото наследство на светската кинематографија со проект за поставување ѕвезди кои ќе ги обележат имињата на сите досегашни добитници на престижната награда „Златна камера 300“. Во срцето на Битола, главната шетачка улица – Широк Сокак – засвети уште посјајно! Компанијата „Божиновски часовници и накит“ во соработка со Фестивалот „Браќа ...

На 10-ти септември, во хотелот Double Tree by Hilton, Forvis Mazars официјално го претстави својот нов глобален бренд во пружањето професионални услуги во Северна Македонија. Овој настан претставува значаен чекор за нашата компанија и регионот, кој го одбележа почетокот на ново поглавје за нашето присуство во земјата. Со посветеност кон испорачување квалитетни услуги и градење долгорочни врски, Forvis Mazars ја зацврстува својата позиција ...

Компанијата започна со имплементирање на софтверската платформа AlkaLIMS, која има цел да изврши целосна интеграција на сите лабораториски процеси во компанијата, централизирано управување со податоците и со процесите, нивна следливост поврзана со контрола на производите, регулаторна усогласеност и стимулација за континуирано подобрување. „Алкалоид“ започна процес на целосна интеграција на сите свои лабораториски процеси во рамките на ...

Граѓаните на САД на 5 ноември ќе го избираат својот следен претседател, кога ќе бираат помеѓу реизбор на поранешниот претседател Доналд Трамп или ќе ја изгласаат актуелната потпретседателка, Камала Харис да биде првата жена претседател на државата. Трамп и Харис се сретнаа за прв пат како кандидати на ТВ дебатата во Пенсилванија во вторникот вечерта, и како што тоа обично бива, фановите на Камала се убедени дека таа победила на првото ...

Наодите доаѓаат откако X се соочи со егзодус на огласувачи во текот на изминатата година, при што големите компании како Apple, Coca-Cola и Disney ги отстранија платените реклами од платформата. Некои од тие компании ги намалија трошоците за X откако Илон Маск поддржа антисемитски пост минатата година. Проблемите на X со рекламирањето продолжија и во 2024 година, при што Светската банка го суспендираше целото платено рекламирање на ...

Цената на биткоин падна под 50.000 долари на почетокот на август и под 53.000 долари на почетокот на септември, што се историски лоши месеци. Сепак, биткоин успеа да се опорави, а одредени фактори даваат пооптимистичка перспектива за следните месеци во однос на движењата на цените. Пад на резервите на биткоин во менувачниците Анализата на CryptoQuant ја започна својата оптимистичка прогноза со прикажување на сѐ помалиот број на биткоини ...

Фолксваген мора да даде приоритет на иновациите, ефикасноста, фокусираноста на клиентите и агилноста за да биде во чекор со еволуцијата на автомобилската индустрија предводена од кинеските производители на електрични возила. Ако се дави во долготрајни и флертувачки преговори со работниците и ги задоволи нивните барања (последната е четиридневната работна недела) и ако, пак, се потпре на државата и нејзините субвенции, тогаш лошо му се пишува. ...

Малопродажната мрежа на синџирот Кеа се состои од 32 продавници во областа Цеље, Марибор, Прекмурје и Приморје, со просечна големина од 250 метри квадратни. Седиштето на Кеа е во градот Шентјур, а во 2023 година оваа компанија остварила приход од речиси 50 милиони евра. Хрватскиот малопродажен синџир „Студенац“ го презеде словенечкиот синџир продавници „Kea“. Ова беше потврдено по официјалното одобрение на словенечката агенција за ...

По ИТ, Хрватите најмногу се заинтересирани за фармацијата, а потоа за секторот финансии. Дваесет и два отсто од испитаниците би сакале да се вработат во угостителството и туризмот. Така, овој сектор не е меѓу најпосакуваните според анализираните индустрии во ова истражување, но е попопуларен од прехранбената индустрија и трговијата, се истакнува во истражувањето спроведено во земјата од страна на агенцијата Ипсос. Четириесет и два отсто од ...

Тоа што е позитивно кај домашните компании за широка потрошувачка е дека и за време на криза се “покажаа” како стабилни системи, и испорачуваат вредност која може да конкурира и со меѓународните синџири. И по здравствената и економската криза, компаниите ја одржаа сопствената продуктивност и профитабилност. Тоа што сериозно недостасува кај домашните компании е конкурентност базирана на реална иновативност и дигитализација. Автори: Борислава ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1001
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
95%
1001
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1003
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
67%
1002
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.51
82%
1001
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
97%
1003
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
6.26
62%
1005
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
76%
999
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
997
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
86%
1000
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -4ᴼ
0.51
89%
1003
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
9.77
71%
1004
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.4288

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.2315

Currency

0.58605

Кобалт

59.52

Иридиум

169549.30

Бакар

11.76

Паладиум

58707.26

Злато

143662.56

Калај

44.58

Алуминиум

3.08

Сребро

2492.14

Платина

72143.25

Цинк

3.11

Родиум

311058.47

Рутениум

44142.98