Кондиторската компанија “Европа” објави дека во периодот од јануари до септември 2024 година работела со поголеми продажби и намалена профитабилност. Извештајот објавен на Македонската берза покажува дека Европа првите девет месеци годинава ги завршила со приходи од продажба од 11,3 милиони евра, кои се за 10% поголеми од истиот период лани. Половина од приходите од продажба Европа во првите три квартали годинава или 53% ги остварила на ...

Економското забавување особено тешко ја погодува Германија оваа година, додека сите други индустриски земји се многу подобро според ММФ. Но, во третиот квартал, германската економија изненадувачки порасна и беше избегната рецесија. Ова очигледно главно се должи на владината и приватната потрошувачка. Бруто домашниот производ (БДП) се зголеми за 0,2 % во третиот квартал од јули до септември во однос на претходниот квартал, објави Федералниот ...

Лошата економска состојба во Германија ги погоди и странските компании во земјава кои извезуваат за автомобилската индустрија. Обемот на работата кај дел од инвеститорите е намален и за околу 30 отсто. Нарачките се одложуваат. Во некои фирми смените за време на викенд повеќе ги нема. Се поизвесно е и дека ќе стагнира вработувањето во погодните на странските компании. Најновите информации од германската влада се дека оваа година ќе заврши со ...

Владата денеска на седница го усвои Предлог-буџетот за 2025 година кој носи стабилизација на јавните финаснии и екононски раст, со истовремена фискална консолидација. Обезбедивме повеќе пари за капитални расходи и развој, средства за навременa исплата и раст на пензиите и повисоки плати во образованието. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција на која го претстави усвоениот Предлог-буџет за ...

Европската унија одлучи да ги зголеми царините за електричните возила од кинеско производство на дури 45,3% на крајот од истрагата со највисок профил што ја подели Европа и предизвика одмазда од Пекинг. Нешто повеќе од една година по покренувањето на истрагата против субвенционирање, Европската комисија утврди дополнителни царини кои ќе се движат од 7,8% за Tesla, 17% за електричните автомобили произведени од BYD и 18,8% за електричните ...

Европскиот пазар на челик се соочува со сè попредизвикувачки изгледи, поттикнати од комбинација на ниска побарувачка за челик, пад на побарувачката во секторите што користат челик и постојано зголемување на увозот на челик. Овие фактори, во комбинација со слабата севкупна економска прогноза, зголемените геополитички тензии и повисоките трошоци за енергија за ЕУ во споредба со другите големи економски региони, дополнително го продлабочуваат ...

„Фолксваген“ планира да затвори најмалку три фабрики во Германија, да отпушти десетици илјади вработени и трајно да ги намали преостанатите фабрики во земјата, изјави главниот работник на автомобилскиот производител. „Менаџментот е апсолутно сериозно за сето ова“, изјави Даниела Кавало, шеф на работничкиот совет на VW. „Ова е планот на најголемата германска индустриска групација да започне распродажба во својата матична земја Германија“, ...

„Алкалоид“ е компанија која функционира глобално, но базата е во Македонија. Иако прогнозите на светско ниво се песимистички, со стабилност дома, ако сите дадеме свој мал придонес за раст на националната економија, амбициозните проекции би биле реални. Ни недостига и поголема меѓусебна доверба за како нација да растеме заедно“. Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, зеде учество на Првата годишна ...

Од 19-ти до 23-ти октомври, Макпрогрес со гордост го одбележува своето 12-то учество на престижниот саем SIAL во Париз, кој се одржува на секои две години. “Веќе 22 години, од 2002 година наваму, сме дел од овој глобален настан, презентирајќи го нашето богато портфолио и иновативни решенија за иднината на храната. Макпрогрес, со својата долгогодишна посветеност на квалитет и иновации, е препознатлив бренд на светската сцена. Нашето учество на ...

Зелените инвестиции играат значително важна улога во обезбедувањето на долгорочна одржливост на компаниите во денешниот брзо променлив свет каде сѐ повеќе доминираат темите од еколошки аспект. Со насочувањето кон зелени инвестиции компаните придонесуваат за заштита на животната средина и за зајакнување на сопствената конкурентност и стабилност на пазарот. Обезбедување долгорочна одржливост Најважната придобивка од зелените инвестиции за ...

На церемонија што се одржа во фабричките простории во Охрид, вчера, светски познатиот автомобилски бренд „Јагуар Ленд Ровер“ на компанијата „Костал Македонија“ и врачи награда за квалитет за, како што беше посочено, одлично сработената работа и високиот квалитет на испорачаните делови кои се вградуваат во возилата на „JLR“ (Jaguar Land Rover). Наградата од име на делегацијата на „Јагуар Ленд Ровер“ која е во посета на деловниот партнер во ...

Во септември 2024 година, регистрациите на нови автомобили во ЕУ ја продолжија својата надолна траекторија и се намалија за -6,1%, како последица на намаленото трошење на потрошувачите во европската економија која стагнира, како и на високите каматни стапки. Негативни резултати во септември има на три од четирите главни пазари во регионот: Франција со пад на продажбата од -11,1% и Италија (-10,7%) и со пад на германскиот пазар за 7 %. Во ...

Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка на вчерашната седница донесе одлука да ја намали каматната стапка на благајничките записи за 0,25 п.п., на нивото од 5,8%, откако било оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со претпазливо нормализирање на поставеноста на монетарната политика. Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена се непроменети, на нивоата од 4,20% и ...

Дванаесет македонски компании од прехранбената индустрија ги изложија своите производи на најголемиот светски саем за храна и пијалоци кој се одржува од 19 до 23 октомври во Париз, Франција. Макпрогрес, Лион, Макс, Мако Маркет, Соко, Випро, Вори, Аграр Ко, Ексклузив, Фруктана, Иноспектар и Ларс се македонските компании кои ги претставија своите производи во две хали, за свежо овошје и зеленчук и преработки, како и за кондиторски производи, ...

Започнавме структурни реформи во сите сектори. Имаме амбициозна програма со која започнавме да ја менуваме сликата за Македонија. Ја реализираме наголемата инвестициона активност во патната мрежа каде започнуваме постапки за изградба на неколку автопати. Завршуваме со изградба на неколку брзи патишта. Нашиот најамбициозен проект е изградба на брза пруга токму на коридор 10 со што ќе овозможиме брза врска до солунското пристаниште и до ...

Во наредните години глобалната економија слабо ќе расте, додека јавниот долг ќе се зголемува посилно, изјави во четвртокот управниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Пред заедничката есенска на ММФ и Светската банка кои ќе се одржат во Вашингтон од 21 до 26 октомври, Кристалина Георгиева предупредува: “Изгледите укажуваат на сериозна комбинација на слаб раст и висок долг, што укажува на тешка иднина”. ММФ ќе ја претстави ...

Повеќе од половина од вкупната електрична енергија во светот до 2030 година ќе се произведува од извори со обновливи извори на енергија со ниски емисии, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). „Побарувачката за нафта, гас и јаглен сè уште се очекува да достигне врв на крајот на оваа деценија, што може да доведе до вишок на фосилни горива“, се вели во годишната прогноза на ИЕА. Извршниот директор на ИЕА, Фатих Бирол изјави дека во ...

Најголемата прехранбена компанија во светот ги намали прогнозите за профит и приходи за годинава како последица на пониските од очекуваните продажби, главно поради помалата побарувачка на потрошувачите. По слабите резултати во третиот квартал, Нестле ги намали проценките за раст на продажбите з ацелата година на 2%, во споредба со претходната прогноза од најмалку 3% и предупреди на слабата побарувачка на потрошувачите. Растот од 2% би бил ...

ПроКредит Банка официјално го објави лансирањето на првиот дигитален банкарски асистент во нашата земја – Предраг, кој ќе биде достапен за користење 24/7, а ќе послужи како уште еден за комуникација на банката со клиентите, сѐ со цел да овозможи уште полесно и попристапно банкарство. Како дел од стратегијата за дигитализација на банката, Предраг е дигитален асистент кој ја нагласува посветеноста на ПроКредит во активно инвестирање во ...

Управната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева смета дека Кина е премногу голема за да продолжи да се потпира на извозот за да ја поттикне својата економија и се соочува со опасно побавен раст, освен ако не се префрли кон економски модел базиран на потрошувачка. Георгиева во интервју за Ројтерс изјави дека растот на Кина би можел да падне под 4% на среден рок, ако остане на сегашниот пат, ниво „што ќе биде ...

Европската централна банка денеска одлучи да намали три клучни каматни стапки за 25 базични поени. Како што се наведува во соопштението на ЕЦБ, одлуката за намалување на каматните стапки со кои Управниот совет ја насочува монетарната политика на еврозоната се заснова на нова оценка за инфлаторните перспективи, динамиката на базичната инфлација и силата на преносот на монетарната политика. „Од новите информации за инфлацијата евидентно е дека ...

Се одржа првото издание на гламурозната церемонија на доделување на престижните награди „Бизнис Лидер“. Врз основа на строго определени критериуми, вчеравечер, беа наградени лидерите на најуспешните македонски компании за 2023 година од повеќе индустриски гранки кои покажаа исклучителни достигнувања во секојдневното деловно работење и придонесоа за економскиот раст и развој на Македонија. Престижната церемонија на доделување награди ја отвори ...

АТС Груп од С.Македонија е единствената компанија од земјава присутна како изложувач на саем во организација на Асоцијацијата на Армијата на САД – AUSA 2024 кој се одржува во Вашингтон, САД, а на кој изложуваат компании од над 80 земји од светот. АУСА се одржува еднаш годишно и ги обединува на едно место производителите, највисоките претставници на американската армија, официјални делегации, експерти, истражувачи, инвеститори, како и новинари ...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски имаше излагање во Стопанската комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft) каде ги презентираше економските планови и плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата и можностите за соработка и инвестиции на германските компании кои веќе се присутни на македонскиот пазар. Освен веќе присутните компании на домашниот пазар во ...

БДП на Романија може да достигне 700 милијарди евра во следните 10 години, 30 пати повеќе отколку во 1994 година. Со тоа Романија би влегла во Топ 10 економии во Европската унија. Романската економија би можела да се удвои во следните десет години, а БДП да достигне вредност од 700 милијарди евра, со просечна стапка на раст од 3,0 – 3,5% годишно и слична просечна инфлација. Еден од условите за исполнување на овие проценки е ефикасна ...

Воведувањето на царини на страна на ЕУ за електричните автомобили од кинеско производство ќе го забрзаат затворањето на фабриките во Европа од страна на локалните производители на автомобили, бидејќи царините ќе ги натераат кинеските производители да градат капацитети во Европа, зголемувајќи ги проблемите со вишокот производни капацитети, предупредува извршниот директор на европската автомобилска групација Stellantis, Карлос Таварес. ...

Бадел 1862 е компанија со богата историја и долга традиција во производството на алкохолни пијалаци, која годинава прославува 162 години од нејзиното постоење. Компанијата е неприкосновен лидер на македонскиот пазар на жестоки пијалаци со удел од над 25% од вкупниот пазар. Што се однесува на увозот на жесток пијалак во Македонија, околу 50% отпаѓа на „Бадел 1862“. Пазарното истражување кое е спроведено во 2022ра година покажува дека скоро и ...

CPHI 35 години по ред обединува фармацевтски експерти, иноватори и пионери од индустријата. Оваа глобална мрежа нуди можности за учење, иновации и разни типови на соработка. Тимот на „Алкалоид“ на овогодишниот собир брои околу 30 професионалци од различни организациски сектори на компанијата „Алкалоид“ годинава од Милано ја започна третата деценија како традиционален учесник на најреномираниот светски настан во областа на фармацијата – CPhl ...

Заедничкиот комитет на ЦЕФТА усвои 9 револуционерни договори, дизајнирани да ја трансформираат трговијата и економската соработка. Овие договори ветуваат реални и опипливи придобивки – поедноставување на деловните операции, создавање нови работни места и зајакнување на заштитата на потрошувачите. Неколку дена пред одбележувањето на 10-годишнината од Берлинскиот процес, ЦЕФТА презема решителен чекор кон реализација на визијата за Заедничкиот ...

Виетнам, Србија и Романија забележаа најголеми подобрувања во бизнис климата во последните 20 години, покажува најновиот извештај на Economist Inteligence Unite, дел од The Economist. Долгорочна студија за индексот на деловно опкружување покажува дека неколку источноевропски земји, како Србија, Романија и Хрватска, како и земјите од Блискиот Исток и Северна Африка како што се Мароко, Саудиска Арабија и Израел, ги подобрија своите бизнис ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
75%
1028
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
58%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
0.51
74%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 5ᴼ
2.57
60%
1029
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
4.88
61%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 2ᴼ
0.0
70%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
66%
1027
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
62%
1026
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
62%
1026
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
2.68
68%
1031
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
1.79
60%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
59%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Злато

163613.54

Калај

50.04

Сребро

2648.90

Паладиум

51794.85

Иридиум

229769.28

Платина

67998.83

Рутениум

45750.51

Кобалт

66.14

Цинк

3.27

Бакар

11.75

Алуминиум

3.29

Родиум

368126.05