Концертот на пејачката Јелена Томашевиќ во Бар беше прекинат викендов откако уметницата ненадејно се онесвестила на сцената во Културниот центар. По настанот, Општина Бар ја информираше јавноста за здравствената состојба на пејачката, откако ѝ беше укажана итна медицинска помош. Во соопштението што го објави Општина Бар се наведува: „Општина Бар ја известува јавноста дека пејачката Јелена Томашевиќ, чиј концерт беше прекинат поради ...

Цените на нафтата скокнаа на највисоко ниво во последните четири години во понеделник поради конфликтот на Блискиот Исток откако САД и Израел го нападнаа Иран за време на викендот, а пазарот беше зафатен од страв дека затворањето на Ормутскиот теснец помеѓу Иран и Оман би можело да предизвика големи глобални прекини во снабдувањето со енергија. Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека „масовната воена офанзива“, која ја нарече ...

Професорката и поранешна претседателска кандидатка, Билјана Ванковска, остро ја критикуваше изјавата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по завршувањето на седницата на Советот за безбедност. Според Ванковска, претседателката настапила повеќе како портпарол на државниот врв отколку како државник. Во својата реакција, Ванковска истакна дека јавноста била уверувана дека земјата е стабилна и безбедна, додека, според нејзиниот став, ...

На 01.03.2026 во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Е.Ф.(23), С.С.(26), М.М.(25), К.Т.(26), Д.В.(22) и К.Н.(23), сите од Скопје и К.Ј.(21) од Крива Паланка поради тоа што околу 00:30 часот пред угостителски објект го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. На 01.03.2026 во Скопје, на подрачјето на Карпош, ...

Денес во земјава ќе преовладува претежно облачно време. Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 2 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 12 и 17 степени. Во Скопје се очекува претежно облачно и тивко време. Во делови од котлината можна е појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе ...

Горанчо Крстев – Грга, поранешниот градоначалник на Општина Чешиново-Облешево, почина на 55-годишна возраст. Тој починал во Турција, каде што престојувал, јави Фокус. Крстев беше македонски политичар и поранешен градоначалник на Општина Чешиново‑Облешево. Тој ја извршуваше функцијата градоначалник од 2017 до 2021 година како кандидат и член на Сојузот на Социјалдемократска Македонија (СДСМ). Крстев беше активен и во локалниот политички живот ...

На 28 февруари 2026 година во 14:30 часот во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево лишиле од слобода 15-годишник, постапувајќи по претходна пријава од 17-годишна малолетничка. Според пријавата, откако претходно се договориле да се сретнат, тој извршил обљуба врз неа. За настанот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа, а известен бил и родител на малолетникот. Надлежните институции преземаат мерки за целосно ...

Расте револтот кај сточарите за неисплатените субвенции за 2025 година, за неисплатената премија за млекото за 9 месеци од 2025 и се што е заостанато од 2024 година. Додека одгледувачите на крави, овци и кози ги чекаат субевенции, за овчарите дополнително е неизвесно кога и по која цена ќе почне откупот на јагнето. Сточарот Тони Петковски од Велушина, претседател на здружението „Пелагониско поле“ денеска вели дека наместо исплата на премијата ...

На 28.02.2026 во 09:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.С.(80) од Тетово, затоа што на автопатот Тетово – Скопје, управувал патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, во спротивен правец. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот, против С.С. ќе следува соодветна пријава. На 28.02.2026 во 09:30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода ...

Пејачката Ана Николиќ и нејзиниот избраник, композиторот Горан Ратковиќ – Рале, наводно се свршиле, судејќи според снимката што веќе се шири на социјалните мрежи. Според пишувањата, Рале ја запросил Ана во куќа на Авала, во опуштена и домашна атмосфера. Тој бил облечен сосема неформално — во маица и долна облека, што дополнително го привлече вниманието на јавноста. Сцената делувала интимно и спонтано, без гламур и голема помпа, како што ...

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел внимателно да ги следат официјалните национални портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Ресорното министерство објави и СОС-контакти доколку граѓаните имаат потреба од помош, а посочи и дека воздушниот простор над Израел е затворен за цивилни летови. ...

Тодорова сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон. Овој ден се празнува во спомен на едно чудо што го направил св. Теодор Тирон околу 50 години по неговото заминување. Имено, еднаш, непосредно пред почетокот на велигденскиот пост, византискиот цар Јулијан Отстапникот сакал да им напакости на христијаните и наредил храната што се продавала по пазарите да се испрска со квта на жрт вите што им се принесувале на римските ...

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески, вечерва во емисијата „БИЗНИС21“ на ТВ21 остро реагираше на предложените измени во Законот за извршување, оценувајќи дека тие се на штета на граѓаните и мора итно да бидат повлечени и дополнително консултирани со синдикатите. Ристески потенцираше дека во пракса најголем товар паѓа врз граѓаните, кои, како што рече, го извлекуваат „најдебелиот крај“. ...

Окружниот суд во Бремгартен изрече пресуда во необичен кривичен случај во кој 29-годишен државјанин на Северна Македонија беше осуден на пет години затвор поради серија грабежи и други кривични дела, а неговото објаснување за стореното предизвика изненадување кај судиите. Тој признал дека намерно извршувал кривични дела со единствена цел – да биде уапсен и да се ослободи од зависноста од алкохол додека се наоѓа зад решетки. Според судските ...

Вчера во 22:40 часот во СВР Тетово, Ќ.И.(78) од с.Стримница, тетовско, пријави дека во селото било одземено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое e сопственост на друго лице, а тој го користел и кое било паркирано и оставено со клуч на бравата. -Според пријавеното, лицето кое го одзело возилото, движејќи се кон с.Палатица предизвикало сообраќајна незгода, односно удрил во објект на маркет и го напуштил ...

Вчера во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства. Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било ...

АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 30.03.2026 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија. Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 26.02.2026 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2025 ...

Следен неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори. За сите граѓани на РСМ Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани: 1 јануари (четврток) – Нова Година 7 јануари (среда) – Божиќ, првиот ден на Божиќ 20 ...

Таткото на 35-годишната Марија Маринковска, Зоран Маринковски, чие тело беше ексхумирано поради сомнежи во причините за смртта, тврди дека неговата ќерка претходно пријавувала дека осомничениот Т.Б. ја следи и вознемирува, а семејството за тоа ја известило полицијата. Во изјава пренесена од Радио Бум, Маринковски раскажува дека во последниот телефонски разговор со братот, Марија му рекла дека некој ѝ тропа на вратата и дека се плаши. Неколку ...

Секторот за контрола и истраги откри и спречи обид за криумчарење на 4.800 пакувања со никотински ќесички со вредност од 1,2 милиони денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава заради сторено кривично дело „криумчарење”, казниво по Кривичниот законик. Осомничениот е застанат за контрола од страна на мобилен царински тим, во внатрешноста на државата, веднаш по влезот во државата преку граничен премин Табановце, при што се ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Огромна е разликата на температурите помеѓу оние во ноќните и во утринските часови и температурите преку ден, во ноќните и во утринските часови температурите во поголем дел од Македонија се минусни и зимски и има појава на мраз а преку денот тие се пролетни и многу повисоки. Разликата меѓу ноќните и утринските температури со максималните дневни температури е дури за околу 20 степени што е навистина премногу. ...

Новата вршителка на должноста директор на Развојната банка е сопруга на Димитар Димовски, долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, објави Слободен печат. Димовски на својот Фејсбук профил често објавува фотографии од настани со премиерот Христијан Мицкоски. Ефимија Димовска на седница на Надзорниот одбор одржана на 23 февруари била назначена за вршител на должноста. На истата седница беше разрешен досегашниот директор Кире Наумов, кадар на СДСМ. ...

Од ноќеска на полноќ, цените на дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се зголемат за два денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 28.2.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар) Моторен ...

Македонскиот актер Васил Зафирчев преку социјалните мрежи сподели тажна вест – починал неговиот татко, Трајче Зафирчев. Во емотивна објава, актерот се прости со зборови исполнети со болка, љубов и благодарност. Тој напиша дека најмногу боли времето што не успеале да го поминат заедно, пропуштените мигови и неискажаните зборови, кои останале поради честите патувања и професионалните обврски и на двајцата. Зафирчев посочи дека, иако разделбата ...

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц вчера изрази надеж дека властите во Скопјe нема да ја пропуштат можноста да постигнат напредок во преговорите за пристапување во ЕУ. Вајц презентираше резиме од својот предлог за новиот годишен извештај на ЕП за РСМ, чија содржина почна да се дискутира во парламентарниот комитет за надворешни работи. Во дебата се приклучиле и бугарски европратеници. Станислав Стојанов од партијата ...

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk откри дека подолг период е цел на следење и притисоци поради неговата борба за повисоки работнички плати. Иако случајот е веќе во рацете на МВР и Обвинителството, Трендафилов посочи дека се обезбедени видеодокази кои набрзо треба да донесат разрешница. „Ова не е случај од еден ден, ова трае повеќе од една година, објави ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Пријавениот А.Б., полициски службеник во Одделението за обезбедување на Собрание на РСМ, Сектор за ...

На 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, затоа што спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија, а кои постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни -крави. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна ...

Кога немаш резултати, произведуваш наратив. Кога немаш план, измислуваш прикаски. Премиерот Мицкоски пушти теза дека некој ѝ нудел на Македонија членство во Европска унија без право на глас. Сериозна манипулација и сериозен дефокус со несериозна конструкција. Тоа експресно и експлицитно го демантираше евроамбасадорот Михалис Рокас, кој беше мошне јасен и прецизен- таква категорија не постои. Во ЕУ нема членки без право на глас. И наместо да ...

Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје во целост ги прифати двете обвиненија поднесени од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Со оваа одлука, патот кон судница е отворен за предметите поврзани со трагедијата во кочанскиот објект „Пулс“ и коруптивните злоупотреби со европските фондови. Првиот предмет се однесува на 13 полициски службеници кои се товарат за „Тешки дела против општата ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.71
30%
1012
weather icon

Белград

32ᴼ / 30ᴼ
3.04
48%
1007
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
0.45
42%
1008
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.25
40%
1012
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.97
34%
1010
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 27ᴼ
1.34
52%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
4.02
54%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.05
48%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.3
43%
1014
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
4.92
35%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
79%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
0.96
58%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00