Народната банка на Македонија во најновите пролетни макроекономски прогнози претставени денеска, очекува економски раст од 2,6 отсто оваа година и 3,6 отсто наредната година. Инфлцијата годинава ќе забави на 3,5 отсто. Како што образложи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска во однос на проекциите на растот на БДП, тие се пониски во однос на октомвриските проекции што главно се должи на послабиот раст минатата година ...

Оваа пролет цело Скопје е зараснато во треви и плевел. Кејот на реката Вардар, но и зеленилото долж булеварите и парковите се неискосени. Таква е состојбата и во општина Чаир, од каде граѓаните испратија редакцијата на Градска.мк доби фотографии. Викендов децата едвај можеле да си поиграат на убавото време надвор поради тревата но и поради опасноста од змии и инсекти. -Навистина е ужасно, парковите се обраснати со трева и никој не доаѓа да ...

Вчера измина преодниот период на Централната банка на Косово (ЦБК) во однос на користењето на динарите, што значи дека од денеска сите готовински трансакции каде било во Косово ќе мора да се вршат во евра, јавија српските медиуми. Во Приштина сметаат дека граѓаните имале доволно време да се информираат за Уредбата на ЦБК за забрана за користење на динари во готовински трансакции, а од денеска ќе се преземаат мерки против сите оние кои ...

Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците ја даде свечената изјава со што и официјално ја презеде должноста Претседател на Република Северна Македонија. Иако во текстот на свечената изјава стои „Република Северна Македонија“, претседателката Сиљановска Давкова рече дека „функцијата претседател на Македонија ќе ја извршува совесно и одговорно…“. Сиљановска Давкова потоа се обрати до пратениците и јавноста, а во фокусот на нејзиното обраќање ...

Претставникот на Швајцарија Немо Метлер го освои првото место во финалето на „Евровизија 2024“. Во фотофинишот на „Евровизија“ Немо беше на второто место на обложувалниците, а по гласањето сепак успеа да стигне до првото место. Немо Метлер (25) на Евровизија ја испеа песната „The Code“, која, како што вели, делумно била инспирирана од реалниот живот. Немо е всушност првата небинарна личност која победила на Евровизија, а ова е неговата ...

Обрасната трева, а врз неа инсекти, ова е првото нешто што може да го забележите на кејот на реката Вардар. Вчера беше сончево и убаво време, граѓаните спортуваа и се рекреираа на кејот, а одговорните почнаа да ја косат тревата, дури сега на средината на месец мај, пренесува Телма. „Обраснатата трева на кејот на реката Вардар започнаа да ја косат, меѓуота проблемот со комарците останува нерешен.“, изјавува еден загрижен граѓанин за Телма. ...

МВР апелира да се почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници В недела, 12 мај, од 8:30 до 10:30 часот изутрина во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради одржување на улична трка, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „Мерки за посебен режим на сообраќај ќе бидат преземени по сообраќајниците по кои ќе се движат натпреварувачите, а кои имаат стартна позиција на булевар ‘Илинден’ кај Фонтана, ќе ...

Додека евровизиските фанови со нетрпение го очeкуваат саботното финале на годинешниот Евросонг, организаторите постојано повторуваат дека има простор само за музика, а не за политика, но реалноста ги демантира. И така со децении како да се повторува истото созание и тврдење, велат добрите познавачи кои ја следат оваа манифестација. Во шведскиот град Малме, во тек е одржувањето на најпопларното шоу, што го организара Европската радиодифузна ...

Во март годинава, потрошувачките цени на кафето во Европската унија беа на годишно ниво плус еден процент, наспроти 13,5 отсто во март 2023 година, објави Евростат. Ова го доближи мартовскиот раст до јули 2021 година, кој беше 0,8 отсто. Стапката на инфлација на кафето се намалува од октомври 2022 година, кога беше највисока од 17,4%, по значителното зголемување кое започна од 2% во октомври 2021 година. Иако растот на цената на кафето е ...

За наставните програми, фондот на часови и учебниците што ги употребуваат на часовите разговараа денеска наставници по македонски јазик од основни и средни училишта во Скопје, на трибина што ја организираше Катедрата за македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Скопскиот универзитет по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај. Учесниците на трибината сметаат дека покрај вежбите што се застапени во учебниците, во практичната ...

Семејства или поединци често сонуваат за посета на атрактивни туристички локации на планетата Земја, а кога сонот се остварува, тогаш чувството не може да се опише. Такви се впечатоците на битолското семејство Игор, Весна и Филип Неделковски по престојот во Свалбард, последно населено место на северниот дел од планетата Земја, но и по престојот во Силфра, на Исланд, место каде се спојуваат две тектонски плочи од земјината топка, евро-азиската ...

Ова се сцени од поларната светлина што синоќа можеше да се видат на небото над Хрватска. Црвената боја преовладува „Имаше серија силни ерупции од сончевите дамки, имаше силно коронално исфрлање. Тој материјал стигна до Земјата за два дена, ја предизвика поларната светлина која сега е видлива со голо око. Тоа требаше да се случи пред утрото, но тоа веќе е видливо. Фантастична активност“, рече Борис Штромар, раководител на Астрономското ...

Претседателот на ДИК Александар Даштевски денеска ги објави претседателските избори за завршени и константираше дека за Гордана Силјановска Давкова е нов шеф на државата, со мнозинство гласови од избирачите кои гласале, односно 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски 251.899. Записникот за конечност на резултатите од гласањето беше усвоен едногласно на седницата, а уверението на Силјановска Давкова ќе и биде ...

По повод Европскиот ден на знамето, Европско движење денеска го организира традиционалниот планинарски марш до Водно. Маршот, ќе почне во 09:00 часот пред седиштето на ЕУ, каде ќе се изврши размена на македонското и европското знаме. -Знамињата ќе ги разменат шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир и претседателката на Европско движење, Милева Ѓуровска, коишто ќе имаат свое обраќање. Маршот ќе започне од пред седиштето на ...

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник. Прогноза за 13.05.2024 Минимална температура: 4°C до 11°C Максимална температура: 18°C до 25°C Променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...

Планината Кучај ја крие единствената прашума во Србија. А со овој феномен, истокот на нашите соседи уште еднаш ја покажува својата посебност. Овој посебен природен резерват со темна букова шума се наоѓа на 640 до 800 метри надморска височина и е скриен скапоцен камен сè уште непознат за голем број луѓе. До Винатовача е многу тешко да се стигне. Од Деспотовац, преку Лисин по макадам, 15 километри до самиот центар на планината Кучај, а всушност ...

Белгија стана првата земја во светот која усвои закон за договори за вработување на сексуалните работници, пишува Телеграф. Според законот, ако сексуалната работничка одбие клиент повеќе од 10 пати во текот на шест месеци, макрото може да иницира интервенција на државен посредник, но не може да ја отпушти работничката. Исто така, сексуалните работници би имале право на здравствено осигурување, пензии, семејни парични надоместоци, годишен ...

Илјада и тринаесет станови се предвидени за изградба со издадните 321 одобрение за градење во март годинава, а повеќе од половина од становите, 607, се во Скопскиот регион, покажуваат податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика. Бројот на одобренијата за градење во март годинава е за 22,7 проценти помалку во однос на истиот месец од лани. Предвидената вредност на објектите изнесува 5 855 367 000 денари, за 4,8 проценти ...

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти, денеска (10.05.2024) до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И.Х.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „тешки дела против општата сигурност” по член 292, а во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик. Имено, по преземени мерки, подигнати докази, ...

ТикТок ќе ги означува корисниците кои објавуваат содржина генерирана со вештачка интелигенција (ВИ), велат од компанијата која стана првата голема апликација за видеа што автоматски ќе ги означува ваквите содржини на корисниците. Содржините создадени со алатките за вештачка интелигенција со кои располага ТикТок веќе се автоматски означени како такви, а компанијата сега бара од креаторите рачно да ги додаваат истите етикети на нивната ...

За обраснатата трева и запуштениот изглед на дворот на владата, техничкиот премиер Талат Џафери ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ кое е под капата на Град Скопје. „Земјиштето околу Владата, според процедурите и прописите, е во сопственост и надлежност на Град Скопје и според работата и обврските „Паркови и зеленило“, како јавно претпријатие кое се грижи за изгледот на главниот ...

Орнитологот Данка Узунова ќе ги едуцира присутните за правилното користење на двогледот, за правилниот начин на набљудување на птиците, нивните имиња, нивните навики и траекторија на движење. Освен овој настан, во текот на мај е планирана и едукативна посета на пештерата Пешна кај Македонски Брод, а во текот на јуни ќе има и едукативна екcкурзија во околината на Скопје Македонското еколошко друштво, в сабота во Градски парк го организира ...

ЈП „Градски паркинг“ ја пресели канцеларијата во Карпош, која до неодамна се наоѓаше кај Агенцијата за катастар, на нова локација. Карпошани кои имаат потреба од услугите на ЈП „Градски паркинг“ од овој месец за сите прашања поврзани со зонското паркирање, кое постепено се воведува на територијата на оваа општина, можат да ги посетат работните простории на претпријатието сместени на улица Борка Талески број 67, позади Млечен ресторан. ...

На 18 мај во Градскиот парк кај Школка ќе се одржи настанот „Вело Родео 2024“, во организација на „Eco – Logic“. Настанот ќе започне во 10 часот, а ќе содржи возење на вело полигон, ќе има многу забава, игри со лего коцки, еко експерименти, ликовна работилница,читање книги, како и извиднички игри. Како што истакнаа од „Eco – Logic“ целта на настанот е промоција на велосипедизмот и здравите навики кај децата. – Освен велосипедизам, промовираме ...

Комисијата оваа недела одобри заем во износ од 50 милиони евра за Северна Македонија. Ова е прва транша од тековната програма за макрофинансиска помош (МФП) за земјата. -Помошта обезбедува дополнителна поддршка за Северна Македонија, чија економија беше сериозно погодена од неодамнешната енергетска криза, што беше предизвикана од целосната инвазија на Русија врз Украина. Оваа помош ќе ја поддржи макроекономската стабилност и ќе обезбеди ...

Во првата поема зборувам за тоа каков човек да се биде, добар или можеби измамник кој е лош, односно за карактерисиките на човекот кои секојдневно се среќаваат низ Скопје рече во интервју за Слободен печат, младиот поет Марко Иван Кочишки. Тој додаде дека во неговата книга „Зб’рка поезија“ многу се зборува за љубовта но и за животот на младиот човек во Скопје. „Во поемата „Скопје ти ќе рикнеш“ се зборува за тоа како веќе нема чист воздух, ...

„Да се создаде фестивал воопшто не е лесна работа, особено кога си со ограничен буџет, меѓутоа ентузијазмот, креативноста и желбата да создадеме нешто по кое ќе не препознаваат е она што не турка напред и буквално со секој фестивал ние летаме се повисоко и повисоко, како што е и мотото на годинашното издание ‘Летаме заедно’“, вели Софија Семенпеева Трајановска, идеен творец на фесивалот „Литера“. Шестото издание на меѓународниот фестивал за ...

Од првиот Избор за песна на Евровизија, во далечната 1956 година, натпреварот обезбеди арена за најдоброто (а понекогаш и најлошото) што може да го понуди поп-музиката. На најпознатиот натпревар за песна во светот, нациите низ Европа – како и неколку надворешни земји – ги испраќаат своите најдобри песни за да го најдат најдоброто од купот. Конкурентните уметници често прибегнуваат кон невкусни текстови, глупави костими и чудни трикови во ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повикува граѓаните со попреченост да ја користат услугата за бесплатен транспорт до здравствените установи за што општината има потпишано Меморандум за соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија. Станува збор за бесплатен превоз до здравствените установи со наменски возила на Црвениот Крст за корисници над 18 години, кои користат ортопедско помагало (инвалидски колички, ...

Иако во некои автобуси се забележува дека има камери сепак Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ќе набавува монитори, камери и останата опрема за видео надзор во автобусите, со која би се идентификувале учесници во инциденти во автобусите или напади врз возачите кои се случуваат често пати. Се работи за 60 монитори за емитување на слики од камери и 70 камери за видеонадзор, за што веќе е распишана јавна набавка, а најповолните понуди ќе ...

Цезар салата

53 минути - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
46%
1007
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
57%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
41%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Кобалт

45.39