Над шест од десет граѓани на Европската Унија веруваат дека имаат корист од меѓународната трговија, што претставува зголемување во споредба со последното такво истражување спроведено во 2019 година, покажува најновата анкета на Евробарометар посветено на меѓународна трговија. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, истражувањето открива дека Европејците ги ценат придобивките што ги носи меѓународната трговија, како што се поширок избор на ...

ОВЕН Иако нема да имате обврски во текот на денот, не би било лошо да одвоите малку време за одмор и релаксација. Отворениот разговор со саканата личност ќе ви помогне да го ослободите стресот во денот. БИК Тоа што ви ги отвора очите на крајот на проектот може да ве натера да се сомневате во вашите способности. Внимавајте да не паднете во оваа замка. Работите се збунувачки за напорен и обичен ден во љубовниот живот за многумина. БЛИЗНАЦИ ...

Од јули во Грција ќе се работи 6 шест дена во неделата за одредени индустрии и производствени капацитети, како и бизниси кои работат 24/7. Со посебен закон на работодавците им се дава овластување да можат да им наложат на работниците да работат 6 дена, а за тоа да исплатат 40% од редовната дневница. според законот дозволени се најмногу 48 работни часа неделно. Притоа, работникот нема право да одбие да работи подолго. Во недела и во празници ...

На светските пазари минатата недела цената на нафтата порасна, вторпат по ред, за приближно 3 отсто, бидејќи трговците очекуваат зголемување на побарувачката на „црното злато“ во вториот дел од годината. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 3,2 отсто, на 85,24 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 2,8 отсто, на 80,73 долари. Растот на цените втора недела по ред се должи на проценките ...

ОВЕН Најдете време и размислете за збогатување со нови знаења, за вашиот духовен и интелектуален подем. Не верувајте во информациите што ви ги презентираат вашите колеги. За оние од вас кои се ангажирани во бизнисот, разгледајте ги договорите што ќе ги потпишат следната седмица. БИК Оценете го постигнатото и започнете само однапред осмислени нови задачи. Планирајте го вашето време според приоритетите. Ако сте одлучни, блеснете со своите ...

Секој хороскопски знак има свои карактеристики, некои подобри, некои потешко се поднесуваат доколку се најдете во нивна близина. Овие четворица се навистина лоши. Рак Раковите се љубезни души кои им даваат приоритет на семејните вредности и ја ценат чесноста во животот. Поради ова, тие не се плашат да ги изразат своите вистински чувства и мислења, дури и ако тоа значи да бидат груби. Всушност, тие се надеваат дека ќе изградат живот каде што ...

На покана на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги презентира позитивните искуства од оцената на транспарентноста на Народната банка во согласност со најновите стандарди за транспарентност на ММФ. На настанот којшто се одржа во Обединетиот виенски институт учествуваа и експерти од ММФ и од Швајцарската централна банка. ММФ во Извештајот за оцената на транспарентноста заклучува дека: „Народната банка ...

Цените на храната во Грција растат двојно побрзо од просечниот приход од 2021 година, принудувајќи домаќинствата или да ја намалат потрошувачката на основните добра или да ги зголемат трошоците за храна производи на сметка на други трошоци, објави електронското издание на весникот „Катимерини“, цитиран од БТА. Цените на храната се зголемени за најмалку 30 отсто од почетокот на инфлаторната криза, што на просечното грчко домаќинство му постави ...

Речиси еден милион евра се вложени во акции на тетовски „Тетекс“. Во блок трансакција реализирана на официјалниот пазар, за која информира Македонска берза, познат купувач се стекнал со пакет од 19.118 акции, кои претставуваат 4,62 проценти од основната главнина. Се работи за обични акции чија номинална вредност е 50,4 евра. Вредноста на овој блок е 60.221.700 денари или над 979 илјади евра. Цена за акција е 3.150 денари. Единечниот износ е ...

За пет месеци, преку полисите за приватно здравствено осигурување граѓаните наплатиле 324,4 милиони денари или 5,3 милиони евра од осигурителните компани. Вредноста на исплатените штети е за 28,5 проценти повисока во споредба со истиот лански период, покажуваат податоците со кои располага Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), доставени од осигурителите. Осигурителните компании годинава исплатиле 1,2 милиони евра повеќе за медицински ...

На азиските берзи денеска се тргува внимателно, со индекси малку пониски бидејќи инвеститорите ги пропуштија насоките од Волстрит, додека доларот се лизна во однос на кошничката валути трет ден по ред. Индексот на MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, во 07:00 часот беше намален за 0,1 отсто, по два дена раст. Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei ослабе за 0,4 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Австралија и Хонгконг ...

Економија на колена, огромна буџетска дупка , јавен долг над 8 милијарди – што наследува новата министерка за финансии ? Она што во моментов се случува со државната каса, е далеку поразлично од состојбата која ја наследи ВМРО – ДПМНЕ во 2006-та година. Гордана Димитриеска Кочоска во улога на чувар на државната каса пред себе има огромен предизвик – вели дека првите сто дена ќе се посветат на анализи каде се трошеле парите, какви се состојбите ...

На европските берзи во средата се тргуваше внимателно, при што берзанските индекси беа благо намалени по двате дена раст. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек од тргувањето беше во минус за 0,1 отсто, губејќи дел од добивката од претходните два дена. Претпладнево лондонскиот FTSE индекс загуби 0,26 отсто, на 8.170 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,15 отсто, на 18.105 поени, а парискиот CAC 0,19 ...

Финска стана првата земја во Европската унија која ископува ураниум, објави рударската компанија Terrafame. Оваа финска компанија истакна дека споменатата руда почнала да ја вади на североистокот на земјата од рудникот во Соткам. Во соопштението на веб-страницата на компанијата, се очекува дека компанијата ќе достигне полн капацитет до 2026 година, а обемот на производство на ураниум ќе биде околу 200 тони годишно. Во подготовката на ...

На Волстрит во вторникот, како и претходните денови, силно пораснаа цените на акциите на технолошките компании, особено на „Nvidia“, па S&P 500 и Nasdaq индексите достигнаа нови рекордни нивоа. Индексот Dow Jones зајакна 0,15 отсто, на 38.834 поени, додека S&P 500 порасна за 0,25 отсто, на 5.487 поени, а Nasdaq 0,03 отсто, на 17.862 поени. Вчера, како и минатата седмица, најмногу пораснаа цените на акциите на производителите на чипови ...

На валутните пазар вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути втор ден по ред бележи благ пад. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскта во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 105,29 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,35 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 157,65 на 157,85 јени. ...

Годишната стапка на инфлација во Еврозоната минатиот месец изнесуваше 2,6 отсто, што претставува раст за 0,2 процентни поени во однос во однос на априлските 2,4 проценти, додека на ниво на цела ЕУ таа достигна 2,7 отсто или за 0,1 процентен поен повеќе во однос на април 2024 кога изнесуваше 2,6 проценти, соопшти денеска Европската статистичка агенција – Евростат. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, лани во мај стапката на инфлација во ...

„Spotify Technology SA“ ќе воведе нов, поскап премиум план за своите најжестоки корисници подоцна оваа година, според внатрешен извор цитиран од „Bloomberg“. На корисниците ќе им се наплаќа најмалку 5 долари повеќе месечно за пристап до подобар звук и нови алатки за креирање и управување со плејлисти. „Spotify“ ќе ја позиционира оваа нова опција како додаток за постоечките клиенти. Ова значи дека повеќето корисници ќе останат на нивните ...

Русија ги надмина Соединетите држави според испораките на , природен гас во Европа, и покрај обидите на земјите од регионот да се откажат од рускиот енергенс, пишува Financial Times повикувајќи се на податоците од аналитичката компанија ICIS. „Увозот на гас од Русија во Европа во мај ги надмина испораките од САД, и покрај напорите на регионот да се откаже од руските фосилни горива… Иако овој пресврт беше поттикнат под влијание на посебните ...

Овен Овни, вашата енергија е на врвот, што ќе ви помогне да ги завршите сите проекти што сте ги започнале. Бидете отворени за соработка. Денеска ќе бидете особено шармантни и привлечни. Искористете го за да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Внимавајте на внесот на течности и обидете се да се одморите што повеќе. Бик Бикови, можен е финансиски прилив, но внимавајте како ги трошите парите. Не преземајте непотребни ризици на работното ...

Се очекува засилување на конкуренцијата на домашниот пазар на платежни услуги. Народната банка ги издаде првите дозволи за платежни институции, во согласност со новата законска рамка, преку кои граѓаните ќе може да извршуваат плаќања во земјата и прекугранично, истакна директорот на Дирекцијата за платни системи при Народната банка, Игор Величковски во гостување на „Блумберг Адрија“. Тој посочи дека една од значајните придобивки на новата ...

Французите сè уште се закоравени штедачи и покрај различните геополитички, социјални и здравствени кризи, според истражувањето на агенцијата Ifop. Во извештајот се наведува дека во Франција моментално штедат 85 отсто од граѓаните кои генерално избегнуваат ризик и претпочитаат сигурни инвестиции, пренесува Фигаро. Француските штедачи се придржуваат до логиката на минимален ризик, бидејќи 69 отсто од испитаниците изјавиле дека претпочитаат ...

Силните институции се предуслов за силни економии и правични општества. Највредниот ресурс на институциите е човечкиот капитал, оттаму инвестициите и стратегијата на постојан развој и унапредување на кадрите е суштинска за нивното јакнење. Забрзаниот развој на технологиите, климатските промени, геополитичката нестабилност и флуктуацијата на кадрите создаваат неизвесно окружување за јавните институции. Оттаму, тие треба да вложуваат во ...

Еврото може да ја изгуби својата привлечност како глобална резервна валута на сметка на доларот и јапонскиот јен, како и кинескиот јуан. Уделот на единствената валута во глобалните девизни резерви најверојатно дополнително ќе опадне бидејќи Русија ќе стане слободна да ги намалува сопствените резерви во евра, според Европската централна банка (ЕЦБ). Растечката улога на Кина во глобалната трговија ја охрабрува употребата на јуанот, се вели во ...

Акционерите на Тесла ја одобрија платата и другите бенефиции на извршниот директор Илон Маск од 56 милијарди долари како знак на одобрување на неговото раководство и поттик да се задржи неговиот фокус на компанијата, неговиот најголем извор на богатство, во она што може да стане еден од најголемите пакети за компензација досега во американската корпоративна историја. Исто така, акционерите на Тесла го одобрија преместувањето на компанијата од ...

Цел јуни и дел од јули ќе бидат посветени на фудбалот, кога кај домаќинот во Германија ќе се одржи 17. издание на Европското првенство во фудбал. Една година претходно УЕФА објави дека две земји Германија и Турција понудиле да бидат домаќини на првенството, на крајот во Швајцарија со 12 гласа за и еден воздржан (Турција доби четири гласа), Германија беше избрана за домаќин на ЕП во 2024 година. Ова ќе биде трет пат Германците да ја ...

Дека вложувањето на парите во недвижности е најчестата инвестиција на граѓаните од Македонија потврда даваат податоците од Државниот завод за статистика кои велат дека лани во земјава се изградени нови шест илјади станови. Понудата расте, а со неа и побарувачката на станови. Нова градба не се бара само во Скопје, се поатрактивни се и Тетово, Охрид, Битола но и дел од помалите градови низ државата. Во однос на цената, таа се движи во зависност ...

Американскиот производител на автомобили Форд планира да укине до 1.600 дополнителни работни места во фабриката во Валенсија, како дел од прилагодувањата на капацитетот до почетокот на производството на новиот хибриден SUV модел во 2027 година. Компанијата ги одложи производствените инвестиции во Шпанија во 2022 година поради „ревидираните изгледи за Европа“. Потоа потврдија дека до крајот на деценијата треба да започне производството на ...

Што се случува со цената на акцијата на Комерцијална банка. Иако е факт дека цената на таа хартија од вредност и од порано постојано оди нагоре, и е убедливо најтргувана акција според берзанскиот промет, неминовен е впечатокот дека последниве два дена, односно завчера и вчера, акцијата на Комерцијална банка фантастично расте и се вивнува во нестварни височини. Па така, ако во вторникот акцијата на Комерцијална банка затвори со цена која и ...

На Волстрит вчера индексот С&П 500 достигна нови рекордни нивоа, исто како и Насдак, што најмногу се должи на натамошниот раст на цените на акциите во технолошкиот сектор. Дау Џонс загуби 0,17 отсто, на 38.647 поени, додека С&П 500 зајакна 0,23 отсто, на 5.433 поени, а Насдак зајакна 0,34 отсто, на 17.667 поени. По четири дена раст, С&П 500 и Насдак достигнаа нови рекордни нивоа. Во исто време, најмногу пораснале цените на акциите ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.39
47%
1012
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
6.39
94%
1012
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
90%
1012
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.0
64%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
2.23
100%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
3.58
69%
1014
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
0.68
64%
1014
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.34
60%
1014
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
5.81
55%
1010
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
45%
1011
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
1.78
61%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Цинк

0.00