Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи од страна на граѓаните пријавени се повеќе кривични дела „измама“, кои се извршени врз повозрасни лица. -Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утрово по котлините ќе има услови за магла и ниска облачност, а преку ден, се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне поголема во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Според најавите, минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени. Во ...

Лос Анџелес, 3 март 2025 – Вчера во преполниот театар „Долби“ во Лос Анџелес се одржа 97-то доделување на наградите Оскар, кое донесе спектакуларна ноќ за филмската индустрија. Големиот победник на вечерта беше филмот „Анора“, кој освои пет златни статуетки, вклучувајќи ја и најпрестижната – Оскар за најдобар филм. Историски успех за Шон Бејкер Режисерот Шон Бејкер направи историја со освоени четири Оскари во една вечер, освојувајќи ги ...

Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023, е намален за 4.2 % и изнесува 3 968. Бројот на умрените лица, пак, за истиот период бележи намалување од 1.0 % и изнесува 5 174 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Природниот прираст е негативен и изнесува -1 206, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од ...

Скопје, 27 февруари 2025 – Археолошкиот музеј на Македонија денеска ќе промовира каталог што содржи ретки и значајни археолошки артефакти, меѓу кои се наоѓа и детска играчка од 2 век. Овој уникатен наод, откриен при археолошки ископувања во земјава, сведочи за детството во античките времиња. Иако деталите за материјалот и точната намена ќе бидат претставени на настанот, експертите веруваат дека се работи за играчка која била дел од ...

БИТОЛА – Нацииналниот парк „Пелистер“ го вклучи црвеното светло, аларм за исчезнување на моликовата шума поради физиолошката зрелост, климатските промени, неможноста за природно обновување и негрижата во изминатите децении и неспроведувањето на одгледувачките мерки. Покриеноста со моликова шума на Пелистер е 2.500 хектари на надморска висина од 800 до 1.500 метри. „Ветроизвалите и снегоизвалите се потврда за реалната состојба на терен. После ...

ПРИКАЗНА: Кога успеал да добие азил во САД и да побегне од Франција, пред почетокот на Втората светска војна, Андре Бретон се качил на бродот, на кој прва станица му бил еден тропски остров, француска колонија. Тргнал да прошета низ него и во првата мала тесна уличка налетал на сина табла на фирма. На таблата била нацртана една голема бела пеперутка, а врз неа стоел исписот Pigeon, на француски – гулаб, глетка што го фасцинирала и му ...

На вечерта на 28 февруари љубителите на астрономијата ќе имаат единствена можност да набљудуваат ретка небесна појава – истовремено појавување на седум планети на ноќното небо. Оваа астрономска атракција нема повторно да се случи до 2040 година, што ја прави особено значајна за сите што сакаат да уживаат во чудата на универзумот. Кои планети ќе бидат видливи? Според експертите, во текот на оваа вечер ќе можат да се видат Меркур, Венера, Марс, ...

Според извори блиски до преговорите, неколку европски држави разгледуваат опции за воена помош на Киев кои би вклучувале присуство на трупи на украинска територија. Не е прецизирано дали нивната улога би била борбена или би се фокусирала на логистичка и разузнавачка поддршка. Франција, според извештајот, е една од земјите што ја предводат оваа иницијатива, додека Германија и други членки се повоздржани. Овој развој на настаните доаѓа во ...

Истражувачи од Универзитетот Карнеги Мелон и компанијата Nvidia развија нова вештачка интелигенција која им овозможува на хуманоидните роботи да изведуваат сложени атлетски движења со извонредна агилност. Во неодамнешно видео, робот демонстрира скок инспириран од Кристијано Роналдо и препознатливото одење на Леброн Џејмс, пренесува “The Indian Express”. Оваа технологија користи двостепена рамка која ги поврзува симулациите со реалните ...

Брисел — Европската унија (ЕУ) се соочува со потенцијални економски последици по воведувањето на царини на челик и алуминиум од страна на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп. Според најновите проценки, ЕУ би можела да претрпи загуби од до 28 милијарди евра како резултат на овие мерки, што предизвикува загриженост кај европските лидери и стручњаци од индустријата. Царините на Трамп, кои беа воведени во 2018 година, беа дел од ...

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до ...

Стабилното и студено време со ниски утрински температури и слаб до умерен ветер не причинува никакви штети во земјоделството, велат агрометеоролозите. Според нив, температурите се во границите на издржливост на културите и се вообичаени за овој период од годината, во услови на презимување. Агрометеоролозите порачуваат во локалитети и кај сорти каде постојат услови за измрзнување поради ниски зимски температури и ризик од доцни пролетни ...

Според тимот кој го спровел истражувањето, клучот е прецизното контролирање на температурата и времетраењето на варењето. Методот вклучува употреба на вода загреана на точно 70 степени Целзиусови, во која јајцата се потопуваат за точно 12 минути. Со оваа техника, белката станува совршено цврста и мазна, додека жолчката останува кремаста, но не течна. „Ова е револуција за сите љубители на јајца,“ изјави д-р Ема Картер, водечкиот истражувач. ...

Со одигрувањето на реваншите од плеј-оф натпреварите, познати се сите учесници во осминафиналето на Лигата на шампионите. Италијанските екипи доживеја целосен дебакл, откако сите три беа елиминирани. Натпреварувањето заврши за Милан, кој беше елиминиран од Феенорд, потоа за Аталанта која загуби и дома од Бриж, како и за Јувентус. Јувентус загуби на реваншот кај ПСВ со 3-1, иако дома славеше со 2-1. Па така покрај Феенорд, ПСВ и Бриж, во 1/8 ...

Студијата, објавена во научното списание Nature, користи сателитски податоци и теренски набљудувања за да ги процени загубите на мраз од глечерите во текот на последните две децении. Истражувачите открија дека стапката на топење значително се забрзала, особено во последните десет години. Просечно, глечерите сега губат околу 335 милијарди тони мраз годишно, што е трипати повеќе отколку во 1980-тите години. Оваа масовна загуба на мраз има ...

Цените на златото во средата се задржаа на нивото близу 3.000 долари за унца, во услови на зголемено купување од страна на централните банки и загриженоста на инвеститорите за глобалниот економски раст по најавите за новите американски царини. На физичкиот пазар унцата злато околу пладнето чинеше 2.943 долари, што е за 0,3 отсто повеќе од затворањето на вчерашното тргување. Накратко достигна ново највисоко ниво откако со златото првпат се ...

Еден од бисерите на класичната балетска уметност „Есмералда“ од италијанскиот композитор Чезаре Пуњи вечерва ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет. Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква” од Виктор Иго, ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, во кореографија на реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, раскошната сценографија и ...

Според прицените на Обединети нации, Европска Унија и Светска Банка потребни се повеќе од 50 милијарди долари за обнова на Појасот Газа, разурнатата енклава во 15 месечната војна помеѓу Израел и Хамас. Според привремената брза процена на штета ио потреби (ИРДНА) за обнова и реконструкција на Појасот Газа потребни се 53,2 милијарди долари во следните десет години, додека во првите три години ќе треба да се обезбедат 20 милијарди долари. Според ...

Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас. Ова е проблем што бара заеднички напори од целата заедница, се вели во Фејсбук статусот на претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Ја поздравувам најголемата донација во земјата од страна на македонската компанија ЕКОТИП во вредност од 1 милион евра. Оваа значајна донација на напредни прочистувачи од реномираниот германски производител ...

Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад почнаа преговорите помеѓу руската и американската делегација за завршување на војната во Украина. Како што јавија руските медиуми, преговрите се водат во една од палатите на кралското семејство, Дирија во комплексот Албасатин. Во Ријад допатуваа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и помошник-претседателот на Русија, Јуриј Ушаков. Американската делегација е предводена од државниот секретар ...

Моето процедурално обраќање е на членот 1 од Деловникот. Ете повеќе часови слушавме различни дискусии донекаде и театар зошто така, зошто вака. Јас можам да кажам дека го почитувам вашиот повеќечасовен говор и сите дискусии одеа во насока да има надзорна расправа која е неопходна, вели пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во текот на вчерашната седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања. Тој зборувајќи во ...

Во оваа насока, Европската унија (ЕУ) неодамна го одобри употребата на брашно од ларви како нов извор на протеини, што предизвика мешани реакции кај јавноста и стручњаците. Додека некои го сметаат ова за револуционерен чекор кон одржливоста, други се сомневаат во неговата безбедност и прифатливост. Одржливост и ефикасност Инсектите, вклучувајќи ги и ларвите, се сметаат за еден од најисплатливите извори на протеини. Тие бараат многу помалку ...

Со цела недела претстави и гостувања на театарски ансамбли од земјава, Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп ќе одбележи 75 години постоење и театарска уметност. Театарот ја почнал својата работа на 18 февруари 1950 година со првата претстава, „Кир Јања“, и до денес го бележи големиот развој на театарската уметност и на продукцијата на врвни театарски претстави и актерски и режисерски имиња во македонската уметност на „штиците што ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд, кои повремено ќе преминуваат во снег. -Ќе дува слаб до умерен, уште од претпладне, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб снег ќе има понекаде во планинските региони. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени, соопшти ...

Европската унија планира да го блокира увозот на одредена храна за да ги заштити своите земјоделци, по примерот на реципрочната трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори. Европската комисија ќе се согласи оваа недела да ги истражи построгите ограничувања на увозот, пишува весникот, повикувајќи се на изјави на тројца неименувани официјални лица. -Меѓу првите намирници чиј ...

Православните верници денеска го слават Свети Трифун – заштитникот на лозарите. Традиционално, на овој ден се врши обредно закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од зимските и за прв од пролетните празници. Денес, лозjaта се закројуваат со желба и надеж за уште една поплодна година со традиционалниот благослов: „Господе, ти давам едно шише со вино, за илјада да ни подариш“. Во винарските визби низ државата се ...

Во вечерашното издание на емисијата „Топ тема“ гостин-водител беше некогашниот новинар на Телма Александар Чомовски. На крајот на емисијата тој на водителот Боби Христов му рече дека не се согласил со одлуката на Боби Христов,Снежана Лупевска и Сања Васиќ да ја продадат „Топ тема“ на Американците. На тоа Христов му реплицираше дека „не било добро да се говори за продавање, посебно во овој момент“ Дали ќе следи одговорност за спроведување на ...

Без итна интервенција, загадувањето од ова индустрија би можело да се зголеми за 50% до 2030 година. Во таа приказна, обновливата енергија претставува важен дел од решението. Големите брендови во трка покон одржливоста Хендизел се води пример во оваа транзиција, покренувајќи офшор ветроенергетски проект во Бангладеш, кој се очекува да скроти 725,000 тони CO2 годишно. Levi’s, Gap и Ralph Lauren веќе имаат драстично смането на емисиите преку ...

Штрајкот, кој се очекува да ги парализира главните сектори, вклучува јавен превоз, образование и здравствените услуги. Синдикалните лидери тврдат дека владините мерки ќе доведат до значително влошување на животниот стандард на обичните граѓани. „Покачувањето на старосната граница за пензија од 65 на 67 години не е само економска одлука, туку напад врз работничката класа. Луѓето кои работат физички напорни професии немаат капацитет да издржат ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Белград

1ᴼ / 1ᴼ
2.06
87%
1027
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
78%
1026
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.74
60%
1029
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.5
78%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
70%
1027
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
70%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.09
69%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / -1ᴼ
2.06
67%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1030
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Сребро

2648.90

Рутениум

45750.51

Паладиум

51794.85

Цинк

3.27

Иридиум

229769.28

Платина

67998.83

Злато

163613.54

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.29

Бакар

11.75

Родиум

368126.05

Калај

50.04