Легендарниот Дидие Динар ќе биде ривал на Македонија во претстојните квалификации за ЕП 2028 откако овој стратег денеска потпиша договор како селектор на Луксембург. Динар до неодамна беше кормилар на националниот тим на Црна Гора, но по неуспехот во мундијалскиот бараж против Словенија двете страни не ја продолжија соработката, по што некогаш најдобриот светски дефанзивец се реши за нов предизвик во тренерската кариера. Луксембург успеа да ...

Добро познато е дека Лука Дончиќ е „повеќе од половина“ репрезентација на Словенија, но никој не очеуваше оваа селекција да настрада така тешко без својата главна ѕвезда на гостувањето против Естонија во квалификациите за Мундобаскет 2027. Естонците целосно издоминираа во однос на словенечките кошаркари, славејќи со преубедливи 93-62 за искачување на првото место во оваа квалификациска група. Словенија делуваше немоќно, постигна по 31 поен и ...

Кристијано Роналдо и официјално доби нов тренер во Ал Наср откако шампионот на Саудиска Арабија денеска го именуваше Енџ Постекоглу за нов шеф на стручниот штаб. Тој доаѓа на функцијата на местото на Жорге Жезус, кој самиот се повлече од тренерското место веднаш по освојувањето на историската прва титула на Ал Наср по формирањето на моќната саудиска супер-лига. Во изминатиот период бројни тренерски имиња беа поврзувани со овој клуб, но ...

Матео Фадиј мина четири одлични сезони во дресот на Трембле, одличниот бек имаше понуди од француската лига, но тој изненади многумина со одлуката да го избере токму Вардар за следна дестинација во кариерата. Овој 24-годишен ракометар стои цврсто зад својата одлука, убеден дека македонскиот првак ќе му даде вистинска можност за блесок на меѓународната сцена, ако се знае дека „вардарци“ од сепември се враќаат назад во Лигата на Шампионите. ...

Монако неодамна се закити со титулата шампион на Франција во кошаркарското првенство, но „кнезовите“ нема да можат да ја бранат круната, откако беа исфрлени од сите натпреварувања во оваа земја за наредната сезона. Причината е добро позната – огромните финансиски проблеми со кои се соочуваше Монако во текот на целата измината сезона, поради кои дел од играчите на периоди и штрајкуваа одбивајќи да играат поради огромните долгови на клубот кон ...

Манчестер Сити прави коренити промени летово, Енцо Мареска дојде на кормилото на местото на легендарниот Пеп Гвардиола, а си заминуваат и дел од играчите кои беа стандардни во последните години во таборот на „граѓаните“. Еден од нив е и Нејтан Аке, кој кариерата ќе ја продолжи во Турција откако раководството на Манчестер Сити ги договори условите за неговиот трансфер во Фенербахче. Турскиот гигант го „пикираше“ холандскиот дефанзивец како ...

Катастрофалниот настап на Тунис на Светското првенство беше засенет од веста за допинг тестовите. Кај дури осум туниски репрезентативци, вклучувајќи и некои кои играат во Велика Британија, беа пронајдени траги од забранета супстанца. Сепак, службениците веруваат дека станува збор за последиците од консумирањето контаминирано месо во нивната база во Мексико, а не за намерно допингување, пишува Дејли Меил. Дејли Меил откри дека дури осум играчи ...

Шпанскиот стручњак Педро Мартинез повеќе не е тренер на Валенсија, објави новиот шпански шампион. Пред само три месеци, на 25 март 2026 година, каталонскиот тренер го продолжи договорот со Валенсија до крајот на сезоната 2027/28. Мартинез ја напушта Валенсија како тренер со најголем број водени натпревари (282) и најмногу победи (207). „Откако ја плати откупната клаузула од својот договор, која му овозможи еднострано да го раскине договорот ...

Американскиот центар Рејмонд Самервил, официјално потпиша за литванскиот тим Нептунас Клаипеда за која ќе настапува следната сезона. Самервил минатата сезона ја мина во ТФТ каде беше еден од најдобрите кошаркари на македонскиот тим. „Твојата напорна работа, посветеност и ангажман ти ја донесоа оваа можност и не можеме да бидеме посреќни за тебе. Ова е уште еден доказ дека ТФТ се движи во вистинската насока. Со среќа Реј! Повторно го направи ...

Крилниот напаѓач Лорик Јакупи повеќе не е дел од Шкендија, oткако клубот објави дека ја почитуваше желба на играчот да ја продолжи кариерата во средина каде што ќе има можност за поголем напредок. „Шкендија објавува дека ја прекинува соработката со играчот Лорик Јакупи. 21-годишникот, кој порасна во младинскиот систем на нашиот клуб и е дел од првиот тим неколку години, ќе ја продолжи кариерата во нова средина, со цел да се обезбеди повеќе ...

Францускиот АСВЕЛ е пред потпис со новиот репрезентативец на Македонија, Нејт Сестина, пренесува спортскиот портал „Баскетњуз“. Сестина кој своето деби за Македонија ќе го има на дуелот против Луксембург треба да биде големо засилување за амбициозниот проект на Тони Паркер. Клубот од Вилербан активно работи на реконструкција на тимот за следната сезона. Доведувањето на кошаркар со богато евролигашко искуство како Сестина се смета за клучен ...

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс продолжува со составувањето на тимот пресрет настапите кои го очекуваат во квалификациите во Конференциската лига на УЕФА. Кратовци денеска информираа дека ја продолжиле соработката со капитенот Дарко Анѓелески. „ФК Силекс со задоволство ја информира јавноста дека е продолжена соработката со капитенот Дарко Анѓелески, кој и во сезоната 2026/27 ќе го носи сино-црвениот дрес. Играчот од средниот ред ...

По поразот на Алжир од Швајцарија со 2-0 во осминафиналето на Светското првенство во 2026 година во петок наутро, Ријад Махрез објави дека се повлекува од националниот тим. 35-годишниот крилен напаѓач повеќе нема да го носи дресот на алжирската репрезентација. Со 119 настапи, Махрез се збогува со „Зелените“ како апсолутна легенда на алжирскиот фудбал. Неговиот најголем успех беше освојувањето на Африканскиот куп на нации во 2019 година, кога ...

После демантот со Мајкл Олисе, Реал Мадрид ги демантираше шпекулациите дека преговара и со играчот од средниот ред на Челси, Енцо Фернандез. Фудбалерот на Аргентина веќе некое време се поврзува со трансфер на „Сантијаго Бернабеу“, но од клубот ги демантираа најавите дека преговараат или дека ќе испратат понуда за негов ангажман. Сличен ваков демант беше испратен и во врска со Мајкл Олисе од Баерн, но тој и понатаму се поврзува со трансфер во ...

Њукасл се договорил да го потпише левото крило на Хофенхајм , Базумана Туре Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе им се придружи на „Страчките“ за вкупна сума од речиси 50 милиони евра. Ова би бил рекорден трансфер за германскиот тим. Овој играч треба да дојде како замена за Ентони Гордон кој беше продаден на Барселона. Претходно Виктор Муњоз беше пред потпис со овој тим, но на крајот тој се одлучи за Ливерпул. Минатата сезона, ...

Кошаркаскиот клуб Пелистер доби нов извршен директор. На местото на Филип Ивановски, е назначен Предраг Созовски. Од клубот најавуваат дека наскоро ќе бидат пополнети и другите места во раководните структури, а ќе биде објавен и новиот тренер. „КК Пелистер ја информира јавноста дека изврши промени во раководечката структура на клубот за сезоната 2026/27. На позицијата извршен директор на клубот на истек од договорот заминува Филип Ивановски, ...

Натаниел Браун, левиот бек кој играше стандарно и за германската репрезентација, потпиша петгодишен договор со најголемиот германски клуб Баерн Минхен. Со тоа продолжува политиката на „Баварците“ да ги ангажира најдобрите играчи во Бундеслигата. Браун играше стандарно на позицијата лев бек за Германија, која испадна во 1/16 финалето на Мундијалот од Парагвај. Тој доаѓа од редовите на Ајнтрахт Франкфурт. Тој е второто големо засилување на ...

Португалија ја победи Хрватска со 2-1 во 1/16 финалето на Светското првенство. Иван Перишиќ ѝ донесе водство на Хрватска во 53-тата минута. Кристијано Роналдо израмни од пенал во 68-мата минута, а Гонзало Рамос го постигна голот за Португалија во четвртата минута од судиското продолжение. Се чинеше дека натпреварот ќе оди во продолженија бидејќи Јошко Гвардиол постигна гол во финишот од судиското продолжение. Норвешкиот судија Еспен Ескас ...

Јулијан Нагелсман од денеска не е селектор на Германија, а на негово место доаѓа добропознатиот Јирген Клоп. Екс менаџерот на Ливерпул и на Борусија Дортмунд на општо задоволство на фановите на германската репрезентација, ќе седне на клупата на Бундестимот. Деталите околу договорот треба да бидат соопштени наскоро, но се претпоставува дека на Клоп ќе му биде овозможено да ја води Германија во следните четири години, односно најпрво на ЕП ...

Пред секој натпреварувачки ден… ви нудиме интересни статистички податоци поврзани со претстојните средби… и препорака зошто треба да уживате во овој фудбалски спектакл токму во еден од најдобрите ресторани и ланџ барови во Скопје – „ЗОНА АЗУРИ“. ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ…!? Австралија никогаш досега не загубила од африканска селекција на СП (една победа, едно реми). „Кенгурите“ за третпат се пласираа во нокаут фазата од еден мундијал. Претходно, во ...

Двејн Вашингтон е новиот кошаркар на Баерн, потврди тимот од Минхен. Поранешниот дефанзивец на Партизан потпиша договор до 2028 година со германскиот тим и ќе остане во Евролигата во следните две години. Вашингтон важи за одличен стрелец, но сепак има и недостатоци во својата игра, особено кога станува збор за одбраната. „Сè се случува со причина. Роден сум во Германија, сега имам 26 години и ќе играм таму. Многу сум возбуден поради ...

Напаѓачот Марко Арнаутовиќ се повлекува од австриската репрезентација , објави тој. 37-годишниот напаѓач последен пат настапи во поразот на тимот од Шпанија во финалето на Светското првенство во Лос Анџелес во среда . Арнаутовиќ заврши како рекордер за најмногу настапи со 137 и голови со 49 за репрезентацијата, од кои три на Светското првенство во 2026 година. Тој исто така стана еден од само четирите австриски играчи, заедно со Ивица Вастиќ ...

Штипска Брегалница повторно се избори за место во, за новата сезона, сега скратената Прва лига на Македонија, по одличната година која ја остави зад себе во второлигашката конкуренција. А, штипските „сини“, се чини изминатава сезона беа водени на крилјата на еден од најталентираните македонски фудбалери, младиот офанзивен креативец од средниот ред, Лука Георгиев. Извонредната сезона за Георгиев во синиот дрес и тоа како не остана и ...

Португалците во драматичен и до крај неизвесен натпревар обезбедија пласман во 1/8 финалето на Светското првенство. Натпреварот ќе остане запаметен по „драмата над драмите“ во последните мигови, откако на Хрватска им беше поништен гол за 2-2, а претходно им беа поништени уште два. Вкупно на овој меч беа поништени четири гола, и со тоа влезе во аналите на Мундијалите со меч со најмногу поништени голови. Кулманација на разочарувањето на ...

Шпанија има доминантен среден ред, опасни крила, но наоѓањето на напаѓач што ќе се вклопи во тој мозаик беше проблем за „црвената фурија“ уште од повлекувањето на Давид Виља. Веќе тој проблем не постои, откако селекторот Де ла Фуенте го претвори Микел Ојарзабал во машина за голови, играч што одлично се снаоѓа во шеснаесентикот, постигнува погодоци, но и беспрекорно се движи отворајќи простори за соиграчите. Сведоци на тоа бевме и против ...

Кристијано Роналдо го трогна светот по вчерашната победа на Португалија над Хрватска и пласман во осминафиналето на Светското првенство 2026. Роналдо по мечот го облече дресот на Диого Жота, и низ солзи се потсети и му оддаде признание на својот репрезентативен колега кој на денешен ден точно пред една година трагично го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа. 🚨🚨| Cristiano in tears as he wears the Diogo Jota shirt at the end of the ...

Во одличен натпревар од осминафиналето, Хрватска загуби од Португалија со 1-2, во меч во кој во последните моменти од натпреварот неоправдано им беше поништен гол поради офсајд позиција. По болниот пораз, хрватскиот селектор Златко Далиќ истакна дека може само да им честита на неговите момци. „Прво, им честитам на Португалија и им посакувам се најдобро во иднина. Планот за првото полувреме беше да ја зачуваме мрежата, иако нашиот одбранбен ...

Во рубриката „Нај, нај на СП 2026“ ви ги пренесуваме најинтересните статистички податоци од натпреварите одиграни претходниот мундијалски ден… Шпанија даде повеќе од еден гол на меч од нокаут фазата на мундијалите за првпат по СП 1994 кога во осминафиналето ја совлада Швајцарија со 3-0. Ова беше прва нокаут победа на Шпанците уште од финалето на СП 2010 против Холандија. Шпанија се уште е без пораз под водство на Луис де ла Фуенте на големите ...

Златан Ибрахимовиќ го коментираше дуелот меѓу Хрватска и Португалија на Светското првенство. Португалија ја победи Хрватска со 2-1 и се квалификуваше во осминафиналето на Светското првенство. Но, на Хрватите неоправдано од ВАР-системот им беше поништен гол поради офсајд позиција. Ибрахимовиќ го изрази своето мислење за поништениот гол на Хрватска и смета дека тие биле оштетени. „За мене, тоа е гол. Фудбалот се врти околу тоа што всушност се ...

Со максимални пет победи од исто толку натпревари, Македонија го завери првото место во групата А и обезбеди пласман во следната фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029. По убедливиот триумф над Ирска, Андреј Јакимовски не го криеше задоволството од прикажаната игра, но порача дека работата сè уште не е завршена. „Ова беше убедлива победа за нас, ја заслуживме и неа и пласманот во наредниот циклус. Сакаме да победиме и на следниот меч ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
52%
1008
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
90%
1014
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
81%
1017
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
7.72
48%
1008
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
5.33
80%
1009
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
97%
1017
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
5.36
79%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
49%
1010
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
88%
1008
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
83%
1006
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
7.72
78%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
10.29
93%
1013
Currency

61.734

Currency

55.711

Currency

73.919

Currency

37.965

Currency

39.135

Currency

66.804

Currency

8.3594

Currency

0.67312

Currency

0.34862

Currency

0.52443

Currency

1.1078

Currency

0.59257

Родиум

293375.56

Цинк

3.76

Алуминиум

3.02

Злато

125211.08

Платина

48804.83

Паладиум

31893.54

Рутениум

61086.42

Иридиум

326330.08

Бакар

12.40

Кобалт

33.53

Сребро

1611.91

Калај

46.87