„Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера, вo 13:10 часот, го лишиле од слобода Н.А.(50) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава дека упатувал закани на неговата 19-годишна внука од брат и на нејзиното семејство. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес. Убавка ...

Просечната нето-плата во февруари изнесувала 46.159 денари. За една година се зголемила за 7,2 насто. Сепак, намалена е во споредба со јануари кога индексот изнесува 99,0. Тој минимален месечен пад изнесува 458 денари, бидејќи во првиот месец од годината просечното примање исплатено по вработен изнесуваше 46.617 денари. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека годишниот раст е поддржан од нагорните движења кај платите во ...

Агенција за храна и ветеринарство соопшти дека досега нема добиено известување преку европскиот систем за брзо предупредување за небезбедна храна RASFF дека во земјава е дистрибуирана небезбедната бебешка храна која се повлекува во Австрија. Станува збор за стаклена тегличка од 190 грама, со вкус на морков и компир, која е предмет на истрага во неколку европски земји, откако беа објавени сомнежи за присуство на отров за глувци. Од АХВ велат ...

Росица од Велес, Ивана од Скопје, грозниот случај во кумановско село каде што сеуште не се знае точниот број на жени – жртви на потенцијален сериски убиец, се само неколку случаи во црниот биланс на Македонија или податоци за жени жртви на семејно насилтво за кои што јавноста знае. Ниту тие ниту огромниот број на жени кои трпат семејно насилство, не се само имиња и бројки, туку вклучен црвен аларм – опомена за граѓаните кои што живеат во ...

Светскиот ден на планетата Земја е меѓународен настан за одржливост на животната средина и заштита на нашата планета. Меѓународниот ден е дата која најмасовно се прославува во целиот свет, а овој зелен настан успева да вклучи најголем број луѓе на целата планета. Од ЈП Национални шуми велат: „Благодарение на зголемениот интерес за настанот, денес Светскиот ден на планетата Земја стана Светска недела на планетата Земја. Во деновите околу 22 ...

„Територијата на Македонија во изминатите 24 часа, до 8 часот утрово, среда, се наоѓаше под влијание на ладен атмосферски фронт кој се спушта од север и истиот услови над нашиот дел од Европскиот Континент да се формираат големи влажни воздушни кои насекаде условија да имаме врнежи од дожд повремено со обилни и многу обилни врнежи. Особено овилни беа во западните предели од Македонија. Најмногу воден талог, до 8 часот утрово, наврна во ...

Д-р Теодора Тодорова на своите сограѓани им е добро позната од времето на нејзината прва професионална работа во родниот град како лекарка по Општа медицина во Итна помош на Здравствен дом. Од периодот кога беше дел од здравствените тимови, кои во велешките домови влегуваше за да пружи прва медицинкса помош, до добивањето на специјализацијата на медицинската гранка Ортопедија за неа ретко кој велешанец имаше информација какви знаења, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Наместа ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 9 степени, а максималната од 14 до 21 степен. Во Скопје, во ...

Возачот М.А (81) од Крива Паланка вчера попладне, во 17:30 часот, го управувал патничкото возило кое што го запреле полициски службеници на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата затоа што возел во спротивна насока на автопат. -При сообраќајна контрола кај наплатна станица „Сопот“ на автопатот Скопје-Велес, било сопрено патничко возило „хјундаи“ со кривопаланечки регистарски ознаки, кое го управувал, М.А (81) при што било ...

„Вакцините делуваат за секоја генерација!“ гласи мотото на годинешното одбележување на Европската недела на имунизација во кое од денеска се вклучуваат и двете Служби за имунизација, на предшколски и школски деца, на ЈЗУ Здравствен дом Велес. Д-р Марина Тодоровска, специјалист педијатар од Службата за предучилишни деца соопшти дека теренските посети со цел да пронајдат фантом деца нерегистрирани во системот за имунизација, непријавени деца ...

Промотерите Томе Трајков од Велес и Александар Стеванов од Штип–стрип ја претставуваа Македонија на стрип фестивалот „Цртани Романи Шоу (CRS)“ во Загреб , во Хрватска кој што се одржа од 17 до 19 април во Академијата на ликовни уметности . Според Трајков , оваа работна посета е логичен континуитет на неговата меѓународна стрип активност. -Фестивалот на којшто учествувавме е еден со најголема традиција и рејтинг во регионот. Тој спаѓа во редот ...

Советот на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН), одржа редовна седница на која ја разгледа најавената оптимизација во основните и средните училишта, изразувајќи сериозна загриженост за можните последици врз вработените. Од синдикатот информираат дека внимателно ја следат состојбата и најавуваат дека во наредниот период ќе побараат целосна и детална анализа од Министерство за образование и наука, со цел да се утврди дали ...

Сто и три граѓани на Градско дојдоа и даруваа крв во рамки на акцијата што ја спроведоа Основната организација на Црвен Крст Градско и Институт за трансфузиологија во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија. Од нив седум лица, претежно млади, за прв пат даруваа крв. Тоа особено ги радува организаторите кои информираа дека станува збор за прва организирана крводарителска акција годинава која што наиде на висок одзив. ...

„Поради спуштање на ладен атмосферски фронт од север кон Македонија, во деновите вторник 21 и среда 22 април, следува нагла и голема промена на времето која ќе донесе врнежи, северен ветер, планински снег и голем пад на температурите за околу и за повеќе од 10 степени во споредба со тие што ги имаме деновиве. Под влијание на ладниот атмосферски фронт од север, кој ќе услови формирање на влажни воздушни бранови над нашиот дел од Европскиот ...

Подготвија бетон, нивелираа површина од 100 м2 на платото под Крстот над црква „Свети Спас“ во село Бањица, собраа и товарија 6 кубика шут од стари ќерамиди и успеаја да наполнат ѕид долг 7 метри со бетон, денеска, 15 членови на ЗГ„Акцијаш – ветерани“. Работната траса на која работеа се наоѓа веднаш под Крстот во црковниот двор. На акцијашите ветерани им се придружија и жители од село Бањица, членови на Црковниот Одбор како и поранешниот ...

Сообраќајната незгода во Сектор за внатрени работи Велес била пријавена вчера, во 15:00 часот кога било соопштено дека на локалниот пат Велес – Каменолом, кај место викано „Гроот“, товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(61) од Велес, се превртело на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес. ...

Пожарот во куќата на улица „Страшо Пинџур“ број 9, во територијалната против пожарна единица бил пријавен, вчера вечер, 25 минути пред полноќ. „Територијална потив пожарна единица Велес излезе на лице место со 2 против пожарни возила и 7 пожарникари спасители.По пристигнување на лице место пожарот е затекнат во развиена фаза. Благодарение на брзата интервенција и пожртвуваноста на нашите колеги пожарот за брзо ставен е под контрола и потоа е ...

Неготинецот Љ.Д (59) години, вчера напладне, возел патничко возило „форд“ со неготински регистарски ознаки, на улица „Партизанска“ во Неготино со забрана впишана во возачка дозвола. Го запреле полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино и по констатираниот прекршок поточно впишана забрана за управување на моторно возило од Б Категорија го лишиле од слобода. Вториот случај бил откриен во Велес, ноќеска, 35 минути по полноќ, ...

Велешката фирма, „Агро Ели“ – чија приоритетна дејност е производството на здрава храна од денеска на граѓаните од источната страна на градот на располагање им стави нов маркет. Во него освен добро познатата програма на македонскиот бренд „Кристал 1923“, масло за јадење, локум, алва, таан, зачини има и прехрамбени како и бројни производи на препознатливи домашни и странски фирми за широка потрошувачка. На свеченото отворање на маркетот ...

Министерот за култура, Зоран Љутков заедно со донаторите извршија увид во тековните активности во Археолошки локалитет „Стоби“. Таму се врши конзервација на Теодосијансната палата со 500.000 долари на донатори а од нив 100.000 долари се од Американскиот институт за римска култура кој се финасира со средства на Илон Маск. Останатите 400.000 се обезбедени од „Џ.М Каплан фонд“ чии претставници кажаа дека Стоби е вистинска реткост и во него ...

Министерот за култура, Зоран Љутков заедно со донаторите извршија увид во тековните активности во Археолошки локалитет „Стоби“. Таму се врши конзервација на Теодосијансната палата со 500.000 долари на донатори а од нив 100.000 долари се од Американскиот институт за римска култура кој се финасира со средства на Илон Маск. Останатите 400.000 се обезбедени од „Џ.М Каплан фонд“ чии претставници кажаа дека Стоби е вистинска реткост и во него ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја нагласува потребата изборот на раководните позиции, директор и заменик-директор, во Македонската радио-телевизија (МРТ) да се спроведе низ транспарентен, инклузивен и кредибилен процес, со јасен фокус на квалитетот на кандидатите и заштитата на јавниот интерес. Во соопштението за јавност на ЗНМ пишува: „Имајќи предвид дека рокот за оваа постапка истече на 15 април, сметаме дека е од особена ...

Реконструкцијата на атлетската патека на велешки Градски стадион „Зоран Паунов“ е во полн ек. Градежните машини веќе работат на асвалтирање на подлогата на која ќе се поставува новиот тартан. Што конкретно се работи на ставионот во Велес денеска виде и министерот за спорт Борко Ристовски. Него лично го информираше Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев. Според министерот Ристовски, издвоените околу 20 милиони денари од државниот буџет, ...

Афористичкото перо на Атанас Крлевски во изминативе седум дена за читателската заедница на Дума.мк напиша нови 10 афоризми. Сатиричарот и афористичар поттикнат од случки и настани во секојдневниот живот Ви предлага да прочитате: „Ми пуштија водичка, за да молчам како риба.“ „Знам сѐ! Други мани… немам!“ „Не фрлајте ми песок во очите! Не стигнува до мојата оаза.“ „Не газам на мравка, ама некои мајмуни можам да ги згмечам!“ „Никој не знае, ...

Христијанскиот празник Источен Петок Балаклија, велешани го слават со посета на манстирот „Свети Димитрија“ што се наоѓа на јужниот излез од градот по стариот пат за приклучување на автопатот. И годинава од вчера, попладне до полноќ, граѓаните пешачеа за да го посетат манастирскиот комплекс. Најголем метеж се создаде во вечерните часови кога стотици граѓани се упатија кон малата црква која го носи името на светецот Димитрија. Така беше и ...

„Денес и утре, петок 17 и сабота 18 април, во Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди а повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде во Повардарието каде повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час. Исто така ќе има услови и за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи. И во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремено ...

Последната проверка на техничката документација на проектот е причина за поместувањето на почетокот на реконструкцијата на спортската сала „Гемиџии“ во Велес. Во внатрешноста на најголемиот спортски објект, изграден во 1982 година, ќе се реконструираат соблекувалните и тоалетите ќе се изведуваат и два нови тоалети наменети за лица со инвалидитет. Паралелно ќе се изврши и целосна замена на електричната и водоводната инсталација. Токму ...

Желбата да се надмине стагнирањето или да се убрза обврската на Македонија за трансформација кон зелените општества е поттикот на Фондација Импакт нет тоа да се обиде да го стори со младите или генерацијата XYZ од Велес. Тоа се трансформерите или младите од нашиот град за зелени општини, рече Стевче Дечев, претседател на Фондација Импакт нет со што ќе дадат свој учинок во имплементирањето на Зелениот договор на Европска Унија. Дечев додаде ...

Возилата за потребите на Македонска пошта ги набави Владата, преку Министерството за транспорт. „Со новите возила, Пошта ќе може побрзо, поефикасно и посигурно да ги доставува услугите до секој граѓанин, до секое населено место и до секоја компанија. Ќе се намалат трошоците за одржување, ќе се зголеми продуктивноста, а услугата ќе стане поквалитетна. Македонска пошта мора повторно да стане сервис на кој граѓаните ќе му веруваат. Институција ...

На оператори со храна, во рамки на 1.221 вонредни контроли кои што биле спроведени пред велигденските празници од страна на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), на оператори со храна во државата им изрекла парични казни во вкупен износ од над 19.000 евра во денарска противвредност. Уништени се повеќе од 272 килограми небезбедна храна, најголемиот дел од животинско потекло. Дополнително, на депонијата „Дрисла“ се ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33