Фирмата претрпела штета во висина од 44.222 евра кога финансиски средства биле уплатени за набавка на репроматеријали но, пристигнале на банкарска сметка на фирмата во Италија. Трансакцијата била пресретната а средствата стигнале на непозната сметка во Португалија. Измамата според Секторот за внатрешни работи (СВР – Штип) била пријавена на 27 март, годинава, во 22:25 часот во Полициската станица Свети Николе. Таму 24-годишната сопственичка на ...

60-годишен велешанец, вчера, во Сектор за внатрешни работи Велес пријавил дека бил измамен за сума од 12.400 денари од едно лице кое го запознал минатата година, во декември 2025 годинаво Велес и кој се претставил како полициски инспектор во Скопје. -Според пријавеното, лицето побарало од него на договорено место во Велес да преземе пакет со брендирана облека од друго лице, за кое кажал дека е негов колега инспектор од Неготино, и за пакетот ...

Ученици од основните и средните училишта во Велес преку едукативна работилница го одбележаа 2 април – Светскиот ден на аутизмот, со цел подигнување на свеста и подобро разбирање на оваа состојба кај граѓани со аутизам. Работилницата беше организирана од Младинскиот центар Велес во соработка со Здружението на граѓани „Попи“, а настанот обедини млади на кои проектната координаторка Мирјана Петрушевска Савова ги запозна со тоа што претставува ...

Дел од куќите во Велес, кои се познати по својата автентична архитектура и се дел од културното наследство, се оставени на забот на времето и за жал пропаѓаат. Грижата за нив е запишана само на хартија, но не и во пракса. Според документи на Подрачна единица на Државен архив на Македонија во Велес, во 80-тите години на минатиот век под заштита се евидентирани 72 куќи со архитектонско значење. Неколку децении подоцна, само десеттина од нив сѐ ...

„Почнувајќи од понеделник, 6 април, територијата на Македонија ќе потпадне под влијание на стабилна, сува и значително потопла воздушна маса од југ која позначително ќе предизвика температурите да бидат во пораст и тие ќе бидат вистински пролетни а времето ќе биде стабилно и суво со многу сонце. Температурите преку ден во Македонија во текот на следната седмица на многу места ќе се искачат и ќе надминат 20 степени а во најтоплите централни и ...

Општинското основно училиште „Блаже Конески“ денеска беше само едно од вкупно четирите во Велес со програма „Априлијада“ посветена на Денот на шегата. Таму попладнево под маски и костими продефилираа учениците додека жири комисија прогласи најдобра групна маска. Оваа титула ја освои групната маска на III 1 oдделение чии костими изгледаа како бонбоните „тик – так“. Нивната наставничка Весна Јовевска објасни како ја донеле одлуката денеска ...

Велешката публика имаше можност да ја проследи претставата „Куршуми над Бродвеј“ работена според текст на Вуди Ален и Даглас Мекграт, вчеравечер, на сцената на НТ „Јордан ХК Џинот“. Претставата која што од критиката е оценета како нова хит-претстава на Драмски заслужено ги собра овациите и аплаузите и во велешки театар. Актерската екипа брилјираше на сцената и не само што ја воодушеви и насмеја туку и ја натера публиката длабоко да размисли ...

Оваа сабота забавата е во новото KAZZINO MOZZART! Настапува Андријана Петрушовска, а ве очекуваат и бројни изненадувања. Бидете дел од свеченото отворање на клубот во Велес, на 4 април (сабота) со почеток од 20 часот. Ве очекуваат многу ваучери за игра, лотарија, бројни изненадувања и локални џекпот добивки од 10.000 денари! За забавата и одличната атмосфера ќе се погрижи Андријана Петрушовска со бендот, ќе настапи и DJ, а ќе има и бесплатни ...

На денот којшто во поранешна Југославија се одбележуваше младинската доброволна работа од страна на акцијашите и бригадири на Работните бригади кои ја градеа татковината, велешките ветерани на Здружение на граѓани „Акцијаш ветерани“ засадија 64 садници во дворната површина на Спомен костурница во Велес. Акцијата им ја посветија на загинатите млади луѓе, членовите на групата ДНК како и на возачот од Итна помош на кочанскиот Здравствен дом. ...

Одделение за внатрешни работи Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Д.М.(56) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „несовесно работење во службата“ и против К.М.(33) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“, „несовесно работење во службата“, „уцена“ и „попречување на правдата“. ...

Времето денеска под влијание на циклонска активност ќе биде врнежливо, а наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Од УХМР информираат дека поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 ...

Одделението за внатрешни работи Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против К.Н.(29) од Велес и Г.М.(54) со престој во Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени 11 кривични дела, од кои десет кривични дела „измама во обид“ и едно кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик. Сектор за внатрешни работи Велес соопшти: „Во изминатиот период лице од странство телефонски контактирало ...

Во село Виничани, општина Градско, вчера вечер, во 21:00 часот, полициски службеници на СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(67) од Виничани. Претходно, на локален пат Градско-село Виничани се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.М. и патничко возило „волво“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.В.(63) од Градско. -По несреќата двајцата возачи го напуштиле местото, а ...

Армијата ќе постави опрема и возила и ќе изведе показна вежба со службени кучиња и ќе ги демонстрира вештините, дисциплината и способноста при извршување на специфичните задачи, во сабота на 4 Април во Градски парк во Велес. Сите овие предвидени целини на програмата на манифестација „Професионалци и сојузници: Армијата за граѓаните“ со која Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ и Командата за обука и доктрини се дел од ...

„Поради спуштање на нов многу поладен воздух од север кон јужна и кон југоисточна Европа, над јужна Италија а особено над Јонското море ќе дојде до формирање на длабок секундарен циклонски систем кој значително ќе влијае на времето кај нас во Македонија од вечерва,вторник, 31 март и во деновите потоа условувајќи нови обилни врнежи кои на пониските места (градовите) ќе бидат од дожд а на повисоките места и на планините над 1000 метри ќе бидат ...

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишник од Росоман осомничен за кривично дело – Убиство согласно член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничениот со умисла, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената мајка. Додеката жената спиела во една од собите, тој ја прободел со кујнски нож во вратот, нанесувајќи и смртоносни повреди. Јавниот обвинител до ...

Убодот на ножот во вратот на 54 годишната жена, којшто и го задал синот, 27 годишниот И.Р, бил кобен по животот на мајката. Таа спиела кога нејзиниот син го извршил убиството. Тие биле сами во нивниот дом во Росоман а сопругот и татко бил на работа. Полициските службеници го привеле И.Р откако сам се пријавил. Тој се наоѓа во Полициска станица на Одделение за внатрешни работи Кавадарци. По завршувањето на увидот од страна на Увидната екипа ќе ...

Рим ја отвора својата сцена за „Без крв“ – претставата на Пловдивски драмски театар и Велешки театар, која ќе биде изведена во „Teatro Brancaccio“, еден од најзначајните театарски простори во италијанската престолнина.Претставата е закажана на репертоарот на „Бранкачо“ на 9 мај, годинава. Со својата историја и капацитет, „Brancaccio“ функционира како централна културна точка во Рим, место каде што се среќаваат големи продукции, ...

Убиството се случило утрово, околу 07:30 часот во семејниот дом каде 27 годишниот И.Р со остар предмет ја убил неговата 54 годишна мајка. Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Кавадарци го лишија од слобода И.Р откако тој во СВР Велес сам го пријавил убиството. Тогаш кажал дека со употреба на остар предмет и нанел повеќе убодни рани на мајка си, која од здобиените повреди починала. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска ...

Во шеесет и тетата година од животот, вчера вечер, во Битола почина Зоран Маневски професор по виолина во Државното музичко училиште во Битола. Маневски е роден во Велес и велешани го познаваат како член на групата групата „Негрос“. Тој беше музички образуван виолинист со завршена Академија за музика – отсек виолина во Скопје по завршување на Средно музичко училиште. Маневски, првото вработување го имаше во Македонската филхармонија. Потоа ...

Во текот на неделата ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Како што информира УХМР, под влијание на циклонска активност од денеска, вторник, ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток (локално над 20 l/m²), а на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари медиумски работници реагираат на денешното соопштение на Основното јавно обвинителство, во кое од новинарите се бара „внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање“, а од професионалните организации се очекува „да го гарантираат почитувањето на етичките стандарди за известување и воздржаност при јавно коментирање“. Реакцијата на обвинителството следува откако ...

Сто четириесет и три граѓани се одзваа на повикот на ЗГ „Носачи на крстот“ и денеска даруваа крв во крводарителската акција што заедно ја спроведоа со велешки Црвен крст и Институт за трансфузиона медицина. Девет граѓани за прв пат даруваа крв и станаа членови на најхуманото семејство во градот. -Акцијата е успешно реализирана за што говорат бројките. Одзивот на граѓаните на повикот на Носачи на крстот беше голем. Собрана е количина од сите ...

Во издадената реакција по промената на обвинителот во случајот со дел од предметите поврзани со пожарот во кочанската дискотека во кое што, исто така,Обвинителството апелира на внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање на јавноста притоа повикувајќи го и Здружението на новинари и другите професионални организации да го гарантираат почитувањето на етичките стандарди за известување и воздржаност при јавно коментирање. Во ...

На улицата „Сараевска“ во село Горно Оризари, велешко, вчера утро, во 07:00 часот, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(51) од село Горно Оризари и патничко возило „опел“ со велешки регистарски таблици, управувано од 29-годишната Ј.А од село Горно Оризари. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ј.Х, а со телесни повреди се здобила Ј.А., констатирани во ...

Летното сметање на времето почнува ноќеска, во 02 часот. Не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот еден час напред и наместо 02 да биде 03 часот. Тоа значи дека утре, недела, 29 март, денот ќе биде пократот за еден час, но затоа понатаму ќе имаме подолги денови и повеќе дневна светлина попладне. Во Македонија, како и во повеќето европски земји, промената на времето се случува двапати во годината, и тоа последниот викенд во март, ...

Резултатите од лабораториските испитувања се показатели на здравствената состојба на граѓаните. Тие откриваат дали граѓаните се здрави или постојат сомнежи за загрозување на здравјето. Лабораторискиот тест го назначува лекар од општа пракса, специјалист или субспецијалист. Освен за потребите на лекарите кои лабораторискиот тест го назначуваат за отстранување на сомнежи при евентуално поставување на точна дијагноза постојат и граѓани коишто ...

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во 15:00 часот го лишиле од слобода Б.З.(30) од Велес поради сомнение дека со употреба на сила влегол во домот на Р.Т.(55) од Велес и одземал телевизор. Во полицискиот билтен се додава: „Одземеното било пронајдено кај Б.З. и било вратено на сопственикот. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. Тој бил приведен во полициска станица и по ...

Среќен сум што ја добив наградата за животно дело „Петре Прличков“, актерот кој остави голем белег во македонската театарска култура. Сите актери сакаат да остават дела зад себе но Прличко остави голем белег и на белото платно и на даските што живот значат. Со овие зборови се заблагодари за добивањето на престижната Награда за животно дело, годинешниот добитник, актерот Атила Клинче на Турски театар на свеченото отворање на V Театарски ...

„Променливото и релативно ладно време за самиот крај на месец март продолжува и викендов со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен а повремено и со умерен интензитет како и со услови за ретка појава на грмежи. На планините пак и на повисоките места со надморска височина од над 1000/1100 метри надморска височина врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде најизразен Долж Повардарието. Во ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Кобалт

45.39