Снимањето на најновиот спот ја донесе во родниот град, пијанистката Андријана Арлен, која веќе 19 години живее и работи во Малме, Шведска. Пијанистката го сними спотот во велешки Театар откако ја оствари личната желба и направи емотивен, душевен кавер-аранжман на еден од нејзините омилени филмски музики – „Unfaithful“. Арлен, веднаш по објавувањето на видео спотот соопшти: „За мене, природно и неизоставно беше во оваа верзија да биде ...

Сообраќајната незгода се случила вчера, во 13:10 часот, на ул: „Димитар Влахов“ во Велес, по која што полициски службеници лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Велес затоа што констатирале дека го возел моторциклот без возачка дозвола. „По сообраќајната несреќа помеѓу мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетникот и патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Л.(23) од Велес биле ...

На крајот на неделата за превенција на кардиоваскуларни заболувања, д-р Славица Малешевска – специјалист по медицинска биохемија на ПЗУ „ВЕ ЛАБ“ – Лабораторија укажува на сериозноста од нивната појава преку податоците на Светска здравствена организација и Европското здружение на кардиолози. Податокот за 37 отсто смртност во Европа како последица на овој вид на заболувања воопшто не е бројка која треба да се занемари. Во Македонија пак овој ...

Во полиција, вчера утро, во 09:15 часот, 42-годишен велешанец пријавил дека бил измамен за сума од 50.000 денари која што како капар однапред му ја дал на В.Б од Скопје но за возврат не ја добил услугата за која се договориле. „Според пријавеното, велешанецот преку социјална мрежа стапил во контакт со В.Б.(31) од Скопје, по што се сретнале и се договориле В.Б. да изврши уредување на неговото дворно место, за што однапред му дал дел од ...

Во секојдневниот живот често забораваме дека најмоќниот исцелителен лек е нешто што сите имаме и го носиме во себе, а тоа е љубовта. Таа не е само чувство, туку енергија што лечи, гради и поврзува. Љубовта е природна психотерапија која ни помага да се справиме со болката, стравот и осаменоста. Зошто Љубовта е лек? Затоа што таа ни дава чувство на емоционална поддршка, бидејќи кога сме сакани и прифатени, нашата психа се чувствува сигурна и ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 8 Мај, започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2026 година. „Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците ...

Измамата се случила на 5 мај, годинава, додека 43-годишната велешанка ја пријавила вчера, во 16:00 часот во СВР Велес. Таа дала изјава дека е измамена за сума од 16.592 денари. -Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати. Во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за ...

Самостојната изложба на Александар Јованов Мијак, со наслов „Љубов“ беше свечено отворена вчера вечер во Ликовен салон Велес. Таа се одржа во годината, во која што Мијак одбележува троен јубилеј: 30 години од завршување на Средно уметничко училиште, 25 години од дипломирање на Факултетот за ликовна уметност и 15 години од магистрирањето. Дваесет и петтата самостојна изложба „Љубов“, за прв пат во неговата уметничка кариера, овозможи ...

„На одбележувањето на 7 Мај – Денот на македонската полиција, беа прогласени најдобрите полициски службеници од осумте сектори за внатрешни работи и четирите регионални центри. Од страна на Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, Благодарница за најдобар полициски службеник од СВР Велес, му беше врачена на Ристе Апочов, дежурен полициски службеник во полициска станица од ...

„Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од Медитеранот денеска, 8 мај, петок, во Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни. Очекувам да наврнат над 15 литри на метар квадратен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Локално пак ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови за појава на невреме проследено со ...

Машинска, електро-техничка, угостителска и сообраќајна се четорите стуки коишто и годинава им ги нуди на деветтоодделенците во средното образование ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес. На денешниот Отворен ден ученици од завршните класови на основните училишта од градот како и од соседните општини Чашка, Градско и Лозово дојдоа за да го запознаат ова средно училиште, наставните програми, звањата што можат да ги стекнат како и квалификациите ...

Младото момче Гигов благодарницата и вниманието на велешката полиција го заслужи на своја 14 годишна возраст,деновиве, кога покажа како може да се биде човек притоа одржувајќи им лекција на возрасните со одговорност, чесност и добро домашно воспитување. Гигов пронајде штедна книшка со 46 илјади денари на улица во својот роден град кои со помош на родителите, веднаш ги пријави во Полициска станица Велес „СВР-Велес , Денот на македонската ...

Педесет и едно годишниот Г.Ј е лишен од слобода, вчера вечер, петнаесет минути пред полноќ затоа што според полицијата „агресивно се однесувал и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија“ додека неговиот син С.Ј (29) го нарушил јавниот ред и мир за време на одржување на верска манифестација. „На 6 мај 2026 година, во 23:45 часот, во с.Караслари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода ...

Претставата „Затворенички“е крик против тишината што убива, напиша режисерката Елеонора Теова пред премиерното прикажување на сцената на велешки Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ закажано за утре, петок, 8 мај, со почеток во 20:00 часот. Според Теова во општество, во кое вестите за фемицид и насилство врз жените стануваат застрашувачко секојдневие, театарската претстава „Затворенички“ не нуди утеха, туку соочување. Создадена како ...

„Под влијание на Атмосферски фронт кој преку Алпите ќе се спушти до нашиот дел од Европскиот Континент, веќе од денес, четврток, 7 мај, па до крајот на неделава времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет а пообилни на повеќе места, утре, петок 8 мај. Локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме со силен ветер, електрични ...

Понуда составена од образование кое одговара на потребите на пазарот како резултат на ефективните партнерства меѓу училиштето и јавниот и приватниот сектор, модуларна настава, Дуално образование, Реална работа во реален бизнис сектор, во компании и институции во Велес и Интензивна практична работа во трета и четврта година беше презентирано од страна на учениците и наставниците на ОСУ „Јовче Тесличков“ на Отворен ден за деветтоодделенци. ...

Оваа стара подзаборавена традиција утрово ја оживеаја неколку жители на Велес, на улица „Никола Оровчанец“, кои на своите влезни порти поставија гранчиња од багрем. Тие само потсетија на времето кога велешките маала и сокаци, на верскиот празник „Ѓурѓовден“ се будеа со поставени гранчиња или со исплетени венци од природно цвеќе и гранчиња од багреми. Тогаш улиците мирисаа на багрем и по нив беше убаво да се шета. Вредните домаќинки, во ...

Деветоодделенците кои во новата учебна 2026/27 година ќе се запишат во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ ќе учат по нова Програма која им овозможува класично гимназиско образование и од втора година избор на предмети што тие сакаат да ги учат покрај задолжителните Македонски јазик и Математика. Тоа поконкретно значи дека со избраните предмети учениците се насочуваат да стекнат знаења што ќе им користат во области што нив ги интересираат и се ...

Операциите на Очно одделение во ЈЗУ Општа болница ќе се изведуваат од втора половина на месец мај. Во болницата во секој момент се очекува да стигнат инструментите додека Спогодбата за давање на здравствени услуги како што се прегледи и операции со ЈЗУ Универзитетска Клиника за Очни болести од Скопје бил потпишан минатата година. Ова го потврдија директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и директорот на ЈЗУ Општа болница ...

„Денешното утро, вторник, 5 мај, во Македонија донесе ведро време и значително повисоки минимални температури на воздухот кои се над нулата. Нема појава на утрински мразеви и на слана. Претежно е тивко и без изразен ветер. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во Македонија. Денешниот ден пак ќе биде сончев се до попладневните часови кога од запад полека облачноста ќе се зголемува а ќе дува и слаб до ...

Ветераните на ФК „Борец“, предводени од поранешниот македонски репрезентативец – Панче Ќумбев, викендов, на третиот Меѓународен фудбалски турнир на ветерани во Дуги Рат, крај Сплит, во Хрватска ги бранеа на „зелениот далматински терен“ спортските бои на Велес и на Македонија. Дуги Рат е домаќин на трет Меѓународен турнир на фудбалери ветерани додека велешките ветерани на ФК „Борец“ се први учесници од Македонија. И како што пренесува Слободна ...

Лицето Ш.Н (47) од Неготино е пронајдено вчера, во 11:00 часот, во Неготино, од полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино. – Пронајден е Ш.Н. од Неготино, за кој на 01.05.2026 од Центар за помош на лица со попреченост Неготино било пријавено дека се оддалечил од домот каде бил згрижен. Лицето било предадено на вработен од Центарот, соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес. Убавка Јаневска Сподели: Поврзано: ...

Во време на постојани промени, способноста да се прилагодуваме, да учиме и да растеме станува една од клучните животни вештини. Токму оваа идеја стои зад инспиративнo едукативниот настан „ХАРМОНИЈА НА ПРОМЕНИ – доживотно учење, личен развој и благосостојба“, кој ќе се одржи на 16 мај 2026 година во Castello by Allikas, Скопје, со почеток во 12:00 часот. Насловот порачува дека промените не мора да бидат извор на стрес, туку можност за раст и ...

По продолжениот викенд за првомајскиот празник, афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски, ги става на читање најновите афоризми на читателската заедница на Дума.мк. Прочитајте го минатонеделниот предизвик на афористичкото перо: „Скромен горделивец? Човек – маска!“ „Без услови живее само љубовта.“ „На креативците им симнувам капа. Креативно!“ „Бракот бара потпис. Љубовта, не!“ „Ме остави без зборови. Сега ѝ пеам.“ „Совеста пред законите! За ...

„По невообичаено ладниот бран кој директно од Арктикот се спушти на Балканот и во Македонија на 1 и за 2 Мај донесе минусни температури, снег, појава на утрински мразеви кои предизвикаа огромни штети со измрзнување на овошките, во текот на новата седмица која што ни претстои ни доаѓа нагло и големо затоплување на времето со продор на значително потопла воздушна маса од југ. Особено од вторник, 5 мај па во деновите потоа температурите во ...

„Брзиот“ возач е Р.Ј(41) од Вевчени кој што вчера доцна попладне, во 18:00 часот бил лишен од слобода затоа што полицискиот радар го фатил како вози 211 км/час на место на автопатот Неготино – Градско каде што е дозволено најголема брзина од 120 км/час. -Р.Ј.(41) од Вевчани, при контрола со радар на автопатот Неготино – Градско, полициските службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ ...

Првите пациенти се веќе снимени на дензитометарот во велешка Општа болница. Тоа се граѓани кои биле лежечки пациенти или имале здравствени проблеми и биле на специјалистички преглед кај ортопеди, интернисти и физијатри во болницата. Овие лекари ги препратиле на снимање на ДЕКСА скен. Дума.мк го прашаше директорот на болницата, Александар Бузалков како до снимање можат да стигнат останати граѓани кои покажаа интерес од Велес така и од ...

Сојузот на синдикатите на Македонија го одржа традиционалниот првомајски протест со неколку илјадно членство кое маршираше од седиштето на ССМ, преку Собранието до Владата. На почетокот на протестот се обрати претседателот на ССМ Слободан Трендафилов кој рече дека денеска работниците избраа да бидат тука. „Денеска кога ќе се движиме до Владата, ќе ги видиме на лицата на нашите граѓани како гледаат од прозорците и балконите и ќе чекаат некој ...

Празен, тивок и без метеж од возила. Ваков е центарот на Велес, денеска, на празникот на трудот 1 Мај. Големиот број на паркирани возила остава впечаток дека граѓаните празникот го минат во домашна атмосвера. Неколкумина граѓани можеби ја имаа празничната прошетка. И неколку работнички, кои најверојатно го чекаа автобусот за да ги превезе до работните места. Дума.мк фотографиите ги сними во 13:00 часот. Дума.мк Сподели: Поврзано: ...

Неделата за подигнување на јавната свест за срцева слабост, која што секоја година се одбележува од 27 април до 3 мај, Европското здружение на кардиолози годинава одлучи да ја одбележи под мотото: Превенција денес а здравје утре“. Срцева слабост се определува како неспособност на срцето да пумпа доволно количество на крв со цел да ги задоволи потребите на организмот. Срцевата слабост може да предизвика бројни симптоми како што се: тешко ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.44
65%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 19ᴼ
2.68
67%
1018
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.22
75%
1017
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
72%
1019
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
3.3
70%
1018
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.51
73%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1017
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.06
78%
1018
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.04
63%
1019
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 19ᴼ
0.45
67%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
65%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
3.35
94%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54