Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На втор ден Божик, според Јулијанскиот календар, се одбележува уште еден голем празник – Собор на Пресвета Богородица. Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува. Затоа денес се слави Пресветата Богородица. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да jа прослават Богородица. Тогаш во храмовите се служи торжествено, соборно, во нејзина ...
„Во овие утрински часови на денешниот ден, четврток, 8 јануари, во Македонија поради продор на ладен воздух од север, врнежите од снег и снежната покривка полека се прошируваат особено во западните предели од Македонија. Снежната граница полека се спушта па така во следните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег на повеќе места во Македонија. Особено во западните предели на државата ќе се формира снежна покривка, повисока во населени и ...
Велешкиот детски хор „Св. Кирил и Методиј“ заминува ноќеска во Холандија како учесник во Еразмус проект „C. H. O. I. R“. Поточно, престојот во земјата на лалињата за велешките хористи, кои ја претставуваат Македонија, ќе се реализира од 8 до 15 јануари, годинава, со холандскиот партнер, здружение „Freedom to discover“. -Во овој проект се вклучени двата хора, велешкиот „Св. Кирил и Методиј“ и „Zangschool“ од градот Утрехт. Во рамките на ...
Божикно послание † СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Ви благовестам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денес во Давидовиот град ви се роди Спасител, Кој е Христос Господ[1]. Возљубени празникољупци, Еве, повторно ...
Велешанецот Лучијано Чорев и годинава подели бадникови оброци за своите сограѓани кои беа случајни минувачи во центар на Велес, пред поранешна Стоковна куќа „На-ма“. Исто како и минатата година храна за вечерната бадникова трпеза имаше и за граѓани на кои им беше неопходна. Колешката Божана Ќулафкова од Радио „Голди“ разговараше со Чорев зошто е хуман и сака вечерва на Бадник да има посна трпеза во сечиј дом во Велес. Дума.мк Сподели: ...
Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера попладне, во 17:30 часот, го лишиле од слобода Љ.Ј. (36) од Велес, поради основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Велес. „По добиени оперативни сознанија, извршен е претрес во неговиот дом, со судска наредба, при што биле пронајдени и одземени пари и предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од извршените кражби. Љ.Ј. бил задржан ...
Десетици деца претпладнево ја наполнија црквата „Свети Кирил и Методиј“ со цел да учествуваат во Бадниковата поворка низ главните улици на Велес и симболично да го најават Христовото раѓање. Децата, придружувани од своите родители, баби и дедовци, ја пееја бадниковата песна „Вечниот Бог“. За пеењето од свештениците на Повардарска Епархија, градоначалникот Марко Колев и претседателот на Совет на Општина Велес, Даниел Јаневски беа наградени со ...
Коледарчиња ги будат ова бадниково утро Велешани додека во раце ги држат коледарските торбички и ја пејат песната „Коледе леде“. Тие тропаат на влезните порти на граѓаните во стариот дел на Велес и громогласно ја пејат најпознатата коледарска песна: „Коледе леде,паднало греде утепало деде,деде се мачи баба го квачи со четири јајца гускини, шаткини ооо Коледе… Денес е Коледе,утре е Божиќ ќе колеме теле, теле вика леле не колете мене, ќе ви ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 13 степени. Вo среда ќе ...
Покрај запален огин, собрани другари и соседи. Ова не е честа туку глетка што еднаш во годината се случува во ноќта што е посветена на Коледе. Празнувањето продолжува покрај трпеза на која се наоѓаат посни мезиња и има по некоја чашка греана ракија или чаша вино и пиво, велат повозрасните сограѓани кои вечерва се коледари. Дел од нив сметаат дека во духот на градската традиција треба да се испее по некоја „мрсна песна“. Една и додека тече ...
На брегот на река Вардар, во населбата Дворови, маалски другари, го запалија своето Коледе. Тие се само еден дел од друштвото кои се задолжени за редење на дрвата и распалување на пламенот, за уредување со маси и столици како и за обезбедување на просторот, особено за безбедноста на пламенот. Македонски народни песни веќе се слушаат на оваа локација. Тие имаат и кумови на коледето. Се чека и на вториот дел од друштвото, задолжени за храната ...
Со радосна песна и детски гласови, и оваа година Велес ќе го дочека Бадник во духот на вековната христијанска традиција. Бадниковата поворка, која симболично го најавува Христовото раѓање, повторно ќе ги исполни градските улици со празнична радост, љубов и духовна топлина. Бројни дечиња, придружувани од своите родители, баби и дедовци, ќе учествуваат во поворката пеејќи ја бадниковата песна „Вечниот Бог“. Поворката ќе тргне од храмот „Св. ...
Потребно е да се напише подолг текст за да се прикаже професионалниот пат на српскиот глумец Иван Босиљчич кого средната и нешто повозрасна генерација на граѓани секако најповеќе го познава по остварените телевизиски улоги во југословенската кинематографија како што се сериите „Стижу долари“, „Рањени орао“, „Грех њене мајке“ „Непобедиво срце„ и Ургентни центар. Босиљчич има остварено и голем број на театарски улоги во српските театри, ...
Афористичарите се творци кои што секојдневието на граѓаните го гледаат од свој агол, ги разобличуваат општествените недостатоци, политичките страсти, човечките себичности, непромислености, мани и глупости, а со потсмев и на духовит начин критикуваат, опоменуваат и казнуваат. На висина на својата задача, да направи афористичка анализа на годината која што ја оставивме зад нас, афористичарот Никола Бошков КОКИ напиша: Во годината што измина, ...
„Во Македонија под влијание на циклонска активност и на серија на влажни воздушни бранови од запад и од југозапад, во текот на оваа недела времето ќе биде променливо со чести и повремено пообилни врнежи од дожд коишто повремено ќе бидат проследени со засилен ветер од јужен правец. Локално за време на овој период ќе наврне позначително количество на дожд (над 30 литри на метар квадратен дожд а во западните предели локално над 50 литри на ...
Во Велес питачат од 15 до 25 дeца, со бебиња, а и возрасни кои потоа се транспортираат за питачење и во градовите Кавадарци, Кочани, Охрид, Битола и Скопје. Децата питачат во три смени од 9:00 до 15:00 часот, од 15:00 до 22:00 часот и од 22:00 до 03:00 чaсот, наутро. Едно дете во смена на питачење остварува промет од 1500 до 2500 денари а од оваа сума на пари добиваат 10 или 50 денари и на крај, ќотек од новните шефови и организатори. Ова го ...
Почитувани мои Думовци, ги одброивме последните часови од 2025 година, а ја дочекавме и новата 2026 година. Првата наша дружба во неа нека биде со следниве Издумани Крлевизми: „Мојот живот? Афористичен роман!“ „Некои години ги помниме по тоа што сме ги заборавиле.“ Каде оџакот не чури и на Дедо Мраз не му е лесно.“ Старата 2025 година некои ќе ја помнат по добро можеби и цел живот, а на тие што не им чурел оџакот ќе ја помнат по тоа што ја ...
Овие мини природни новогодишни елки можеа да се купат на новогодишниот базар, годинава, во Велес. Елките чинеа 350 денари. Тие можеби беа и единствените во градот кој што ги потсетија Велешани, од средна и повозрасна генерација, на детството кога во пресрет на Нова година, во домовите се украсуваа природни елки. Тогаш немаше голем избор на лампиони и декоративни украси но имаше во изобилство новогодишни бомбони, завиткани во разнобојни ...
Со одлука на Совет на градоначалници на Вардарскиот плански регион, на одржаната втора седница, на 24 декември 2025 година, Зоран Јаневски е избран за в.д директор на Центар за развој на Вардарски плански регион со седиште во Велес. Педесет и четири годишниот Јаневски е дипломиран инжинер по Безбедност и здравје при работа на Машинскиот факултет при УКИМ. Својата професионална реализација ја започнал во приватниот сектор, каде останал долги ...
Самоуверен, мотивиран и добар соговорник е Илија Петрушев исто како и подготвен спортист кој додека ги држи веслата и ја води битката со водата во својот кајак чамец јуриша кон првите места на натпреварите дома и во странство. За младиот Велешанец, во чии раце завршија и годинава пехарите и плакетата „Најдобар спортист на 2025 година во општина Велес“ се чини дека нема препрека да стигне до исполнување на олимписката норма и учеството на ...
Ова е Мила Штериовска, првата жителка на Велес во 2026 година. Неа на свет ја донесе 31 годишната мајка Клементина, претпладнево, во 11:50 часот, со оперативен зафат – царски рез на Одделението за гинекологија и акушерство на ЈЗУ Општа болница Велес. Мила тешка е 2 кг и 700 грама, долга е 50 см и е во одлична здравствена состојба. Мила има постара сестричка, Лена која е родена пред 4,5 години. Мила е втора ќерка на Клементина и Митко ...
Петок, 2 јануари, ни носи снег и снежна покривка во западните предели на Македонија. На планинските места ќе се формира снежна покривка, локално, од 10 см до 15 см а во дел од градовите од 5 см до 10 см. Вчера вечер и ноќеска, 1-ви кон 2-ри јануари 2026 година, во Македонија имавме ведро и многу ладно време со температури на воздухот под нулата. Најладно беше во град Охрид со измерени -7 степени како и во Скопје Петровец. Во ноќните часови ...
Ова е Мила Штеријовска, првата жителка на Велес во 2026 година. Неа на свет ја донесе 31 годишната мајка Клементина, претпладнево, во 11:50 часот, со оперативен зафат – царски рез на Одделението за гинекологија и акушерство на ЈЗУ Општа болница Велес. Мила е тешка 2 кг и 700 грама, долга е 50 см и е во одлична здравствена состојба. Мила има постара сестричка, Лена која е родена пред 4,5 години. Мила е втора ќерка на Клементина и Митко ...
Претседателката и врховен командант на Вооружените сили на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, денеска, во Командата за обука и доктрини КОД во велешката касарна „Алексо Демниевски-Бауман“ се сретна и разговараше со новопримените 300 професионални војници, меѓу кои и 26 девојки. Војниците се на обука. Ним, Силјановска Давкова им подари стотина книги од повеќе области за нивно усовршување и едукација. -Ви посакувам многу здравје и успешно ...
Ова е Мила Штеријовска,првата жителка на Велес во 2026 година. Неа на свет ја донесе мајката Клементина, претпладнево, во 11:50 часот, со оперативен зафат – царски рез на Одделението за гинекологија и акушерство на ЈЗУ Општа болница Велес. Мила е тешка 2кг и700 грама, долга е 50 см и во одлична здравствена состојба. Мила има постара сестричка, Лена која е родена пред 4,5 години. Таа е втора ќерка на Клементина и Митко Штериовски од Велес. ...
Полициски службеници на СВР Велес утрово, во 04:55 часот, го лишиле од слобода З.Ј.(29) од Велес. „ Претходно, на улица „Димитар Влахов“ во Велес, тој со патничко возило „сеат“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во метална канделабра. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека го управувал возило под дејство на алкохол, односно дека има 1,66 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица, ...
Дванаесетте нови службени возила за потребите на македонската полиција ги обезбеди Министерството за внатрешни работи. „Возилата ќе придонесат за поефикасно извршување на службените задачи и побрза интервенција и мобилност на полициските службеници. Новите возила се со современи технолошки карактеристики и се дел од заложбата на Министерството за внатрешни работи за подобрување на условите за работа,“ соопшти портпаролката Ана Милевска ...
Велешанката Лорета Гиовска, сопственик на игротеката Teen Vibe и мајка на две деца во изминатиот период активно организира хуманитарни настани и помага таму каде што е најпотребно. По тешка лична загуба, Гиовска, својата болка ја претвора во мисија, поточно да подаде рака на оние што минуваат низ најтешките животни моменти. Таа во предновогодишно интервју за Дума.мк, вели дека добро знае како изгледа кога животот ќе те собори и колку значи ...
Велешанката Лорета Гиовска, сопственик на игротеката Teen Vibe и мајка на две деца во изминатиот период активно организира хуманитарни настани и помага таму каде што е најпотребно. По тешка лична загуба, Гиовска, својата болка ја претвора во мисија, поточно да подаде рака на оние што минуваат низ најтешките животни моменти. Таа во предновогодишно интервју за Дума.мк, вели дека добро знае како изгледа кога животот ќе те собори и колку значи ...
Полна е кафетеријата „Страда“, на плоштад С`рмаале, со граѓани коишто го започнаа славењето на новата година. Дневната новогодишна шема е со весела атмосвера што ја стимулира музиката. Гостите со песна и игра ги одбројуваат последните часови на старата 2025 година. „Уште помалку од девет часа до новата 2026 година!“, гласеше констатацијата на неколкумина млади велешани кои рекоа дека ова е само дел на загревање пред вечерното славење исто ...