Делови од Словенија се погодени од силна бура и обилни врнежи од дожд кои започнаа утринава и продолжуваат и денес. Југозападниот дел од Приморје, долж границата со Хрватска, е најтешко погоден – вода се излева по улиците, куќите се поплавени, а сообраќајот е прекинат на одредени патни правци. Реките Драгоња и Бадашевица излегоа од своите корита, а метеоролошките служби предупредуваат на продолжување на врнежите и можност за брзо ...

Стигна предупредување – НЕВРЕМЕ во Македонија Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за краток временски период (над 20 литри на квадратен метар), ...

Уапсен 75-годишник од тетовско за полово вознемирување на малолетничка. Вчера во 17:00 часот во СВР Тетово е лишен од слобода З.Б.(75) од тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“, а по претходна пријава од 11.08.2025 од страна на 42-годишна жена од тетовско дека З.Б. полово ја вознемирувал нејзината малолетна ќерка. Од страна на полициски службеници од СВР Тетово по добиена судска наредба, ...

Четиригодишно момче од Србија за малку ќе се удавело вчера на плажа на Халкидики, а полицијата го уапси неговиот татко по инцидентот, пренесуваат медиумите во регионот. Вистинската драма се одвиваше вчера попладне на плажата Калитеа, во општина Касандра, кога четиригодишно момче од Србија речиси ќе се удавело додека беше на одмор со своето семејство во Грција. Според крајбрежната стража, откако на четиригодишното момче му беше укажана прва ...

НЛБ Банка извести дека пензиите се веќе исплатени и корисниците можат веднаш да располагаат со своите средства. Ве известуваме дека вашите пензии се исплатени и вашите средства можете да ги користите уште веднаш. Ве советуваме, вашето ценето време да го заштедите преку користење на мрежата на банкомати, поголемо користење на безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Пензијата можете да ја ...

Тринаесетгодишно момче од липковското село Лојане се здобило со тешки повреди откако во него удрил мопед на патот Лојане – ГП Миратовац. На 27.08.2025 околу 21:10 часот во СВР Куманово, е пријавено дека на регионалниот пат с.Лојане-Граничен премин Миратовац, кај с.Лојане, општина Липково, мопед удрил во 13-годишник од с.Лојане, општина Липково по што возачот со мопедот го напуштил местото на настанот, информираат од Министерството за ...

Претежно сончево и топло време најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата наутро ќе биде од 7 до 17 Целзиусови степени, а во текот на денот ќе се движи од 29 до 37 степени. И во Скопје денеска се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 13 степени наутро до 37 во текот на денот. ...

Септември ќе биде особено значаен за 3 хороскопски знаци. Тие ќе го почувствуваат товарот на минатите предизвици како полека се топи, а пред нив ќе се отворат нови можности и благослови што ги чекале долго време. Нивната добра карма сега се остварува. Септември носи силна астролошка енергија. На почетокот на месецот, затемнувањето на Месечината во Риби ги затвора старите кругови, носи исцелување и го враќа она што е направено од срце. ...

Според моменталните излази на најажурниот прогностички модел ECMWF (Европски центар за Среднорочна прогноза) месец септември 2025 година во Република Македонија ќе биде потопол од повеќе деценискиот просек и тоа за 1 до 2 степени, што значи дека летните температури со по умерен интензитет ќе продолжат и во текот на месец септември. Според она што можам во моментов да го изјавам за јавноста, во првата седмица од септември ќе имаме уште еден ...

Центарот за управување со кризи вечерва информира дека пожарот кај село Церово се шири кон Карпалак и скопскиот регион, но оти засега нема загрозени населени места или објекти. Екипите на терен работат на локализирање на пожарот, а директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, ја следи ситуацијата од терен и е во постојана комуникација со теренските екипи. Утре наутро се планира интервенција и со воздушни средства, а авион-ер ...

Голем пожар вечерва зафати зелена површина на автопатот Тетово-Скопје кај месноста Карпалак објави МКД.мк Засега нема информации за причините за пожарот и што се е зафатено со него. Претходно, ЦУК извести дека до 14 часот на територијата на Македонија има вкупно осум пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се под контрола и три се изгаснати. Активен е пожарот во Општина Кратово, под контрола се пожарите во Македонски Брод, ...

Девојчињата биле во автомобилот со нивната мајка кога се случила несреќата. Според медиумските извештаи, несреќата се случила на покраинскиот пат Катерини-Дион во Неа Ефесос, кога, под сè уште нејасни околности, мајката ја изгубила контролата врз автомобилот, поради што излетала од патот и удрила во дрво. Помладата сестра починала на лице место, додека постарото девојче е однесено во болница со тешки повреди. Нејзината состојба е сериозна, ...

Во сообраќајна несреќа што се случи денеска во село Облешево, општина Чешиново-Облешево, загина возач откако неговото возило излетало од коловозот. Несреќата е пријавена во 09:43 часот во СВР Штип. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, возилото „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки излетало од патот, а возачот бил пронајден починат на местото на настанот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Во моментов ...

Сообраќајка кај Чичево, едно младо момче почина, две се борат за живот, четвртото со тешки повреди Враќајќи се од слава на манастирот во Чичево, автомобилот излетал од патот, објави велешкиот портал ТиРековМиРече. Сообраќајка на патот кон село Чичево, општина Градско, во кое едно лице Љ.О. на 21 година почина, две се во животно загрозувачка состојба а четвртото исто се здобило со тешки телесни повреди. Сообраќајката се случила кога ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа 10 минути по полноќ на локалниот пат село Горно Чичево кон Долно Чичево во општина Градско. Во несреќата починал 21-годишен жител на Градско, а тројца се здобиле со тешки телесни повреди. Од Секторот за внатрешни работи во Велес информираа дека возилото „бмв“ управувано од П.А.(22) излетало од патот при што со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20), ...

Сообраќајна несреќа во Облешево, мерцедес излетал од коловозот, возачот пронајден починат. Денеска(28.08.2025) во 09:43 часот во СВР Штип е пријавено дека во с.Облешево, патничко возило “мерцедес” со кочански регистарски ознаки излетало надвор од коловозот. Во близина на возилото бил пронајден починат возачот, а од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт. Во тек е увид, излезено е и од страна на јавен обвинител и се ...

Астролошките конфигурации до 4 септември укажуваат дека Стрелците, Рибите и Лавовите ќе имаат зголемени шанси за добивки преку игри на среќа. Енергијата на Јупитер, Венера, Меркур и Месецот ги потенцира интуицијата, изненадните добивки и моментите кога среќата делува во вистинско време. Стрелец – Под влијание на Јупитер, отворени се врати за изненадни добивки, особено кога играте спонтано и без преголем план. Интуицијата е силна, па обрнете ...

Божја казна, предупредување од светците, волја на природата или обичен несреќен случај? Никој од местото Туртела до Добри Лаки не се осмелува да биде сосема сигурен само во едно од можните сценаријата за стравотниот и непредвидлив удар на гром, кој во машкиот манастир „Успение на пресвета Богородица“, во Берово, среде празнична трпеза однесе девет животи и повреди педесетина присутни на прославата. Питомата и кротка Малешевија на денот на ...

29 години подоцна се уште останува неразјаснет случајот од трагедијата во која загинаа 9 лица, а над 50 беа повредени, откако гром удри во дворот на Манастирот Богородица во Берово. Телевизија „Стар“ од Штип пред неколку години објави сведочење на новнарката Љубинка Клинчарска, која прва ја јави веста за трагедијата. -Некои од моите соговорници ги обвинија поповите, бидејќи курбанот беше преместен наместо во среда кога е посно тие го ...

Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови. Според најавите од Управата за ...

Денеска е големиот верски празник, Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, а воедно овој ден е прогласен за неработен. Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на ...

Во Битола, вчера се случи несреќа во која возач на комбе прегази 69-годишна жена. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 26.08.2025 година, околу 11:41 часот, на улицата „Рајко Жинзифов”. Возилото, товарно комбе „цитроен” со велешки регистарски ознаки, било управувано од 44-годишниот Д.К. од Велес. Жената, идентификувана како Ј.Д., добила тешки повреди и веднаш била пренесена во Клиничката болница ...

На попладневната седница членовите на Извршниот одбор на СДСМ донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата: 1. Бутел – Оливера Ливриниќ 2. Велес – Маја Хеско 3. Гевгелија – Миле Атанасов 4. Делчево – Дејан Глинџарски 5. Демир Капија – Лазар Петров 6. Конче – Благој Илиев 7. Кратово – Влатко Спировски 8. Кривогаштани – Игор Каравиловски 9. Македонски брод – Ивица Стојковски 10. ...

Времето утре ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 36 степени. Времето во наредните денови Во следните два дена ќе се задржи претежно ...

Најмалку 25 лица загинаа, а 27 се повредени во сообраќајна несреќа во главниот град на Авганистан, Кабул, откако патнички автобус излета од патот и се преврте во долина, објавија авганистанските медиуми. Несреќата се случи синоќа во областа Арганди во Кабул, а според портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Абдул Матин Кани, причината е невнимание на возачот. Минатата недела, во западната провинција Херат, во друга сообраќајна ...

Седум мажи – тројца Хрвати, двајца Срби, еден Црногорец и еден Босанец беа приведени на хрватскиот остров Паг поради тепачка и нарушување на јавниот ред и мир. Инцидентот се случил во неделата наутро во камп во Повљана. Според полицијата, прво дошло до вербален и физички конфликт меѓу тројца Хрвати (19, 24 и 30 години) и еден Србин (25) со вработен во кампот. Потоа им се придружиле уште еден Србин (27), Црногорец (32) и Босанец (26), по што ...

Едно девојче загина, а 11 деца се повредени кога училиштен автобус излета од пат во Австралија. Автобусот, кој превезувал 28 ученици од христијански колеџ, не успеал да сврти лево на пат во близина на градот Џилонг и се превртел, објави Ројтерс. Началникот на полицијата на Викторија, Пол Линехам, им изразил сочувство на родителите кои го загубиле своето дете. Едно дете е однесено во болница со сериозни повреди, додека 10 други, вклучувајќи ...

Најмалку осум лица загинаа како резултат на обилните дождови што предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во делови од Југоисточна Азија. Во Виетнам, седум лица ги загубија животите, едно лице е исчезнато, а 34 се повредени, објавија државните медиуми. Во некои делови од земјата, преку ноќ наврнаа речиси 20 сантиметри дожд, а предупредувањата за поплави останаа на сила за некои крајбрежни области, објавува Асошиејтед Прес. Во Тајланд, ...

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на ул. „Никола Минчев“ во Кавадарци, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош, информираат од МВР. Полициски службеници од ОВР Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т.(43) од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот ...

Трагична вест ја разбуди Македонија: Едно лице е убиено при тепачка пред казино Едно лице, родено 1982 година, е убиено при тепачка пред казино во Кавадарци. Оваа информација за МИА ја потврди доктор Антоан Паракеов, раководител на Службата за итна медицинска помош. – Точно е, имаше убиство при тепачка пред казино утринава. Станува збор за смртоносни повреди на глава. Наша екипа доби повик и веднаш беше на лице место, но, констатира дека ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
64%
1026
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
77%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
81%
1021
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
2.06
68%
1025
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.27
98%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
2.57
91%
1023
weather icon

Атина

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
62%
1024
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
70%
1026
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1027
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -3ᴼ
3.13
78%
1018
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -4ᴼ
2.06
84%
1021
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
3.6
52%
1025
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Платина

74245.83

Калај

48.40

Паладиум

57839.19

Бакар

12.02

Родиум

318292.39

Иридиум

174307.10

Рутениум

44946.74

Злато

147673.55

Цинк

3.15

Алуминиум

3.17

Сребро

2756.60

Кобалт

59.52