Хибридната стратегија на Русија на Западен Балкан ИЗВЕШТАЈ ЗА РАНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Мапирање на ранливости, прокси-актери и нови ризици на Западен Балкан (2025–2026) ЛИНК ДО ЦЕЛОСНИОТ ИЗВЕШТАЈ ЦИВИЛ го објави новиот Извештај за рано предупредување посветен на хибридната стратегија на Русија на Западен Балкан. Извештајот е објавен во целост на Civil.Today, медиумска платформа на англиски јазик, а се очекува негово објавување на македонски и ...

Струшката полиција поднесе кривични пријави против пет лица поврзани со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески во Струга, соопшти денеска СВР Охрид. Меѓу петмината е и поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, кој се товари за „Злоупотреба на службена положба и овластување“. Според информацијата, ОВР Струга поднело кривична пријава против Н.К.(53) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено ...

Објавено е дека парламентарната група на AfD во округот Лудвигслуст-Пархим користи е-адреса од рускиот провајдер mail.ru за официјална комуникација. Специфичната е-адреса наведена на официјалната веб-страница на округот Лудвигслуст-Пархим за фракцијата на AfD е Nataliar.eps@mail.ru, поврзана со лидерката на парламентарната група, Наталија Штајнбек. Ова откритие привлече внимание поради тековните загрижености и обвинувања во врска со блиските ...

Зборувајќи пред полскиот парламент во врска со експлозијата на железничката линија во Полска која служеше за доставување помош за Украина, полскиот премиер Доналд Туск рече дека истражителите идентификувале двајца украински државјани како осомничени, тврдејќи дека работеле со руските разузнавачки служби. Според Туск, двајцата преминале во Белорусија кратко време по експлозијата. Премиерот истакна дека еден осомничен бил осуден во Лвов во мај ...

Хрватскиот истражувачки новинар Домагој Маргетиќ испрати извештај до Јавното обвинителство во Милано за „Сараево Сафари“, во однос на покренувањето истрага во Италија во врска со обвинувањата дека странци платќале за пукање во цивили за време на српската опсада на Сараево пред три децении, пренесува Klix.ba. „Сегашниот претседател на Србија во 1992 и 1993 година бил нелегален воен доброволец во Сараево. Вучиќ неоспорно бил за време на војната ...

Додека разговараше со новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ на 14 ноември, претседателот Доналд Трамп беше прашан за неодамна објавените е-пораки од Џефри Епштајн во кои се споменува тој. Во видеото што го пренесува Би-би-си, Трамп вели дека не знае ништо за тоа и рече дека фокусот треба да биде на други луѓе именувани во тие е-пораки, вклучувајќи го и поранешниот претседател Бил Клинтон. Откако новинарка од „Блумберг њуз“ се обиде да постави ...

Владата на Словенија го усвои таканаречениот Шутаров закон, кој ѝ дава на полицијата широки овластувања за претреси и надзор во таканаречените „високоризични“ области. На вонредната седница на Народното собрание во понеделник, пратениците го усвоија таканаречениот Шутаров закон, кој беше предложен по трагичната смрт на Алеш Шутаро. Покрај Слобода и СД, опозициските СДС и НСи исто така го поддржаа законот, додека независните пратеници ...

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР е јавен настан на ЦИВИЛ што ќе се одржи денеска во Велес, со почеток во 13 часот, во просториите на Europe House. Локалните лидери во заедниците, граѓанските организации, претставниците на политичките партии и независните кандидати, институциите, медиумите и заинтересираните граѓанки и граѓани ќе имаат можност да проследат неколку јавни пораки и презентација на проектот ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР – стратешки одговор на ...

Раководството на Алијансата за Албанците објави дека сега официјално се одвојува од АКИ, коалицијата формирана на последните локални избори. Според соопштението од оваа партија, раководството едногласно одлучило дека партијата ќе дејствува самостојно, додека во наредните денови се очекува пратениците на Алијансата да го формализираат создавањето на нивната пратеничка група како независна група во Собранието. Партијата повтори дека ќе остане ...

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма се осврна на работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, потенцирајќи дека ниту тој лично ниту јавноста не е задоволна од неговата работа и логичен слет на настани би било негова смена. -Кога разговараме и кога ви велам дека не сум задоволен лично јас, но и јавноста од работата на јавниот обвинител, тогаш логичен след на настани после така јавно искажан збор е негова смена, ...

Националната кампања „1 од 5 – Стоп за сексуалното насилство врз деца“ почнува денеска на Светскиот ден за превенција од сексуална експлоатација, злоупотреба и насилство врз деца, со настан, кој ќе се одржи во „Europe House“. Настанот е организан во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, во партнерство со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Народниот правобранител на Република Северна Македонија и со ...

Јужноафриканец кој беше виден како присуствува на неонацистички митинг пред австралискиот државен парламент е приведен во имиграциски притвор откако му беше одземена визата, пренесува Би-би-си. Јужноафриканецот Метју Грутер, кој е во Австралија од 2022 година, учествуваше во антиеврејски протест пред парламентот на Нов Јужен Велс организиран од Националната социјалистичка мрежа претходно овој месец и сега чека депортација. Тој беше виден меѓу ...

Голем пожар избувна синоќа околу 23 часот во небодерот на хрватскиот весник „Вјесник“ на Славонската авенија во Загреб, кој се шири вертикално и зафати повеќе катови и покривната конструкција, поради што во гаснењето е вклучен голем број пожарникари и механизација. Причината за пожарот засега не е позната, а гаснењето и санирањето на последиците се очекува да трае цел ден, јавуваат хрватските медиуми. 🔥 Gori Vjesnik… Ponos Grada Zagreba, ...

Додека Албанија ги отвори последните поглавја со ЕУ, тврдењата на Мицкоски дека Северна Македонија е „пред Албанија“ се распаѓаат пред фактите – експертите и Брисел го потврдуваат спротивното. Последниот европски напредок на Албанија јасно ја разобличи тезата на премиерот Христијан Мицкоски дека „Северна Македонија е пред Албанија“ во евроинтеграцискиот процес. Поранешниот пратеник и политички аналитичар Зуди Џелили, во изјава за Фронтлајн, ...

Сите докази поврзани со експлозијата на железничката линија во Полска, која води кон Украина, укажуваат на Русија, изјави полскиот вицепремиер и министер за национална одбрана Владислав Косињак-Камиш во интервју за Радио ЗЕТ, пренесува Укринформ. Полски министер за одбрана изјави дека откако ќе бидат приведени оние што го подготвиле, поставиле и извршиле нападот, ќе има апсолутна сигурност. Сепак, анализирајќи ги настаните во Полска и низ ...

Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, на којашто се придружија и пратениците од Левица, а беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Анкетната комисија треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот во Кочани, ...

Палестинската управа (ПА) денеска повика на итно спроведување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се поддржува мировниот план за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп, позиционирајќи се против палестинската милитантна група Хамас. Во соопштението, ПА истакна дека итното спроведување е неопходно за да се заштити народот на Газа, да се спречи раселување, да се обезбеди целосно повлекување на израелските сили, да се ...

Проширувањето е патување што е важно за сите нас, бидејќи сите ги споделуваме истиот континент, историја, култура и предизвици, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во видео обраќање на „Форумот за проширување на ЕУ 2025: Заокружување на Унијата, обезбедување на нашата иднина“ што се одржува денеска во Брисел. – Ја гледаме страста на младите луѓе во земјите кандидати за членство, како и во државите членки да ...

Во актуелниот геополитички контекст време е за „проширување на проширувањето“, за да не ја изгубиме контролата врз безбедноста и стабилноста на Европа, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето на „Форумот за проширување на ЕУ 2025: Заокружување на Унијата, обезбедување на нашата иднина“ што се одржува денеска во Брисел. – На земјите кандидати за членство им треба време за реформи, а понекогаш на нашите земји членки им ...

Советот за безбедност на ОН вчера го одобри мировниот план на Трамп за Газа. Гласањето обезбедува легален мандат на ОН за визијата на администрацијата за тоа како да се надмине прекинот на огнот и да се обнови Појасот Газа опустошен од двегодишна војна. Резолуцијата повикува на влегување на Меѓународни сили за стабилизација, демилитаризација и управување со Газа. Предлогот, исто така, предвидува „Одбор за мир“ кој ќе го надгледува мировниот ...

Студентите на Техничкиот факултет во Нови Сад во блокада, објавија доцна синоќа на својот Инстаграм профил дека успеале да го вратат својот профил, откако бил хакиран. Студентите во блокада објавија дека се вратени и студентски профили на социјалната мрежа TикToк што беа под забрана (banned). Oколу 03:00 часот утрото во понеделникот беше организирана кампања за масовно пријавување на нашиот профил и профилот беше затворен неколку часа. ...

Делови од глобалната Интернет мрежа денеска не работат или работат со чести прекини поради технички проблем во Cloudflare. Посетителите на веб-страниците пријавуваат грешка која укажува дека проблемите на Cloudflare значат дека страницата не може да се отвори. Cloudflare е клучна компанија за интернет инфраструктура која обезбедува услуги како што се мрежа за испорака на содржина (CDN), заштита од DDoS напади и подобрување на безбедноста и ...

Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалната мрежа Х, на 1364 ден од руската војна во Украина објави за уште еден руски ракетен терор врз регионот Харкив и Днипропетровск во кој загина 17-годишно девојче. Day 1364. Russian missiles hit Kharkiv region, killing a 17-year-old girl. In ...

Во рамки на Европската есенска недела на ХИВ и СПИ тестирање, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА ги повикува сите граѓани на бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции (СПИ), кое се спроведува во Младинскиот центар „Сакам да знам“ на Водно, од 17 до 21 ноември, секој ден од 15 до 18 часот. -ХИВ денес е контролирана здравствена состојба, кога е откриена навреме. Луѓето кои редовно се тестираат ...

Историјата на уставните и политичките промени во Северна Македонија е исполнета со важни моменти кои ја одредија насоката на државата и нејзината национална и етничка структура. Граѓаните на референдумот одржан на 8 септември 1991 година, ја изразија својата волја и го дадоа својот глас тогаш Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна држава Македонија, што уставно-правно се заокружи со донесувањето на Уставот на ...

Министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Јохан Вадефул, вечер ќе престојува во Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан. Според најавите, Вадефул ќе оствари средби со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, пак, ќе се одржи билатерална средба на двете делегации. Вадефул ...

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени започнува утре. Првото рочиште е закажано во 9:30 часот во судницата на КПУ Идризово, со засилени безбедносни мерки и присуство на лекарска екипа. Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, а постапката ќе се води со темпо од две рочишта неделно. Судот апелира до медиумите за достоинствено известување без ...

Утрово најмалку две ТВ станици не ги почнаа вестите со Мицкоски. Внимавајте – главна вест на Канал 5 и Телма беше сечењето на торта во Брисел која е „направена“ од албанскиот премиер. Мицко го имаше подолу во утринските вести, бидејќи надвор врне па нема посвеж настап за денес. За креирање на неговиот прес или поточно дневен брифинг (според правилата на таа форма на известување) што му доаѓа и како дневна заповед за уредниците. Па и во ...

Железничка пруга помеѓу Варшава и Лублин беше дигната во воздух во „невиден чин на саботажа“, објави полскиот премиер Доналд Туск на 17 ноември., пренесува Кијив Индипендент. Полскиот премиер истакна дека рутата е „од клучно значење за испорака на помош на Украина“. „Ќе ги фатиме сторителите, кои и да се“, рече Туск на X. Blowing up the rail track on the Warsaw-Lublin route is an unprecedented act of sabotage targeting directly the security ...

Десетици илјади Словаци протестираа против популистичкиот и проруски премиер на земјата, Роберт Фицо, по повод 36-годишнината од Кадифената револуција, која го заврши комунистичкото владеење во земјата во 1989 година, но која неговата влада неодамна ја отстрани од списокот на национални празници. И покрај поројните дождови, демонстрантите се собраа низ целата земја, вклучувајќи го главниот град Братислава и источниот град Кошице, пренесува ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
8.23
75%
1013
weather icon

Белград

-4ᴼ / -5ᴼ
7.72
81%
1019
weather icon

Загреб

0ᴼ / -1ᴼ
2.57
62%
1023
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
7.72
69%
1013
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
8.65
74%
1011
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -3ᴼ
1.03
84%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
68%
1005
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
61%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
9.77
39%
1011
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
3.09
83%
1011
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
9.77
79%
1017
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
7.72
87%
1005
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Платина

72292.89

Бакар

11.84

Кобалт

59.52

Родиум

310254.70

Калај

44.73

Цинк

3.10

Рутениум

44946.74

Иридиум

169549.30

Злато

144981.23

Паладиум

57935.65

Алуминиум

3.14

Сребро

2569.43