Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити во синоќешното гостувањето во емисијата „Директно“ на Телма изјави дека меѓу него и градоначалникот на Тетово, Билал Касами ќе се избира идниот лидер на ВЛЕН. -Тука некаде е. Тој е повеќе фактор во Тетово, јас во Скопје. Ова се два главни града каде се концентрирани Албанците и затоа работиме на креативни решенија. Има повеќе решенија низ партиите во Европа, разгледуваме модели од Германија, посочи Меџити. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина е подготвена да ја унапреди рамката поддржана од САД за завршување на војната со Русија, и да разговара за спорните точки со американскиот претседател Доналд Трамп во разговори за кои рече дека треба да ги вклучат и европските сојузници, објави Ројтерс. Во говорот пред она што е познато како коалиција на волните, чија копија ја виде Ројтерс, Зеленски ги повика европските ...

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Русија е критикуван како ефикасно наметнување на условите на Кремљ за предавање на Украина. Но, планот, исто така, претставува директна закана за безбедносната архитектура на Европа, сметаат аналитичарите и дипломатите, пишува Кијив Индипендент. Предлогот бара од Украина да отстапи територија, да ги ограничи своите сојузи и остро да ја намали својата војска – ...

Украински тинејџер кој изврши палеж на продавница за мебел во Литванија во име на руската разузнавачка служба е осуден на три години и четири месеци затвор, пренесува TVP World. Мажот именуван како Даниил Б., кој имал 17 години во времето на нападот, беше прогласен за виновен од судот во главниот град Вилнус за подготовка на терористичкиот акт и нелегално поседување експлозиви, што го предизвика пожарот во продавницата на ИКЕА во мај 2024 ...

Една година по експлозијата на каналот Ибар-Лепенец во селото Вараге во општина Зубин Поток на северот од Косово, не се утврдени факти под кои околности се случил овој инцидент, кој е вклучен или одговорен. Косово ја опиша оваа експлозија како терористички чин зад Србија, што официјален Белград го негираше. Во деновите по инцидентот, САД проценија дека нема докази што би воделе до Белград или дека е прерано за такво нешто, но дека агенти на ...

омерцијалните банки во Србија најавија дека ќе ги прекинат трансакциите со Нафтената индустрија на Србија (НИС) доколку компанијата не обезбеди лиценца за работење од САД до предвидениот рок, објави Здружението на банки на Србија. Најавата следи по предупредувањата за можноста за воведување на „секундарни“ американски санкции против Народната банка на Србија (НБС) и комерцијалните банки поради нивното работење со НИС. Банкарите наведуваат ...

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, утрово изјави дека е тешка ситуацијата околу Нафтената индустрија на Србија (НИС), но според неа – нема причина за паника. – За решението се работи секојдневно… Претседателот Вучиќ ги продолжи разговорите со партнерите во САД и во текот на ноќта, изјави таа за РТС. Брнабиќ нагласи дека партнерите во САД најверојатно немаат претерано разбирање за ситуацијата во Србија во моментов, дека не ...

Контроверзната „Хуманитарна Фондација за Газа“ (GHF), поддржана од САД и Израел, вели дека ги прекинува своите операции за помош на палестинската територија, по речиси шест месеци, пренесува Би-би-си. Организацијата веќе ги суспендираше своите три места за дистрибуција на храна во Газа откако прекинот на огнот меѓу Хамас и Израел стапи на сила пред шест недели. GHF имаше за цел да ги заобиколи ОН како главен снабдувач на помош за населението ...

Украинските беспилотни летала ги нападнале руските региони Краснодарски крај и Ростовска област ноќта на 25 ноември, таргетирајќи ја клучната воена инфраструктура, објавија локалните власти и новинските канали на Телеграм. Руски авион наречен „летачка лабораторија“ поради неговата улога во тестирањето на ласерско оружје бил уништен во украинските ноќни напади со беспилотни летала, тврдат украинските медиуми, пренесува TVP World. Украина ...

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и амбасадорот Килиан Вал го крена знамето за кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство со што го означи нејзиниот почеток. Во наредните 16 дена, по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, ОБСЕ ќе ја пренесе пораката дека со кревање на гласот и преземање дејствија, се засилува овогодинешниот повик: „Заедно делуваме, заштитуваме и спречуваме“ „Во наредните 16 дена, ние ...

Русија започна голем напад врз Кијив и други украински градови на 25 ноември, таргетирајќи ја критичната инфраструктура и станбените населби со беспилотни летала „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“, пренесува Кијив Индипендент. Најмалку шест лица во Кијив се убиени, а 14 други, вклучувајќи едно дете, се повредени, објави градоначалникот Виталиј Кличко. Целосниот обем на жртвите и штетите сè уште се истражува. Украинското Министерство за ...

Секретарот на американската армија, Ден Дрискол, отпатува во Абу Даби на 24 ноември на преговори со Кирило Буданов, шефот на украинската воена разузнавачка служба, и руска делегација, објави Фајненшл Тајмс., пренесува Kијив Индипендент . Дрискол и рускиот тим започнаа разговори ноќта на 24 ноември, објави ФT, повикувајќи се на два извори запознаени со ова прашање. Имињата на руските делегати не беа прецизирани. На прашањето дали се одржува ...

Полските власти уапсија еден Украинец кој истражува неодамнешна саботажа на железничката пруга од Русија, а обвинителите тврдат дека тој бил вмешан во помагањето на двајцата главни осомничени во подготовката на нивниот напад, објави Гардијан. Мажот, идентификуван само како Володимир Б. според полските закони за приватност, беше приведен минатиот четврток и обвинет за време на викендот, соопшти обвинителството утрово. Според Гардијан, ...

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа Иницијатива за формирање Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во земјата. Целта на оваа Анкетна комисија, како што изјави на прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, е утврдување на одгвоорност на функционери, носители на јавни функции и други поврзани лица, како и да ги утврди ...

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ Специјалното издание на „Вести во боја“ ќе се снима вечерва во близина на Ќациланд, на местото каде што претходно ќе се одржи протестот на новинарите поради нападот врз екипата Н1. Авторот и водител Жељко Вељковиќ изјави во „Нови дан“, утринската програма на оваа телевизија, дека не се согласува дека вршењето новинарска работа на која било улица во Србија треба да биде прашање на храброст. Средбата со барање за слобода на ...

По наоѓањето на безживотното тело на 42 годишник од Тетово вчера во близина на селото Нераште, Јавното Обвинителство соопшти дека по извршениот увид се дадени повеќе наредби со цел да се расчисти смртта за која првично има сомневање дека е резултат на кривично дело. Лицето А.Б. (42) беше најден во возило, облеан во крв во главата, а на предното автомобилско стакло забележана е дупка од куршум. Обвинителството соопшти дека е извршен увид на ...

По повод почетокот на 16-те денови на активизам против насилството врз жените, Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ предупредува дека една од најтешките последици од семејното насилство е економската несигурност со која жените и децата се соочуваат по разводот или разделбата. Напуштањето на насилната заедница не значи крај на насилството — тогаш започнува економската борба. Економските последици од насилството ...

Денес, пред почетокот на второто рочиште за случајот поврзан со трагедијата во дискотеката „Пулс“, движењето „Кој е Следен?“ изведе симболична герила-акција пред Кривичниот суд во Скопје. Пред влезот на судот беа поставени десетици „очи“ – силна визуелна порака дека јавноста будно го следи процесот и дека сите очи се вперени кон институциите кои имаат обврска да обезбедат правично, независно и транспарентно судење. Од движењето посочуваат ...

ДРАГАН МИШЕВ Нацрт-предлогот од 28 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Украина, за кој Вашингтон и Москва работеа заедно на нацрт-договорот, содржеше список на барања од Русија, додека од Украина се бараше да отстапи територија, драстично да ја намали армијата и да се откаже од некои круцијални оружја – „long story short” – да капитулира. Ова во основа е повторување на претходните обиди на Москва да ги ...

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги продолжи за 96 дена роковите од тендерската документацијата за трет мрежен оператор во државава, а на барање на единствениот понудувач на тендерот „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. Со тоа, согласно Одлуката на АЕК, краен рок за донесување одлука за избор на најповолен понудувач е 12 јануари 2026 година, а 25 февруари 2026 година за доделување одобрение за користење на ...

Партијата на пензионери уште еднаш укажува и бара да Владата итно да го зголеми номиналниот лимитот за бесплатно болничко лекување на пензионерите со ниски пензии, се вели во соопштението. Имено од март 2025 год. со зголемување на пензиите за 2.500 денари, минималната пензија го достигна прагот од 18.292 денари, додека лимитот за бесплатно болничко лекување се уште е 18.000 денари. Со самиот тој факт, подолг период ни еден пензионер во ...

На првиот круг од Локалните избори 2025 во Општинската изборна комисија (ОИК) Градско, при процесот на предавање на записниците и изборниот материјал од сите избирачки места, беше евидентирано дека на избирачкото место 2223 во Градско, недостасуваше печатот што се става на ливчињата за гласање. Членовите не можеа да го пронајдат. На крајот беше составен службен записник во кој официјално се констатираше дека недостига печатот. За време на ...

Во СВР Скопје денеска околу 9 часот било пријавено дека на електронски адреси во две приватни училишта во Скопје и Музеј пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи. – Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, наведуваат од МВР. Како што информираат од МВР, од страна на Секторот за компјутерски криминал во содејство со секторот за ...

Во пресрет на Локалните избори 2025, Северна Македонија се соочи со сериозен бран на говор на омраза, етнички и сексистички напади, како и политичка селективност од институциите. Од спортски терени до социјални мрежи, национализмот и дискриминацијата повторно се користеа како политичко оружје, додека младите и жените беа најчесто мета. Изборите завршија, но раните што ги отворија остануваат. Омразата, скандирањето за „гасни комори“, нападите ...

Новите строги правила за барателите на азил што минатата недела ги најави левоцентричната влада на Велика Британија предизвикаа силни реакции. Предлогот предвидува статусот на бегалец да биде редовно преиспитуван, а добивањето долгорочен престој да стане многу потешко – постојан престој би се стекнувал дури по најмалку 20 години. Предвидени се и мерки што критичарите ги нарекоа „перформансна суровост“, како конфискација на накит од азиланти ...

Полскиот министер за правда вети брза акција против крајнодесничарски европратеник кој изнесе антисемитска тирада пред поранешниот нацистичко-германски логор на смртта Аушвиц, каде што над 1 милион Евреи беа убиени за време на Втората светска војна, пренесува TVP World. Во саботата, пред новинарите пред поранешниот логор во градот Освјенќим во јужна Полска, крајнодесничарски европратеник Гжегож Браун започна низа напади против Евреите, ...

Во Вишиот суд во Нови Сад, денес треба да започне судењето на членовите на Движењето на слободни граѓани и групата Став, обвинети за обид за уривање на уставниот поредок. Во обвинението се опфатени 12 лица, а тие се товарат за кривично дело подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија во ко-извршување во врска со кривичното дело напад врз уставниот поредок и кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот ...

Две недели по скандалот со суспензијата на средствата од ИПАРД програмата, СДСМ обвинува дека министерот за земјоделство Цветан Трипуновски не дава одговори на клучните прашања поврзани со причините, роковите и последиците од блокадата на европските фондови. На прес-конференција, портпаролката Богданка Кузеска објави дека министерството испратило само општи законски рамки и цитати од регулативи, без ниту една конкретна информација. „Нема збор ...

Педесет од 315 деца киднапирани од вооружени лица од католичко училиште во нигериската држава Нигер во петокот избегаа, пренесува Би-би-си. Христијанското здружение на Нигерија соопшти дека се повторно обединети со своите семејства. Во тек е голема операција за пребарување и спасување предводена од војската за преостанатите 265 деца и 12 наставници кои беа земени со нив. Властите во неколку нигериски држави наредија училиштата да се затворат ...

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина во понеделник наутро, на 24 ноември, ги ажурираше прелиминарните резултати од изборите за претседател на Република Српска, според кои разликата помеѓу победникот Синиша Каран од владејачката Алијанса на независни социјалдемократи (СНСД) и Бранко Блануша се намали, објавија регионални медиуми. За Каран гласаа 217.324 гласачи, што е 50,30 проценти, додека кандидатот Бранко Блануша од ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
100%
1003
weather icon

Белград

-2ᴼ / -3ᴼ
3.6
100%
1010
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
7.2
86%
1012
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
6.17
72%
1002
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
3.93
100%
1002
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -2ᴼ
2.06
98%
1012
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.02
63%
1003
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
4.63
76%
999
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
5.14
65%
1002
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -2ᴼ
6.26
91%
1001
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -7ᴼ
1.34
83%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
93%
999
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4288

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58605

Бакар

11.84

Иридиум

169549.30

Калај

44.73

Родиум

310254.70

Сребро

2569.43

Паладиум

57935.65

Злато

144981.23

Кобалт

59.52

Платина

72292.89

Алуминиум

3.14

Цинк

3.10

Рутениум

44946.74