Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
text size Американската економија во вториот квартал од годинава забележа раст послаб од очекуваниот, но зголемената потрошувачка на домаќинствата и силните инвестиции на компаниите покажуваат дека таа и натаму останува стабилна и отпорна на надворешните економски притисоци. Според првата проценка на американското Биро за економски анализи, бруто домашниот производ (БДП) пораснал со годишна стапка од 1,5 отсто во периодот од април до јуни. ...
text size „Комерцијална банка“ АД Скопје во првата половина од годинава оствари неконсолидирана добивка од 2,79 милиjaрди денари (45,4 милиони евра), што е намалување од 5,5 проценти во однос остварената добивка од 2,96 милијарди денари (48,1 милиони евра) во истиот период минатата година. Вкупните приходи од работењето изнесуваат 4,33 милијарди денари (70,5 милиони евра) и бележат намалување од 3,3 проценти во однос на истиот период минатата ...
text size Вкупно 147 корисници добиваат пензија од вториот пензиски столб, покажува анализата на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано осигурување (МАПАС) заклучно со 30 јуни годинава. Вкупниот нето износ кој се исплатува од индивидуалните сметки за овие пензионери изнесува 1.452.089 денари, при што просечната нето исплата по корисник изнесува 9.878 денари. Просечниот пензиски стаж на корисниците изнесува 22 години, додека ...
text size Економијата на еврозоната порасна повеќе од очекуваното во вториот квартал, покажувајќи дека и натаму успешно се справува со последиците од војната со Иран. Бруто домашниот производ (БДП) порасна за 0,4 отсто во однос на претходните три месеци, откако на почетокот на 2026 година економијата стагнираше. Тоа е најсилен квартален раст во повеќе од една година и е над процената од 0,2 отсто во анкетата на „Блумберг“. Германија, ...
text size Кога станува збор за процената на можноста за закрепнување на продажбата на неговата луксузна групација во Кина, извршниот претседател на „Хермес“, Аксел Дима, се потпира на необичен показател - цените на свинското месо. „Свинското месо особено многу се консумира за време на банкети и во ресторани, па затоа е добар показател за прославите“, рече Дима пред аналитичарите за време на презентацијата на резултатите за првата половина ...
text size Акциите на „Хермес“ (Hermès International SCA), компанијата позната по легендарната чанта „Биркин“, паднаа за дури 11 отсто во Париз, на најниско ниво од јануари 2023 година, што повторно го отвори прашањето колку „Хермес“ е изложен на забавувањето на кинескиот пазар на луксузни производи. Продажбата на производите од кожа, без влијанието на промените на девизните курсеви, порасна за 10,2 отсто во вториот квартал, соопшти „Хермес“ ...
text size Продажбата на „Магнум“ (Magnum Ice Cream Co.) се зголеми повеќе од очекувањата, поттикната од топлото време во Европа, кое ја зголеми побарувачката за брендови како „Бен енд Џерис“ и „Корнето“. Најголемиот светски производител на сладолед, кој ги произведува и брендовите „Карт д'Ор“ (Carte D’Or) (Wall’s) и „Волс“ (Wall’s), соопшти дека органската продажба во вториот квартал пораснала за 4,9 отсто. Растот бил поттикнат и од ...
text size „Алкалоид“ АД Скопје во првата половина од годинава оствари консолидирани приходи во износ од 10,8 милијарди денари (176,1 милиони евра), што е раст од три проценти во однос на истиот период минатата година. Компанијата во периодот јануари-јуни 2026 оствари консолидирана нето-добивка од 890,5 милиони денари (14,4 милиони евра), што е зголемување од четири проценти во споредба со остварената во истиот период во 2025 година. Анализата ...
text size „Шел“ соопшти дека профитот во вториот квартал скокнал поради бумот во рафинирањето на нафта и уште еден робустен период за тргување со енергија, бидејќи војната во Иран го преврте пазарот. Прилагодената нето добивка се зголемила на 9,8 милијарди долари, што е повеќе од двојно зголемување на заработката во однос на истиот период претходната година, се вели во соопштението на големиот лондонски гигант. Тоа е највисоката квартална ...
text size САД возвратија на иранските напади врз американските сили со нов бран напади, ескалирајќи го конфликтот што се шири низ целиот Блиски Исток. САД погодија десетици цели во двочасовна операција насочена кон деградирање на способноста на Техеран да ги загрози американските сили, неговите арапски сојузници и комерцијалната бродоградба во регионот, според објавата на Централната команда на САД на X во среда. Два брода со течен природен ...
text size „Мета“ (Meta Platforms Inc.) даде разочарувачка прогноза за приходите во тековниот квартал, дополнително зголемувајќи го притисокот врз главниот извршен директор Марк Закерберг да ги ублажи стравувањата на инвеститорите дека компанијата не остварува доволно брзо придобивки од огромните вложувања во вештачката интелигенција. Компанијата, која е сопственик на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, исто така, пријави најнизок слободен паричен тек ...
text size Федералните резерви (Фед) ги задржаа каматните стапки непроменети на петтиот состанок по ред, но невообичаено поделеното гласање покажа дека кај дел од креаторите на монетарната политика расте уверувањето дека се потребни повисоки каматни стапки за да се ограничи повторното забрзување на инфлацијата. Сепак, Федералниот комитет за операции на отворениот пазар со девет гласа „за“ и три „против“ одлучи референтната каматна стапка да ...
text size Индустријата за крстарења доживува историски бум. Извештајот на „Круз лајнс интернешнл“ (Cruise Lines International Association - CLIA), објавен во април годинава, покажа дека бројот на патници во 2025 година достигнал рекордни 37,2 милиони, а речиси 90 отсто од нив се изјасниле дека планираат повторно да се вратат. Истовремено, забрзано расте побарувачката за премиум искуства. Туристичките агенти и советниците за патувања токму ...
text size Сѐ подолгиот животен век, нискиот наталитет и стареењето на населението веќе со децении го ставаат под силен притисок македонскиот пензиски систем. Моделот заснован на генерациска солидарност, во кој придонесите на вработените ги финансираат пензиите на пензионерите, станува сѐ потешко одржлив во услови кога бројот на пензионери постојано расте, а бројот на активни осигуреници не го следи истото темпо. Дополнителен показател за ...
text size Претставниците на Федералните резерви (Фед) ги оставија каматните стапки непроменети, но поделбата при гласањето покажа дека кај дел од креаторите на монетарната политика расте уверувањето дека се потребни повисоки каматни стапки за да се ограничи повторното забрзување на инфлацијата. Федералниот комитет за операции на отворениот пазар - ФОМК со девет гласа „за“ и три „против“ одлучи референтната каматна стапка на федералните ...
text size „Нетфликс“ (Netflix Inc.) ќе плати 200 милиони долари за телевизиските права за Светското првенство во фудбал за жени следната година, според лица запознаени со договорот, кои побарале да останат анонимни бидејќи не се овластени јавно да зборуваат за деталите. Стриминг-сервисот претходно објави дека ги обезбедил правата за пренос на натпреварите во САД и Канада за турнирите во 2027 и 2031 година. Но, финансиските детали досега не ...
text size Трговците на Волстрит, во исчекување на одлуката на Федералните резерви (Фед), продаваа акции, додека цената на нафтата порасна, а пазарот истовремено се подготвуваше и за резултатите на две од компаниите што најмногу инвестираат во вештачката интелигенција. Обновувањето на насилството на Блискиот Исток ја искачи цената на нафтата Брент над 90 долари за барел, поттикнувајќи стравувања од инфлација, зголемувајќи ги приносите на ...
text size Доларот ќе се најде под притисок и ќе го следи падот на цените на нафтата доколку Федералните резерви (Фед) во среда ги задржат каматните стапки непроменети, соопшти ИНГ (ING). Показателот на „Блумберг“ за доларот во средата бележеше пад од помалку од 0,1 отсто, четврта последователна сесија во која речиси и да немаше промени и изгледаше имун на неодамнешната нестабилност на цените на нафтата. Шеесетдневната подвижна корелација ...
text size Пред две години Раул Пател не можеше да спие. Основачот на криптокомпанија, кој тргува со сопствен капитал, ноќите ги минуваше префрлајќи се од една интернет-шега со пазарна капитализација од милијарди долари на друга - Му Денг (Moo Deng), Лабубу коин (Labubu Coin), Скибиди (Skibidi Toilet) - обидувајќи се да продаде пред сите останати. Ако оставеше отворена позиција преку ноќ, можеше да се разбуди следното утро и да сфати дека ...
text size Во време кога глобалните пазари се опседнати со акциите поврзани со вештачката интелигенција и брзиот раст, во Шпанија сè поголемо внимание привлекува спротивната инвестициска филозофија - „вредносно инвестирање“ (value investing). Во центарот на ова движење е Франциско Гарсија Парамес, еден од најпознатите европски инвеститори, чиј успех создаде цела генерација следбеници и го претвори Мадрид во неочекуван европски центар на овој ...
text size Откако „УБС“ (UBS Group AG) објави дека нејзините трговци со акции оствариле 53 отсто поголеми приходи отколку пред една година, надминувајќи 2,3 милијарди долари втор квартал по ред, Стефан Шталман, аналитичар во „Аутономус рисрч“ (Autonomous Research) ја пофали банката, но со една забелешка. „Сакав да почнам со вашите многу силни резултати во тргувањето со акции“, рече тој за време на конференцискиот повик посветен на ...
text size БМВ ќе им понуди доброволни испратнини на илјадници вработени во Германија, во обид да стане поефикасен и поконкурентен во однос на ривалите од Кина. Според извори запознаени со плановите на компанијата, најголемиот дел од околу 8.000 работни места што БМВ планира да ги укине низ светот ќе се однесуваат токму на Германија. Тоа претставува околу пет отсто од вкупната работна сила на компанијата и е дел од поширокиот бран на ...
text size БМВ ќе им понуди доброволни отпремнини на илјадници вработени во Германија, во обид да стане поефикасен и поконкурентен во однос на ривалите од Кина. Според извори запознаени со плановите на компанијата, најголемиот дел од околу 8.000 работни места што БМВ планира да ги укине ширум светот ќе се однесуваат токму на Германија. Тоа претставува околу пет отсто од вкупната работна сила на компанијата и е дел од поширокиот бран на ...
text size Ленд роверите се британски колку и кралот, крампетите (англиски палачинки) и крикетот. Овој робустен теренец од 1948 година е „работен коњ“ на британската армија. Кралското семејство чува цела флота „лендија“ во својот замок во Шкотска. А во Котсволдс, типично англиска викенд-дестинација на околу 100 километри западно од Лондон, тие се истовремено симбол на статус и (понекогаш) потреба за совладување на лошите патишта што се ...
text size „Onderdompelinglithografiebelichtingsinrichting“ - холандскиот збор за уредите што ги произведува АСМЛ (ASML) - тешко се изговара, што е соодветно со оглед на тоа колку е тешко да се произведат овие високоценети машини за производство на чипови. Тие се големи и скапи и ја извршуваат сложената работа на печатење на шеми на електрични кола, невидливи со голо око, врз силиконски плочки, во процес познат како експозициона литографија ...
text size „Стопанска банка“ од Скопје во првата половина од годината оствари добивка пред оданочување од 1.408.503 илјади денари (22,3 милиони евра) што е за 30 отсто помалку во однос на истиот период од 2025 година. „Банката во анализираниот период работеше согласно усвоениот план за 2026 година и продолжи со остварување солидни резултати и висока профитабилност. Добивката пред оданочување во анализираниот период изнесува 1.408.503 илјади ...
text size Јужнокорејскиот производител на мемориски чипови „СК Хајникс“ (SK Hynix) планира рекордни капитални инвестиции од најмалку 31 милијарда долари оваа година, откако објави шесткратен раст на кварталната добивка. Сепак, и покрај извонредните резултати, акциите на компанијата паднаа, бидејќи инвеститорите сè повеќе се прашуваат дали огромните вложувања во инфраструктура за вештачка интелигенција (ВИ) ќе донесат доволно поврат. ...
text size Тензиите на Блискиот Исток повторно нагло се зголемија откако Соединетите Американски Држави соопштија дека успешно пресретнале ирански балистички ракети насочени кон американски воени бази во регионот. Со тоа заврши неколкудневниот период на релативно затишје, а повторната размена на напади ги засили стравувањата од нова, поширока воена ескалација. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека силите на Иранската ...
text size Приходите на „Дојче банка“ од тргување со инструменти со фиксен принос значително пораснаа во вториот квартал, бидејќи оваа единица ги надмина резултатите на повеќето свои американски конкуренти. Овој показател се зголеми за 16 отсто во однос на истиот период лани и достигна 2,6 милијарди евра (3 милијарди долари), „поттикнат од каматните стапки и кредитните производи“, се наведува во соопштението објавено во средата. Ова е над ...
text size Азиските берзи забележаа втор последователен ден на пад, бидејќи инвеститорите продолжија да ги распродаваат акциите на производителите на чипови. Причината е сè поголемиот скептицизам дали огромните инвестиции во вештачка интелигенција (ВИ) навистина ќе донесат очекувани приноси. Во исто време, цената на нафтата значително порасна поради новата ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Најголем удар претрпе јужнокорејскиот ...