СВР Битола информира за две сообраќајки на патот за Меџитлија при што се повредени повеќе лица. На 24.08.2025 во 16:25 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Меџитлија- Старавина мотоцикл „хамачи” без регистарски ознаки, управуван од Г.А.(39) од Битола излетал од коловозот . Во несреќата Г.А. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. На ...

Водовод Битола соопшти дека ќе се гонат законски сите што ја злоупотребуваат водата и имаат диви приклучоци. Денеска директорот Андреј Гинов одржа средба со преставници на МВР и ОЈО. Преземање законски мерки против злоупотреба на вода и диви приклучоци Во просториите на ЈКП „Водовод“ – Битола се одржа состанок на кој присуствуваа претставници од Општинскиот инспекторат, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство. На ...

СВР Битола информира - На 24.08.2025 во 17:37 часот на патот Битола-Граничен премин Меџитлија, кај с.Кравари, битолско, полициски службеници од СВР Битола при контрола со радар во патниот сообраќај констатирале дека С.С.(22) од с.Средно Егри, битолско, управувал патничко возило „фоксваген поло” со битолски регистарски ознаки со брзина од 107 километри на час во населено место на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на ...

Битола добива нов булевраски влез од страната на Прилеп, а завршена е првата третина од инфраструктурата, објави денеска градоначалникот Тони Коњановски. - Битола во изминатиот четири годишен период е навистина едно огромно градилиште. Не е повеќе ,,слепо црево" како во минатото. Влезот во Битола го правиме, едно велелепно булеварско решение, првата третина е веќе при завршување првите 800 метри, булеварско решение со сите стандарди, со ...

СВР Битола извести - На 22.08.2025 во 21:40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Џ.Р.(30) од с.Лера, битолско. Тој се сомничи дека претходно во пекарница во Битола со остар предмет го нападнал и нанел повреди на И.Л.(25) од Битола, брат на неговата поранешна сопруга, по што со употреба на сила ја внел во возило и неговата поранешна 23-годишна сопруга и физички ја нападнал. По целосно документирање на ...

„ЗЕТ ЗА КРИСТИНА“ – МЛАДИНСКА СЦЕНА ШТО БЛЕСКА ОД ТАЛЕНТ Со енергија која ја полни сцената, со жар кој допира до срцето, и со талент што го надминува нивното искуство — младите актери од Едукативниот центар „Едусфера“ оставија незаборавен впечаток на битолската културна сцена. Театарската претстава „Зет за Кристина“, изведена во рамките на БИТ ФЕСТ, беше повеќе од аматерска претстава — беше вистинска прослава на младинската креативност и ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денес присуствуваше на саемот на отчетност на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, каде беа презентирани резултатите од изминатите четири години. -Гордост е да се видат резултатите од изминатите четири години работа за граѓаните – стотици реализирани проекти кои значат подобар живот во општина Битола. Четири години работа за тебе. Продолжуваме уште посилно за Битола и за Македонија!“, ...

НОВ ОБРАЗОВЕН ПРОФИЛ ВО ДРЖАВНОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ – ТРАДИЦИСКИ ИГРАЧ-ПЕЈАЧ Во просториите на Државното музичко училиште се одржа настан, насловен како „ ЗВУЧНА ОСТАВНИНА - ОД ТРАДИЦИЈА ДО УМЕТНОСТ “, кој е во рамките на БИТФЕСТ, а го означи започнувањето на изучување на нов образовен профил во музичкото училиште - Традициски играч-пејач. Со отварањето на смерот, кој е единствен од ваков профил во регионот, преку младите генерации, ...

ЈКП Водовод целосно ја заврши реконструкцијата на водоводната линија Битола – с. Поешево – с. Логоварди во должина од 6 километри, со реконструкцијата се заменети досегашните азбестно – цементните со полиетиленски HDPE водоводни цевки и нови приклучоци за домакинствата, со ова се добива комплетно нова водоводна мрежа која ќе ги реши долгогодишните проблеми на граѓаните и ќе го подобри квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето. Проектот е ...

Алта Банка АД Белград ја објави својата намера за упатување на јавна понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола. Понудената цена по акција изнесува 3.777 денари, пишува „Бизнис инфо“. Алта Банка АД Белград заедно со поврзаните лица поседува 19.439 обични акции или 4,97% од вкупниот број на обични акции издадени од Стопанска Банка АД Битолa Како што е наведено во соопштението објавено на ...

Среда, 20 август 2025 г. во Центарот за Култура - Битола, со почеток во 20.00 ч. ќе се одржи традиционалната манифестација „НЕЗАБОРАВ“. Годинешниот „НЕЗАБОРАВ“ е посветен на изминатите 14 приредби и претставува ретроспектива на истите. На настанот ќе Ве потсетиме за изминатите концерти кои беа посветени на: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски (Буба мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, ...

Министерството за внатрешни работи направило инспекција во битолски „Супер возач“ при што било утврдено дека Испитниот центар не поседува соодветна документација за потребниот стручен кадар и возила, а фирмата не водела и уредна еведенција Истата институција, МВР, пред само три месеци и издаде лиценца на „Супер возач“, со заклучок дека ги исполнува условите да биде Испитен центар за полагање на возачки испити во Пелагонискиот регион за ...

Момче од Охрид на 20 годишна возраст е втора жртва во големата сообраќајна трагедија што се случи денеска попладнето на патот Ресен - Битола на еден километар после Макази во правец кон Битола. Официјално за „Апла“ СВР Битола потврди дека има две жртви во сообраќајната несреќа. Прво почина битолчанец на 52 годишна возраст кој живеел во Германија. Подоцна во Битолската болница поради тежината на повредите починало и момчето од другата кола ...

Лето на планина во хотел “Молика“ Уживајте во свежината и убавините на Пелистер ова лето! Август, идеално за бегство од жештините и одмор во природа! ПРОМО ЦЕНИ ЗА 3+ НОЌЕВАЊА: (цените се по лице, за 3 ноќевања) -Ноќевање со појадок – 4.470 ден -Полупансион – 5.820 ден -Полн пансион – 7.290 ден Резервирај веднаш на: +389 75 495 725, +389 47 229 406 Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на регионалниот пат Битола–Ресен, кај месноста Макази, а според информациите од МВР, во судирот на автомобил со странски таблички и друга кола со охридски таблички, загинал 52-годишен битолчанец, објави „Скопје1“. Во несреќата се повредени неколку луѓе кои се префрлени во болница, но засега нема информации за тежината на нивните повреди. Според првичните сознанија, еден од автомобилите целосно ...

АСФАЛТИРАЊЕ НА ПРВАТА ДЕЛНИЦА ОД ПРОЕКТОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ ЗА БУКОВО Денес се изврши асфалтирање на локалниот пат за село Буково, во должина од 600 метри како реализација на договорот од проектот „ Доградба на коловоз на локален пат за село Буково Општина Битола “. Асфалтирањето е на првиот слој на десниот дел на коловозот, а во претходната фаза извршена е стабилизација на банкината и вградени се префабрикувани бетонски ...

Концерт на триото „Интерарт“ на Бит Фест 2025 Во рамките на културниот фестивал Бит Фест 2025, љубителите на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во извонреден концерт на триото „Интерарт“, составено од уметниците: Емилија Ристевска Стефановска (флејта), Александар Стефановски (флејта) и Татјана Божиновска (пијано). Концертот ќе се одржи во среда, на 20 август, со почеток во 20 часот, и ветува вечер исполнета со суптилна ...

ЈП Водовод Битола повторно со апел до граѓаните за рационално користење на водата за пиење. - Ги повикуваме сите корисници на рационално користење на водата за пиење. Водата е драгоцен ресурс особено во услови на зголемена потрошувачка и високи температури. Апелираме да се избегнува непотребно трошење (наводнување, полнење базени, миење тротоари и возила со питка вода). Секое прекумерно и нерегуларно користење ќе биде предмет на строги ...

Mинистерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе оствари работна посета на Општина Демир Хисар и ќе ја посети Меморијалната соба на Петре М. Андреевски во с. Слоештица. Во рамки на посетата министерот Љутков ќе оствари средба со градоначалникот Никола Најдовски, а заедно ќе ги посетат институциите од областа на културата во оваа општина, Меморијалната соба на Петре М. Андреевски во с. Слоештица, Слепченскиот манастир како и ...

фејсбук статусот на Габриела Илиевска ќе биде кандидат за градоначалник на Битола на претстојните локални избори. Добро утро Битола! После сите шпекулации, написи, приказни, плукања, честитки … еве да расчистиме! Ве повикувам сите БИТОЛЧАНИ, без разлика дали сте симпатизери или членови на било која политичка партија, гласачи досегашни на било која политичка опција, досегашни “негласачи” ... СИТЕ … кои сакате да живееме во … ПОУБА ПОЧИСТА ...

Среда, 20 август 2025 г. во Центарот за Култура - Битола, со почеток во 20.00 ч. ќе се одржи традиционалната манифестација „НЕЗАБОРАВ“. Годинешниот „НЕЗАБОРАВ“ е посветен на изминатите 14 приредби и претставува ретроспектива на истите. На настанот ќе Ве потсетиме за изминатите концерти кои беа посветени на: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски (Буба мара), Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, ...

Денес 16.08.2025(сабота) и во текот на утрешниот ден 17.08.2025(недела), две екипи на ЈКП Водовод Битола засилено работат на крајната фаза од проектот Битола-Логоварди-Поешево.Со овој зафат граѓаните од овај регион ќе добијат комплетно нова водоводна мрежа од 6км полиетилен со нови приклучоци. Овие активности се со цел подобрување на квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето за сите корисници. ЈКП Водовод Битола секогаш во служба на ...

Вториот јавен повик за поддршка на општините – 2025 Во вкупна вредност од 13.868.138.877 денари, одобрени од страна на 6 ресорни министерства, финансирање добија 828 проекти од 80 општини. Сите општини имаа еднаква шанса и третман за аплицирање и сите аплицираа согласно своите потреби и подготвена документација. Општина со најмногу одобрени проекти – Битола со 65 проекти. Општини со еден одобрен проект: Богданци, Новаци, Градско, Берово и ...

И З В Е С Т У В А Њ Е❗ Почитувани, Ве известуваме дека, во текот на следните денови: 16.08. 2025 год. (сабота) и 17.08. 2025 год. (недела), поради работни активности околу новата водоводна мрежа на потегот с.Логоварди – с.Поешево (поставување на нови приклучоци) во прекин ќе биди водоснабдувањето за корисниците од овие населени места. Прекинот ќе трае од 08:00 часот до завршувањето на активностите. Ви Благодариме на разбирањето. Со ...

На 13.08.2025 околу 11:10 часот во Полициската станица Ресен е пријавено дека на крстосница од магистрален пат Битола – Ресен, кај место викано „Макази“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(74) од Скопје и патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од М.К.(65) од Канада. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од ...

С О О П Ш Т Е Н И Е од Водовод Битола За рационално користење на водата за пиење ЈКП Водовод Битола ги информира граѓаните за рационално користење на водата за пиење. Екипите на ЈКП Водовод –Битола покрај редовните теренски проверки и работни активности, ќе вршат контрола на водоснабдувањето и ќе интервенираат кај оние корисници кои енормно и бесправно ја користат водата за пиење, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување на ...

СВР Битола известува за тешка сообраќајна незгода во битолско. На 12.08.2025 во 14:41 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола - Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една ...

Над село Љубојно се сечи шумата, жителите масовно излегоа на протест Над ресенското село Љубојно во реонот на Долна Преспа масовно се сечи коријата, револтирани се жителите и бараат итен инспекциски надзор. Сечата на бука, смреќи и други видови на дрвја денеска ги извади на масовен протест жителите на ова преспанско село, особено загрижени што се ништи коријата над резервоарот за вода, позицијата на која во минатато имало лигање на ...

На 10.08.2025 во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од с.Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола, информираа од полицијата. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола. ...

Кривична пријава против четири лица за тешка кражба, нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.М.(39) од Ресен и И.Б.(19) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и против Д.Н.(29) од Битола и М.Џ.(27) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
8.23
75%
1013
weather icon

Белград

-4ᴼ / -5ᴼ
7.72
77%
1019
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
2.57
64%
1023
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
7.72
69%
1013
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
8.65
76%
1011
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
0.0
81%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
68%
1004
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
61%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
10.8
33%
1011
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
4.12
83%
1010
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
9.77
79%
1017
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
7.72
87%
1005
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Кобалт

59.52

Иридиум

169549.30

Цинк

3.10

Злато

144981.23

Паладиум

57935.65

Калај

44.73

Рутениум

44946.74

Родиум

310254.70

Платина

72292.89

Алуминиум

3.14

Бакар

11.84

Сребро

2569.43