Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Американскиот окружен судија Арун Субраманијан во Менхетен даде прелиминарно одобрение за имотот на починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епштајн да плати 35 милиони долари во спогодба за колективна тужба против адвокатот на Епштајн, Дарен Индик, и сметководителот Ричард Кан, за помагање и поттикнување на трговијата со млади жени и малолетници од страна на Епштајн со цел сексуална експлоатација. Судијата Субраманијан закажа конечно ...
Собранието на експерти на Иран го избра Моџтаба Хосеини Хамнеи за нов врховен водач на Исламската Република, објави новинската агенција Иран Интернешнл. Историскиот и клучен политички потег за иднината на земјата дојде само неколку дена откако неговиот татко, долгогодишниот ајатолах Али Хамнеи, беше убиен во разорен израелски воздушен напад рано наутро во саботата. Според истиот извор, процесот на брза транзиција на власта и изборот на нов ...
Американскиот Стејт департмент ги повика службениците кои не се вклучени во итни операции на американската влада и нивните семејства да го напуштат Кипар. Мерката е преземена поради војната во Иран и ограничената способност на американската амбасада да им обезбеди помош на Американците во турската администрација на Кипар, објави NBC, истакнувајќи дека САД не ја признаваат Турската Република Северен Кипар. Во патничкото упатство се наведува ...
Израел кажа дека кој и да биде избран за нов ирански врховен водач ќе биде мета за елиминација. Засега не се знае кој би можел да го наследи 86-годишниот ајатолах Али Хамнеи, кој беше убиен на првиот ден од американско-израелските напади врз Иран, но еден од главните кандидати е неговиот син Моџтаба. „Секој лидер назначен од иранскиот терористички режим да продолжи да го спроведува планот за уништување на Израел, да им се заканува на САД, ...
Иранската револуционерна гарда денеска соопшти дека го контролира Ормускиот теснец, витален превозен пат за нафта и гас, и дека сите бродови што сакаат да поминат низ водниот пат ризикуваат штета од ракети или залутани дронови, објави агенцијата Франс-прес. „Во моментов, Ормускиот теснец е под целосна контрола на морнарицата на Исламската Република“, изјави претставникот на морнарицата на гардата, Мохамед Акбарзаде, во соопштението објавено ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека ставот на владата е јасен – „не за војна“, одговарајќи на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да ја прекине трговијата со Шпанија поради нејзиниот став за војната во Иран. Санчез изјави дека денес ќе се обрати до нацијата за да даде официјална изјава, објави „Ла Паис“. Шпанскиот премиер нагласи дека земјата нема да учествува во воена акција ниту да поддржи ескалација на ...
Јапонската влада побара дозвола за спроведување истражувања на островот Минамиторишима, во архипелагот Огасавара во Тихиот Океан, со цел да се избере место за трајно отстранување на високорадиоактивен отпад од нуклеарните централи. Висок функционер од Министерството за економија на Јапонија вчера достави документи до градоначалникот на селото Огасавара, Шибуја Масаки, барајќи одобрение за спроведување на првата фаза од истражувањето, позната ...
Европските претставници стравуваат дека фокусот на САД врз конфликтот со Иран би можел да го намали вниманието и снабдувањето со оружје на Украина, отежнувајќи ја одбраната од руски напади, објави бриселскиот весник „Политико“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека продолжениот конфликт на Блискиот Исток би можел да го ограничи пристапот на Украина до американските системи за воздушна одбрана и други клучни ресурси. ...
САД и Израел дејствуваат произволно и го туркаат Блискиот Исток подлабоко во хаос, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Со своите неодговорни и неодговорни постапки, Вашингтон и Тел Авив… вршат самоволие, грубо кршејќи ги нормите и принципите на меѓународното и хуманитарното право и туркајќи го регионот подлабоко во бездната на хаосот“, рече таа за време на неделниот брифинг. Како што истакна ...
Балистичките ракети испукани од Иран насочени кон турскиот воздушен простор беа неутрализирани од силите на НАТО, објави денес Министерството за национална одбрана на Турција. Балистичката муниција испукана од Иран беше неутрализирана од воздушната и ракетната одбрана на НАТО распоредена во источниот Медитеран, објави Анадолу. Во соопштението се додава дека во инцидентот нема жртви или повредени и дека Турција го задржува правото да одговори ...
Руското Министерство за транспорт денеска потврди дека украински поморски дрон нападнал танкер за течен природен гас (ЛПГ) под руско знаме во Средоземното Море. Потврдата следуваше по претходните извештаи дека бродот се запалил во близина на Малта, објавува „Москва тајмс“ (The Moscow Times). Според соопштението на Министерството, нападот се случил вчера во близина на малтешките територијални води, а целта бил танкерот „Арктик метагас“ (Arctic ...
Додека ракетите го осветлуваат небото над Блискиот Исток, вистинскиот удар се чувствува илјадници километри подалеку, на бензинските пумпи, во сметките за струја и во цените на храната. Конфликтот меѓу САД, Израел и Иран не е само уште една геополитичка ескалација. Тој ја допира најчувствителната точка на глобалната економија: Ормутскиот теснец. Овој тесен морски премин меѓу Иран и Оман, широк околу 55 километри, претставува артерија низ која ...
Наодите од студијата на Европска иницијатива за следење на дебелината кај децата (COSI) покажуваат сериозни предизвици поврзани со исхраната и телесната тежина кај децата од 6 до 9 – годишна возраст во Северна Македонија, информираа денеска од Институтот за јавно здравје на Светскиот ден на дебелината. Од Институтот наведоа дека 31,2 проценти од децата имаат зголемена телесна тежина, а 13,7 отсто од нив живеат со дебелина – што е над просекот ...
Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека е реализирана првата екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја. Станува збор за лицето Ф. Л., кое со правосилна пресуда од 10 јуни 2020 година е осудено на казна затвор од три години и шест месеци за кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи. Според информациите од Кривичен, судијата за извршување санкции на 26 ...
Во Основниот суд Штип денеска почнува судењето против 74-годишниот Денис Асанов, обвинет за убиство на 79-годишната Б. Н. од Штип. Обвинетиот Асанов не признава вина за делото што му се става на товар. Убиството се случи лани, а дел од трупот на починатата жена беше пронајден закопан во дворот на куќата на обвинетиот. Според исказот што го дал пред Основното јавно обвинителство Штип, мотивите биле љубомора и љубовни недоразбирања. По убиената ...
Вкупно 25 возила одзела полицијата при контроли во сообраќајот на подрачјето на СВР Охрид од почетокот на имплементација на измените во Кривичниот законик, односно од 1 февруари, информира за МИА портпаролот Стефан Димоски. За „Безобѕирно управување моторно возило“, според информацијата, 11 возила се одземани во Струга, седум во Кичево, шест во Охрид и едно во Дебар. – За управување моторно возило без возачка дозвола одземани се 12 возила, со ...
До денес вкупно 632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток. Најголем интерес има од македонските државјани што се наоѓаат во Абу Даби (вкупно 447). За нив се финализираат техничките и логистичките детали за да се вратат со чартер-летови. Во Израел бројката на македонски државјани што побарале помош останува непроменета. За некои од нив, односно шест лица, евакуацијата е завршена затоа ...
Во разговорите со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, дефиниравме оваа пролет да се одржи прв состанок, на кој тој ќе дојде во Скопје – истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница на македонското Собрание одговорајќи на пратеничко прашање од пратеникот Сали Мурати, а во врска со билатералните односи меѓу двете земји. Премиерот Мицкоски потсети дека договорот за соработка со Турција не беше потпишан долго време, а се ...
Вредноста на казните предвидени со Законот за забрана на нефер трговските практики ќе се зголеми десеткратно ако трговците продлжат да се однесуваат вака и не го почитуваат законот, врз основа на што Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) досега им изрече 30 казни на четири компании за картелско здружување и се чекаат одлуки од судот за овие трговци – посочи денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во одговор на прашање од ...
По две недели, малку ќе биде или воопшто нема да биде важно кој од каде дошол бидејќи сите ние ќе бидеме „Вреди“ – изјави градоначалникот на Чаир и лидер на Демократското движење, Изет Меџити. Одговарајќи на новинарски прашања по увидот на поставување камен-темелник на базен во ОУ „7 март“, Меџити во однос на Алијансата за Албанците вели дека тоа е внатрешно прашање на Алијансата посочувајќи дека и двете крила на Алијансата донесоа иста ...
Турската заедница има апсолутна поддршка од мене и ги охрабрувам апликантите да се пријавуваат на конкурси за јавната администрација, во кои според новиот закон за правична застапеност прв критериум ќе бидат стручноста и компетенцијата – одговори премиерот Христијан Мицкоски на пратеничко прашање поставено од пратеникот Сали Мурати, а во врска со правилната застапеност на етничките заедници во рамките на јавната администрација. Претседателот ...
И покрај тоа што министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изјави дека починатата Ивана поднела неколку пријави за семејно насилство, од Центарот за социјални работи велат дека не добиле ниту една таква пријава. Додаваат дека таа никогаш не побарала поведување на постапка за заштита од семејно насилство. Од Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје посочуваат дека не биле информирани оти станува збор за ...
Голготата на жителите на Струга продолжува. Иако денеска заматеноста на водата во градот е во нормални граници, забраната за користење на водата од изворите во Шум останува во сила веќе 23 дена. Денес заматеноста таму е четири пати повисока од дозволеното. Граѓаните не се откажуваат од своите барања да не ги плаќаат сметките за вода за месец февруари. „Секако, кога нешто сè уште не е употребливо и не функционира нормално, а ти одлучуваш да ми ...
Демократското движење на Изет Меџити, е следната партија која ги распушти партиските структури во насока на трансформација на ВЛЕН во партија. ДД го овласти Меџити да го води процесот на трансформација. Во меѓувреме, Алијансата за Албанците во рамките на ВЛЕН останува поделена на два дела. Од една страна, разговорите за спојување ги водат Арбен Фетаи, од друга страна, пратениците Илир Демири и Мимоза Муса. „Тоа е внатрешна работа на АА, но ...
Уставниот суд отвори постапка и со тоа практично објавува укинување или поништување на имињата на улиците на Тетово кои беа одобрени во 2007 година. Иницијативата која денес доби зелено светло од мнозинството уставни судии ја поднесе Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945. Според иницијаторите, Советот на Тетово ги променил имињата без согласност на Владата, спротивно на Законот за ...
Во основното училиште „7 Март“ во општина Чаир беше поставен камен-темелник за изградба на затворен базен. Според Изет Меџити, проектот е вреден 1 милион евра. Базенот ќе биде долг 25 метри, со променливи длабочини за настава и обука. Според Меџити, оваа инвестиција создава соодветни услови секој ученик да учи да плива и да развива спортски вештини во безбедни услови. Тој додаде дека отвора можност за организирање локални натпревари и ...
Вкупно 632 граѓани побараа информации за евакуации од регионите погодени од борбите на Блискиот Исток. Од нив, 136 лица се пријавени во Доха, додека бројот во Абу Даби постојано се зголемува. Во моментов има околу 477 луѓе. Амбасадата е во процес на финализирање на техничките прашања за организација на чартер летови. Министерството за надворешни работи, вели дека целта е, во координација со властите во Обединетите Арапски Емирати и Катар, да ...
Државниот завод за ревизија констатира слабости во планирањето и реализацијата на јавните набавки во рамките на Министерството за политички систем, период кој се однесува на мандатот на поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби. Констатацијата на државните ревизори резултираше со нереално планирање на Груби со јавните набавки. Вредноста на слабоста оди на 45 проценти. „Од вкупно 20 договори, во 9 од нив има слаби остварувања, додека 1 договор ...
Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб локален дожд и со услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе биде од минус еден до шест Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од седум до 17 степени. Во Скопје, времето денеска ќе биде облачно со повремени слаби врнежи од дожд, а ќе дува ...
Европската Унија планира привремено да ја суспендира ратификацијата на трговскиот договор со Соединетите Американски Држави поради неизвесноста околу царините воведени од претседателот Доналд Трамп. Главните политички групи во Европскиот парламент објавија дека ќе ја суспендираат работата за одобрување на договорот, откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави ја поништи одлуката на Трамп за примена на реципрочни царини низ целиот ...