Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на 2 јули треба да се јави во Казнено-поправната установа „Скопје“ во Шуто Оризари за издржување на правосилно изречената затворска казна од една година. Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека судија за извршување на санкции му издал упатен акт на осудениот С.Ј., со кој е задолжен на наведениот датум да се пријави во затворот. „Судија за извршување на санкции од ...
И покрај фактот дека САД и Иран разменија тешки воздушни и ракетни напади во изминатите две ноќи, дипломатските преговори меѓу двете страни сè уште се во тек, oбјавуваат светските агенции. Ирански извор потврди за новинската агенција Ројтерс дека разговорите за „прелиминарен договор“ продолжуваат. Според истиот извор, тој почетен договор вклучува и одмрзнување на иранските финансиски ресурси во вредност од милијарди долари, што е клучно ...
Реструктуирањето на ниво на општински комитети и структура во партијата е завршено. Станува збор за 30-тина проценти нови луѓе, кои што сега добиваат можност да покажат, да работат, не само за партијата, најважно е да работат за државата. На овој начин остануваат уште некои мали финеси да се доусогласат во следната недела и јас очекувам уште тие мали финеси да бидат усогласени, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи ...
Во 2025 година се родени 15.932 деца вкупно, од кои живородени се 15.850, а 82 се мртвородени. Бројот на живородените деца во 2025 година е намален за 1,3 % во споредба со минатата година. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51,7 %, односно на 100 живородени женски деца, 106,9 се машки – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според месецот на раѓање, најголем број ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема нови барања од Бугарија за деблокада на интеграцијата на државата во ЕУ истакнувајќи дека тие барања се уште од 2022 година и оти, како што наведе, чекале три години да ги слушнатѕ цела Европа и светот, како и граѓаните што биле жртви на манипулативната политика на поединци. Останува оптимист и посочува дека разговараното на неговата средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц и со францускит ...
Во април годинава во земјава се евидентирани 97 358 туристи кои оствариле 174 649 ноќевања. Од вкупниот број туристи, 20.5 % се домашни, а 79.5 % се странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика. Од вкупниот број ноќевања, 26.8 % се од домашните туристи, а 73.2 % од странски. Во периодот јануари – април 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 3.5 %. Кај домашните ...
Министерството за надворешни работи на Иран остро ги осуди воздушните напади на САД врз Техеран во текот на ноќта, велејќи дека нападите го направиле договорот за прекин на огнот „практично бесмислен“. – Нелегалните и криминални напади на Соединетите Американски Држави во изминатите неколку часа не само што претставуваат флагрантно кршење на Повелбата на Обединетите нации и основните правила на меѓународното право за почитување на ...
Два земјотреси во рок од половина час го погодија регионот во Сокобања, објави Републичкиот сеизмолошки институт. Послаб земјотрес е регитриран синоќа во Крагуевац. Првиот земјотрес беше со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала на длабочина од два километри, додека вториот земјотрес беше со јачина од 1,8. Во моментов нема информации за каква било штета, иако земјотресите со оваа јачина веројатно нема да предизвикаат значителна штета. ...
Каде е Сотир Лукровски? Зошто не им соопштува на граѓаните ништо? Официјалното боледување на градоначалникот Сотир Лукровски завршило на 29 мај. До денес тој не се појавил на своето работно место, ниту пак граѓаните на Општина Карпош добија јасно објаснување за неговото отсуство и за тоа кој и како ја води општината во овој период. Зошто не доаѓа на работа а прима плата? Зошто не им се обрати на граѓаните на Карпош да им каже за што станува ...
Неосновани исплати поради пропусти во системот за остварување и исплата на права од социјална заштита, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР). Како што информира, слабостите во системските контроли и размената на податоци меѓу институциите и недоволната ажурност и проверка на податоците за корисниците, придонеле да се исплаќаат социјални права без целосно исполнување на законските услови при што е нанесена штета на државниот Буџет. Според ...
Новиот бран поскапувања на основните прехранбени производи е уште еден доказ дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема стратегија за справување со растот на трошоците за живот. Додека граѓаните секојдневно плаќаат сè поскап леб, брашно, тестенини и останати основни производи, власта се крие зад статистики и празни уверувања дека инфлацијата е под контрола. Реалноста во маркетите е сосема поинаква – секое одење во продавница значи помалку ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентира докази за Агенцијата за обединување Рубикон Секјурити солушнс, а се однесуваат на околности поврзани со обезбедувањето на објектот во кој се наоѓала дискотеката „Пулс”, планот за надзор и на преземени и не преземени ...
Танкерот се запалил во машинската просторија околу 21 наутички милји североисточно од градот Сохар во Оман, соопшти Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO), повикувајќи се на локалните власти. Според UKMTO, нема пријавено влијанија врз животната средина, објави Ројтерс. Иранските власти, како што објави новинската агенција Мехр, тврдат дека товарен брод во Оманскиот Залив бил погоден од ракета од американско потекло. Исто ...
Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 8:48 часот наутро во јужен Иран. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати на географска ширина 30,2845 и географска должина 50,9539. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата. ...
Крипто-пазарот губи дел од моментумот во мај, но главната приказна не е широкото повлекување на целиот сектор. Во својот најнов месечен пазарен преглед, Binance Research прикажува пазар што е под краткорочен притисок, но истовремено продолжува да се развива околу неколку нови теми. Наместо општо повлекување, капиталот сè повеќе се насочува кон по-селектирани сегменти, додека инвеститорите реагираат на инфлаторниот притисок, променливите ...
Корупцијата во Чаир станува аларм за државата, додека институциите продолжуваат да молчат. ДУИ бара итна истрага и ќе ги информира европските институции за сериозните сомнежи за корупција, селективното функционирање на институциите. Документите кои пристигнаа до ДУИ отвораат сериозни сомнежи за начинот на кој се трошат јавните пари во Општина Чаир, велат од ДУИ. – Според достапните податоци, компанијата НУМ КОНСТРАКШН ЛТД ДООЕЛ, основана на ...
Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ.Д. Венс, изјави дека интересите на Соединетите Американски Држави и Израел не се секогаш целосно усогласени и дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „сигурно направил грешки по некои прашања“. Во интервју за Си-Би-Ес, Венс рече дека Соединетите Американски Држави и Израел имаат „многу блиско партнерство“, но дека интересите на двете земји понекогаш се преклопуваат, а понекогаш се ...
Изминатата година поставена е нова насока – здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара, се наведува министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиумите по повод една година од преземањето на министерската функција. – Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во кој проблемите можат да се решат преку ноќ. Здравството е еден од најсложените и ...
Корупцијата во Чаир станува аларм за државата, додека институциите продолжуваат да молчат. ДУИ бара итна истрага и ќе ги информира европските институции за сериозните сомнежи за корупција, селективното функционирање на институциите. Документите кои пристигнаа до ДУИ отвораат сериозни сомнежи за начинот на кој се трошат јавните пари во Општина Чаир, велат од ДУИ. – Според достапните податоци, компанијата НУМ КОНСТРАКШН ЛТД ДООЕЛ, основана на ...
Иран ги обвини САД за напад врз резервоари што снабдувале вода за пиење на 10 села и кршење на меѓународното право. „Ова не е колатерална штета – ова е пресметано воено злосторство и флагрантно кршење на човековите права“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багеи. Пентагон не одговори веднаш на барањето за коментар. Трамп, кој веќе се закани дека ќе ја уништи цивилната инфраструктура на Иран, не кажа дали ...
Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во југозападниот дел на земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според податоците на опсерваторијата, земјотресот е регистриран во 5.36 часот, а неговиот епицентар потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга. -Земјотресот е почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од III ...
Пожарот што вчера изби над Штип е изгаснат по интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи. Во гаснењето учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво (ДПД) Штип со 10 лица и четири возила, како и екипи од Кочани со две возила и шестмина пожарникари и од Свети Николе со една екипа. Пожарот ...
Топлото време ќе се задржи и денеска, соопштија синоптичарите. Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд – над 15 литри на квадратен метар и услови за невреме со појава на град. Температурата низ државата се очекува да се ...
Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека започна контранапади врз 18 американски воени цели во воздухопловните бази во Кувајт и Бахреин, а Министерството за внатрешни работи на Бахреин соопшти дека се огласиле сирени. Врховниот здружен штаб на Иран предупреди дека ќе отвори оган врз секој брод што ќе се обиде да помине низ Ормутскиот теснец, кој е во голема мера затворен со месеци. Иранските медиуми објавија дека врз два брода ...
Нападите во Ормутскиот теснец се најновиот развој на настаните во ескалацијата што се заканува да разгори целосна војна што беше запрена на почетокот на април кога двете страни се согласија на кревок прекин на огнот. Трамп му рече на Треј Јингст од „Фокс њуз“ дека нападите наскоро ќе престанат, но дека тој ќе ги „бомбардира до смрт“ ако иранските лидери веднаш не потпишат договор со САД, напиша Јингст на X. Министерот за одбрана на САД, Пит ...
Брзата интервенција на пожарникарите од Територијалната Противпожарна единица и на доброволците пожарникари од Доброволното Противпожарно друштво-Штип ја запре огнената стихија, која синоќа се доближуваше до првите куќи во штипската населба Кадидаре. Oд гром се запали сува трева и грмушки, но поради ветерот брзо се ширеше кон ридовите Клисебаир и Кумлак. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на вонредната прес-конференција изјави ...
Нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев, одлучи вечерва Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој ги потврди одлуките што претходно денеска ги донесе ИК за со кои се избрани над 30 нови претседатели на општински комитети на партијата. ВМРО-ДПМНЕ, соопшти партискиот прес-центар по седницата на ЦК, се реструктуира и реорганизира за да донесе нови успеси за Македонија. – Миле Лефков е ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, 21 возеле без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, а двајца под дејство на алкохол – соопшти Министерството за внатрешни работи. -Осум лица во Скопје (еден малолетник) возеле без возачка дозвола, четири во Гостивар (еден малолетник), двајца во Кичево и по еден во Тетово, Куманово, ...
Откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати најостри критики кон Израел и го спореди Бенјамин Нетанјаху со Адолф Хитлер, следуваше брза, исклучително остра реакција од израелскиот премиер. Нетанјаху не ги бираше зборовите, а во својата официјална реакција го нарече турскиот лидер диктатор и го обвини за сериозни кршења на човековите права и поддршка на тероризмот. „Антисемитскиот диктатор Ердоган – кој врши геноцид врз Курдите, ја ...
Ние сме заложник на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат и тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија. Никој нема интерес од ова што се случува во моментот. Губат двете држави економски, политички, губат и граѓаните, народите на двете држави, кога се создава ваков тип на недоверба, истакна денеска во Софија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој ...