Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 06 ноември 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 307,07 евра/mwh, додека на MEMO цената е 314,68 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 262,21 евра за мегават час, а на MEMO 303,83 евра. Цена на Storage MAX, индекс кој ја покажува ...
Да купам сега или да почекам уште малку? Веројатно секој што купувал лаптоп, монитор или друга технологија барем еднаш си го поставил ова прашање. Цените се менуваат, понудите се менуваат, а со нив доаѓа и она добро познато чувство дека можеби требало да се почека уште некој ден. Но, вистината е дека најдобриот момент за купување не е секогаш кога цената е „на попуст“, туку тогаш кога производот навистина ти треба. Водечкиот ланец за ...
Народната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола, со цел да им се овозможи полесен пристап до нивните средства и непречено користење на банкарските услуги. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески денеска и соопшти на јавноста три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење на ...
Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, денеска потпиша договор со реномираната компанија European Innovation Solutions S.A. за изработка на физибилити студија, подготовка и дизајнирање на оперативна рамка и бизнис-план за основање на Научно-технолошки парк (НТП). Ова е конкретен чекор во реализацијата на една од стратешките иницијативи на Владата, која Министерството за образование и наука и ИНОВА ...
Најдобрата опција е ова што го правиме – заштита на имотот и штедните влогови на граѓаните и продажба на „Алта банка“ АД Битола. Ние размислуваме и во алтернативи за оние екстремни сценарија. Премиерот објасни што во такво сценарио што никој од нас не го посакува, истакна денеска гувернерот на Народната банка Трајко Славески. Тој посочи дека бараат купувач за банката. – Нормално, има некои што сами се јавуваат, со кои се остваруваат ...
Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на државата нотира добро ниво на подготвеност во реформските процеси што ги презема Царинската управа во Поглавјето 29 – Царина унија, со цел забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на Европската унија. Зголемените приходи, воспоставување на сеопфатен разузнавачки систем за поддршка на истрагите и спроведување на законот, зајакнување на капацитетите на ...
Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската индустрија и сигурноста на синџирите на снабдување. Македонија треба да ја препознае оваа можност и да ги следи европските политики, создавајќи услови за развој на современо, одговорно и ...
Македонија бележи „добар напредок“ во Поглавјето 10 – Дигитална трансформација и медиуми, а нивото на подготвеност е подигнато на „меѓу умерено и добро ниво на подготвеност“. Ова го истакна министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција, на која ги претстави клучните наоди од Извештајот на Европската комисија за 2026 година и резултатите во пет области од дигиталната трансформација. Министерот ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот наЕвропската комисија за напредокот за 2026 година. Соговорниците се согласија дека се постигнати очигледни конкретни резултати. Обајцата го поздравија препознавањето на државата како една од најуспешните во исполнувањето на Реформската агенда и Планот за раст на Западен Балкан. Амбасадорот ...
Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе денеска поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Како што информираат, во текот на 2025 и 2026 година, Н.Н. делото го сторил со цел стекнување противправна имотна корист, на начин што ја искористил ранливоста и зависната положба на неговата мајка З.С.(80) од ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер (Турција) – Мехмет Тевфик Гоксу, свечено го пуштија во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост. На настанот присуствуваа и амбасадорот на Турција, Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка – Фатих Шахбаз и почесниот конзул – Ајдован Адемоски. – Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 степен до 7 степени, а дневната од 8 до 18 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската ...
Борбата против корупцијата мора да донесе конкретни резултати, одговорност за високата корупција и ефикасна конфискација на незаконски стекнатиот имот. Ова е една од клучните пораки на министерот за правда, Јетон Шасивари, од Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Будва, каде што учествуваше на панелот посветен на борбата против корупцијата. Министерот нагласи дека владеењето на правото и борбата против ...
Додека ДПМНЕ се подготвува да го претставува Скопје како европска престолнина на културата, Европската комисија веќе предупредува на сериозни недостатоци во транспарентноста на управувањето, стабилноста на финансирањето, навремената реализација и соработката со културните чинители, наведуваат од Левица. Наместо оваа историска можност да биде искористена за суштинска преобразба на културниот живот, постои опасност проектот да се претвори во ...
Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата. Филипче и неговите партнери, свесно шират лаги и манипулации за случајот со Алта банка, случај кој постои во друга држава, но не и Македонија, порача под прес конференција Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието. Филипче и неговите партнери, од петни жили се обидуваат сликите од немирите во ...
Во ист ден имаме две признанија пред целата јавност од Христијан Мицкоски и од Трајко Славески, стои во партиското соопштение од денешната прес – конференција на портпаролка и членка на ИО на СДСМ Богданка Кузеска. Следува интегрално текстот од прес конференцијата.. Прво, има признание од Трајко Славески дека одлуката за влез на Алта банка во Македонија ја донел Христијан Мицкоски. Како стратешка гранка вели Славески требало да бидат ...
Раководителка на штедилница во Кавадарци е осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани, информираа денеска од Јавното обвинителство. -Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против едно лице и презема предистражни дејствија поради сомненија за повеќе кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем и Проневера во службата. ...
Иако СДС е познат по лаги и местенки, овој пат го допре дното. Бетон Герасимовски, исклучително поради лични интереси и себепромоција, во целост ја засрами Општина Центар и доделувањето на јубилејните награди „Феникс“. Веројатно со намера да доделува престижни награди, онака како што самиот проценил дека треба, Бетон Герасимовски им доделува награди на луѓе кои не ја добиле довербата од комисијата, која пак, е формирана токму со таа цел – да ...
Венко Филипче сега се фали со одлуката на Ислам Абази да не поведе обвинение против него за 19 модуларни болници, меѓу кои и модуларната болница во Тетово, каде во пожар животот го изгубија 14 лица. Кога требаше да одговара пред законот за модуларните болници, кои беа поставени без да се почитува Законот за градење и без почитување на стручната јавност, токму тој систем, кој СДС и ДУИ го обликуваа да им слугува на нивните интереси, го спаси ...
Мицкоски во интервју за американскиот крајно десничарски весник „Брајтберт њуз“ (зашто во друг медиум не му даваат простор) во кусоглед и арогантен манир се пофали пред светската јавност дека е горд послушник на Доналд Трамп и екстремнодесничарската администрација на Белата Куќа. Во манир на послушен вазал, а под превезот на стратешко партнерство со САД, ја понуди Македонија за целосна експлоатација во енергетиката, рударството и високата ...
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција, Џон Рeтклиф, ја искористи ненајавената посета на Москва за да ја предупреди Русија за можна ескалација кон балтичките членки на НАТО, но и да побара намалување на поддршката за Иран, објави Политико, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Според медиумот, Рeтклиф им рекол на руските претставници дека Москва не треба да презема никакви чекори што би можеле да доведат до ...
Утринава до 7.30 часот регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 24 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, над с. Вражале и с. Тисовица – Општина Зелениково, каде гори мешана шума; општините Гостивар и Македонски Брод – с. Трново (Општина ...
Откако беспилотно летало натоварено со експлозив беше пронајдено покрај паркиран украински товарен авион на аеродромот Лајпциг/Хале во Германија овој месец, снимките од надзорните камери покажаа дека дронот всушност го удрил крилото на авионот. Очигледно било среќа што не експлодирал. Во меѓувреме, се појавија детали за кои германските пратеници велат дека сугерираат дека бил планиран сериозен напад на аеродромот. Тоа е голем товарен центар ...
Во градот Лозова во Харковскиот регион, руските сили двапати нападнаа зграда на деловен центар лоциран во густо населена станбена област во среда, изјави градоначалникот на Лозова, Сергеј Зеленски. Се појави и видео на кое се гледа како луѓе скокаат од прозорците на зграда зафатена од пламен во Лозова по нападот. 😰 Люди стрибали з палаючої будівлі: росіяни двічі вдарили по Лозовій на Харківщині Росіяни влучили у бізнес-центр посеред щільної ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се ...
Водството на Соединетите Американски Држави во вселената е разнишано, а Русија и Кина се повеќе се приближуваат во трката, објавуваат медиумите. „Соединетите Американски Држави толку долго доминираа во комерцијалната вселенска индустрија што многу Американци ја земаат здраво за готово“, се наведува во статијата. Сепак, медиумите објавуваат дека Соединетите Американски Држави почнуваат да ја губат својата водечка позиција во вселенската ...
Бројот на жртви од катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето во Непал се искачи на најмалку 157, а Геолошкиот завод на САД соопшти дека катастрофата не е предизвикана од земјотрес, туку од масивно лизгање на земјиштето што го предизвикало тресењето на земјата. ये कोई फिल्मी सीन नहीं, नेपाल में आई बाढ़ से होने वाली तबाही का नज़ारा है, जो बेहद ख़ौफ़नाक मंजर दिख रहा है,एक के बाद एक पुल टकराकर बह गए।#नेपालबाढ़ #nepal #नेपालन्युज ...
Рускиот претседател Владимир Путин смета дека мировните преговори за војната во Украина влегле во целосен ќор-сокак и се подготвува да ги интензивира воените дејствија, тврдат извори блиски до Кремљ, на кои се повикува „Блумберг“. Во најтесниот круг околу рускиот лидер расте загриженоста дека Путин би можел на крајот да прибегне кон употреба на тактичко нуклеарно оружје. Според извори поврзани со Кремљ, Русија планира во блиска иднина да го ...
Работник на аеродромот во Франкфурт починал од маларија, откако најверојатно бил каснат од комарец кој пристигнал со авион од подрачје каде што оваа болест е присутна, соопшти портпарол на операторот на аеродромот „Фрапорт“. Вкупно шестмина вработени на аеродромот се заразени со маларија, при што петмина се хоспитализирани, пренесува Би-Би-Си. Германските здравствени власти сметаат дека комарците најверојатно пристигнале со авион на еден од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја опиша мисијата на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, во Москва како „помалку или повеќе рутинска“, отфрлајќи ги наводите дека ненадејната посета била поврзана со можни руски воени закани кон НАТО или Велика Британија. „Ништо од наведеното“, одговори Трамп во интервју за конзервативниот радио-водител Глен Бек, на прашањето дали Ретклиф отпатувал во Москва поради стравувања дека Русија ја тестира ...