Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го сруши рекордот по број на недели поминати во Топ 5 на АТП листата. Српскиот ас ја започнува својата 860-та недела во Топ 5 на АТП листата оваа недела, соборувајќи го рекордот што претходно го држеше Роџер Федерер со 859 недели. Novak Djokovic has broken the record for most weeks ranked in the Top 5. He now has: Most weeks at #1 – 428 Most weeks in Top 2 – 599 Most weeks in Top 3 – 764 Most weeks in Top 4 – ...
Израелските воени претставници потврдија дека фотографијата што се појави на социјалните мрежи и го прикажува инцидентот е автентична. Фотографијата покажува како израелски војник со чекан удира во главата на статуа на распнат Исус кој паднал од крстот, пишува Гардијан. The military says a photo showing a soldier in southern Lebanon smashing a statue of Jesus with a sledgehammer is authentic, and action is to be taken against those ...
Миланската полиција откри синџир за проституција организиран од агенција за бизнис ескорт, чии клиенти биле познати фудбалери. Во акцијата се запленети 1,2 милиони евра, објавија денес италијанските медиуми. Како дел од операцијата спроведена од Финансиската полиција на Милано, во координација со канцеларијата на јавниот обвинител, на четири лица им е одреден куќен притвор поради нивната улога во организирање проституција и перење пари ...
Потпретседателот на САД – Џ.Д. Венс, и остатокот од американската делегација треба да слетаат во Пакистан во следните неколку часа, каде што се планирани нови разговори за Иран, и покрај фактот што Техеран претходно изјави дека во моментов „нема планови“ за нова рунда преговори. Оваа информација ја објави „Њујорк пост“, осврнувајќи се на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека преговорите сè уште се планирани. ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, соопшти МВР. Од нив осум управувале возило без возачка дозвола, по двајца под дејство на алкохол и со многу поголема брзина од дозволената и по еден со активна забрана и во спротивна насока. Четири возачи во Скопје, двајца во Гостивар и по еден во Тетово и Битола возеле без возачка дозвола. ...
Најголемиот романски фудбалер во историјата, Георге Хаџи (61), стана селектор на својата земја по четврт век! Пред точно 25 години, тој ја презеде селекцијата „А“ како своја прва тренерска работа, веднаш по завршувањето на неговата одлична кариера, а сега се враќа како искусен стручњак. Тој ќе го наследи покојниот Мирчеа Луческу, кој ја водеше репрезентацијата до плејофот за Светското првенство во 2026 година во март и загуби од Турција. ...
Русија остро ги осуди американско-израелските напади врз Иран, оценувајќи дека таквите дејствија не одговараат на интересите на повеќето земји во светот и претставуваат кршење на меѓународното право. Државниот секретар и заменик-министер за надворешни работи на Русија, Евгениј Иванов, на Третиот серуски општински форум „Мала татковина – силата на Русија“ изјави дека Западот води „деструктивна политика со употреба на груба сила“, како што ...
Реформската агенда повеќе не е само план на хартија, таа дава конкретни, мерливи резултати – напиша премиерот Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук-профил по средбата во Владата со амбасадорите од Европската Унија. На средбата, како што пишува, било разговарано за напредокот и за следните чекори во спроведувањето на реформската агенда. – Во изминатиот период го забрзавме спроведувањето во сите клучни области. Неколку чекори се веќе ...
Утринава се случи тешка сообраќајна несреќа во Салцбург, кога тролејбус удри во зграда во градската населба Ицлинг. Тролејбусот на компанијата Салцбург Линиен, кој сообраќаше на линија 6, удрил директно во зградата во која се наоѓа супермаркетот Била Плус. Едно лице го загуби животот. Дополнително, има и потешко и полесно повредени лица. Екипи на Црвениот крст, пожарникари и полиција се на терен, а поставен е и заштитен екран, објави ...
Брза помош беше повикана на паузата од денешното рочиште за случајот „Пулс“ во судницата во „Идризово“ поради влошување на здравствената состојба на првообвинетиот Дејан Јованов‑Деко, откако неговата одбрана побара замена на притворот со мерка куќен притвор. Адвокатката Коцевска на паузата во изјава за медиумите рече дека на Деко му била направена сериозна операција на лумбалниот `рбет на две нивоа. – И покрај жалбите за укинување на ...
Министерот за правда, Игор Филков, на денешното обраќање пред амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, ја потврди цврстата посветеност на Владата кон реформите во правосудството. Наш фокус во овој период се мерките со рок до јуни 2026 година. Работиме интензивно, со јасна динамика и мерливи резултати- истакна Филков. Тој информираше дека Министерството за правда активно работи на измени на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека верува оти Русија го ограничува пристапот до социјалните медиуми за да спречи немири во случај на општа мобилизација за нова голема офанзива во Украина или напад врз една од балтичките држави, објави Украинска правда. Во интервјуто, Зеленски го објасни својот став за ситуацијата. – Руските ограничувања на социјалните медиуми не се таму за да се ограничи критиката кон шефот на државата. ...
Британскиот премиер Кир Стармер се најде во центарот на политичка бура откако функционери и политичари блиски до Лабуристичката партија упатија низа сериозни обвинувања против неговото раководство. Според извештајот на веб-страницата „Политико“, кој се повикува на интервјуа со десетици инсајдери, премиерот е обвинет за некомпетентност, неподготвеност да управува со земјата и целосен недостаток на „јасна мисија“. Критиките што доаѓаат од ...
„НИКОГАШ.“ Тоа е одговорот од висок ирански функционер кога беше прашан кога Техеран ќе биде подготвен да се откаже од контролата врз Ормутскиот теснец, изјави за Би-Би-Си Ебрахим Азизи, поранешен командант на Иранската револуционерна гарда. Азизи додаде дека Иран ќе „одлучи за правото на минување, вклучително и дозволите за бродови што минуваат низ теснецот“. Азизи најави дека таквата контрола наскоро ќе биде легализирана. „Правиме закон ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека федералната влада е подготвена да реагира на евентуален недостиг на керозин во Европа, додавајќи дека снабдувањето е тешко, но сепак стабилно. Тој исто така најави, како што објави Шпигел, дека владата наскоро ќе свика Национален совет за безбедност за да разговара за снабдувањето со енергија. – Многу наскоро ќе свикаме Национален совет за безбедност за да разговараме за прашањето за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Европа мора да развие свој систем за балистичка ракетна одбрана, велејќи дека Украина веќе преговара со неколку земји за негово воспоставување и дека таков систем би можел да се изгради во рок од една година. – Верувам дека треба да имаме европски систем за антибалистичка ракетна одбрана. Веќе разговараме со неколку земји и работиме во оваа насока“, рече Зеленски, пренесе Ројтерс. Тој ...
Едномесечно бебе е примено во болница во Белград со тешки повреди на главата. Лекарите веднаш ги известија надлежните служби, а според најновите информации, состојбата на детето е сериозна и е под постојан надзор на медицинскиот персонал, дознава Telegraf.rs. Веднаш по пријавата, полицијата ги сослушала родителите и членовите на семејството со цел да се расветлат околностите на оваа драма. Како што дознава Telegraf, за време на разговорот ...
Со сведочење за функционирањето на инспекциските служби и нивната координација со општинската администрација, денеска продолжи судската постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На рочиштето во судницата во „Идризово“ сведочеше поранешниот главен секретар на Општина Кочани, Александар Јосифов, кој изјави дека во периодот од 2017 до 2021 година, и покрај постоењето повеќе инспекциски служби, во општината немало раководител на ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека изборните резултати во Бугарија се очекувани и оти со идниот бугарски премиер Румен Радев ќе трагаат по ново решение за билатералниот спор за откочување на нашите евроинтеграции. – Сум го запознала господинот Радев, многупати сум го сретнала. Не се согласуваме за полно работи, но умееме да се сослушаме со почит и да заклучиме дека ќе бараме решение, рече денеска Сиљановска Давкова, на ...
ДНК трагите пронајдени на материјалите со кои биле обвиткани скриените пари се еден од клучните докази врз кој Обвинителството го темели обвинението против апелациониот судија Ѓоко Ристов. Според Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, биолошките вештачења недвосмислено покажале дека токму Ристов ги манипулирал и криел паричните средства, кои беа пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. ...
Иран нема да учествува во втората рунда разговори со САД бидејќи Вашингтон „континуирано ги кршеше своите обврски и се однесуваше неразумно“ за време на претходните разговори и за време на двонеделното примирје, соопшти денес канцеларијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Во соопштението, издадено по телефонскиот разговор на Пезешкијан со пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, се вели дека САД „јасно го прекршиле“ договорот за ...
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и во јужните делови од земјата. – Утринската температура ќе биде во опаѓање. Ќе дува северен ветер, кој во ...
Независниот академски синдикат (НАкС) информира дека на средба со министерката за образование и наука Весна Јаневска, која на нивна иницијатива се одржала во петокот во МОН, не биле прифатени голем дел од нивните предлози за подобрување на текстовите на пекетот три закони за високо образование и за наука. Синдикатот во допис до медиумите денеска информира дека нивните претставници на средбата ги образложиле своите забелешки, ставови и ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за април годинава изнесува 68.797 денари и во однос на мартовската која изнесуваше 67.818 денари е зголемена за 979 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Со изнајмен стан од 60 квадрати, наведува ССМ, за април изнесува 84.172 денари. Зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за четири месеци, јануари, февруари, март и април 2026 година, изнесува ...
Македонските здравствени власти се на пат да ја ограничат достапноста до никотинските ќесички, иако овој производ во голем број држави е прифатен како најмалку штетна алтернатива на цигарите. Најавениот нов Закон за заштита од пушење предвидува забрана за продажба на никотинските ќесички со вкусови, забрана за нивно изложување и ги третира како тутунски производ, додека земји кои успеваат да ја намалат стапката на пушење ги препорачуваат ...
Со празни фрижидери и празни џебови, граѓаните најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа. Секојдневието е сурово за народот, цените поскапеа, стандардот паѓа, платите не мрдаат, а граѓаните имаат сè помалку пари. СДСМ уште пред 50 дена предложи конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните, на самиот почеток на кризата. Мицкоски не презеде ништо. Напротив, владата ја укина и мерката за намален ДДВ за дизелот, ...
Сведокот Ана Захариева, која на критичниот настан била гостин во „Пулс” во Кочани, на денешното рочиште за пожарот, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, во судницата во „Идризово“ изјави дека вечерта на 16 март во дискотеката имало многу гости, меѓу кои и малолетници, како и дека во дискотеката се користеле прскалки и претходно. Сведокот, посочи дека во „Пулс“ одела од 17-18 години речиси секој викенд. – Вечерта стигнав околу ...
Втората претстава во рамките на проектот Театарот на хуманоста беше маестралната изведба на делото Ивона, принцезата од Бургунд, во режија на Билјана Радинкоска. На сцената блеснаа Елена Кузманов, Сергеј Димовски, Кристина Христова Николова, Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов, Кристина Ласовска, Ева Скендеровска, Виктор Арсов, Илија Илиоски и Александар Вељановски. Вечерта во Театар Комедија повторно беше исполнета со магија – полна ...
Јапонската премиерка Санае Такичи формираше кризен штаб за санација на последиците од земјотресот. Такичи, која е првата жена на чело на јапонската влада од октомври минатата година, уште еднаш го повика населението од погодените подрачја да се евакуираат, а во објава на социјалните мрежи се осврна на првите проценки на штетите. „Според првите извештаи, потврдено е дека има човечки жртви и материјална штета. Сега ќе собереме детални ...
Руската економија е во тешка состојба и само ќе се влошува, и покрај извонредните приходи од високите цени на нафтата и гасот, се вели во нов извештај на шведските вооружени сили. Во извештајот се тврди дека руската економија е многу послаба отколку што изгледа и не е на одржлива основа. Лена Халин, шефица на воената разузнавачка служба, изјави дека Русија ги користи приходите од енергија за финансирање на војната, но дека другите сектори ...