Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Деветнаесетгодишниот Андреј Танасковски се криел во таен стан во Никшиќ по обидот за ликвидација на Марко Љубиша-Кан во Будва кој се случи минатата година. Заедно со него е уапсен и црногорски државјанин кој му помагал во криењето Црногорската полиција го уапси македонскиот државјанин Андреј Танасковски во Никшиќ, по кого се трагаше поради обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан, објавија црногорските медиуми повикувајќи се на повеќе ...
Во текот на еден ден, цената на „брент“ падна за 11,3 отсто, односно на 85,87 долари за барел, додека американската сурова нафта поевтини за околу седум отсто и достигна цена од 82,61 долари за барел, што претставува еден од најголемите еднодневни падови во последните два месеци и изненади голем дел од пазарните учесници Трговците со нафта и натаму се претпазливи поради заканите од напади врз саудиски танкери од страна на јеменските Хути, ...
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива непречено и по суви коловози, информираат од Автомото сојузот (АМСМ). Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. „Зголемена фреквенција на возила утрово е регистрирана на граничниот премин Богородица, каде времето на чекање изнесува околу 15 ...
Премиерот рече дека нема да прифати инстант решенија и политика на двојни стандарди и оти и Бугарија мора да ги почитува пресудите од Стразбур за правата на Македонците Уставните измени во формата која моментално се бара нема да се случат, кажа синоќа премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели оти е подготвен да разговара со секого и секаде, сè додека не се изнајде одржливо решение кое ќе ја однесе државата до конечната цел, а во меѓувреме, ...
УХМР најавува период на стабилно време со мала облачност и слаб до умерен ветер, додека во главниот град дневната температура ќе достигне 33 степени Целзиусови Времето денеска во државата ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Според метеоролозите, ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува, а утринските температури ќе се движат во интервалот од 12 до 21 ...
Министерот за внатрешни работи на Франција, Лоран Нуњез, соопшти дека нападнатите жени се на возраст од 19, 24 и 36 години. Две од нив се тешко ранети Француската полиција денеска приведе маж кој со два кујнски ножа нападна три жени во Париз. Министерот за внатрешни работи на Франција, Лоран Нуњез, соопшти дека нападнатите жени се на возраст од 19, 24 и 36 години. Две од нив се тешко ранети. Инцидентот се случил во областа Порт де Клиши – ...
На учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш првата дестинација вечерва им е населбата Долно Лисиче по што утре ќе го продолжат патот кон Петровец и Велес. Претходно продефилираа низ Општина Аеродром. На 31 јули коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство Дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во скопската населба Горно Лисиче беше местото на кое ...
На приведениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена Настаните се случиле на 25 јули околу 22 часот и на 26 јули околу 1 часот во Струмица, кога се предизвикани пожари на трактор, сопственост на Ж.Д. (70) од Струмица и на патничко возило марка „киа“, сопственост на К.Т. од Струмица Приведен е струмичанец поради сомнение дека предизвикал пожари на трактор и автомобил, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму ...
За случајот претходно денеска објави министерот за локална самоуправа и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоилковиќ, кој информира дека во текот на ноќта просториите што ги користи Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово се оштетени, а на ѕидовите се испишани натписи УЧК Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски остро го осуди и побара итно расчистување на случајот со вандализирањето на ...
Случајот е откриен преку мобилни телефони одземени во друга голема истрага за нелегален увоз на лекови, при што осомничената платила за незаконски да го помине тестирањето, велат од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага против две лица поради местење стручен испит по стоматологија во случај што бил откриен ...
Опозиционерите бараат да се објави институтот кој го изготвил и потпишал извештајот со анализите за водата во Гостивар, како и по кои параметри е утврдено дека водата е безбедно да се користи како техничка Откако надлежните денеска објавија дека водата во Гостивар е прочистена од фекалии и може да се користи како техничка, односно за надворешна употреба, опозицискиот СДСМ реагира дека на увид до граѓаните сè уште не е доставен официјален ...
На гласањето му претходеше расправа, во која пратениците од мнозинството го бранеа ставот дека ребалансот е насочен кон економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии, додека опозиционерите обвинија дека предложениот ребаланс не е насочен кон продуктивен развој, не е развоен ниту социјален Со 64 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“, пратениците попладнево го усвоија дополнетиот предлог-ребаланс на Буџетот за ...
„Кога жената му кажала дека нема од каде да му даде пари, тој почнал агресивно да ја обвинува дека не успеала да му пружи достоен живот и во еден момент почнал да ја удира со тупаници по главата и телото. Потоа ја тресел и ја кубел за коса, па ѝ се заканил дека ако не му обезбеди одредена сума пари, секој ден ќе ја тепа“, објаснуваат од Обвинителството Основното јавно обвинителство Скопје покрена истрага и предложи притвор против 34-годишен ...
„Немавме зголемена фреквенција во спомнатиот период од 5 до 9 часот. Очигледно граѓаните беа информирани, па почнаа да доаѓаат по девет часот. Во тој период возила периодично се пропуштаа од грчка страна“, велат за МИА од ГП „Дојран“ Нормализиран е сообраќајот на граничните премини со Грција откако грчките цариници утринава штрајкуваа четири часа. По завршување на штрајкот, од Граничниот премин „Дојран“ информираат дека сообраќајот продолжува ...
Додека Владата тврди дека ребалансот на буџетот е одговор на променетите економски околности, опозицискиот СДСМ смета дека станува збор за признание за слаб институционален капацитет и промашена економска политика Макроекономските и фискалните остварувања во првата половина од годината, условени од надворешните случувања ја наметнаа потребата од ревидирање на иницијалните проекции на буџетот со цел да се обезбедат дополнителни средства за ...
Енергетските компании барале зголемување на цените и до 130 проценти, но Регулаторната комисија одобри минимална корекција која стапува на сила од следниот месец Од први август, домаќинствата во Скопје ќе плаќаат поскапа топлинска енергија во просек за 5,96 проценти, односно просечната месечна сметка за парно ќе се зголеми за околу 140 денари, односно од досегашните 2 353 ќе достигне 2 493 денари, информираше на денешната прес-конференција, ...
Сите пациенти што се регистрирани во земјава развиле невроинвазивна форма на инфекцијата со зафатеност на централниот нервен систем и биле хоспитализирани Меѓу заболените има седум мажи и една жена. Шест лица се постари од 60 години, а две се на возраст меѓу 50 и 59 години Во земјава заклучно со денеска се регистрирани вкупно осум случаи на западнонилска треска, од кои седум се лабораториски потврдени, а еден е класифициран како веројатен, ...
Финансиската полиција откри дека сопственик на компанија не плаќал законски надоместок за увоз на текстилен отпад, по што сакал да го избрише правното лице за да го прикрие долгот кон државата Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против еден управител и неговата компанија поради основано сомнение за даночно затајување. Според истрагата, пријавените во периодот од 2024 до 2025 ...
Според неа, доаѓањето на групата „Ало“, поврзана со „Информер“ и другите , како што рече, провладини медиуми од Србија, е дел од планот за целосна контрола врз информирањето, а за кој СДСМ постојано предупредувале Медиумскиот мрак во Македонија започнува токму онака како што предупредувавме – српски медиумски играчи влегуваат на македонскиот медиумски пазар, кажа портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција. Според ...
Бензинот еуросупер БС-95 ќе чини 93 денари за литар, цената на еуросупер БС-98 ќе биде 95 денари за литар, а еуродизел БС (Д-Е В) ќе се продава за 98,50 денари за литар Како причина за поскапувањето, од РКЕ ги наведуваат повисоките референтни цени на нафтените деривати на светските пазари Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови повисоки цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката на РКЕ, ...
Претходно, на 23 јули, Центарот за јавно здравје-Прилеп соопшти дека водата од градскиот водовод на Крушево не треба да се користи за пиење бидејќи е бактериолошки неисправна Случајот со водата во Крушево е неспоредлив со она што се случи во Гостивар, кажа денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој вели дека во својство на раководител на Главниот штаб за управување со кризи зборувал со ...
Од Здравство велат дека бројот на нови прегледи е благо зголемен во однос на претходниот ден, но е намален во споредба со регистрираните во изминатиот период Во општата болница „Д-р Ферид Мурат“ се извршени 91 преглед, од кои 41 на инфективното одделение и 50 на педијатриското одделение. Дежурната служба на гостиварскиот Здравствен дом извршила 36 нови прегледи Новопрегледани 127 лица со симптоми на ентероколит (стомачни тегоби), кои првпат ...
„Секоја една институција којашто е надлежна да се грижи за водоводните системи во рамки на општините е должна да си ги преземе сите оние законски ингеренции што се утврдени во рамки на регулатива и сметам дека доколку секој си ја работи својата работа не би требало да имаме вакви проблеми како што имаме сега“, кажа денеска министерот Панче Тошковски Тече истрагата во врска со случувањата во гостиварски „Комуналец“, но засега нема детали што ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија изрази благодарност за принципиелната поддршка од Шпанија и ја потврди посветеноста на Владата кон спроведување на европските реформи Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари работна средба со Фернандо Мариано Сампедро Маркос, државен секретар за Европската Унија во Министерството за надворешни работи на Шпанија. Во фокусот на нивните разговори била ...
Тоа значи дека водата е исчистена од фекалии и може да се користи за бањање и миење садови, но сè уште не е за пиење или готвење, рекоа надлежните Со континуиран мониторинг ќе се следи квалитетот на водата сè додека не се потврди дека е исправна за пиење Водата во Гостивар е прочистена од фекалии и конечно може да се користи како техничка, соопшти денеска министерот Панче Тошковски кој го предводи Управувачкиот комитет за координација и ...
„Дополнително, жителите изразуваат сомнеж дека сопственикот на фармата има блиски односи со овластен инспектор од Општина Штип поради што бараат случајот да не остане во надлежност на локалните структури, туку постапката да ја води Државниот инспекторат за животна средина“, се вели во партиската реакција Само неколку дена по случувањата во Гостивар, каде што граѓаните беа изложени на вода загадена со фекалии поради институционални пропусти, ...
Патничките возила се пропуштаат на секои десет минути, додека товарниот сообраќај е во целосен прекин за влез и излез од државата Долги колони и застој на граничните премини со Грција, по најавите за штрајк на грчките цариници. На социјалните мрежи граѓаните споделуваат видеа и фотографии од метежот додека чекаат за влез во Грција. Според информациите, патничките возила се пропуштаат на секои десет минути, додека товарниот сообраќај е во ...
Украинскиот претседател потврди дека поради влошени меѓусебни односи ги отстранил министерот за одбрана и началникот на армијата, додека истовремено предупредува на нова руска мобилизација Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека поради сериозно влошување на меѓусебните односи, донел одлука да ги разреши министерот за одбрана Михаил Федоров и началникот на вооружените сили Олександр Сирски. Овој потег, како што рече, бил ...
Оттаму тврдат дека две години чекаат одобрение од Јавното претпријатие за државни патишта, за да се направат уште 600 метри од трасата, што би значело целосно поврзување на системот Pосочуваат дека претпријатието е подготвено на надлежните институции, ревизорските тела и истражните органи да им ја стави на располагање документацијата со која располага Јавното претпријатие „Комуналец“ од Гостивар, тврди дека проектот за реновирање на градскиот ...
Според владејачката партија, СДСМ во коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Арбен Таравари го штитат градоначалникот од своите редови, кој, како што велат, не презема одговорност за состојбата со водоснабдувањето во градот Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија оти опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) се обидува политички да профитира од состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, наместо да побара одговорност од ...