Собранието на денешната седница ја констатираше оставката на вицепремиерот задолжен за добро владеење Арбен Фетаи, откако тој на 1 јуни ја достави својата оставка до премиерот Христијан Мицкоски. Фетаи тогаш преку социјалните мрежи соопшти дека одлуката ја донел внимателно и поради убедувањето дека во актуелните околности тоа е „најправедниот и најдостоинствениот чекор“. „Во текот на овие две години имав чест и привилегија да ѝ служам на ...

На 10.06.2026 во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(43) од село Бузалково, велешко, со живеалиште во Скопје. На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се ...

Министерството за финансии изврши трансфер на 131 милион денари од централниот Буџет кон Развојната банка, средства наменети за реализација на проекти во домашните компании. Со трансферот, извршен на крајот на минатиот месец, вкупната сума којашто е пласирана во домашната економија за реализација на инвестиции од страна на компаниите изнесува 14,1 милијарда денари или 230 милиони евра. Ова претставува 92% реализација на кредитната линија ...

Само неколку дена пред почетокот на Светското првенство во фудбал 2026, неколку земји се најдоа во центарот на вниманието не поради своите подготовки на теренот, туку поради визни спорови, долги испитувања и засилени безбедносни процедури, пишува Анадолија. Постапувањето кон делегациите на националните тимови на Иран, Ирак, Сенегал и Узбекистан, кои се квалификуваа за турнирот, како и одлуката на САД да го одбие влезот на сомалискиот ...

Денеска завршува учебната 2025/2026 година. Година која беше подобра од претходната и во која воведовме многубројни новини во воспитно-образовниот процес во интерес на учениците, наставниците, стручните соработници, како и на родителите и старателите. Благодарност до сите за поддршката и прифаќањето на промените. Уверена сум дека веќе ги гледаме првите позитивни резултати, што претставува дополнителен мотив да продолжиме со унапредувањето ...

Државата воведува ред во рударството и експлоатацијата на минерални суровини, а започнува и посериозно да го полни буџетот од концесиските надоместоци откако минатата година стапи во сила двојно поскап тарифник. Дополнително, се работи и на финализирање на новите закони за рударство и за геологија, преку кои се очекува пат за нови инвестиции, особено за критичните минерали чиј ископ би се спроведувал по најсовремени методи и запазување на ...

Соопштение на Левица: Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, побара од Собранието да ги тргне од дневен ред предложените измени на Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање, кои се поврзуваат со изградбата на големи дата-центри во државата. Според него, јавноста не располага со доволно информации за проектите, нивните инвеститори, енергетските потреби и економските ефекти, поради што не смее да се носат законски решенија без ...

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески учествуваше на панел-дискусијата на гувернерите под наслов „Трасирање на идниот развоj” во рамките на меѓународниот симпозиум „Навигација низ светската финансиска неизвесност – развој на финансиските пазари, инвестициските стратегии и меѓународниот монетарен систем”, организиран од Банката за меѓународни порамнувања и Народната банка на Кина во Шангај. Во своето обраќање, гувернерот Славески ...

Прес конференција на ОО СДСМ Аеродром, Марко Даниловски, советник Секогаш кога ВМРО-ОКГ е на власт, продажбата на државно земјиште на атрактивни локации по багателни цени стапува на сцена. Дали овој пат, каконшро говорат информациите доставени до нас, режисери на една ваква зделка се токму Александар Николовски и Борко Ристовски а изведбата е на Дејан Митевски? Општина Аеродром продава градежно земјиште по багателни 2.000 денари по метар ...

Денеска во Скопје Директорот на Бирото за јавна безбедност, заедно со амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер, се обрати на отворањето на регионалниот семинар посветен на истрагите за перење пари и управувањето со имот стекнат од криминални активности, организиран со поддршка на француската Дирекција за одбрана и безбедност и Амбасадата на Франција во Скопје. Во своето обраќање, директорот истакна дека ...

Претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, реагираше на соопштението на политичката партија Левица, истакнувајќи дека нема да коментира политички ставови, но чувствува обврска да одговори на, како што наведе, личните дисквалификации и навреди упатени кон него. -Како претседател на Уставниот суд, останувам доследен на својот принципиелен став да не коментирам ничии политички ставови изнесени во јавноста. Сепак, овој пат, бидејќи се ...

Македонскиот јазик е еден од најцврстите темели на македонскиот идентитет. Токму затоа, неговото зачувување кај најмладите генерации во дијаспората е главната мисија на „Домче“ – првата дигитална платформа создадена специјално за македонски деца кои растат надвор од татковината. „Само неколку минути дневно се доволни детето да слуша македонски, да игра, да се смее и да ја открива Македонија на забавен и современ начин. Првите зборови што ...

Поранешен пилот управувал со комерцијални авиони речиси 17 години без да поседува соодветна лиценца, извршувајќи повеќе од 900 домашни и меѓународни летови, соопшти вчера полицијата од Онтарио. Истрага за измама и фалсификување откри дека пилот на авиокомпанијата, кој во текот на својата кариера од 1998 до 2025 година летал за Ер Канада, фалсификувал лиценца што му била неопходна кога во 2009 година бил унапреден во капетан, се наведува ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Софија учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржа во рамки на бугарското претседавање со оваа најстара и најзначајна политичка иницијатива за регионална соработка во Југоисточна Европа. Состанокот е посветен на одбележувањето на три децении од ...

Реформата на јавната администрација не може да биде успешна доколку се спроведува исклучиво во институциите. Таа мора да се гради заедно со граѓаните, преку партнерство, транспарентност и активно учество во процесите на донесување политики. Токму ова беше централната порака што ја упати министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на четвртата регионална конференција „Граѓаните на прво место: Деценија на унапредување на јавна ...

Македонскиот народен театар утре ќе настапи на јубилејното 60-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат. Претставата е дел од официјалната селекција на фестивалот, кој важи за еден од најзначајните театарски настани во земјава и регионот, а годинава одбележува шест децении постоење. „Страв и надеж“ е современа сценска приказна која ги ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 11.06.2026 година (четврток), во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на ...

На 10.06.2026 во 00:10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници ги лишија од слобода Т.Е.(45) и Р.Ф.(39), двајцата од Скопје, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидираат со мерка апси по барање на ЕВР Чаир поради сомнение за сторено кривично дело „одземање моторно возило“ по член 242 од Кривичниот законик. По преземени мерки и активности ...

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка Вистината е дека граѓаните денес живеат многу тешко. Цените растат секој месец, храната станува луксуз, а платите не успеваат да го следат поскапувањето. Вистината е дека за едно четиричлено семејство денес се потребни речиси 69.000 денари месечно само за основните животни трошоци, односно речиси три минимални плати. Вистина е дека нема 600 евра минимална плата, работниците ...

Квалитетот на тутунот зависи од правилното третирање во текот на производството. За тутунарите, тоа значи заштита на годишната инвестиција, зачувување на производот и намалување на ризиците при откупот. СЕКЕ Прилеп ги потсетува тутунарите на пет клучни правила: користење препорачани препарати, почитување на дозата, лична заштита, исправна опрема и стручна консултација. За третирање на тутунот се препорачуваат Chlomazone против плевели, ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со осумте практиканти кои ја поминаа селекцијата и започнаа практична работа во локалната самоуправа. Во наредните шест месеци тие ќе бидат ангажирани во различни сектори, 20 часа неделно, согласно своите студиски програми, со месечен надоместок од 15.000 денари. „Ме радува што оваа година сите практиканти се од различни струки и се распоредени во соодветните сектори. ...

Општина Кисела Вода организира бесплатна полуматурска забава за деветтоодделенците под мотото „Спремни за средно!“, наменета за сите ученици кои го завршуваат основното образование во оваа општина. Настанот ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во спортската сала „Независна Македонија“ при ООУ „Невена Георгиева Дуња“ и ќе трае до 23:30 часот. Се очекува присуство на околу 560 ученици, кои ќе имаат можност заеднички да го одбележат ...

Соопштение на ВЛЕН: Економскиот развој на Северна Македонија за ВЛЕН е тесно поврзан со продлабочувањето на стратешките партнерства и конкретната соработка со пријателските земји. Во таа насока, по повеќе од 12 години, Северна Македонија и Турција го обновуваат дијалогот на високо ниво за патниот транспорт, што претставува значаен чекор кон зајакнување на економската и институционалната соработка меѓу двете земји. Во Скопје, ...

Јордан и Кувајт денеска соопштија дека биле цел на ирански ракети и оти нивната противвоздушна одбрана ги елиминирала заканите, додека иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека цел на нивните напади во текот на изминатата ноќ била и американската Петта флота во Бахреин. Јорданската војска соопшти дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале и собориле пет ракети лансирани од Иран кон ...

На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на територија на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје, постапувајќи по план за пријавно-одјавна служба за месец јуни, ги приведоа М.Е.С. (19), П.С.(23), Ј.С.(19), Д.Г.(250 и Б.Т.Б.(20), сите од Р.Турција, поради нерегулиран престој во државата. По документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави. На 09.06.2026 од 09:00 до 12:00 часот во Скопје, на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). На маргините на состанокот претседателката ќе оствари билатерални средби претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова и со в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу. Таа ќе се обрати на пленарната сесија на тема „Компас кон стабилност, ...

Поголема количина на пури во вредност од четири илјади евра се запленети од мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи по извршена контрола на автобус на влез во државата на граничен премин Табановце. Против лицето К.Б, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење. Осомничениот е возач на автобусот вработен во компанија која врши меѓународен патен превоз. Како што информираат од ...

Бројот загинати во силниот земјотрес што го потресе јужниот дел на Филипините се искачи на 45 лица, 630 се повредени, а 17 се водат како исчезнати, соопшти денеска претставник на Националната агенција за цивилна заштита. Најмногу од новопријавените жртви се од провинцијата Давао Оксидентал, каде шест лица загинале во свлечиште, а две починале откако врз нив паднале делови од урнати објекти, изјави заменик-директорот на Канцеларијата за ...

Собранието денеска ќе ја започне 104. собраниска седница на која како прва точка на предложениот дневен ред е Интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Пленумот треба да се изјаси за потребата за носење на повеќе закони во прво читање и по скратена постапка, како и за Предлогот на кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието. Интерпелацијата за министерот за ...

Соопштение на Левица: Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, преку објава на социјалните мрежи соопшти дека, преку писмено пратеничко прашање, побарал увид во Меморандумот за соработка во енергетиката што министерката за енергетика, Сања Божиновска, го потпишала во Вашингтон, во април годинава. Но, како што вели наместо копија од документот, од Министерството за енергетика добил одговор со „нејасни формулации за можни ограничувања, ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68