Претседателот на САД Доналд Трамп ја нарече Ормуската Теснина „американска територија“, додека Вашингтон продолжува со воената блокада на иранскиот поморски сообраќај и пристаништа, обидувајќи се да стави крај на војната со Иран, пишува „Гардијан“. – Дури и не знаеме дали победивме, бидејќи во моментов ја гледам Ормуската Теснина како американска територија, рече Трамп, обраќајќи се на митинг во Јужна Каролина на сенаторката Дарлин Греам, ...

На територијата на државата во моментов има најмалку 20 пожари на отворен простор, од кои најмалку 11 се активни, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на денот избувнале повеќе тешки пожари, а најалармантна е состојбата во струмичкиот регион. – Најалармантен е пожарот во близина на Струмица, во атарот на селата Баница и Водоча, кој се заканува на куќите од ...

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против С.Р. (59) од Латвија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Како што соопшти МВР, на 17 август годинава во село Богородица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фиат типо“ кое го управувал С.Р., при што биле пронајдени 10 ...

Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. -Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ...

Три недели по масовното пристигнување од Мароко, 18 мигранти се погребани во нумерирани гробови во Сеута, додека мароканска невладина организација повикува на запирање на погребите за да се идентификуваат и репатрираат телата. Вкупно 18 мигранти беа погребани во петокот на муслиманските гробишта во Сеута , три недели по граничната криза во која загинаа повеќе од 90 лица , а повеќе од 72.000 луѓе влегоа во автономниот град од Мароко. ...

Соопштение за јавност на Алијанса за Албанците: Додека Албанија ги исполни утврдените цели и го отвори патот за 61 милион евра од Европската Унија, Владата на ВМРО-ВЛЕН ја пропушти можноста да ја повлече траншата од 50 милиони евра од макрофинансиската помош на ЕУ. Рокот за овие средства истече на 2 август 2026 година. Властите ниту поднесоа барање, ниту ги исполнија потребните услови. Албанија спроведува реформи и обезбедува милиони. ...

На 21.08.2026 во 20:00 часот на крстосница од бул.„Киро Глигоров” со бул.„15 Корпус” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.Ј.(41) од Скопје. Претходно, управувајќи патничко возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, тој учествувал во сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот. Исто така, по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека поминал на црвено светло, бил под дејство ...

На 21.08.2026, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.Б.(41) од с.Лешок, тетовско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин 7 мм со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ 9мм со празни рамки, воздушна пушка 5,4 мм со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар. На 21.08.2026 околу 20:21 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода ...

На 21.08.2026 во 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки управувано од З.Б.(52) од Скопје, патничко возило „фолксваген тигуан” со скопски регистарски ознаки управувано од Д.В.(44) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки управуван од С.К.(24) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се ...

Соопштение за јавност на Левица: Мицкоски ја прогласи Македонија под ДПМНЕ за прва или втора во регионот по економски раст, без да каже ниту кој е тој ‘регион’, ниту според која споредлива статистичка серија го добил пласманот. Последните официјални податоци за првиот квартал од 2026 година се дека во Западен балкан сме четврти од шест земји, односно, пред нас се Косово, Албанија и Србија. Манипулација е обидот една квартална стапка на ...

Грчката метеоролошка служба денес предупреди дека температурите во некои региони на Грција би можеле да достигнат повеќе од 40 степени Целзиусови овој викенд, откако топлотните бранови доведоа до „услови на топлотен бран“. Според Националната опсерваторија во Атина, се очекува мало понатамошно зголемување на температурите во земјата во текот на викендот. „Топлитен бран ќе преовладува во многу региони до средината на следната недела“, ...

Интегрален текст од прес-конференција на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ: Почитувани, По 5 години и голем број на докази, Абази го заштити Филипче со чување на предметот и доказите во фиоките на обвинителките Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО. Еве зошто Филипче, кој треба да одговара за модуларните болници, Абази директно го заштити. Имено, Артан Етеми, поранешниот економски директор на тетовската болница, кој беше осуден на една и ...

На 21.08.2026 во 15:35 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Д.(20) од с.Долно Оризари, битолско.. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола била пронајдена марихуана. На 21.08.2026 во 15:35 часот во с.Брезница, општина Македонски Брод, полициски службеницни од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Б.М.(46) од с.Брезница. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен ...

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче Денеска сме во посета на тиквешкиот регион, имаме средби со земјоделците, со лозарите кои што сега се наоѓаат среде процес на берба на грозјето и грозјето го спремаат да го продадат. За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Христијан Мицкоски и целата влада, од министерот за земјоделство кон лозарите, поради тоа што ...

Хрватската полиција пријави дека е исчезната Бојана Пешевска, 33-годишна жена која минатата година беше обвинета за фалсификување документи, потврдување лажна содржина и непријавување кривично дело во врска со брутално убиство во Карловац. На страницата Nestali.hr е наведено дека Пешевска исчезнала на 17 август и дека избегала со малолетно дете. Пешевска е родена во 1993 година во Штип, Северна Македонија. Висока е 165 сантиметри, средно ...

Македонската претставничка во теаквондо на Медитеранските игри, Милјана Релиќ победи во првиот денешен натпревар. Во категоријата до 57 килограми Релиќ со 2:0 ја совлада Италијанката Ана Куорво и со тоа обезбеди пласман во четвртфиналето. Таму, таа ќе се сретне со Чаима Тумо од Тунис а мечот е закажан за 15:48 часот. Македонската претставничка во теаквондо на Медитеранските игри, Милјана Релиќ победи во првиот денешен натпревар. Во ...

Министерството за внатрешни работи ја известува јавнота дека во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци. Во однос на прекршоците сторени од возила со странски регистарски ознаки, во периодот од отпочнување на функционирање на системот „Безбеден град“ регистрирани ...

Очигледно, во недостаток на конкретни идеи, предлози и проекти за граѓаните на Центар, ВМРО-ДПМНЕ одлучи и денеска да продолжи со истата манипулација што ја пласираше вчера, регаираат од Општина Центар. „Иако фактите им беа јасно и прецизно соопштени, повторно ја повторуваат лагата дека Општина Центар платила 6,6 милиони денари за изработка на мобилната апликација. Уште еднаш, за да нема простор за намерно извртување на фактите: за ...

Содржината што ја читаме и гледаме онлајн секој ден е сè повеќе обликувана од алгоритми, а сè помалку од луѓе. Новите истражувања покажуваат дека вештачката интелигенција веќе генерира повеќе од половина од новата содржина на глобалната мрежа, дополнително поттикнувајќи ја дебатата за автентичноста на информациите и таканаречената „теорија на мртов интернет“. Според заедничкото истражување на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ) и ...

Поради планирани зафати на дистрибутивната мрежа, жители од неколку скопски приградски населби и села денеска се соочуваат со повеќечасовен прекин на струјата. Од ЕВН Македонија АД соопштија дека струја нема да има во делови од општините Петровец и Гази Баба, при што на одредени локации исклучувањата ќе траат и до седум часа во текот на денот. Најголемиот дел од исклучувањата опфаќаат локации на подрачјето на Петровец. Според ...

Случајот „Мазут“ започна како една од најсериозните приказни за наводен криминал во енергетскиот сектор. Се зборуваше за милионски суми, перење пари, злоупотреби и загадување. Но по спроведената истрага, сликата што останува е значително посложена. Прво, обвинителството ја запре истрагата поради недостаток на докази дека осомничените ги сториле кривичните дела што им биле ставени на товар. Второ, АД ЕСМ не пријавило финансиска штета, ...

Иран денес изјави дека планираната „економска војна“ на Соединетите Американски Држави против Техеран би претставувала кршење на меѓународното право. Банките, компаниите и аеродромите под исклучива јурисдикција на една земја не смеат да ги принудуваат другите земји „да се откажат од легитимна трговија со трета земја“, напиша портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, на платформата X. Американскиот ...

Во текот на изминатата вечер (21/22.08.2026) во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за мотоцикли, мопеди трицикли и четирицикли при што санкционирани се 262 возачи. Од нив за возачи на мопеди и мотоцикли изречени се 102 мерки и тоа 93 санкции ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Додека Христијан Мицкоски секојдневно презентира весела математика дека платите се покачени за 72% а пензиите за 325% просечната нето плата се намали за 1.163 денари. Државниот завод за статистика објави дека за само еден месец просечната плата се намалила за 1.163 денари, односно за 2,3 проценти. За падот на животниот стандард на граѓаните и не им треба статистиката, тие ја гледаат дома, во празните ...

Трагедија ја шокираше Ирска откако пет тинејџери загинаа во судир минатата недела. Тие возеле во погрешна насока, а едно четиричлено семејство исто така беше тешко повредено во несреќата. Во раните утрински часови на 16 август, група млади мажи провалија во домови и автомобили во округот Килдер, југозападно од Даблин. Полицијата верува дека станува збор за маскирани патници во БМВ и дека се обидувале да предизвикаат полициска потера. ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: За пожарот кој се случи во модуларната болница во Тетово на 8 септрмври, на 10 септември 2021 година беше оформен предмет, кој потоа со години стоеше во фиока. Предметот за 19-те модуларни болници, кои беа поставени за време на ковид кризата, и каде во модуларната болница во Тетово животите ги изгубија 14 лица, а за време на Венко Филипче како министер за здравство, беше во фиоките на Вилма Русковска и ...

Соопштение за јавност на ВЛЕН: Почетокот на учебната година е период исполнет со радост за секое дете, но и со дополнителни трошоци за секое семејство. Со цел да им се олесни финансискиот товар на родителите, ВЛЕН, преку министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, предложи повторно воведување на мерката „училишна кошничка”, со попусти до 15 проценти за училишниот прибор. Во „училишната кошничка” ќе бидат опфатени ранци, тетратки, ...

Поранешниот српски фудбалер Урош Милошевиќ бил запрен на автопатот А6 во близина на Естремоз, во регионот Алентежу, во јужна Португалија, по што му е одредена мерка притвор, објави „Резидент“ . Во комбето што го возел, полицијата пронашла повеќе од 1,5 тони кокаин и две парчиња воено оружје со муниција. Вредноста на запленетиот кокаин беше проценета на повеќе од 70 милиони евра, додека пронајденото оружје беше наполнето и подготвено за ...

Христијан Мицкоски ја изолира Македонија од Европа, а кога системот се распаѓа и нема резултати, власта ги буди духовите од минатото, меѓунационалната омраза и тензиите, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „Тема на денот” на Сител телевизија. „Христијан Мицкоски изгради ѕид околу Македонија и сега тој се претставува како главниот заштитник во рамките на таа тврдина, на јазикот, идентитетот и така натаму. А времето ...

Синоќа, во шума во близина на Струга, во областа на Националниот парк Пакленица, беа пронајдени остатоци од мал авион што исчезна над Велебит попладнето. Пронајдени беа и телата на две лица.За потсетување, околу 16:14 часот беше изгубен сигналот на ултралесен авион со регистрациски број D-KWZE, кој леташе од Чешка до Задар. Сигналот на авионот бил изгубен околу 17 наутички милји североисточно од Задар. „Остатоци од леталото беа пронајдени ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Калај

46.54

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32