Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
АМСМ инфпрмира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини ГП Табановце за влез и излез од државата и на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...
Пожарот што го зафати подрачјето на селото Церово во Општина Желино е под засилен надзор, а противпожарните екипи се со максимален ангажман на терен во обид огнот што побрзо да биде локализиран и да се спречи неговото натамошно ширење. Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со командантот на Територијалната противпожарна единица Тетово, Авни Ахмети, се на терен, од каде непосредно ја следат состојбата и ...
Пожарот што го зафати подрачјето на селото Церово во Општина Желино е под засилен надзор, а противпожарните екипи се со максимален ангажман на терен во обид огнот што побрзо да биде локализиран и да се спречи неговото натамошно ширење. Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со командантот на Територијалната противпожарна единица Тетово, Авни Ахмети, се на терен, од каде непосредно ја следат состојбата и ...
Холандски државјанин бил лишен од слобода денеска на Граничниот премин „Табановце“, откако при полициска проверка било утврдено дека системот „Safe City“ го евидентирал како сторител на кривично дело поради безобѕирно управување со моторно возило. Според информациите од полицијата, околу 13:15 часот, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле контрола на автомобил „порше“ со холандски национални ознаки, управуван од ...
По неколкудневна забрана, жителите на Демир Капија повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Јавното комунално претпријатие „Бошава“ попладнево информираше дека најновата лабораториска анализа покажала дека водата е здравствено исправна и безбедна за употреба. Врз основа на добиените резултати, надлежниот инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство ја укинал претходно изречената забрана ...
САД продолжуваат да го зајакнуваат сопствениот синџир на снабдување со критични минерали. Американското Министерство за енергетика додели 500 милиони долари за седум проекти поврзани со ископ, преработка, производство на батерии и рециклирање. Меѓу избраните компании е Nth Cycle, која доби американска поддршка за изградба на капацитет за преработка на „црна маса“ – метален отпад од батерии од кој повторно можат да се добијат критични ...
Пожар избувна во реонот на селото Никуштак, каде противпожарни екипи и припадници на Национални шуми се ангажирани во обид огнот да биде ставен под контрола и да се спречи неговото понатамошно ширење. Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, е на терен и директно ја следи состојбата и координацијата на активностите за справување со пожарот. Според информациите од ЦУК, во интервенцијата се вклучени екипи на ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал сообраќајна незгода, додека еден возач управувал возило и покрја тоа што имал активна ...
Несекојдневна глетка е забележана денеска во скопската општина Аеродром. Змија се појавила на коловозот во непосредна близина на кулите „Џевахир“, додека во тој момент по улицата се движеле повеќе возила. Bu gönderiyi Instagram'da gör 24 info (@24info.mk)'in paylaştığı bir gönderi На снимката може да се забележи како змијата го преминува коловозот додека автомобилите минуваат во нејзина близина. Појавата предизвикала внимание кај ...
Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Одговорноста е вредност што секој ја очекува од другите, а најтешко ја бара од себе. Таа е клучот за тоа дали нашето општество функционира или се распаѓа одвнатре. Во оваа колумна ќе се обидеме да го разбереме значењето на одговорноста, зошто ја губиме и што можеме да добиеме ако ја вратиме како суштинска вредност во секој аспект од животот. Во општество каде што ретко се бара ...
Просечната плата за месец јуни изнесува 48.381 денар, соопшти Државниот завид за статистика. Тоа е за 1.163 денари помалку од мајската плата од 49.544 денари Иако на годишно ниво платите пораснале за 6,4 проценти, падот од еден месец во друг е бројка што граѓаните најдиректно ја чувствуваат во домашниот буџет. Зголемување на платите има во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6 проценти, Земјоделство, шумарство и ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(61) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување”. Додека жртвата била на работно место во продажен објект, пријавениот повеќе од еден месец секој ден кога била сама влегувал внатре и ѝ зборувал недолични работи. СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(61) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Пет години се чуваше по фиока и фаќаше пајажина предметот, како и доказите за модуларната болница, во која изгореа 14 наши сограѓани, а директниот виновник Венко Филипче не беше повикан ниту на разговор. Толку треба да знаете за нашиот правосуден систем, кој е ставен директно во одбрана на неговите наредбодавци, односно СДС и ДУИ. Предмет во кој живи горат 14 лица, да заврши без истрага е скандал од невидени ...
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф.И.(68) од селото Долгаш, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни”. На 29.05.2026 во 18.30 часот, тој со ловечка пушка пукал кон група од повеќе кучиња скитници во селото, при што усмртил едно од нив. ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф.И.(68) од селото Долгаш, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено ...
Соопштение на ВЛЕН: Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски. Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен” е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од ...
Со свечена седница, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска одбележа 80 години од своето формирање, истакнувајќи го јубилејот како значаен момент во историјата на македонското синдикално движење. Како најсилен, најброен и најрепрезентативен синдикат во државата, бeше посочено, ССМ осум децении наназад ги застапува правата и интересите на работниците, учествувајќи во креирањето на работничките политики и во унапредувањето на ...
Вкупно десет пожари се регистрирани на отворен простор до 13 часот, од кои шест се активни, еден е под контрола и три се изгаснати. Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека активни во моменов се пожарите во општина Прилеп – во атарот на село Чаниште, на кракот кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и на кракот кон Црна Река, каде што гори ниска вегетација; во општина Студеничани – на потегот село Моране – село Вртекица – ...
Соопштение на Левица: Советничката на Левица во Советот на Град Скопје, Дарја Мустафаоглу, на денешната прес-конференција отвори повеќе прашања за начинот на кој Град Скопје ја спроведува превенцијата од комарци и западнонилска треска, посочувајќи дека јавно достапната документација остава сериозни празнини околу навременоста, контролата и ефикасноста на мерките. Мустафаоглу ја оспори тезата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дека ...
Центарот за јавно здравје Тетово денеска одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар, истакна на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Според нивните епидемиолошки податоци, посочи министерот, нема веќе случаи на ентероколитис или стомачни проблеми поврзани со водата за пиење. Вчера заврши и триесетдневната кризна состојба во Гостивар што беше прогласена од страна на Владата на 20 јули, поради загадување ...
На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука со којашто ќе се формира овогодинешната училишна кошничка, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања. -На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука за формирање училишната кошничка. И мислам дека во рамките на можностите сето тоа ќе биде атрактивно за родителите и за учениците. Така што во вторник имаме редовна владина седницва и тоа ...
Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче Вчера обвинителството донесе одлука дека го затвора предметот за набавката на модуларните болници. На почеток сакам да кажам, дека страшно жалам за загубените животи, за луѓето кои таму загинаа и сочувствувам со семејствата. И тоа така ќе биде секогаш. Јасно кажа, обвинителството нема злоупотреба на службената должност, нема штета на буџетот и тоа го отсликува целокупното мое ...
Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ги отвори трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на „Скопје 2028“. Повиците се за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои ќе учествуваат во оценувањето на проектните предлози, а ...
Соопштение на ВЛЕН: Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по поразот на локалните избори никој кај нив не понесе политичка одговорност. Али Ахмети продолжи да продава магла со старата финта за повлекување, Бујар Османи го изгуби Чаир и остана потпретседател и главен играч за тронот на ДУИ, Бајрам Реџепи го изгуби Тетово и остана во партиското претседателство, а Фатон Ахмети за изборниот пораз беше награден ...
Израелски воени авиони ноќеска извршиле напади врз градот Мансури во јужен Либан, објави либанската Национална новинска агенција. Според извештаите, силни експлозии одекнувале и во околните села и градови. Израелските сили извршиле напади и во населените места Хадата и Тири, во областа Бинт Џбејл. Дополнително, биле пријавени израелски воздушни активности и напади во поширокиот регион на јужен Либан. Нападите се случуваат во период на ...
Македонската економија, според податоците и споредбата што ја презентира премиерот Христијан Мицкоски, во изминатите две години бележи значително подобра динамика во однос на шестгодишниот период на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Клучниот податок е дека за трипати пократок период БДП е зголемен за 120 милиони евра повеќе. Овој податок, доколку се гледа низ призмата на времето потребно за создавање економски раст, укажува на забрзување ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Н. Е. Мартин Памер, на која беа разгледани можностите за натамошно унапредување на односите и партнерството меѓу двете земји во областа на правосудството. Соработката со Австрија не треба да се гледа само како билатерална правна помош, туку како партнерство за модернизација на правосудниот систем, јакнење на институциите и забрзување на нашата ...
Утре во земјава ќе се задржи многу топло време, со дневни температури кои на места се очекува да надминат 40 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Утре во ...
Имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините – информира денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Прилеп. Мицкоски посочи дека во Прилеп за капитални проекти се инвестираат 12 милиони евра, потенцирајќи дека посакува нивната реалзирација да биде во зададените рокови. – Од градоначалникот бев информиран дека повеќе од 12 милиони евра ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал предводено од Ислам Абази да ја запре постапката околу изградбата и поставувањето на модуларните болници без притоа да има кривично гонење на ниту едно правно или физичко лице, истакна: „Треба јавноста да знае дека ова е процес којшто трае веќе 5 години. Процес којшто ...
Војниците од 9. баталјон на инженерската бригада во базата Форт Стјуарт од американската армија во Џорџија ќе добијат четиридневно отсуство и можност за играње на долгоочекуваната игра „ГТА 6“ доколку го продолжат воениот рок од 1 август до 14 ноември. Со договорот тие се обврзуваат да служат уште најмалку две години во армијата. – Според потпишаниот меморандум четиридневното отсуство ќе започне во согласност со официјалниот датум на ...