Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Германски свештеник објави дека, по 37 години, се повлекува од службата во својата парохија, притоа откривајќи претходно тајна романтична врска со жена. „Причината е што ќе се женам“, изјави Андреас Унфрид на интернет-страницата на парохијата Света Урсула што се наоѓа во областа Таунус, близу Франкфурт, западна Германија. Тој го информирал бискупот Георг Бацинг од Лимбург за својата одлука – да се ожени со својата „голема љубов“ и да се ...
Дури и кратките прошетки од неколку минути, кога стануваат дел од секојдневниот живот, можат да придонесат за подобра физичка подготвеност, повеќе енергија и подобар квалитет на живот. Прошетката и пред и по оброците може да биде корисна за здравјето, но изборот зависи од целта. Додека одењето пред оброк може да биде посоодветно за оние кои сакаат да го зголемат трошењето на енергија, кратката прошетка по оброкот може да помогне во ...
Македонија сака да биде дел од Европската Унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократите од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто што го направивме, но, за жал, тие нè предадоа и нè излажаа – истакнува премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News). Мицкоски членството во ЕУ го опиша како втора клучна цел по стратешкото партнерство со САД. – Да се биде дел од ЕУ е ...
Соопштение на ВЛЕН: Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН, а зајакнувањето и модернизацијата на здравствените установи продолжува со конкретни чекори. Во оваа насока, под раководство на кадрите на ВЛЕН, Клиничката болница во Тетово се зајакнува со 145 нови вработени – 107 медицински кадри, 28 специјализанти и 10 технички работници. Според директорот на болницата, Ерзен Елези, ова е најголемиот број вработувања реализирани досега ...
Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка. Целта на оваа иницијатива е ...
Американската компанија „ОпенАИ“ (OpenAI) блокираше група акаунти на својата платформа за генеративна вештачка интелигенција „ЧетЏПТ“ (ChatGPT) со потекло од Русија, кои биле користени за поддршка на тајна онлајн кампања за ширење дезинформации. Американскиот развивач го открил случајот по истрагата на објави на социјалните мрежи генерирани со помош на вештачка интелигенција, што ја довела компанијата до „многу поголема операција за ...
До 18:00 часот вечерва регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а 14 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни пожари – 8: Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума; Општина Гостивар – с. Трново, со ширење кон с. Битово и с. Заград, ниска ...
Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли на целата територија на државата, насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При спроведените контроли, констатирани се вкупно 6.932 прекршоци сторени од возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и ...
Москва и Ватикан успеаја да го зачуваат дијалогот заснован на заемна доверба и покрај меѓународната нестабилност – изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на почетокот на средбата со секретарот за односи со државите на Светата Столица, Пол Ричард Галагер. – И покрај сите потреси на нашата планета, успеваме да одржуваме доверлив дијалог со Ватиканот, заснован на заемна почит, кој, се надевам, ни овозможува да бараме ...
Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос, го презентираше предлогот на Европската комисија за сеопфатна реформа на процесот на пристапување. Планот предвидува постепена интеграција, построги проверки на земјите-кандидатки и нова методологија за фазата што Кос ја опиша како нов Хелсиншки момент за Унијата, пишува Euronews. „Светот се промени, а проширувањето мора да се промени со него“, рече комесарката Кос на Конференцијата на амбасадори ...
Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци – соопшти попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук. – Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување – информираше градоначалникот. Тој истакна дека ...
Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше успешен старт на Медитеранските игри во Таранто, совладувајќи го Албанецот Ариол Зенели во денешната четвртфинална борба во категоријата до 60 килограми. Рустемовски беше супериорен во рингот и обезбеди пласман во полуфиналето со технички нокаут во третата рунда. Противник на македонскиот боксер во полуфиналната борба за медал ќе биде Шпанецот Марин Ернандез. Полуфиналната борба е закажана за ...
Кремљ ја доведе во прашање можноста за реализација на американската идеја за создавање слободна економска зона во Донбас, оценувајќи дека тоа би било тешко остварливо бидејќи територијата официјално е дел од Русија и затоа е речиси невозможно со неа да управува трета страна. Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Украина гледа можност за американско посредување за ставање крај на војната со Русија до крајот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски утре, 26 август, ќе присуствува на свеченото поставување камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Како што информираат од владината прес-служба, настанот е закажан за 11 часот, а предвидено е свое обраќање да има и претседателот на Владата. Со поставувањето на камен-темелникот официјално ќе биде означен почетокот на новата фаза од градежните активности на автопатската делница Скопје-Блаце. Станува ...
Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, на целата територија на државата, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциски контроли насочени кон возачите на лесни електрични возила, односно електрични тротинети. При спроведените контроли, констатирани се вкупно 965 прекршоци сторени од возачи на електрични тротинети. Најголем број, односно 519 прекршоци, се однесуваат на непрописно движење, ...
Летните горештини засега немаат намера да ја напуштат земјава. Високите температури ќе продолжат и во последната недела од август, а според актуелните долгорочни прогнози, невообичаено топлото време би можело да продолжи и во првите денови од септември. Во следните денови се очекуваат максимални дневни температури кои на одредени места ќе се движат меѓу 36 и 39 Целзиусови степени. Особено топло се прогнозира околу 28 август, кога ...
Новиот јавен портал е‑наука е единствена национална електронска база на податоци за сите истражувачи кои вршат научно‑истражувачка работа. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на денешната промоција рече дека порталот e-nauka.mon.gov.mk ги покажува истражувачите, научно-истражувачките организации, како и статистиките и индикаторите за истражувачите. Тој е поврзан и со глобалните бази на истражувачки резултати Web of ...
На 26.08.2026 (среда) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, г-дин Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. На ...
Петгодишно девојче почина од повредите здобиени во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи во Краљево, Србија, кога автомобил излетал од коловозот и удрил во пешаци. Несреќата се случила околу 19 часот на улицата „Четврти краљевачки баталјон“, а моментот на ударот бил регистриран од безбедносни камери. Според снимките, автомобилот во еден момент се движел меѓу две сообраќајни ленти. Кога од спротивната насока наишло друго возило, ...
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во вториот квартал годинава во однос на претходниот квартал се зголемени за 3.1 проценти, трошоците за материјали за 2.8 проценти, a трошоците за вработените за 3.8 проценти, – објави денеска Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од 2026 година, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално ...
Опасен тренд на социјалните мрежи предизвикува загриженост откако на Инстаграм се појавија видеоснимки на кои се гледаат малолетници како влегуваат во туѓи и необезбедени објекти, кршат катанци и се искачуваат на згради и други високи и ризични места. По пријава од редакцијата на 4news.mk, Министерството за внатрешни работи потврдило дека Секторот за компјутерски криминал ќе започне постапка за откривање на лицата поврзани со објавените ...
Тимот градежни вештаци, предводен од судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, кој во време на изработка на градежното вештачење бил декан на Градежниот факултет, повеќе од четири часа одговараше на вкрстени прашања на одбраната, на обвинетите Гроздан Милковски – сопственик на објектот и општинските градежни инспектори Огњен Георгиев и Николчо Коцев, на денешното рочиште во судницата во Идризово при ...
Соопштение на ДОМ: ДОМ ја поздравува одлуката на Советот на Општина Пехчево едногласно да ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар. Ова е важен чекор, но тука не завршува приказната. Ќе продолжиме внимателно да ги следиме сите постапки за изградба на дата-центри, како и да реагираме секогаш кога ќе има обиди вакви проекти да се туркаат без доволно информации, без јавноста да биде навремено информирана и без јасни анализи за ...
Владата на денешната седница донесе одлука со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година. „ Трговците на големо се задолжуваат цените на училишниот прибор да ги намалат за најмалку 10%, додека пак трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување од најмалку 15%. Мерката опфаќа широк спектар на производи кои се ...
Пишува: проф д-р Иван Анастасовски: Денес ударно беше најавена изјавата на премиерот Мицковски за силната поддршка за претсeдателот Трамп, но понекогаш во политиката не е најважно кого поддржувате, туку што добивате од таа поддршка. По повод изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Македонија силно го поддржува претседателот Доналд Трамп и политиките на неговата администрација отвора многу пошироко прашање од класичната партиска ...
Торнадо доцна синоќа помина низ департманот Од на југот на Франција, при што беа повредени 15 луѓе и беа оштетени повеќе од 300 куќи, соопштија локалните власти. Снимки објавени на социјалните мрежи прикажуваат торнадо над селото Верзеј во Од доцна синоќа. На многу куќи кои се најдоа на неговиот пат, силните ветрови им ги искршија прозорците, пренесоа светските агенции. Торнадото настана кога интензивниот летен топлотен бран неделава го ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска во Струмица разговараше со производителите на ајварска пиперка за текот на откупот и за забелешките што ги имаат во однос на пласманот на произведените количини. На средбата беа разгледани состојбите на откупните пунктови, примената на договорените цени и почитувањето на утврдената класификација. „Овде луѓето реално се загрижени за пласманот на своите ...
На 24.08.2026 во 12:33 часот во ОВР Пробиштип било пријавено дека настанал пожар во с.Гујновци, пробиштипско. Од пожарот била зафтена и изгорена една куќа и помошна просторија кај с.Гујновци, сопственост на З.С. од Штип. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Пробиштип. Увид бил извршен. На 24.08.2026 во 12:33 часот во ОВР Пробиштип било пријавено дека настанал пожар во с.Гујновци, ...
На 24.08.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, Е.З.(30) од Скопје пријавила дека на 22.08.2026 околу 18:15 часот, додека таа и нејзините деца биле во лифт од станбена зграда на подрачјето на Радишани, вратата од лифтот ненадејно се отворила и затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и се се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски” Скопје. Се преземаат мерки за ...
Министерката обелодени дека во учебната 2026/2027 се запишани околу 14.500 првачиња, но тоа не е дефинитивниот број затоа што до крајот на септември трае запишувањето на првачиња кои задоцниле на рокот за упис. Сепак, останува сомнежот дека нема токму во септември да се запишат уште околу 5.000 првачиња. Тоа се генерацијата деца, родени во 2020 година, а според Статистика во 2020 година, во Македонија се родиле 19.031 дете. Во врска со ...