Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Томас Маркл постариот, 82-годишниот татко на Меган Маркл, војвотката од Сасекс и сопруга на британскиот принц Хари, е приведен во американската сојузна држава Флорида под сомнение за поседување материјали што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца, објавија американските и британските медиуми. Според информациите што ги објави „Дејли мејл“, повикувајќи се на извор запознаен со случајот, агенти на Федералното истражно биро (ФБИ) го ...
Со две фестивалски вечери, 27 нови композиции и средба на повеќе генерации македонски музичари, Штип го заокружи 41. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Овогодишната програма донесе спој на нови авторски остварувања, добро познати естрадни имиња и песни што потсетуваат на богатото музичко наследство на фестивалот, кој повеќе од четири децении е еден од најзначајните настани во македонската забавна музика. Финалната вечер ...
Камениот мост во Скопје од вечерва има ново декоративно и архитектонско осветлување. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на Фејсбук објави дека осветлувањето го пуштил во употреба заедно со Мехмет Тевфик Гоксу, градоначалник на турската општина Есенлер. Со новото осветлување се истакнати камените сводови на мостот над Вардар. Ѓорѓиевски рече дека обновувањето на едно од најпрепознатливите обележја на Скопје е дел од грижата ...
Денеска ќе се одржи првото издание на CENTAR NIGHT RUN – нов урбан спортски настан кој за првпат ги поврзува најпрепознатливите улици и простори на Општина Центар во едно уникатно тркачко доживување. Со две дистанци – 5 километри и полумаратон од 21 километар, трката ќе ги собере тркачите и љубителите на спортот во Дебар Маало и низ улиците на Центар. Пријавени се учесници од Скопје, Тетово, Пробиштип, Куманово, Кочани, Прилеп, Штип, ...
Иницијативата „Заедно знаеме повеќе“ во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со киното Синеплекс, обединува бесплатни едукативни, информативни и инспиративни предавања во рамките на „Платформата за нови сознанија“ и интерактивни работилници за деца „Клуб на истражувачи“, создавајќи простор за учење, истражување, креативност и споделување знаења. Преку програмата „Заедно знаеме повеќе“, се отвора простор за предавања и разговори ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска предупреди дека Европа ризикува да го изгуби своето значење во евентуалните мировни преговори за Украина доколку не ги прекине конкурентските дипломатски иницијативи и не се договори за единствен претставник овластен да зборува во нејзино име. Во писмо до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Мелони наведе дека предлагањето различни преговарачки формати ја прави Европа помалку ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе одлучи дали да продолжи со воените напади врз Иран. По состанокот со советниците за национална безбедност, тој рече дека САД ги постигнале своите цели, но не исклучи нови напади за да се спречи обновувањето на нуклеарната програма на Иран. САД и Израел започнаа војна против Иран во февруари оваа година, наведувајќи го спречувањето на Иран да развие нуклеарно оружје како една од ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека растечкото политичко влијание на милијардерот Илон Маск претставува опасност за помалите земји. Во исто време, тој изрази надеж дека победата на демократите на изборите за Конгресот во САД ќе донесе поголема воена помош за Украина и ќе го принуди рускиот претседател Владимир Путин да преговара. Во интервју со германскиот сатиричар Јан Бемерман за емисијата „Магазин Ројал“ на ZDF, ...
Во автобуска несреќа што се случи утрово во источна Франција, во близина на границата со Швајцарија, загинаа неколку лица, потврдија локалните власти, објави Ројтерс . Засега нема согласност за каков вид автобус станува збор. Министерот за образование Едуар Жефри рече дека станува збор за училишен автобус. Од друга страна, префектот на тој административен регион тврди дека во несреќата учествувал меѓуградски автобус. Телевизијата BFM ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе во прашање фер изборите откако демократите освоија мнозинство во двата дома на Конгресот на среднорочните избори. Вчера, тој тврдеше дека американските избори биле наместени и побара гласовите на двајцата кандидати во Алјаска да му се припишат на републиканскиот сенатор кој се обидува да го задржи својот мандат. „Немате поим колку се наместени нашите избори“, им рече Трамп на ...
Нова серија закани за поставени експлозивни направи предизвика засилени безбедносни мерки на меѓународниот аеродром „Вацлав Хавел“ во Прага, каде што чешката полиција изврши детални проверки на девет авиони што требало да слетаат или да полетаат од чешката престолнина. На терен биле ангажирани специјализирани пиротехнички екипи и полициски службеници со кучиња обучени за откривање експлозиви, а безбедносните служби во координација со ...
Соединетите Американски Држави нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма, според веб-страница на американската влада. „Награди за правда (Rewards for Justice) нуди награда до 20 милиони долари и можно преселување за информации за иранската нуклеарна програма, вклучително и за нејзините објекти, опрема и поврзаниот персонал, како што се оние во научната заедница, или за движењето на кое било од ...
Американската Тајна служба уапси маж во близина на Белата куќа откако во неговиот автомобил пронајде повеќе парчиња огнено оружје, вклучувајќи и една пушка, соопшти Министерството за татковинска безбедност. Мажот им рекол на полицајците дека гласови во неговата глава му дале инструкција да отпатува за Вашингтон и да го убие претседателот Доналд Трамп, според соопштението на министерството. Осомничениот е од Венецуела и илегално престојува ...
Полските разузнавачки служби приведоа неколку лица кои се осомничени за набавка на компоненти за оружје за Русија, соопштија денеска локалните власти. Меѓу осомничените агенти се 37-годишна Русинка и петмина полски државјани на возраст од 25 до 52 години, напиша на X Томаш Сјемонијак, министер одговорен за координација на разузнавачките служби во земјата. Според новинскиот портал Онет, тие биле уапсени од страна на агенцијата за внатрешно ...
Француските синдикати, младинските организации и движењето „Жолти елеци“ денеска повторно се мобилизираат за масовни демонстрации ширум земјата, што е четврти последователен викенд на протести во Франција. Претходно во текот на неделата имаше блокади и протестни акции, како и штрајк на национално ниво во четвртокот, во кој учествуваа повеќе од половина милион луѓе, според Министерството за внатрешни работи. Синдикалната федерација ЦГТ ја ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и НАСА вчера најавија планови за нова конференција на вселенската и авиоиндустријата во Соединетите Американски Држави со намера да ги надминат големите воздушни саеми во другите земји ширум светот. Настанот наречен „КејпВик“ (CapeWeek) се очекува да се одржи во Вселенскиот центар „Кенеди“ во Флорида, а да почне за две години, изјави Трамп во својот говор. Лансирањето на „КејпВик“ е најавено како ...
Во видео обраќање, лидерот на српската опозиција Александар Вучиќ откри дека до него стигнале информации дека одредени бизнисмени се рекетирани или се под закана на белградски криминални кланови. „Драги граѓани, во Србија буквално владее терор, а за оние кои не знаат, во тек е едно од најодвратните дејствија што некогаш се случиле во Србија од 1945 година. Имено, криминалниот клан Врачар , еден од овие црногорски криминални кланови, ...
Необична објава на министерката за образование и наука на Федерацијата Босна и Херцеговина, Јасна Дураковиќ, предизвика бројни реакции и критики на социјалните мрежи, откако таа преку видео на ТикТок соопшти дека планира да ги намали своите активности до средината на ноември поради ретроградниот Меркур. Дураковиќ во видеото објаснува дека, според нејзиното толкување на астролошките појави, ретроградниот Меркур започнал на 30 октомври и ќе ...
Авионот што вечерва требало да слета во Москва го сменил курсот и се враќа во Белград, објави српскиот портал „Нова.рс“. Според порталот, се претпоставува дека меѓу патниците се Александар Вулин, Душан Бајатовиќ и Ненад Поповиќ. Црногорскиот портал ЕТВ претходно објави дека Вулин и Поповиќ резервирале билети за летот JU134, чие полетување од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ било планирано за 18:25 часот. Бајатовиќ се споменува во ...
Гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, добила предупредување дека од Алта банка се префрлаат пари во странство и дека е потребен итен надзор, објави хрватскиот портал „индекс.хр“. Според порталот, предупредувањето стигнало неколку дена пред српската централна банка да ѝ ја одземе дозволата за работа на Алта банка АД Белград. По апсењето на сопственикот на банката, Давор Мацура, соговорниците на „Нова.рс“ бараат ...
Српските власти вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи. Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека група криминалци провалиле во хотелот „Хајат“ во Белград пред две ноќи и ги малтретирале гостите таму. Тој ги обвини полицијата и обвинителството дека не реагирале на вакви инциденти, и покрај неговите претходни јавни предупредувања. Во видеото, тој тврди дека граѓаните добиваат директни закани и барања за изнуда, додека надлежните државни институции не преземаат ништо за да ги заштитат. ...
Во пратка од Тајланд, декларирана како облека, на аеродромот „Елефтериос Венизелос“ во Атина биле откриени и запленети 207 килограми и 466 грама суров канабис, во вредност од околу 1 милион евра, што пристигнале во август годинава. Според грчката полиција, Дирекцијата за борба против дрога во соработка со Одделението за сузбивање на шверц при царинската управа на аеродромот, спречиле обид за влез на дрогата во Грција, по добиените ...
Турската полиција трага по маж кој денеска уби осум луѓе во три села во западниот дел од земјата. Според турските медиуми полицијата трага по маж кој возел црвен автомобил, кој бил забележан како бега од местото на инцидентот. – Осум наши граѓани ги загубија животите, а друг е сериозно повреден во вооружен напад во нашата покраина, соопшти канцеларијата на гувернерот на Афјонкарахисар. Прво биле пронајдени две жени со прострелни рани на ...
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности и спроведувањето на предвидените реформи. -Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи – напиша Мицкоски на Фејсбук. Тој посочи дека посветеноста на реформскиот процес ...
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица против Ѓ.Н. (37) од Радовиш, поради основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување лица под меѓународна заштита“ по член 420 став 4 од Кривичниот законик. На 04.11.2026 година, пријавениот телефонски се јавил во амбасада на странска држава во земјава и на странски јазик упатил сериозни закани кон вработените, загрозувајќи ја нивната сигурност. Настанот бил ...
Непријателот нема да може да го спречи Иран да произведува и модернизира оружје ниту за момент, изјави денеска портпаролот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), бригадниот генерал Хосеин Мохеби, и најави дека, доколку дојде до трет бран судири со непријателот, ќе откријат „достигнувања кои ќе го изненадат светот“ – ново оружје на иранските Воздухопловни сили. – Постои и оружје кое ќе биде откриено и оперативно во случај на трет бран ...
Општина Аеродром во текот на септември и октомври отстрани и дистрибуираше до депонијата „Дрисла“ 400 тони мешан отпад. Екипите на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром секојдневно се на терен, отстранувајќи кабаст отпад, градежен шут и отпад од дивите депонии и јавните површини. На располагање на граѓаните е услугата на Јaвното претпријатие на Општина Аеродром, за подигање отпад директно од нивните домови и негов правилен и ...
Американскиот медиумски гигант „Нетфликс“ во рок од две години, до 2028 година, ќе инвестира 10 милијарди турски лири (околу 199,8 милиони долари) во продукција на турски филмови и серии, изјави потпретседателот на компанијата за содржини во Шпанија, Португалија, Турција и Блискиот Исток, Диего Авалос. Според него, инвестицијата ќе биде наменета за финансирање нови серии и филмови што ќе се снимаат во различни градови низ Турција, со што ...
Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишиле од слобода 17 лица додека со едно лице е извршен службен разговор, поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Десет лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Е.С.(34), Р.Ш.(18), Б.К.(19), кој управувал мотоцикл, Б.А.(49) и П.И.(29), сите од Скопје, А.А.(37) ...