Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло, откако беше подобар од Бразилецот Жоао Фонсека со 2-1 во сетови (7-5, 6-7/3 и 6-3). Зверев славеше победа во дуел кој беше прилично неизвесен и траеше нешто повеќе од два часа. Германецот го освои првиот сет, но Фонсека возврати во вториот, во кој видовме дури четири брејкови. Одлучувачкиот сет му припадна на Зверев, кој го заокружи триумфот со ...
Вториот светски рекет, Јаник Синер, обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло, откако со 2-0 по сетови (6-3, 6-4) го совлада Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим. Синер одново покажа моќ и одлична форма, не дозволи изненадување и ја заврши работата за еден час и 33 минути. Оже-Алијасим се бореше во вториот сет, но пресуден беше брејкот во седмиот гем. Во полуфиналето, Синер ќе се сретне со Германецот Александар Зверев, кој ...
Петокот на Мастерсот во Монте Карло донесе потврда на доминацијата на најдобриот тенисер во овој момент, но и голема драма во која искуството пресуди над младоста. Јаник Синер и Александер Зверев ги оправдаа улогите на фаворити и закажаа меѓусебна пресметка во полуфиналето, која за многумина е „финале пред финалето“. Синер се врати во ритам: Оже-Алијасим без решение за Италијанецот По вчерашниот тежок меч против Махач каде се соочи со ...
Светскиот рекет број еден, Карлос Алкараз, доминантно се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло. Актуелниот шампион го победи Казахстанецот Александер Бублик, кој е рангиран на 11-то место на АТП листата, со 2-0 во четвртфиналето. По сетови беше 6-3 и 6-0, а Шпанецот го доби мечот по еден час и три минути игра. Шпанецот ќе се бори за место во финалето со подобриот од дуелот помеѓу Австралиецот Алекс Де Минор и Валентин Вашерот ...
Вториот светски рекет, Јаник Синер дојде до билет за финалето на АТП Мастерсот од серијата 1000 во Монте Карло и тоа откако попладнево ја оправда улогата на фаворит против Александер Зверев. Зверев веќе му станува „пациент“ на Италијанецот и доказ за тоа е што Германецот го доживеа осмиот пораз во низа во меѓусебните пресметки. Make it EIGHT in a row 🦾 Sinner extends his extraordinary run vs Zverev to reach the Monte-Carlo ...

