Во 9-то коло од плејофот ГРК Охрид во среда, 20 мај, ја пречекува екипата на Еурофарм Пелистер. Не чека вистинско дерби, борба за второто место во Супер лигата. Играме на домашен терен и ќе се бориме до крај со цел да покажеме дека сме тим што никогаш не се предава. Очекувам жестока битка. Подготвени сме да го дадеме нашиот максимум, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Ален Ќосевски. Натпреварот се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток ...

Ракометарот на ГРК Охрид, Ален Ќосевски, со голема доза оптимизам и мотив го најави дерби натпреварот против Еурофарм Пелистер во рамки на плеј-офот во македонската Суперлига. Десното крило потенцира дека тимот е свесен за значењето на натпреварот, особено ако се земе предвид дека во игра е второто место на табелата. „Нè чека вистинско дерби, борба за второто место во Суперлигата. Играме на домашен терен и ќе се бориме до крај со цел да ...

Во рамки на деветтото коло од плеј-офот во македонската Супер Лига, ракометарите на ГРК Охрид ги очекува големо дерби против РК Еурофарм Пелистер во битката за второто место на табелата. За охриѓани овој натпревар доаѓа во важен момент, непосредно пред првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп, па избраниците на Ројевиќ, ќе сакаат со позитивен резултат и добра атмосфера да влезат во европскиот предизвик. Во таборот на Охрид владее голема ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја добија директната битка за второто место со Охрид со сигурна победа од 22-25 (10-16). Натпреварот од деветтото коло на плеј-офот во Суперлигата кој се одигра во „Билјанини извори“ во целост му припадна на гостинскиот тим. Битолчани се наметнаа рано и заслужено го победија домаќинот. Комплетниот натпревар меѓу ГРК Охрид и Еурофарм Пелистер: Стартот беше израмнет, се тргна со по два гола на двете страни, а ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа со 25-22 на гостувањето кај Охрид и на едно коло пред крајот на Супер лигата се вратија на втората позиција на табелата. Битолчани имаа контрола над резултатот во текот на целиот меч, а најзаслужен за победата беше голманот Никола Митревски со 16 одбрани. Еурофарм Пелистер и Охрид сега имаат по 50 бода во пресрет на последното коло, но битолчани се во предност, па со победа над Алкалоид во последното ...