Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Откако купи стан вреден речиси еден милион евра во Белград на вода, Милош Поповиќ, шефот на кабинетот на претседателката на српското собрание во заминување, Ана Брнабиќ, купил и стан во луксузната населба Луштице Беј во Тиват, дознава „Радар“. Неговата сопруга Марина Поповиќ формално е наведена како сопственик на тој имот, а парите пристигнале од Дубаи. Официјалните податоци од Катастарот на недвижности покажуваат дека станот од 98 квадратни ...
Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на директорот на Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ), Југослав Н. (71), осомничен дека заедно со Олга Н. (71) и Ѓорѓе Н. (45) од ноември 2019 година до ноември 2024 година во Белград, Чачак, Ужице, Бајина Башта и Црна Гора извршиле пренос и конверзија на имот од најмалку 650.000 евра, со знаење дека истиот потекнува од криминална дејност, а со намера да го прикријат неговото ...
Црна Гора утре, на Меѓувладината конференција со Европската Унија, привремено ќе затвори уште две преговарачки поглавја, соопшти денеска министерката за европски прашања Маида Горчевиќ. Таа во црногорскиот Парламент изјави дека добила потврда од Брисел дека ќе бидат затворени поглавјето 1, кое се однесува на слободното движење на стоки, и поглавјето 12, кое ги опфаќа безбедноста на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика. – Верувам ...
Премиерот Еди Рама, изјави дека процесот на интеграција на земјата во Европската Унија не треба да се гледа само како политичка или дипломатска цел, туку пред сè како процес чија главна цел е подобрување на животниот стандард на албанските граѓани. На прес-конференција со амбасадорката на Европската Унија во Албанија, Софија Мореира де Соуса, по предавањето на Извештајот за напредокот на Албанија, Рама ја истакна важноста на европската ...
Турската полиција трага по маж кој денеска уби осум луѓе во три села во западниот дел од земјата. Според турските медиуми полицијата трага по маж кој возел црвен автомобил, кој бил забележан како бега од местото на инцидентот. – Осум наши граѓани ги загубија животите, а друг е сериозно повреден во вооружен напад во нашата покраина, соопшти канцеларијата на гувернерот на Афјонкарахисар. Прво биле пронајдени две жени со прострелни рани на патот ...
Оглас за изнајмување на голем број станови во Нов Белград предизвика големо внимание на социјалните мрежи, откако еден корисник објави дека бара сместување за вработени во украинска ИТ компанија. Потенцијалните станари се подготвени да платат помеѓу 700 и 1.500 евра месечно, а становите би им биле потребни за период од една година, пишува Телеграф Бизнис. Како што е наведено во објава објавена пред неколку недели во Фејсбук група за ...
По добиеното позитивно мислење од надлежната Меѓуресорска комисија за издавање дозволи за истражувања на море, министерот за надворешни работи денеска, 6 ноември 2026 година, ја издаде соодветната одлука со која се одобруваат истражувачките активности и поставувањето на подморскиот кабел, соопштија од грчкото МНР во однос на истражувањата за електричното поврзување на Грција со Кипар, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за ...
Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Сали Бериша, денеска ги повика граѓаните од сите возрасти и со различни политички убедувања да се приклучат на утрешниот протест за поддршка на студентите, нагласувајќи дека победата на нивниот бунт е исклучително важна за иднината на земјата, јави АТА. На прес-конференцијата тој истакна дека поддршката за студентите треба да биде широка и масовна. – Успехот на студентскиот бунт е успех за ...
Преку писмо до министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис, кој е надлежен за полицијата, градоначалникот на Атина Харис Дукас, бара итни мерки за справување и спречување на кражбите на бакарни цевки и кабли од криминални групи во градот, посочувајќи дека досега се украдени девет километри кабли од уличното осветлување и поднесени десетици пријави за кражби на бакарни цевки, јави дописничката на МИА од Атина. Кражбата на ...
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно ги повика студентите што протестираат на дијалог, поставувајќи камена маса пред својот кабинет, на која беа испишани пораки со зборот „дијалог“. Тој во повеќе наврати изјави дека е подготвен да седне на преговарачка маса со секој што верува во комуникација и изнаоѓање решенија преку дискусија – во секое време и на секое место – но демонстрантите досега ја одбиваа неговата покана за дијалог. Во ...
Косовската полиција уапсила жена, државјанка на Македонија, која е осомничена за провалa и кражба во стан на улица „Мухарем Фејза“ во Приштина. Сопственичката на станот, која во моментот била во странство, на 30 октомври пријавила дека нејзиниот стан бил демолиран, а личните предмети украдени. Според пријавата, делото се случило во периодот од 23 до 26 октомври 2026 година. Осомничената македонска државјанка била уапсена и по одлука на ...
Републичката изборна комисија (РИК) едногласно ги усвои конечните резултати од изборите за пратеници во Народното собрание на Србија. Според овие резултати, коалицијата „Студентска листа – Студентите победуваат“ освои 2.354.417 гласови – што одговара на 140 пратенички места – додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ доби 1.731.323 гласови, односно 103 пратенички места. Во парламентот ќе влезат и дополнителни седум пратеници од ...
Републичката изборна комисија (РИК) вечерва ги усвои вкупните резултати од вонредните парламентарни избори, со што започнаа да течат законските рокови за конституирање на новото Народно собрание – поточно, рок од 30 дена по објавувањето на конечните резултати. Според Законот за избор на пратеници, РИК е должна, во рок од 10 дена од објавувањето на вкупниот извештај за изборните резултати, да донесе одлука за доделување на мандати на ...
Сопственикот на Пинк Медиа Груп, Жељко Митровиќ, одговори на шпекулациите за затворање на ТВ Пинк, неколку дена откако објави отпуштање на околу илјада работници. На прашањето на водителот на емисијата „Хит Твит“ за најавите за затворање на Пинк, Митровиќ одговори дека мора да кажат кој Пинк, бидејќи „ги има 80“. „Тоа е само бренд, телевизијата е програма, а не нејзин бренд. Не е толку лесно“, рече Митровиќ. Тој не даде детали за можните ...
Илијана Јотова и Кирил Валчев освоиле меѓу 57,1 и 58,1 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, покажуваат податоците од излезните анкети на социолошките агенции „Мјара“ и „Алфа Рисрч“. Според податоците на „Мјара“, при обработени 90 отсто од податоците, Јотова и Валчев добиле 58,1 отсто од гласовите, додека нивните противкандидати Андреј Ѓуров и Георги Кандев освоиле 38,6 отсто. Опцијата „Не поддржувам ...
Илијана Јотова ќе биде новата претседателката на Бугарија. Таа во вториот круг на претседателските избори во земјата има убедливо водство пред нејзиниот противкандидат Андре Ѓуров, покажуваат податоците на бугарската Централна изборна комисија (ЦИК). Потпретседател на земјата ќе биде Кирил Валчев. Според обработени 99,95 отсто од податоците од изборните единици во Бугарија до 7:30 часот утрово, двоецот Илијана Јотова и Кирил Валчев освоил ...
Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не се плаши од апсење бидејќи, како што рече, не потпишал ништо во врска со пари и дека против него не може да се најдат докази поврзани со финансиски трансакции. Вучиќ синоќа гостуваше на телевизија „Пинк“, каде што порача дека, според неговите зборови, ништо не може да се најде против него. – Јас не потпишувам ниту правам нешто во врска со парите и ништо не може да се најде ...
Од 1 јануари 2027 година, условите за пензии за жени ќе се променат во Хрватска: три месеци повеќе животен век, а за предвремено пензионирање и подолг стаж, според податоците на HZMO. Од 1 јануари 2027 година, условите за пензионирање на жените и предвремено пензионирање во Хрватска се менуваат. Жените ќе мора да живеат три месеци повеќе од оваа година, а се зголемува и потребниот стаж за предвремено пензионирање, според податоците од ...
Српското Министерство за правда ги објави имињата на сите 49 лица помилувани од Александар Вучиќ на денот на неговата оставка. Вишиот суд во Ниш денес објави 20 имиња, меѓу кои и поранешниот претседател на нишката општина Палилула, Бобан Џуниќ. Министерството, според српските медиуми, соопшти дека ги доставило одлуките за помилување до надлежните судови во согласност со законот. Додаде дека списокот не може да се објави пред да бидат ...
Германската влада, и покрај острите критики, усвои уредба со која од почетокот на 2027 година за половина ќе ја намали, од 50.000 на 25.000, годишната квота за работници од Западен Балкан кои имаат олеснет пристап до германскиот пазар на труд. Уредбата, усвоена на вчерашната владина седница, треба да добие одобрение и од мнозинството во Горниот дом на германскиот парламент, во кој се застапени германските сојузни покраини. Покрај неколку ...
Радован Стојановиќ (62) од Нови Сад, кој на 27 септември 2020 година го уби Милован Маринковиќ (52) беше осуден на 20 години затвор. – Според одлуката на Апелациониот суд, првостепениот суд правилно ги оценил како олеснителни околности за обвинетиот: неговата неосудуваност, семејните прилики, како и фактот дека е оженет и татко на две деца. Како отежнувачка околност, пак, судот ја зел предвид упорноста што обвинетиот ја покажал при ...
Рускиот милијардер Константин Иванович Струков, кој е на меѓународните листи со санкции, бил запрен на аеродромот во Тиват додека се обидувал да ја напушти Црна Гора и да отпатува за Белград, дознава подгоричкиот „Вијести“ од неколку независни извори. Според тие информации, надлежните органи покренале постапка за донесување одлука за забрана за влез во Црна Гора. Откако неговиот лет за Белград бил одложен, Струков дал изјава пред ...
Еврокомесарот за проширување Марта Кос изјави пред Европскиот парламент дека БиХ се оддалечува сè повеќе и повеќе од европскиот пат. Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина добија патокази кон членство, а Кос рече дека секоја земја-кандидат може да им се придружи. Кос денес го презентираше пакетот за проширување за 2026 година, кој Европската комисија го усвои во Брисел, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. ...
Страшна трагедија ја потресе јавноста во Косово откако во селото Демирај во близина на Гнилане беа пронајдени телата на 27-годишен маж и неговото 3-месечно бебе, а 65-годишен маж е уапсен под сомнение за извршено тешко убиство. Според информациите од надлежните органи, полицијата на 1 ноември во 8:47 часот добила пријава дека во семејна куќа во селото Демирај се пронајдени две безживотни тела. На местото на настанот веднаш излегле полициски ...
Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која победи на парламентарните избори во Србија, имаше операција на коленото. Од болничкиот кревет тој изјави дека зафатот помина без компликации. View this post on Instagram A post shared by Илија Љубисав Срдановић (@ilijasrd) Срдановиќ објави порака на својот профил на Инстаграм, придружена со фотографија од болницата, и им се заблагодари на сите за поддршката. „Операцијата на коленото ...
Во поновата историја на Србија, никој од српските претседатели што го скратил сопствениот мандат и излегол на вонредни избори не ги преживеал изборите - обидот за зацврстување на власта преку предвремено гласање се претвори во фатална стапица за четири лидери, претседтаели на Србија по распадот на СФРЈ. Постои паралела помеѓу Милошевиќ, Коштуница, Тадиќ и Вучиќ: заеднички им е обидот да ја зајакнат власта со скратување на своите мандати и ...
Командантот на Специјалната антитерористичка единица (САЈ) на Министерството за внатрешни работи на Србија, Игор Жмириќ, е уапсен денес по наредба на Првото основно обвинителство во Белград, неофицијално дознава порталот Нова.рс. Според овој портал, Жмириќ е едно од петте лица уапсени во акција на инспектори од Секторот за внатрешна контрола на српското Министерство за внатрешни работи. Нова.рс претходно објави дека во оваа операција биле ...
Сите кандидати на „Студентски список - Студентите победуваат“ потпишаа изјава со која гарантираат дека не се поврзани со владејачките партии, дека нема да ја злоупотребуваат својата позиција и дека ќе се залагаат за исполнување на студентските барања и цели од Социјалниот договор и Програмскиот минимум. Поточно, тие се обврзаа дека, доколку се утврди дека прекршиле некоја од дадените гаранции или не ги исполнуваат преземените должности, ќе се ...
Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во Грција утрово во 07:21 часот, соопштија сеизмолошките служби. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал недалеку од главниот град Атина. Информациите од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар покажуваат дека хипоцентарот бил на мала длабочина од приближно 4 километри под површината. Надлежните служби ја следат ситуацијата на терен, а во ...
Медицинскиот тим од Клиниката за трауматологија во Загреб ја изврши првата операција за продолжување на нога во Хрватска, користејќи нов метод кој не вклучува употреба на надворешен фиксатор. Зафатот е извршен кај 28-годишна пациентка, чија разлика во должината на нозете од шест сантиметри со години ѝ го отежнувала движењето, пренесува ХРТ. Кристина Самболек (28) уште од раѓање има пократка лева нога поради деформитет на колкот. Таа го ...