Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на Австрија во Северна Македонија, Мартин Памер, на која се разговараше за процесот на европска интеграција на земјата и значењето на децентрализацијата за зајакнување на локалните институции. Беше истакната поддршката на Австрија за европскиот пат на Северна Македонија и потребата од натамошни реформи. На средбата се разговараше и за значењето на градењето доверба во едно мултиетничко и ...
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска престојува во Охрид, во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата. Во Охрид Сулејмани ги посети Центарот за култура и библиотеката „Григор Прличев“, како и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид. Директорите на установите го информираа министерот за тековното работење, но и за состојбите и проблемите со кои се ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје се обрати на отворањето на Амбасадорскиот совет, на кој присуствуваа шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата. На отворањето се обрати и министерот за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Во своето обраќање, Муцунски нагласи дека брзите промени во меѓународното опкружување ја потврдуваат потребата од натамошно ...
Археолози во Перу пронајдоа скелетни остатоци од возрасен човек за кој веруваат дека бил погребан пред околу 1.400 години откако бил жртвуван во ритуал, соопшти Министерството за култура на земјата. Остатоците се пронајдени во близина на основата на Хуака Пуклијан, древна пирамида од ќерпич во главниот град Лима, а откритието е прелиминарно датирано од околу 650 година од нашата ера. Археологот Гледис Паз, која го водеше ископувањето, изјави ...
Во Македонија со години се плаќаат авиони, препарати, оператори и тендери за борба против комарците, но институциите упорно го прескокнуваат единственото нешто што би покажало дали тие милиони воопшто купиле нешто повеќе од прелет над градот – мерлив резултат, реагираат од Левица. Според оваа партија, само договорите за Скопје за 2020–2021 тежеле околу 1,1 милион евра, за 2022–2023 уште над еден милион, а годинашната зделка повторно се ...
Владата на Христијан Мицкоски ја започна третата година од мандатот без резултати во клучните области, додека премиерот се обидува со статистички бројки само од неговиот личен свет да ги убеди граѓаните дека живеат подобро граѓаните живеат со празни паричници и празни фрижидери, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Не гледаме резултати на полето на економијата, во здравството, во образованието, во ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагира на, како што велат, обидите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да го доведе постапувањето на Агенцијата во конкретни предмети во контекст на дневно-политички интереси. АВМУ, потенцираат од таму, постапува исклучиво врз основа на надлежностите и во рамките на постапките утврдени со закон. „Пред секоја промена на сопственичка структура на радиодифузер, тој е должен да ...
Францускиот претседател Емануел Макрон го објави законот со кој се воведува правото на асистирано умирање, по години политичка и социјална дебата. Законот беше објавен денес во Службен весник, кој формално стапи на сила, додека неговата практична примена ќе започне дури откако владата ќе ги донесе потребните прописи, објави Фигаро. Законот, кој минатата недела Уставниот совет го оцени како уставен со одредени резерви, им дозволува на одредени ...
Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Флорес во Индонезија, соопшти денес Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Како што објави Ројтерс, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Засега нема информации за повредени или за причинетата штета. На 15 август, Индонезија беше погодена од катастрофален земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во ...
Донесувањето одлуки бара деликатна рамнотежа – треба да се размислува за да се избегне импулсивност, но не толку многу што сè ќе заврши во прекумерна анализа што често води до жалење. Способноста за рамнотежа е силно под влијание на искуствата од детството . Некои жени се учат уште од детството да се сомневаат во себе и да ги преиспитуваат сопствените инстинкти поради речениците што им ги даваат возрасните, пишува YourTango. 1. „Престани да ...
Колку вода да пиете секој ден е едноставно прашање на кое нема лесен одговор. Иако истражувањата низ годините дале различни препораки, вистинските потреби за вода се индивидуални и зависат од голем број фактори , вклучувајќи ја здравствената состојба , возраста, нивото на физичка активност и климатските услови во местото каде што живеете. Сепак, општите упатства можат да ви помогнат да процените дали внесувате доволно течности, пишува ...
Во пресрет на новата учебна година, Општина Кисела Вода обезбеди бесплатни училишни униформи за секој ученик во сите основни училишта на територија на општината, опфаќајќи 5500 ученици. Дополнително, секое прваче кое оваа есен за првпат ќе седне во училишните клупи, од Општина Кисела Вода ќе добие бесплатно ранче опремено со неопходниот училишен прибор. Овие мерки, велат од општината, претставуваат директна институционална поддршка за ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер, на која беа потврдени одличната соработка и заедничката посветеност кон унапредување на владеењето на правото и европската интеграција на земјата. Шасивари ја истакна целосната подготвеност на Министерството за правда за забрзано спроведување на реформите согласно препораките на Европската комисија и обврските ...
Филипче се врати од Паљури, откако фатил боичка сончајќи се на луксузната скапа јахта на Заев и се појави на прес-конференција да лаже и да манипулира, велат од владејачката партија. „Човекот кој е директно виновен за не поставување на минимум техничка спецификација за модуларната болница која се запали во Тетово и во која загинаа 14 лица, треба да одговара, а не да држи прес-конференции. Но, бидејќи се уште се најголема опозициска партија на ...
Центар за управување информира за состојбата со пожари на отворен простор до 13:00 часот. Според ЦУК, регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, а 4 се изгаснати. Активни пожари – 8: Општините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – с. Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон с. Орле во Општина Новаци и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација). Општина Крушево: с. Белушино и с. ...
Долго време се сметаше дека брзината на одење е само одраз на физичка подготвеност или нетрпеливост, но денес научниците ја сметаат за важен индикатор за здравјето на мозокот и долговечноста. Група луѓе што истражувачите ги нарекоа „супер одачи“ привлекува внимание со години, а нова студија објавена во списанието „Неврологија“ дава убедливи докази: луѓето во осумдесеттите години кои одат со брзина на просечна педесетгодишна возраст се побавни ...
По извршената ревизија во студенсткиот дом „Пелагонија“, Државниот завод за ревизија утврдил низа неправилности и неусогласености во работењето на домот. Со ревизијата, како што е соопштено од страна на ДЗР, било утврдено дека во материјалната и сметководствената евиденција на студентскиот дом не се евидентирани одредени постојани средства и не е извршено усогласување на сметководствената и материјалната евиденција, ниту се преземени ...
Војводата и војвотката од Сасекс ќе се вратат во Велика Британија на крајот од овој месец, според британските медиуми. „Скај њуз“ дознава дека кралот Чарлс првпат бил информиран за плановите на Хари и Меган во неделата и ја поздравува можноста почесто да го гледа семејството на приватен и личен начин. Разбирливо е дека нема да има промена во статусот на војводата и војвотката како неофицијални членови на кралското семејство. Семејството ќе ...
Единствената словенечка нуклеарна централа, Кршко, повторно почна да работи со полн капацитет, откако се подобрија временските услови, а нивото на реката Сава, која ја користи за ладење, се зголеми, соопшти денес електраната. Системот на ладилна кула останува во употреба за да се обезбеди усогласеност со еколошките ограничувања, известува STA. Поради продолжениот топлотен бран и суша, нуклеарната централа го намали своето производство на ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски информира дека утре ќе има ново авионско прскање против комарци, а од 23 до 26 август се најавува и терестична дезинсекција. „Утрово, на подрачјето на градот Скопје, беше спроведен уште еден авионски третман против комарци, вкупно 14-та дезинсекција во текот на оваа сезона. Со засилено темпо продолжуваме и во наредните денови. Активностите продолжуваат и утре во раните утрински часови со нов авионски ...
После високите температури кои се очекуваат викендов, од недела ќе има локален пороен дожд и пад на температурите. Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и ...
Претседателот Мицкоски спомна предвремени избори, СДС се исплашија и ги снема, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако претседателот Мицкоски јасно кажа дека доколку СДС и Филипче побараат предвремени избори, истите ќе ги добијат, во СДС молк и повлекување. До вчера гласни со секојдневни прес-конференции, обвинувања и повици кон ВМРО-ДПМНЕ, денес одеднаш ги снема“, велат од партијата. Според ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека едно е да се биде гласен пред ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за последните податоци за градежништвото, рече дека доколку се погледнат сите параметри, ќе се дојде до заклучок дека градежништвото има раст од 30 проценти во делот на издадени одобренија за градење. „Економијата е еден од главните приоритети на оваа Влада. Како дел од економијата е и градежништвото, се разбира. И кога ќе ги погледнете последните параметри, ќе дојдете ...
Преку системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери, инсталиран во Центарот за управување со кризи, навреме е детектиран пожар во атарот на село Никуштак, Општина Липково, велат од ЦУК. По детектирањето на пожарот, веднаш биле известени Територијалната противпожарна единица Куманово и Подружницата на Национални шуми – Куманово, со цел преземање соодветни мерки и интервенција на терен. „Системот за рана детекција овозможува ...
Според Националниот индекс за сајбер-безбедност, кој го подготвува естонската Академија за е-управување, Македонија е рангирана на 30 место во светот, од вкупно 155. Со 84,17 поени, ова е напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање, кога бевме на 59 место во 2023 година, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска. „Овој резултат е показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради сериозен и поорганизиран пристап кон ...
Паровите се разведуваат од многу причини, од емоционално дистанцирање и губење на чувствата, до занемарување и изневерување. Истражувачот на меѓучовечки односи, д-р Џон Готман, открил дека специфичен модел на комуникација и однесување може да доведе до раскинување дури и на најстабилните врски . Концептот е познат како „Четирите јавачи“, метафора земена од Новиот завет, која опишува четири штетни стилови на комуникација: критика, презир, ...
Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста што ја изрази премиерот Христијан Мицкоски за одржување предвремени парламентарни избори, доколку тоа го побара опозицијата, соопштија од партијата. „Го бараме тоа. Конечно и премиерот разбра дека оваа состојба е неодржлива и дека на државата ѝ е потребен нов политички мандат. Владата го загуби легитимитетот да продолжи со европската изолација, влошувањето на меѓуетничките односи, ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека 950 деца на возраст од 7 до 12 години ова лето се пријавија во Бесплатната школа за пливање, која за првпат се организира во Чаир. Големиот интерес ја потврдува потребата од организирани, квалитетни и достапни спортски активности за секое дете, без оглед на финансиските можности на семејството. До 1 септември, децата ќе продолжат со бесплатните часови по пливање со професионални ...
Американскиот астрофизичар Ерик Дејвис, кој се претставува како потенцијален информатор за феноменот НЛО, тврди дека американската влада ги складира телата на најмалку четири различни видови вонземски суштества, но дека јавното објавување на деталите бара имунитет од Белата куќа. „Постојат најмалку четири видови за кои знаеме и ги видов доказите“, изјави Дејвис за американскиот телевизиски канал NewsNation. Дејвис, кој работел како консултант ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави воведување на, како што изјави, „најразорната економска операција некогаш преземена против која било земја“. Трамп предупреди дека земјите што му даваат финансиска или друга помош на Иран ќе се соочат со „огромни економски последици“. „Никој не ѝ даде на Исламската Република Иран поголема можност да склучи договор отколку јас. За жал за нив, тие не успеаја да ја искористат. ...