Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Неколку десетици демонстранти беа приведени вчера во Њујорк за време на демонстрациите со кои се бараше прекин на продажбата на оружје на Израел и прекин на американската воена поддршка за земјата од Блискиот Исток. Меѓу демонстрантите беше и антивоената група „Jewish Voice for Peace“, која наведува дека се приведени околу 90 лица. Уапсенa е и Челси Менинг, дојавувач и поранешен членка на американската армија и извор на информации за ...
Додека локации како Париз, Барселона и Рим често се преполни и скапи, на другиот крај од туристичката мапа се наоѓаат дестинации кои ги посетуваат само неколку илјади луѓе годишно. Патувањето, без разлика дали е деловно или туристичко, денес претставува неопходен дел од современиот живот и е важен двигател на економијата во многу земји низ целиот свет. Земји како Франција, Шпанија и САД продолжуваат да привлекуваат најголем број туристи, ...
Елизабет Харли не ја пропушти можноста да блесне на црвениот тепих во друштво на нејзините најблиски пријатеки и да го покаже своето длабоко деколте. Позната по своите атрактивни, донекаде провокативни модни изданија, актерката Елизабет Харли повторно покажа стајлинг кој ја скокотка имагинацијата. Имено, актерката, исто како и легендарната Хелен Мирен, присуствуваше на доделувањето на наградите „Оливие“, кои се одржаа во концертната сала ...
По изборната победа во Унгарија, Петер Маѓар изјави дека новата влада ќе има прагматичен однос со Русија и ја поздрави пораката од Кремљ за почитување на изборните резултати. Тој најави и ревизија на договорите за проширување на нуклеарната централа Пакс, оценувајќи го проектот како „преценет“, со можност за повторни преговори или раскинување. Говорејќи за можен разговор со Владимир Путин, Маѓар рече дека би му порачал „да престане со ...
Ново истражување открива зошто некои луѓе доживуваат стота година, а други не, и покажува какви се вашите шанси да живеете повеќе од 100 години. Бидејќи само мал дел од популацијата достигнува таква возраст, научниците долго време се прашуваат дали долговечните луѓе имаат нешто заедничко и што секој од нас може да направи за да ги зголеми своите изгледи, пишува „UNILAD“. Генетиката и навиките се клучни за долг живот Човечката фасцинација со ...
Катар му порача на Иран дека поморските правци не смеат да се користат како средство за притисок, предупредувајќи на последиците за глобалната енергетска сигурност и меѓународната стабилност. Во телефонски разговор, катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани му нагласил на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи дека е важно да се одржат отворени поморските рути и слободата на пловидба. ...
Меѓу 1 јануари и 31 март 2026 година, вкупниот број на „Биткоин“ адреси кои поседуваат најмалку еден милион долари паднал од 148.084 на 127.494, што претставува намалување од 20.590 адреси, односно пад од 13,90 проценти во текот на кварталот, покажува анализата на компанијата „Finbold“. Ова намалување се совпадна со значителен пад на цената на „Биткоин“, која од околу 88.700 долари на почетокот на годината падна на 68.200 долари до крајот на ...
На северот на Шпанија се наоѓа националниот парк Пикос де Еуропа, планински венец кој, според изборот на магазинот „Time Out“ е прогласен за најубаво место во светот. Остриот релјеф, смарагдните езера и длабоките кањони се глетки поради кои навистина изгледа како да гледате жива разгледница. Пикос де Еуропа е рај за активните патници – од лесни прошетки до сериозно планинарење, секој може да ја пронајде својата доза адреналин. Најпозната е ...
Папата Лав 14 денеска ги отфрли острите критики што американскиот претседател Доналд Трамп ги упати на негова адреса по изјавите за војната на САД и Израел во Иран, порачувајќи дека повиците на Ватикан за мир и помирување се длабоко вкоренети во Евангелието и дека тој не се плаши од администрацијата на Трамп. „Да се стави мојата порака на исто ниво со она што претседателот се обиде да го направи овде, мислам дека не покажува разбирање за ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека од денеска во 16 часот ќе блокираат бродови кои „влегуваат или излегуваат“ од иранските пристаништа. Американскиот претседател претходно соопшти дека морнарицата ќе започне постапка за блокада на „сите бродови“ кои се обидуваат да влезат или излезат од Ормускиот теснец. Од Централната команда на САД соопштија дека блокадата ќе се спроведува „непристрасно кон бродови од сите држави“, но ќе остане ...
Додека целиот свет последниве денови зборува за Ормускиот теснец, малкумина навистина знаат како тој изгледа. И покрај својата стратешка улога, овој тесен морски премин крие извонредна природна убавина која останува во сенка на политичките случувања. Сместен меѓу Персискиот залив и Оманското море, Ормускиот теснец претставува клучна рута за транспорт на енергенси, низ која минуваат околу 20 проценти од светските испораки на нафта. За ...
Иако цените на недвижнините во Грција континуирано растат, а пазарот во 2026 година сè повеќе се опишува како „пазар на селективни можности“, интересот на купувачите за прифатливи квадратни метри покрај море не се намалува. Со буџет од 50.000 евра, ситуацијата е значително попредизвикувачка од порано, но податоците покажуваат дека можностите сè уште постојат, ако знаете каде да барате. Реалноста на пазарот во 2026 година Според најновите ...
Колку пати ви се случило да се разбудите уморни, иако сте спиеле цела ноќ? Можеби сте поминале ден без поголеми обврски, а сепак сте чувствувале исцрпеност како да сте носеле товар со часови. Тоa чувство не е ретко, а често нема врска со физички напор. Уморот не доаѓа секогаш од телото, многу често доаѓа од умот, емоциите и стресот кој се наталожува од ден на ден. Во време кога постојано сте изложени на информации, обврски и внатрешен ...
Убедливата победа на Петер Маѓар ѝ дава силен мандат на неговата партија Тиса за спроведување реформи и можност за одмрзнување милијарди евра од Европска Унија, пренесува Ројтерс. Аналитичарите оценуваат дека очекуваното двотретинско мнозинство е најповолен исход за ЕУ и пазарите, кои веќе сигнализираат доверба и можен економски раст. Сепак, постои претпазливост – новата власт ќе мора да ги исполни ветувањата, особено во делот на владеење на ...
Еврејската заедница во Македонија вечерва соопшти дека денеска бил извршен обид за опожарување на нејзиниот објект и синагогата. Од Заедницата остро го осудуваат овој чин и апелираат до надлежните институции за целосно расветлување на случајот, доследна примена на законите, како и за гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. „На 12 април, првпат во поновата историја, беше извршен обид за опожарување на објектот на ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан се обрати на изборната ноќ на Фидес и го призна поразот на изборите. Тој рече дека „резултатот е јасен“ и дека веќе ѝ честитал на победничката партија. Додаде дека исходот од изборите бил болен за Фидес. Со обработени 66,69 проценти од гласовите, Тиса дополнително ја зголемува предноста. Распоредба на мандатите: Тиса – 137 (42 од листата, 95 поединечно) Фидес–КДНП – 55 (44 од листата, 11 поединечно) Ми Хазанк – ...
По неуспешните разговори меѓу САД и Иран во Исламабад, американскиот претседател Доналд Трамп објави две пораки на својата мрежа Truth Social, најавувајќи блокада на Ормускиот теснец и остро напаѓајќи го Иран поради неговата нуклеарна програма. „Да ја скратам приказната, состанокот помина добро, се согласивме за повеќето точки, но она што е навистина важнa, НУКЛЕАРНАТА, не го направивме тоа“, напиша Трамп. Тој додаде дека американската ...
САД уништија поголем дел од иранската морнарица, но не и клучната што Техеран ја користи за контрола на стратешкиот Ормутски теснец. Додека редовната морнарица управуваше со големи воени бродови првенствено за престижни и повремени мисии на отворено море, паравоениот Корпус чувари на Исламската револуција има своја, голема флота од поагилни бродови. Флотата е дизајнирана да го контролира клучниот воден пат со ракети, мини и напади врз ...
Израелската војска уништи цели села како дел од инвазијата на јужен Либан, уништувајќи куќи со експлозиви и срамнувајќи ги со земја во масовни, далечински активирани детонации. Снимките објавени од израелската армија, како и оние на социјалните медиуми, покажаа такво уништување во селата Тајбе, Накура и Деир Серјан долж израелско-либанската граница. Организациите за човекови права стравуваат дека се користат тактиките на „домицид“ што се ...
Често слушаме за европски градови што воодушевуваат со архитектурата, атмосферата и историјата, но постои и една сосема поинаква приказна — онаа за место кое од својата наводна грдотија направило уникатен туристички магнет. Станува збор за белгискиот град Шарлероа, кој пред неколку години беше наречен најгрдиот град во светот поради запуштената индустриска инфраструктура, напуштените фабрики, недовршените станбени комплекси и сивиот урбан ...
Висок американски дипломат во Тајван ја повика Кина да ги отфрли заканите и воениот притисок и да започне разговори со раководството на островот, велејќи дека тоа ќе помогне да се избегнат недоразбирањата и да се стабилизираат односите. Изјавата дојде откако лидерката на опозицијата на Тајван се сретна со кинескиот претседател Кси Џинпинг во Пекинг, објави Ројтерс. Рејмонд Грин, директор на Американскиот институт во Тајван, кој функционира ...
Организација Мис Универзум објави појаснување откако актуелната мисица Фатима Бош се најде на удар на критики поради советот што неодамна им го даде на потенцијалните натпреварувачки. Бош минатиот месец на форум за жени во Ел Салвадор изјави дека „никому не би му препорачала да се пријави на изборот за убавина“, што предизвика бројни реакции. Во изјава за „People“, портпаролот на организацијата порача дека нејзините зборови биле подложни на ...
Унгарците денеска гласааат на изборите што би можеле да го завршат 16-годишното владеење на премиерот Виктор Орбан, да ја потресат Русија и да ги потресат десничарските кругови низ Западот, вклучително и Белата куќа на американскиот претседател Доналд Трамп. Орбан, евроскептичен националист, создаде модел на „нелиберална демократија“ што движењето „Направи ја Америка повторно голема“ (MAGA) на Трамп и неговите обожаватели во Европа го гледаат ...
Бугарија го прославува првиот Велигден во еврозоната, Романија одбележува никогаш поскап празник, а како е во Македонија и другите околни земји? Земјите од регионот се подготвуваат за поскап Велигден од вообичаено, бидејќи цените на речиси сите основни намирници за празничната трпеза пораснале во однос на 2025 година, покажува истражувањето на бугарскиот Информациски систем на земјоделскиот пазар (SAPI). Сличен тренд е забележан и во самата ...
Унгарците во недела гласаат на значајните парламентарни избори кои внимателно се следат во Европската Унија, САД и Русија, но и пошироко, а анкетите покажуваат дека премиерот Виктор Орбан и неговата националистичка партија Фидес ќе ја изгубат власта по 16 години, пишува Ројтерс. Орбан би можел да ги изгуби изборите од централно-десничарската, проевропска партија Тиса, предводена од поранешниот негов сојузник и обожавател, Петер Маѓар. ...
„WhatsApp“ ја воведува едната од своите најважни промени досега, која би можела значително да влијае врз начинот на комуникација меѓу корисниците. Имено компанијата одлучи да воведе кориснички имиња што овозможуваат размена на пораки без споделување на телефонскиот број. Со тоа дополнително се намалува ризикот од несакани пораки и обиди за измама. Како што пишува „WABetaInfo“, новата функција моментално постепено се воведува во бета-верзијата ...
Неколку воени бродови на американската морнарица денеска поминале низ Ормускиот Теснец, потврди американски претставник. Тој потег, кој не бил координиран со Иран, го означува првото минување на американски воени бродови низ теснецот од почетокот на војната, пишува Аксиос. Според изворите, целта на операцијата била да се поттикне довербата кај трговските бродови за да продолжат со пловидбата. Операцијата е изведена во момент кога во Пакистан ...
Памела Андерсон се појавила на доделувањето на наградите „Fashion Trust Awards“ во Лос Анџелес со нова ретро-фризура полна со волумен и уште еднаш докажала дека ни на 58 години не се воздржува од ниту една стилска промена. Ѕвездата на серијата „Baywatch“ одамна се откажала од улогата на непроменлива русокоса. Во последната година ги менуваше фризурите речиси од сезона во сезона – од бакарна мулет-фризура на Париската модната недела, краток ...
Сонал Киј, адвокатка и претприемачка од Обединетото Кралство, боледува од ретко нарушување поради кое дури и само неколку минути на сонце може да ѝ предизвикаат болна реакција на кожата. Таа отворено зборувала за тоа како хроничниот актиничен дерматитис ѝ влијае на секојдневниот живот. Првите симптоми се појавиле во тинејџерските години Додека кај повеќето луѓе по предолго изложување на сонце се појавуваат изгореници, кај Сонал веќе по ...
Оваа сочна торта се прави многу брзо, а состојките се домашни и веројатно веќе ги имате дома. Состојки за бисквитот: 5 јајца; 200 грама шеќер; 1 ванилин шеќер; 200 грама брашно; половина кесичка прашок за печиво; 2 лажици какао; 100 мл масло. Состојки за филот: 600 мл млеко; 1 кесичка пудинг од ванила; 2 јајца; 200 г шеќер; 3 лажици брашно; една лажичка екстракт од ванила; 200 мл слатка павлака; 150 грама путер. Глазура: 200 грама чоколадо; ...