Прилеп беше домаќин на германски Божиќен базар. Организаторите велат дека настанот има за цел на еден автентичен и инспиративен начин ја доближи германската култура, јазик и традиција до нашите млади и до сите граѓани. Божиќни колачиња и переци, празнични украси изработени од ученици, песни на германски јазик и шаренолика атмосфера, вистинска зимска божиќна бајка во центарот на Прилеп. Настанот беше организиран од Здружението на наставници по ...

Македонците во странство минатата година испратиле во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП. Иако бележиме суфицит, личните дотации од странство кон Македонија во апсолутни бројки бележат пад во последните години од 319 милиони евра во 2023 и 331 милион евра во 2022 година. Од земјите во регионот во апсолутни бројки најмногу дотации лани има дијаспората на Србија, која испратила 4.47 милијарди евра, потоа следи на Босна и Херцеговина ...

Македонскиот европски шампион во мотоциклизам, Петар Мијалков, продолжува да добива признанија надвор од границите на државата. За неговиот исклучителен успех и освојувањето на титулата во БМУ Европскиот шампионат, Мијалков доби специјална плакета за остварени спортски резултати во Молдавија. Свеченото врачување на плакетата се одржа во реномираната сала „Каса Алба” во градот Унгени, каде што признанието лично му го предаде претседателот на ...

На две недели пред Новагодина и најлудото празнување , дел од Битолчаните планираат да останат во градот и да ја дочекаат новата година во кругот на најблиските. Има една стара мудрица која вели дека без разлика каде сте , на местото ќе гледате како на убаво или грдо во зависност од тоа со кого сте – дали со луѓе кои ги сакате или луѓе кои, ами не ги сакате толку многу. Ова е почеток на анкетата денеска, затоа што ваква е насоката што ни ја ...

3,2 милиони прегледи во последните 28 дена остварија содржините на Тера телевизија. Само еден месец беше доволен бројката да порасне за точно еден милион. Овој раст не е случаен. Тој доаѓа во период кога Тера се појасно го фаќа ритамот на градот и секојдневно отвора теми што директно ги допираат луѓето во Битола и регионот. Од комунални и институционални проблеми, преку настани што ја обликуваат јавната слика, до лични приказни што често ...

Огромно задоволство и гордост ми беше да се претставам себеси, но и мојата Македонија во рамките на балканското музичко шоу „Никогаш не е доцна“, вели битолчанецот Илија Балтовски. Неговиот импресивен настап на сцената во Белград ја одушеви публиката, но и жирито. Балтовски се издвои од останатите настапувачи и по изборот на песната, но и со умешноста да ги долови тоновите на Дејвид Боуви. „Поздрав до Тера телевизија и до вашите гледачи. Ви ...

Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет информираат дека утрово во 7 часот и 20 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 124 километри северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда од 3,3 степени. Земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со ...

Од 06.30 часот на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум, на потегот од с. Трпеица – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради одрон. На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата се до расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот. Инаку, според информациите на Македонија пат, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози иако има намалена ...

МВР информира дека доцна синоќа во 23:00 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Орде Чопела” во Прилеп, го лишија од слобода Х.Г.(31) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Г., и при преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили. Неколку часа подоцна, утринава во ...

Иран денес воведе ново ниво на цени за национално субвенциониран бензин. Последното зголемување на цените во 2019 година предизвика масовни протести низ целата земја и репресија во која, според извештаите, беа убиени повеќе од 300 луѓе. Евтиниот бензин се смета за нешто што во Иран се подразбира со генерации. Масовните протести поради зголемувањето на цените започнаа во 1964 година, кога тогашниот шах беше принуден да испрати воени возила на ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потврди дека во понеделник на 15 декември се затвора трезорот за буџетски плаќања. „Многу е важно сите институции навремено да ги достават налозите до трезорот за да може трезорот навремено да ги плати. Ако се доставуваат налозите на 25, 27, 28 … потоа повторно Владата е виновна зошто тоа навремено не е платено. Се разбира, ќе има толеранција но ова беше кажано сѐ со цел институциите ...

Советниците избрано од Битолчани на последните локални избори беа ствени во небрано на последната вонредна седница на Советот на Општина Битола закажана на нецел ден пред нејзиното одржување. Буџетот за плати во основното образование се потроши. И јавност беше повикана на 12тина часа пред почетокот на втората вонредна седница во нецели два месеци од освојувањето на локалната власт. „ Вчерашната седница беше за проширување на Буџетот на ...

Протестот на родителите на деца со аутистичен спектар од Битола најавен како протестна прошетка по Широк сокак денеска не се одржа. Уредно беше најавен и уредно одјавен. Само преголема дилема кај родителите. Ирена Николовска Ристановска за Тера објасни дека во текот на неделата родителите на деца посебни потреби одлучиле дека би било добро да се направи мирен протест, сите во своите градови , а се организирале преку Фејсбук. Групата броела 87 ...

Управата за јавни приходи ги објави резултатите од 266 теренски контроли спроведени во периодот од 1 до 30 ноември 2025 година, насочени кон угостителски објекти, трговци, такси-компании, производствени капацитети, казина и други субјекти. Од вкупниот број контроли, кај 104 субјекти се утврдени неправилности, што претставува сериозен сигнал за ниско ниво на фискална дисциплина во повеќе градови низ државата. Тоа не е случај и за Битола. ...

Општина Новаци – Прва општина што целосно ги исплати Избирачките одбори и ОИК за Локалните избори 2025, соопшти градоначалникот на Новаци Стевче Стевановски. Општина Новаци, во интерес на транспарентноста, информира дека е првата општина во државата која навремено и во целост ги изврши исплатите кон сите членови на Избирачките одбори и Општинската изборна комисија за Локалните избори 2025 година. Со ова, Новаци уште еднаш ја потврдува својата ...

Новата песна на ЈОЦЕ ПАНОВ предизвика голем интерес кај публиката и на социјалните мрежи. Песната, која уште од првото слушање освојува со моќна мелодија и емотивна интерпретација, сега доби визуелна приказна што совршено ја надополнува. Музиката е на Бане Опачиќ, препевот на текстот е на Весна Малинова, додека аранжманот е на Марко Цветковиќ. Видео спотот е снимен со модерен пристап и динамични кадри кој ја отсликува суштината на ...

По бројните прашања од битолчани, што се случи со нашето барање за информации од јавен карактер и која фирма го изведе „пакувањето“ на стадионот „Петар Милошевски“ , го даваме следното појаснување: Тера ТВ првпат побара податоци од Општина Битола уште на 26 септември 2025. Kој ја поставил металната конструкција и платното на јужната страна, колку чини тоа, дали имало тендер и кој е изведувачот ? Одговор добивме дури на 30 октомври, со ...

Откако по реакции на граѓании Тера телевизија информираше за големи дупки на коловозот на Партизанска, денеска следеше експресна реакција на надлежните екипи. Се изврши крпење на дупките со асфалт. Нашата камера го регистрираше работниот процес со кој се санираше коловозот токму наспроти Клиничката болница каде што состојбата беше и најкритична и токму поради тоа алармираше ТВ Тера. Ова дотолку повеќе беше важно затоа што се работи за една од ...

Д Фестивал, водечкиот летен фестивал во Македонија е официјално избран меѓу топ 10 најдобри фестивали во Европа за претстојните Европски Фестивалски Награди (European Festival Awards 2025), најпрестижното признание на европската фестивалска индустрија. По завршувањето на јавниот избор во кој за номинираните фестивали гласаше публиката од цела Европа, Д фестивал влезе во потесната листа на 20 најдобри, а потоа, по гласовите на меѓународно жири ...

Три џамии во Скопје и една во Битола ќе бидат реставрирани со помош на Турција. Минатата недела во Скопје Реисот на ИВЗ Шаќир еф. Фетаи, потпишал договор за соработка со Синан Аксy, генерален директор на Управата за вакуфи на Турција. Според протоколот предвидена е реставрација на џамијата „Хасан Баба“ во Битола, како и реставрација на џамиите Балабан, Јахја Паша и Иса-бег во Скопје. Хасан Баба џамија се наоѓа во западниот дел на градот, на ...

Демократската Партија на Турците на Македонија (ДПТМ) соопшти дека официјално ја поднела кандидатурата на Аријан Ибраим, за градоначалник на Општина Центар Жупа пред Државната изборна комисија, во пресрет на повторените локални избори што ќе се одржат на 11 јануари во четири општини. Од партијата наведуваат дека Центар Жупа со години е средина во која вложуваат труд, доверба и посветеност, а кандидатот Аријан Ибраим, како што посочуваат, ја ...

Во октомври 2025 година се издадени 446 одобренија за градење, што е за 22,9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 10 596 843 илјади денари, што е за 25,1 % повеќе во споредба со октомври лани. Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за ...

Утрово најстудено во земјата било во Битола каде се измерени -3 степени. -2 степени се измерени во Скопје – Петровец, Берово, Струмица, -1 во Тетово, Демир Капија, Велес, 0 во Скопје–Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Прилеп, Mаврови Анови, Гевгелија, 1 во Куманово, 2 во Крива Паланка, Охрид, Претор, Виница, 4 во Попова Шапка и 5 степени во Kрушево. Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Претпладне наместа има појава на ...

Познатите македонски пејачки Тамара Тодевска и Каролина Гочева ќе бидат главни ѕвезди на новогодишниот концерт на плоштадот „Македонија“, потврди градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на седница на Советот на Градот. Новогодишната прослава годинава ја организира „Државната видео лотарија“, а условот на градоначалникот бил – да настапуваат само македонски изведувачи. Освен двете поп-ѕвезди, на сцената ќе настапат и изведувачи од ...

Во пресрет на новогодишните празници се бојадисуваат клупите во центарот на Битола. Oткако неколкумина битолчани се пожалија дека се залепиле на мрсна боја кога претходниот пат се бојадисуваше, овој пат има ознаки кои ги предупредуваат граѓаните дека е свежо фарбано. Токму така гласи ознаката: Внимавај фарбано! Предупредувањето е испишано на бели лисја прицврстени со камења. Иако начинот на обележување не наликува како што би требало да биде ...

Конечно започна новогодишното украсување на Битола. По 5 години со истата сценографија и со елка качена на маса, најверојатно инспирирана од песничката „Елко, елко, порасни уште две-три педи…”, градот повторно со истиот веќе виден декор. И да, ова е таа „разгледница” за која ни велат дека е поубава од Виена. Дел од критиките и фотографиите што ги добивме од револтирани граѓани го покажуваат токму спротивното длабока разочараност и чувство ...

„Сејф сити“ го намали бројот на сообраќајни прекршоци. Статистиките покажуваат дека се намалил и бројот на сообраќајни незгоди. Имено, за 50 проценти се намалени сообраќајните несреќи во Скопје, откако почна во функција тест периодот на системот „SAFE CITY“. Во овој период се случиле сообраќајки, но со оглед на намалената брзина на возилата, истите завршиле со полесни повреди. Нема жртви од сообраќајна несреќа, за разлика од претходната ...

Минималната плата ќе се зголеми во март 2026 година, а проценките се дека порастот ќе изнесува меѓу 1.500 и 2.000 денари, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Тој нагласи дека одлуката нема да биде донесена под политички или јавен притисок, туку исклучиво според утврдената законска методологија. Од Министрството за економија и труд нагласуваат дека законот го дефинира моделот за пресметка на минималната плата, кој се темели ...

Јане Славов, заедно со енергичните музичари од Алерт Бенд, создадоа специјално видео со преработки на најголемите хитови на „кралевите на румбата“ – Џипси Кингс. Наместо класичен настап, тимот изработи динамична видео-компилација во која низ еден кадар и еден концепт оживуваат најпознатите румба теми. – Латино делот секогаш носи посебна енергија и вибрација на забавите. Го вметнуваме во нашиот репертоар на речиси сите настапи, од клубови до ...

Битолската туристичка понуда го вбројува и Безистенот како културно-историско наследство на градот. Но, состојбата на објектот е незавидна и, не остава добар впечаток. Влажни сводови со излупена и надуена фасада, испадната на одредени места, отворени прозорци од кои во време на дождови лие како од чешма. Слична сосотјба и во внатрешноста на различните деловни простории – дужаните. Нивните тавани мирисаат на нем. Ѕизовите боја не виделе ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09