Наместо фудбалски празник, навивачите на Милан доживеаја нова фудбалска катастрофа. „Росонерите“ претрпеа тежок пораз на домашен терен од Аталанта со 2-3, резултат кој не само што ја продлабочи резултатската криза, туку и сериозно го загрози пласманот во Лигата на шампионите. Со само седум освоени бодови во исто толку натпревари, тимот на Макс Алегри сега падна на делба на четвртото место со Рома, додека Јувентус изби пред нив на табелата. ...

Барселона и официјално ја завери својата 29-та титула во Ла Лига, успевајќи да ја одбрани круната по вторпат по ред, успех кој клубот го немаше постигнато уште од 2019 година. Оваа сезона 2025/26 ќе остане запаметена како една од најпредизвикувачките за тимот на Ханси Флик, кој мораше да помине низ серија повреди и резултатска криза за да стигне до трофејот. Клучниот пресврт во сезоната се случи по првото „Ел Класико“. По поразот во Мадрид од ...

Познатите венецијански канали во саботата се претворија во пловечки амфитеатар обоен во зелена, црна и портокалова боја. Фудбалскиот клуб Венеција на уникатен начин, со традиционална парада на гондоли, ја прослави титулата во Серија Б и експресното враќање во најсилната италијанска конкуренција по само една сезона помината во понизок ранг. Промоцијата беше осигурана уште на почетокот на месецот по ремито со Специја, но „печатот“ на ...

Иако пред 18 месеци со солзи во очите се збогуваше со националниот дрес, легендарниот Луис Суарез е подготвен за уште еден последен танц. Најдобриот стрелец во историјата на Уругвај (69 гола) објави дека повторно му стои на располагање на селекторот Марсело Биелса за претстојното Светско првенство во 2026 година. Оваа одлука доаѓа како големо изненадување, со оглед на тоа што „Ел Пистолеро“ по повлекувањето во септември 2024 година јавно го ...

Валенсија оствари исклучително важен триумф на едно од најтешките гостувања во Ла Лига, совладувајќи го Атлетик Билбао со 0-1 во рамките на 35-то коло. Херој на денот, покрај стрелецот на голот Умар Садик, несомнено беше македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој со серија фантастични интервенции ги доведе домашните напаѓачи до очај и му донесе на својот тим три златни бода. Натпреварот во Билбао започна со голем притисок од ...

Како што турнирот во „вечниот град“ влегува во својата клучна фаза, Елена Рибакина јасно стави до знаење дека е главниот фаворит за подигнување на трофејот. По елиминацијата на Арина Сабаленка, патеката за казахската тенисерка изгледа сè поотворена, а нејзината победа над младата Алекс Еала со 6-4, 6-3 беше вистинска лекција по стабилност и прецизност. Рибакина го контролираше натпреварот од првиот до последниот поен, дозволувајќи и на ...

Атмосферата во Милано вечерва е далеку од празнична. Наместо вообичаената поддршка пред дербито со Аталанта, трибините на „Сан Сиро“ станаа сцена на масовен протест. Најверните навивачи на Милан, предводени од групите на „КурваСуд“, испратија директна и остра порака до раководството, а главна мета е извршниот директор Џорџо Фурлани. Протестот започна уште неколку часа пред почетокот на мечот со долг соопштение во кое навивачите ги обвинуваат ...

Фудбалот во Италија уште еднаш покажа зошто е непредвидлив, а навивачите на Рома поминаа низ вистински емотивен ролеркостер на гостувањето кај Парма. Во натпревар кој траеше повеќе од сто минути, „волчицата“ успеа да извлече победа од 2-3 благодарение на ладнокрвноста на Дониел Мален, кој во 101. минута со гол од пенал ги донесе трите бода во Рим. Натпреварот започна со иницијатива на гостите, а Мален го отвори резултатот во првото полувреме ...

Последните моменти од гостувањето на Арсенал кај Вест Хем донесоа шестминутна ВАР драма која предизвика вистинска бура во фудбалската јавност. И можеби фаулот врз голманот Раја немаше да биде толку спорен, доколку претходно во безброј други ситуации низ сезоната Арсенал не победуваше токму со вакви голови. А, за драмата да биде уште поголема, оваа ВАР одлука можеби ја имаше најголемата тежина од сите досега – од една страна да го доведе ...

Трката за титулата во Премиер лигата доби нова, драматична епизода на „Лондон стадионот“. Арсенал со многу мака и голема доза на среќа успеа да го совлада Вест Хем со 0-1, со што се доближи на само неколку чекори до првиот шампионски пехар по пауза од 22 години. Додека „топчиите“ слават пет бода предност пред Манчестер Сити, Вест Хем по овој пораз тоне сè подлабоко во зоната за испаѓање. Човек на одлука беше Леандро Тросар, кој во 83-та ...

Вечерашното големо дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид ќе има поинаква, многу поемотивна тежина за тренерот на каталонскиот гигант. Ханси Флик реши да остане со својот тим и да го предводи од клупата на „Камп Ноу“ во „Ел Класико“, и покрај тоа што денеска ја прими веста за смртта на неговиот татко. Барселона преку официјално соопштение ја сподели тажната вест со јавноста, упатувајќи длабоко сочувство до германскиот стратег и неговото ...

Македонскиот училишен спорт добива уште една голема сцена за докажување. Државниот првак во футсал, екипата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко” од Прилеп, веќе пристигна во Бања Лука, каде од денес па сè до 16 мај ќе ја претставува Македонија на Европското отворено првенство во футсал за учесници до 18 години. На овој континентален собир учествуваат 250 млади спортисти од 11 земји, поделени во вкупно 15 екипи. Покрај нашите претставници, своите ...

Како што се ближи крајот на сезоната во Премиер лигата, секој натпревар добива тежина на финале. Неделното попладне ни донесе емотивни приказни, од средби со поранешни клубови, па сè до неочекувани сопнувања на фаворитите. Додека некои тимови веќе ги пакуваат куферите за европските финалиња, други со последни сили се борат за секоја педа од теренот за да го задржат елитниот статус. Борбата за Европа и битката за гол живот денеска се преплетоа ...

Главниот град денеска дишеше во еден поинаков, побрз ритам. Јубилејното 10-то издание на трката „HalkEco Скопје Трча 10км“ уште еднаш докажа дека спортот е најсилниот мост што ги поврзува луѓето, енергијата и заедништвото. Над 2000 тркачи од 16 земји ги преплавија скопските улици, претворајќи го булеварот Илинден во арена на позитивен дух и врвни атлетски постигнувања. Сепак, на крајот денот му припадна на еден човек – Дарио Ивановски. ...

Актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер продолжи да демонстрира сила во овогодинешниот плејоф, стигнувајќи до својата седма последователна победа. Овојпат, жртва на нивната беспрекорна ефикасност беа Лос Анџелес Лејкерс, кои на домашен терен загубија со убедливи 108-131. Со овој триумф, Тандер поведоа со 3-0 во серијата и се наоѓаат на чекор до пласман во финалето на Западната конференција. Натпреварот го одбележа извонредната партија на ...

Турнирот во Рим конечно го доби својот вистински вечерва, кога на „Кампо Чентрале“ стапна најголемиот италијански сон – Јаник Синер. Првиот рекет на светот, облечен целиот во црно, како витез подготвен за голема битка, не остави ниту трошка сомнеж во својата форма, совладувајќи го Австриецот Себастијан Офнер со 6-3, 6-4 во своето деби на овогодинешниот Мастерс. Рим сонува со очите на Јаник Атмосферата во распродадениот „Форо Италико“ беше ...

По сензационалното испаѓање на Новак Ѓоковиќ, „Форо Италико“ остана без уште еден прв носител. Првата тенисерка во светот, Арина Сабаленка, го заврши својот настап на „Интернационали БНЛ д’Италиа“ по неочекуван пораз од Романката Сорана Кирстеа со 2-6, 6-3, 7-5. Падот на светската број 1 Натпреварот започна според предвиденото сценарио за Белорусинката, која доминираше во првиот сет, но Кирстеа, која претходно никогаш ја немаше победено ...

Душан Влаховиќ потсети на своите најдобри денови и со експресен погодок му донесе на Јувентус златни три бода на гостувањето кај Лече (0-1). По неочекуваниот кикс и ремито со Верона, на „бјанконерите“ им беше неопходна победа за да останат во трката за четвртата позиција, а српскиот напаѓач се погрижи патот до триумфот да биде отворен уште во првата акција. Натпреварот на „Виа дел Маре“ започна на нестварен начин. По само 12 секунди игра, ...

Зад нас е најголемото хрватско дерби. На теренот на „Максимир“, Динамо рутински го реши Хајдук со 2-0 (со головите на Бакрар и Бељо) и ја потврди својата доминација во ХНЛ. Но, да бидеме реални, денес никој не зборува за поседот на топка, тактичките замисли или ударите во рамките на голот. Сите зборуваат за она што се случи под северната трибина. Главниот и ударен транспарент на „Bad Blue Boys“, светињата на секоја навивачка група, се најде ...

Дека пријателствата во фудбалскиот свет не завршуваат само на теренот, докажува и најновата фотографија која пристигна директно од домот на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин. По неговата неодамнешна посета на Скопје, кога од претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, го доби на подарок малото шарпланинче Македон, првиот човек на европскиот фудбал испрати топли поздрави до македонската јавност уживајќи во друштво на својот нов миленик. ...

Манчестер Сити уште еднаш покажа зошто е шампион кој никогаш не престанува да верува. По фрустрирачките деведесет минути против Евертон каде „граѓаните“ прокоцкаа сè, денеска на „Етихад“ видовме поинаква слика. Иако Брентфорд се покажа како „тврд орев“ кој го мачеше домаќинот во првиот дел, Пеп Гвардиола знаеше како да го пронајде клучот. Со три гола во второто полувреме, Сити го сопре налетот на „пчелите“ и се доближи на само два бода до ...

Дали некогаш сте добиле отказ (или барем сериозна опомена) затоа што шефот ве фатил како скришум гледате фудбал на работа? Епа, заборавете на тоа. FOX Sports и платформата Indeed ви нудат работа каде што мора да гледате фудбал. И тоа за плата од фантастични 50.000 долари! Звучи како класична шега од нашата „Трол Станица“, но понудата е целосно легитимна. Официјалниот назив на позицијата е „Главен гледач на Светското првенство“ (Chief World ...

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски следната сезона ќе биде дел од апсолутниот ракометен крем. Неговиот тим, СГ Битигхајм-Метерцимерн, и официјално го обезбеди своето враќање во првата германска Бундеслига, остварувајќи ја големата цел на четири кола пред крајот на првенството. Празнична атмосфера и победа за потврда Иако промоцијата во елитата математички беше осигурана уште во петокот вечерта (откако третопласираниот ...

Манчестер Сити успеа да ги освои трите бода на клучниот дуел против Брентфорд, победувајќи со 3-0 и со тоа ја одржа во живот трката за титулата во Премиер лигата. По киксот и ремито против Евертон во понеделникот, избраниците на Пеп Гвардиола се вратија на победничките патеки и сега заостануваат само два бода зад лидерот Арсенал. Иако првото полувреме помина во знаци на фрустрација кај домашните навивачи поради пропуштените шанси на Ерлинг ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, упати силна и официјална поддршка за иницијативата Јужната трибина на Националната арена „Тодор Проески“ да биде именувана по легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов. Оваа поддршка доаѓа како одговор на официјалната иницијатива поднесена од ФК Вардар до Владата и државните институции за овековечување на името на еден од најголемите симболи во македонската ...

Ракометарите на ГРК Охрид приредија вистински подвиг во рамките на плеј-офот од Суперлигата, совладувајќи го актуелниот шампион Вардар 1961 со 26-24. Иако „црвено-црните“ веќе математички ја имаат обезбедено титулата, „Гладијаторите“ покажаа многу поголема мотивaција на теренот во „Билјанини извори“, правејќи огромен чекор во битката за вицешампионската позиција. Натпреварот во Охрид започна со цврсти одбрани на двете страни, но Вардар успеа ...

Фудбалерите на Вардар се на само еден чекор од официјално крунисување во нови шампиони на Македонија. Избраниците на Гоце Седлоски денеска на домашен терен славеа важна победа над Силекс со 2-1, со што математички се доближија на само еден бод до титулата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Натпреварот започна фуриозно за лидерот на табелата. Уште во 3. минута, Цветковиќ одлично ја искористи асистенцијата на Закариќ и ја смести ...

Ливерпул и Челси ги поделија бодовите во натпревар полн со тензија на „Енфилд“, кој заврши со резултат 1-1. Иако домаќините рано поведоа, избраниците на Арне Слот не успеаја да го скршат отпорот на лондонскиот тим, кој во Ливерпул пристигна со товар од шест последователни порази во Премиер лигата. Рана радост и неочекуван пад на интензитетот Натпреварот започна идеално за „црвените“. Веќе во шесттата минута, Рајан Гравенберх постигна ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, застана во одбрана на своите фудбалери по инцидентите меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени, нагласувајќи дека нема намера јавно да ги линчува. Иако клубот веќе ги казни двајцата играчи со по 500.000 евра, Арбелоа потенцираше дека тие се извиниле и покажале што значи да се биде дел од Реал Мадрид. Чуамени во составот, Валверде дефинитивно во аут На прес-конференцијата пред утрешното „Ел Класико“ на ...

По ремито на Манчестер Сити против Евертон, трката за трофејот во Премиер лигата доби нов, неочекуван пресврт. Арсенал сега има опиплива предност, но историјата на оваа сезона не учи дека ништо не е загарантирано, дури ни за најдобрите екипи во лигата. Хаосот на „Гудисон Парк“ ја промени математиката Манчестер Сити изгледаше како да има целосна контрола врз натпреварот против Евертон цели 60 минути, пред сè да се сруши во само 13 чудни ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.6
74%
1019
weather icon

Белград

17ᴼ / 13ᴼ
2.68
70%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
78%
1014
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.56
80%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.65
76%
1016
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 12ᴼ
1.06
86%
1016
weather icon

Атина

22ᴼ / 18ᴼ
2.24
57%
1016
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.85
67%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
2.96
62%
1018
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 15ᴼ
1.34
89%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
76%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 13ᴼ
1.81
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54