Карлос Алкараз го совлада Феликс Оже-Алијасим со 6:2, 6:4 и ќе игра за својот прв трофеј на Завршниот мастерс во Торино. Во финалето негов противник ќе биде Јаник Синер. Канаѓанецот речиси и да немаше начин да му наштети на Алкараз, кој во текот на целиот меч му дозволи само една брејк-шанса. Феликс не ја искористи, додека првиот рекет на светот најголемиот дел од своите прилики ги претвораше во поени. Првиот сет го доби убедливо со 6:2, а ...

Ниту едно евро од парите на европските даночни обврзници во иднина не треба да се испраќаат во Украина бидејќи „постои голема веројатност дека парите ќе отидат за финансирање на воената мафија, мрежата за корупција“ – изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. – Гледаме како европските пари неконтролирано течат во Украина. Гледаме дека овие пари можат да се потрошат за финансирање на воената мафија. Не е ни чудо што никој ...

Врховниот командант на вооружените сили на Украина (АФУ), генерал Олександр Сирски, денеска изјави дека ги посетил војниците што држат позиции во Покровск, клучен град во регионот Донецк, опколен од руската армија. Посетата доаѓа во време кога украинскиот претседател Володимир Зеленски се обидува да се справи со последиците од големиот скандал со корупција во енергетиката што ја зафати неговата администрација. Генерал Сирски ги посети ...

Советот за економски и финансиски прашања на ЕУ иницираше промена на Регулативата за царини. Со оваа измена би се укинала тековната регулатива за ослободување од царински давачки при увоз на стоки од трети земји во Унијата, чија вредност е до 150 евра. Според предлогот на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ, ваквата одлука би требало да биде усвоена “што е можно побрзо” за да може да стапи во сила уште во текот на 2026 година. Во ...

Британската Би-би-си синоќа му се извини на Доналд Трамп за монтажата на говорот за да изгледа како да се залага за насилство, обидувајќи се да ја отстрани заканата од судска постапка, но рече дека нема основа за тужба за клевета. Би-би-си соопшти дека директорот Самир Шах испратил писмо до Белата куќа во кое јасно му се извинува на Трамп во име на компанијата за монтажата, додавајќи дека радиодифузерот нема планови да го реемитува ...

Мајка и ќерка се уапсени во Австралија под сомнение дека се дел од една од најсофистицираните шеми за измама во последните години. Претставувајќи се како гатачи и мајстори за фенг шуи, 53-годишната мајка и нејзината 25-годишна ќерка ги мамеле „ранливите” жртви од виетнамската заедница за речиси 75 милиони австралиски долари. По апсењата во нивната луксузна вила Обвинителството замрзнало средства во вредност од околу 15 милиони австралиски ...

Федералниот суд во Чикаго и наложи на авио компанијата Боинг да исплати 28 милиони долари на семејството на Шика Гарт, која загина во несреќата во Етиопија во 2019 година. Пресудата за семејството на Гарг е прва во низата тужби поднесени за таа несреќа и за уште една во Индонезија во 2018 година, во која загинаа вкупно 346 лица. Во тужбата се тврди дека авионот Боинг 737 MAX бил неисправно дизајниран и дека Боинг не ги предупредил патниците ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша законот со кој се стави крај на најдолгата финансиска блокада на администрацијата во историјата на САД. Претходно Сенатот и Претставничкиот дом гласаше за усвојување на привременото финансирање што ќе биде на сила до 20 јануари следната година. Потписот на Трамп ќе ги врати федералните работници на работа уште денес, но не е јасно колку брзо ќе продолжат целосните владини услуги и операции ...

Водачот на десничарската партија „Алтернатива за Германија” (АфД), Тино Хрупала која има висок рејтинг меѓу гласачите, изјави дека Русија не претставува закана за Германија, но дека Полска би можела да биде. Изјавата предизвика остри реакции во Берлин, каде што центристичките партии ја обвинија АфД дека станува гласот на Путин во германскиот парламент. Хрупала пак тврди дека „Путин не му направил ништо” и дека „секој може да биде ...

Русија е подготвена да ги продолжи мировните преговори со Украина во Истанбул, објави руската државна новинска агенција ТАСС, цитирајќи официјален претставник на Министерството за надворешни работи. Од друга страна од Украинското министерство за надворешни работи се наведува дека официјално се прекинати преговорите поради недостаток на напредок по трите рунди на разговори кои се одржаа годинава. Инаку, не се одржале директни разговори помеѓу ...

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, оцени дека корупцискиот скандал во украинскиот енергетски сектор е „исклучително несреќен” и го повика Киев на сериозност. Таа кажа дека не смее да се краде и сите пари треба да се насочат кон војната. Вчера, поради вмешаност во корупциски скандал, во кој од државната компанија „Енергоатом” биле испрани околу 100 милиони долари, оставки поднесоа министерка за енергетика ...

Дијана Хрка, чиј син загина при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, повторно се вратила во шаторот пред српското собрание, каде што 12 дена штрајкува со глад. Таа во текот на ноќта заради влошена здравствена состојба била однесена во болница на преглед и да прими инфузија. Мајката ја бара вистината, но и одговорност за смртта на нејзиниот син Стефан и 15 други жртви во новосадската несреќа. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ...

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ја оствари втората победа во европската Лига на шампионите совладувајќи го унгарски ПИК Сегед со 25:24 (11:8). Вечерашниот успех на битолчани беше најавен во првото полувреме кога пелистерци во првите десет минути од средбата поведоа со 5:0, а предност од пет голови разлика имаа и во 23 минута кога на семафорот пишуваше 10:5. Гостите во првиот дел игра под своите можности и реномето со кое ...

Според снимките и објавите на социјалните мрежи, Хрка пристигнала во болницата во инвалидска количка и со заштитна маска на лицето, придружувана од ветерани кои постојано ѝ даваа поддршка. Таа штрајкува со глад пред српското Собрание од 2 ноември, барајќи надлежните институции да ги изведат пред лицето на правдата сите осомничени за трагедијата во Нови Сад, како и да бидат ослободени студентите и граѓаните кои, според неа, биле незаконски ...

Минимална победа постигнаа македонските кошаркарки во првиот натпревар од квалификациите за Евробаскет. Во Скопје попладнево совладана беше Данска со 79:78 (18:21; 21:19; 19:18 и 21:20). Во изедначен натпревар македонските кошаркарки постигнаа важна победа на стартот од новата рунда квалификации. Избраничките на селекторот Александар Ашаданов во првата четвртина водеа со 18:13, но противникот направи серија од 8-0 за водство на крајот на ...

Десетици демонстранти од редовите на староседелските заедници во Бразил се пробија низ безбедносните бариери на климатскиот самит COP 30, барајќи поенергични акции против уништувањето на шумите и заштита на земјата на нивните предци. Тие се судриле со обезбедувањето на влезот во комплексот на Обединетите нации во Белем, каде што многу делегати од целиот свет присуствуваат на климатските разговори. Тие барале крај на експлоатацијата на ...

Венецуела се подготвува за напад од САД. Распоредува оружје, воена опрема и планови за герилски отпор. Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно ја покрена можноста за копнени операции во Венецуела, велејќи дека „копното ќе биде следно” по нападите врз бродовите за кои Вашингтон тврди дека се користат затрговија со дрога. Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека граѓаните и војската ќе се спротивстават на секој обид ...

Градското собрание на главниот град на Хрватска усвои резолуција со која го повикува градоначалникот да преземе мерки за спречување на употребата на фашистички и усташки симболи, слогани и пароли, вклучувајќи го и „За дом спремни”, на сите јавни површини и настани кои се под надлежност на градот. Градските советниците со ова сакаат да се заштити јавниот простор од пораки што поттикнуваат омраза и насилство. Градоначалникот на Загреб изјави ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека најавената па одложена средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Будимпешта сè уште е на дневен ред, и оти разговорите меѓу руската и американската делегација моментално се во застој по прашањето на украинските територии. Орбан истакна дека Унгарија до одреден степен е вклучена во преговорите меѓу американската и руската делегација и дека тој не се ...

Во жестока пукотница на кружен тек во близина на аеродромот во Тирана, вчера попладне убиено е едно лице, а едно е тешко рането. Напаѓачите отвориле оган од возило во движење кон друго возило во кое се возеле нападнатите. „Бота Сот” објави дека убиениот е идентификуван како Гилмано Дани, за кого се тврди дека бил „десна рака” на криминалниот шеф Сулази, кој во минатото е поврзуван со изнуда и трговија со дрога. МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: ...

Во напади со беспилотни летала од јануари до крајот на октомври оваа година во Русија се убиени 392 лица, меѓу кои и 22 малолетници, објави амбасадорот на руското Министерство за надворешни работи, Родион Мирошник. „Од почетокот на годината до крајот на октомври, 3.205 лица беа повредени во напади со беспилотни летала, меѓу кои и 195 малолетници. Вкупно 392 лица загинаа, меѓу кои и 22 малолетници“, рече Мирошник, а објави весникот ...

Македонската фудбалска репрезентација во четврток (13 ноември) ќе го одигра последниот домашен натпревар оваа година, а ФФМ реши тој да биде вистински празник на фудбалот – влезот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде бесплатен за сите навивачи. Натпреварот против Летонија ќе се игра во 18:00 часот и ќе послужи како проверка пред клучниот квалификациски дуел со Велс во Кардиф. „Ова е наш начин да им се заблагодариме на навивачите за ...

ЕУ започнува активности околу формирање нова разузнавачка единица која ќе биде под раководство на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Како што објави „Фајненшл тајмс” целта била подобрување на користењето на информациите собрани од националните шпионски агенции. Според весникот, единицата ќе биде формирана во рамките на секретаријатот на Комисијата и планира да ги собере претставниците од различни делови на разузнавачката заедница ...

Само 18% од германските гласачи пак би го гласале Фридрих Мерц за Канцелар, покажаа резултатите од анкетата направена за телевизијата РТЛ. Падот на рејтинот на Мерц е евидентен и меѓу поддржувачите на неговата ЦДУ, кога 41 отсто од членството не се согласило со негова нова кандидатура. Мерц ја презеде премиер на Германија во мај, годинава во услови на жестоки политички дебати и внатрешни борби околу прашања како што се миграцијата, ...

Официјална Москва изјави дека сака војната во Украина да заврши, но тоа е можно само кога Русија ќе ги оствари зацртаните цели. Од Кремљ истакнуваат дека сакаат крај на војната преку политички и дипломатски средства, а одговорноста за застојот во преговорите ја префрли на другите земји. Претседателот Владимир Путин потврди во август оваа година дека условите за прекин на војната, објавени уште во летото 2024, остануваат непроменети. Меѓу ...

Поранешната хрватска министерка за регионален развој и европски фондови, Габриела Жалак синоќа се пријави во загрепскиот затвор „Реметинац” за да ја отслужи казната од две години и седум месеци. Таа е осудена за два случаи на злоупотреба на службената положба, за јавна набавка на софтвер, како и за приватно трошење пари од ЕУ. И во двата случаи таа ја призна вината. По првичниот престој во „Реметинац„, таа ќе биде префрлена во женскиот ...

11 ноември — датум што во себе носи тишина со посебна длабочина. Не затоа што е магичен по природа, туку затоа што нè потсетува да застанеме, да вдишеме подлабоко и да погледнеме каде сме навистина. Често се зборува дека 11/11 означува нови почетоци, но неговата вистинска сила лежи во можноста за искрен поглед кон она што не сакаме повеќе да го носиме со себе. Тој ден не бара одлуки, туку искреност. Кога умот ќе се смири, полесно е да се ...

Голема афера го дрма големиот британски јавен ТВ сервис, Би-би-си. Генералниот директор поднесе оставка по обвинувањата дека медиумот ги довел гледачите во заблуда со изменета верзија на говор на претседателот Доналд Трамп во документарната емисија „Панорама”. Надвор од било какви новинарски стандарди во документарецот со монтирани делови од говор на Трамп се создало впечаток дека Трамп повикувал свои поддржувачи да упаднат во Капитол и да ...

Филипини е во опсада од тајфуни. Откако минатата недела од тајфунот Калмаеги загинаа стотици луѓе, синоќа ги погоди уште појак супертајфун Фунг-вонг. Има загинати, исчезнати, а еден милион луѓе беа евакуираниат пред една од најсилните бури што ја погодија земјата оваа година. Бурата помина над северниот дел од најнаселениот остров Лузон, со поројни дождови и ветрови од 230 километри на час. Ова е 21-ва бура оваа година што ја погоди земјата. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, тој не се плаши од Доналд Трамп и ги негираше медиумските извештаи за бурна средба во Вашингтон, нагласувајќи дека има добри односи со американскиот претседател. „Не… ние не сме непријатели со Америка. Ние сме пријатели. Па зошто да се плашиме?” истакна Зеленски. Тој додаде дека го почитува изборот на американскиот народ и дека САД се долгорочен ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
997
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
3.6
92%
1002
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
90%
1005
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
70%
997
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.7
99%
998
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1005
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
70%
1002
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
81%
998
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
996
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
4.63
86%
998
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -5ᴼ
1.34
87%
1004
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
13.89
67%
999
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.4288

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.2315

Currency

0.58605

Цинк

3.10

Паладиум

57935.65

Алуминиум

3.14

Родиум

310254.70

Злато

144981.23

Сребро

2569.43

Рутениум

44946.74

Иридиум

169549.30

Калај

44.73

Кобалт

59.52

Бакар

11.84

Платина

72292.89