Од 30 ноември низ цела Грција се очекува нова голема мобилизација на земјоделците, кои најавуваат излегување со трактори на автопатите. Причина се доцнењето на субвенциите и зголемените трошоци за производство, а во игра е и сценарио за блокирање гранични премини и пристаништа – што може директно да влијае на регионот и на сообраќајот кон Северна Македонија. Одлуката за заострување на протестите е донесена на состанок во Лариса, организиран ...

Јапонија ја премина црвената линија со коментарите на нејзиниот нов лидер кои сугерираат потенцијална воена интервенција над Тајван, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји. Коментарите на јапонската премиерка Санае Такаичи претходно овој месец дека поморската блокада на Кина или други дејствија против Тајван би можеле да бидат основа за јапонски воен одговор беа „шокантни“, рече Ванг во коментар објавен на ...

Во Република Српска денес се одржуваат предвремени претседателски избори, на кои граѓаните ќе одлучат кој ќе ја води функцијата до редовните избори во 2026 година. Гласањето започна рано утрово на повеќе од две илјади избирачки места и ќе трае до 19 часот. Право на глас имаат над еден милион жители, а дел од нив гласаат и надвор од земјата. Повеќе од дваесет илјади лица го искористија гласањето по пошта, додека стотици гласаат во ...

Американската администрација, според анализата на „Фајненшл тајмс“, интензивно ја засилува дипломатската офанзива кон Киев со цел украинскиот претседател Володимир Зеленски да го прифати предложениот мировен план од 28 точки. Иако 27 ноември се спомнува како рок за потпис, нема никаква официјална потврда дека Украина се обврзала да постапи до тој датум — рокот, како што наведува весникот, доаѓа исклучиво од Вашингтон. Во текстот се нагласува ...

По вчерашниот инцидент од полувремето на натпреварот од Втората лига во македонското фудбалско првенство меѓу екипите на Шкендија Арачиново и Брегалница, денеска од МВР информираат дека редарот кој со клоци го нападна фудбалерот на Брегалница е приведен и против него ќе биде покрената соодветна постапка. „На 21.11.2025 во 13:50 часот на стадион „Фортуна“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ш.А.(36) од с.Арачиново, ...

Во воведникот натпревар од 14 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Силекс попладнево на гостувањето во Скопје ја совлада Македонија ЃП со 2-1. Кратовскиот прволигаш дојде во водство во 15 минута со голот на Мирчевски, а Донов во 27 минута го зголеми водството на 2-0. Конечниот резултат го постигна Пецов во 32 минута. Силекс е четвртопласиран на табелата со 28 бодови, додека Македонија ЃП остана на осмото место со 14 бодови. Утре ...

Kрадец одземал пари од икони во црквата „Свети Никола” во Катланово. Сетата таа дрска кражба била снимена од црковната камера. Снимки од настанот се вртат на социјалните мрежи и на нив се гледа како крадецот влегува сам во верскиот објект, прво делува како ги разгледува иконите, но потоа ги собира пари оставени на нив. Верниците често велат – Бог гледа се, овој пат гледала и црковната камера. Се уште не е познато дали е откриено кој е ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе работи напорно за да бидат успешни мировните предлози на САД и вети дека нема да прави ништо што би можело да ги наруши дипломатските напори. „На Украина ѝ е потребен мир и Украина ќе направи сè за никој во светот да не може да каже дека ние ја попречуваме дипломатијата. Ова е важно“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање, додавајќи дека Украина нема да дава ...

Во поројните дождови и одрони на земјиште што го зафатија Виетнам минатиот викенд досега загинаа најмалку 43 лица, соопштија денеска локалните власти. Уште девет лица сè уште се водат како исчезнати, информира Агенцијата за управување со катастрофи во земјата. Речиси 70.000 куќи сè уште се поплавени, принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат. Многу жители избегаа од надојдените води качувајќи се на покриви. Во поплавите загинаа и десетици ...

Цената на биткоинот бележи нагол пад, повлекувајќи го целокупниот криптопазар со себе. По период на релативна стабилност, најпознатата криптовалута утрово забележа остар пад на вредноста, што кај инвеститорите повторно предизвика загриженост и несигурност. Аналитичарите наведуваат дека причините може да се поврзани со зголемениот притисок од регулаторни мерки, намален апетит за ризик и потенцијални распродажби од големи институционални ...

МЗТ Скопје Аеродром стигна до третата победа во новата сезона од АБА2, совладувајќи ја Јахорина со убедливи 96-77 во салата „Јане Сандански“. Дуелот започна израмнето, а домашните првата четвртина ја затворија со минимално водство од 26-24. Потоа си ја наметнаа играта – особено благодарение на расположената партија на Елајџа МекКаден, кој ја повлече екипата кон двоцифрена предност на полувремето (57-47). По паузата, Американецот продолжи да ...

Власта веќе подолг период насочено работи и вложува со цел да се подобри здравствениот систем во Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека ќе се вложува уште многу пати повеќе од ова што сега се прави, бидејќи како што потенцира – за жал многу малку е направено во минатото. Тој ја посети Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје”, каде што беа промовирани нов апарат за магнетна резонанца и ...

ТАВ Македонија донираше современа медицинска опрема на Детската клиника во Козле. Целта на оваа донација е да се поддржи персоналот на оваа државна медицинска установа во обезбедувањето на модерна дијагностика за младите пациенти, бидејќи секое дете заслужува најдобар можен третман. Генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, кажа дека оваа донација е дел од долгорочната посветеност на компанијата да биде партнер на општеството и двигател на ...

Сојузот за превентива од болестите на зависност денеска организира форум „Да ги спасиме младите од зависностите“ во рамки на одбележувањето на ноември – месец на борбата против болестите на зависност. Форумот ќе го отвори д-р Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), а панелисти кои ќе се осврнат на зависностите од тутун, алкохол и дрога ќе бидат д-р Мартин Петровски од ИЈЗ и пензионираниот социолог Миле Гиновски. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД и нивниот претседател Доналд Трамп имаат одлучувачка улога во напорите за ставање крај на војната на Русија во Украина. По разговорите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, Зеленски нагласи дека Украина од почетокот на годинава го поддржа секој одлучен чекор и лидерство на Трамп, „секој силен и фер предлог насочен кон ставање крај на војната“. – И само претседателот ...

Индонезиските власти денеска евакуираа повеќе од 900 луѓе и олеснија безбедно враќање на 170 планинари кои останаа заглавени по ерупцијата на вулканот Семеру на островот Јава, при што е задржано највисокото ниво на тревога. Откако Семеру вчера еруптираше десет пати, испуштајќи огромни облаци од пепел и исфрлајќи лава и камења 13 километри низ падините, локалните власти соопштија дека опасноста сè уште е висока. Планинарите преку ноќ останале ...

Фудбалерите на Шкендија се последните четвртфиналисти во Купот на Македонија, откако попладнево на домашен терен во Тетово триумфираа над Тиквеш со 2-0. Стрелци на головите во завршниот осминафинален куп натпревар ги постигнаа Алхасан во 43 минута и Мазари во судиското продолжение. Пласман во четвртфиналето во Купот на Македонија претходно обезбедија бранителот на трофејот Вардар, Струга, Работнички, Охрид, Шкендија Арачиново и Детонит. ...

Серијата од две години без пораз во официјални натпревари – вкупно 14 на број – во која се наоѓаше фудбалската репрезентација на Македонија, заврши вечерва на стадионот „Милениум“ во Кардиф. Во последното коло од Ј-групата за пласман на Светското првенство, Велс убедливо ја совлада Македонија со 7:1. Ова претставува втор најтежок пораз во историјата на националниот тим. Вторпат Македонија прима седум гола на еден меч; првиотпат тоа се случи ...

Ракометарите на Вардар повторно им донесоа радост на своите навивачи, совладувајќи го Кристијанштад со 35:30 и враќајќи се на врвот на групата Ф во Лига Европа. Ова е трета победа за скопскиот тим во четири одиграни натпревари. Дуелот започна подобро за шведскиот состав, кој во првите минути диктираше минимална предност. Сепак, Вардар одговори со серија од три гола и го презеде водството, кое го задржа до паузата. Второто полувреме донесе ...

Македонската репрезентација со убедлив пораз од Кардиф со 7-1 од Велс, го освои третото место во квалификациската група. И покрај тоа што беше потребно само реми во Кардиф, сепак, разиграните Велшани на крајот и го нанесоа еден од најубедливите порази на Македонија во историјата. Велшаните во 18. минута од пенал преку Вилсон стигнаа до предност, а три минути подоцна Брукс се погрижи за 2-0. Сепак, Миовски веднаш врати и намали, оставајќи ја ...

Десетици илјади луѓе се собраа синоќа во словачките градови за да протестираат против Владата на левичарскиот националистички премиер Роберт Фицо, јави ДПА. Демонстрациите беа одржани по повод 36-годишнината од Кадифената револуција против комунистичкиот режим на тогашна Чехословачка. На протестите повикаа опозициските партии и групите на граѓанското општество, вклучувајќи ја и иницијативата „Мир за Украина“. Организаторите соопштија дека до ...

Кризата во Карипското море расте, САД како да се подготвува за воена интервенција во Венецуела. Тие често гранатираат мали бродови за кои велат дека превезуваат дрога. Од вчера таму е и еден американскиот носач на авиони. Претходно САД во Порторико распоредија 10 борбени авиони, а осум воени бродови и нуклеарна подморница. Од друга страна претседателот на Венецуела нареди општа мобилизација и повикува на мир. Но сепак и неколку големи руски ...

Вооружена група Албанци во подножјето на ридот Шоп испукала 15 истрели во правец на припадници на српската армија во близина на границата меѓу Србија и Косово. Во таа прилика било погодено куче кое било во непосредна близина на патролата, објавуваат денеска српските медиуми. Инцидентот се случил денеска околу 15.00 часот. Вооружената група со шест џипови, како што се наведува во медиумските извешати, избегала во правец на Косово. Ниту еден ...

Во Мостар вечерва се случи тешко злосторство во кое маж ја уби својата партнерка по кратка брканица во близина на автобуската станица. Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретванскиот кантон го потврди инцидентот и информираше дека полициските екипи се на терен и го обезбедуваат местото на настанот. Според првичните, неофицијални информации, трагедијата се случила околу 18 часот. Напаѓачот најпрво ја застрелал жената во ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го освои Завршниот АТП турнир во Торино. Во финалето, вториот светски тенисер го совлада првиот рекет на светот, Шпанецот Карлос Алкараз, со 7:6 (7:4) и 7:5. Мечот траеше 2 часа и 4 минути. Синер запиша 8 аса, направи 5 двојни грешки и искористи 2 од 2 брејк топки. Алкараз постигна 5 аса, не направи ниту една двојна грешка и реализираше 1 од 3 брејк топки. Дваесет и четиригодишниот Синер го освои Завршниот ...

Србија има рок од седум дена да најде решение за Нафтената индустрија на Србија (НИС), која според условите на САД треба да не остане во мнозинска руска сопственост, истакна денеска претседателот Александар Вучиќ на отворената седница на Владата. Тој додаде дека национализацијата би била последната опција, доколку не се постигне друг договор. Вучиќ објасни дека руските партнери веќе преговараат за продажба на уделот во НИС со азиски и ...

Фудбалската репрезентација на Македонија првпат во историјата успеа до последното коло да остане во трка за првото место во една квалификациска група. Полека, но сигурно, се менува реалноста на македонскиот репрезентативен фудбал – амбициите растат, а резултатите се движат во нагорна линија. Во квалификациската група Ј за Светското првенство, Македонија влегува во последното коло како второпласирана со 13 бода, два помалку од лидерот ...

Хотел во центарот на Истанбул беше целосно евакуиран по трагичниот инцидент во кој три лица од едно турско-германско семејство починаа под сомнение за труење со пестициди, јавуваат турските медиуми. Семејството – Турци кои живеат во Германија – почувствувале нагло влошување на здравствената состојба во средата, по јадење во популарен ресторан во истанбулскиот кварт Ортакој, на брегот на Босфорот. Иако првичните сомнежи биле насочени кон ...

Босна и Херцеговина вечерва оствари голема победа против Романија, по што во Зеница следеше вистинско лудо славје. „Змаевите“ покажаа карактер и заслужено славеа со 3:1. Стрелци за селекцијата на БиХ беа Един Џеко, Есмир Бајрактаревиќ и Харис Табаковиќ. Веднаш по последниот свиреж на главниот судија Мајкл Оливер, на теренот и трибините избувна огромна еуфорија. Зеница „експлодираше“, а колку оваа победа му значи на селекторот Сергеј Барбарез ...

Фудбалерите на Велс вечерва го победија Лихтенштајн со 1:0 во Вадуц. Иако Велшаните се надеваа на убедлив триумф со најмалку шест гола разлика, успеаја да ја обезбедат само минималната победа. Овој резултат е од голема важност за македонската репрезентација пред натпреварот во Кардиф закажан за вторник, доволно ќе ѝ биде дури и нерешен резултат за да го освои второто место во групата Ј и да се пласира во баражот за Светското првенство 2026. ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
997
weather icon

Белград

-1ᴼ / -2ᴼ
3.6
92%
1002
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
90%
1005
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
70%
997
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.7
99%
998
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1005
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.17
70%
1002
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
81%
998
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
996
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
4.63
86%
998
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -5ᴼ
1.34
87%
1004
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
13.89
67%
999
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.4288

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.2315

Currency

0.58605

Рутениум

44946.74

Сребро

2569.43

Платина

72292.89

Бакар

11.84

Паладиум

57935.65

Родиум

310254.70

Злато

144981.23

Алуминиум

3.14

Калај

44.73

Кобалт

59.52

Цинк

3.10

Иридиум

169549.30