„Минато“ е насловот на нејзината нова песна, во која младата македонска пејачка продолжува да го турка својот омилен стил како сопствен израз во музичкиот правец кој најмногу и лежи. Овој пат во своевидна модерна ар-ен-би балада која преминува во побрз ритам, за потоа одново да заплови во помирни музички води. Емотивна во изведбата како и во стиховите на кои како и на музиката Марија и самата е автор, само ја надополнува нејзината слика на ...

За новата песна, чија промоција ќе биде во среда на Тв Алфа, Блаж Маротов смета дека ќе му е можеби и најголем хит досега. Композиција “Бог да ми даде сила” на музика, текст и аранжман Блаж Маротов, е работена доста долг временски период, од компонирање, па дефинирање на текстот, и осмислување на аранжманот. “Ја работев најдолг временски период од досегашните мои дела, сакав секој детал, секоја нота да биде вистинската, таков беше и односот ...

Како што дознава музичкиот портал Музика24, на 17-ти мај со почеток во 20 часот во Македонската филхармонија голем солистички концерт ќе одржи популарниот Борис Новковиќ. Концертот насловен „Куда иду изгубјене девојке“ ќе претставува интимна средба со македонската публика каде Новковиќ ќе ги отпее своите најпознати хит рефрени. Влезници се во продажба онлајн на ticketx.mk или во продажната мрежа на Ticketx ширум Македонија по следните цени и ...

Пеѓа Јовановиќ, кој во моментов е еден од најпопуларните и најбарани изведувачи и човек кој без голема реклама полни концертни сали ширум регионот, на 27 јули, за првпат ќе одржи голем концерт во Македонија и тоа на „Ракометно игралиште” – Битола. Емотивниот пејач кој со своите песни ја освои публиката, на 27 јули доаѓа во Битола, а сите присутни може да очекуваат музичка ноќ која долго ќе се прераскажува, вонсериска атмосфера и светско ...

Како што дознава музичкиот портал Музика24, легендарниот изведувач кој слави 50 години кариера, Жељко Бебек, доаѓа во Охрид по овој повод. Јубилејниот концерт ќе се одржи на 18-ти јули 2024 година во прекрасниот Антички Театар. Привилегија е да уживате во најголемите хитови на Жељко Бебек, еден од највлијателните артисти на балканскиот регион во изминатите 50 години. Концертот е во организација на Сцена Продукција, додека влезниците ќе бидат ...

Yon Idy, младиот кантавтор кој сите го препознаваат по караткеристичниот вокал, го објави својот најнов сингл, „Walk Away“. „Walk Away“ e песна за забавните фази од запознавањето некоја нова личност, уживањето во времето поминато со неа, иако знаеме дека нема да трае. Пеам за онаа фаза на доброболна ранливост и наивност додека си дзоволуваме да ги почуствуваме емоциите. Понекогаш сме толку свесни за некои ситуации што ни се чини дека ги ...

Како што дознава музичкиот портал Музика24, пред 61 година започна со работа познатото и популарно Радио Валандово. Тогаш за прв пат во македонскиот етер се слушнаа зборовите: “Зборува Радио Валандово”. Како што велат самите тие, Радио Валандово 61 година зрачи во етерот, сведок е на многубројни настани значајни за градот, општината, државата. Радиото веќе 61 година се грижи за навремено информирање, следејќи ги секојдневните настани кои се ...

„Црвена јабука“ објави нов сингл и спот „Први плес“ од нивниот актуелен албум. „Први плес“ е и последниот сингл од албумот „Нека нова јутра“ објавен минатата година. Неуморните Жера и авторската екипа предводена од Мирко Шенковски – Џеронимо го привршуваат снимањето на новиот студиски албум. „Први плес“ е песна која многу младенци ќе ја посакаат на својата свадба, бидејќи како првиот бакнеж, првата љубов и првиот танц на младенците, тоа е ...

Петстотини нови полицајци од кои 416 мажи и 92 жени ја испеаја „Бисер Балкански“ по денешната свечена церемонија во Центарот за обука во Идризово, откако ја завршија едногодишната обука. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека полицајците ги очекува една нова етапа. Им порача дека секој од нив е креатор на сопствената среќа, оти нивниот успех зависи од самите, но и дека законот мора да се почитува. Техничкиот премиер Талат ...

Дивље јагоде, легендарниот бенд со огромно влијание на регионалната музичка сцена, штотуку го објави својот петти и последен сингл пред објавувањето на нивниот долгоочекуван тринаесетти студиски албум. „Ukrala je svjetlost istoka“ е класична hard / heavy песна која истовремено изобилува со мелодија, што го потврдува препознатливиот рок-стил на бендот. Овој сингл е само мал вовед во она што не очекува на тринаесеттиот студиски албум на бендот, ...

По долго чекање, Владо Калембер, еден од најпознатите хрватски вокали и најголем шармер во регионот, со својот бенд „Сребрена крила“ го издава новото студиско издание „Opasno je ljubit ženu“. По долги 12 години и претходниот албум „2012“, новиот студиски материјал доаѓа со најавениот истоимен сингл и придружниот спот, кој може да се окарактеризира како силна песна која ги тематизира љубовните врски и сите предизвици што тие ги носат. ...

По долго чекање, Владо Калембер, еден од најпознатите хрватски вокали и најголем шармер во регионот, со својот бенд „Сребрена крила“ го издава новото студиско издание „Opasno je ljubit ženu“. По долги 12 години и претходниот албум „2012“, новиот студиски материјал доаѓа со најавениот истоимен сингл и придружниот спот, кој може да се окарактеризира како силна песна која ги тематизира љубовните врски и сите предизвици што тие ги носат. ...

После незаборавните скопски концерти, Balkan Media Production Ви ги претставува летните охридски спектакли. Ацо Пејовиќ, една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, доаѓа повторно во Охрид, каде што ќе одржи концерт на 3-ти август на „Билјанини извори“. Тие што веќе имале можност да го слушаат знаат дека ќе биде огромно задоволство да се ужива во неговата интерпретација и хитови како што се „Da si tu”, „Godina i jace”, „Sve ti dugujem”, ...

Балканската фолк ѕвезда Светлана Ражнатовиќ – Цеца наскоро ќе има концерт во Куманово, дознава Музика24. Концертот е закажан за 15-ти јуни а локацијата дополнително ќе биде објавена. „На 15-ти јуни ќе имам концерт во Куманово, се надевам ќе биде милосрден мојот менаџер па ме пушти да живеам и да уживам. Јас ќе се потрудам да не работам во текот на летото бидејќи подготвувам албум. Баш се радувам и ми треба одмор, фокус на тој албум. Бидејќи ...

Изборот на вистинската музика за пуштање во деловниот простор може да биде клучен за подобрување на имиџот на компанијата. Без разлика дали се работи за ресторани, кафулиња или други угостителски објекти, супермаркети, трговски центри, продавници или други локации, музиката игра важна улога. Видот на музиката, нејзиното темпо и други параметри можат да влијаат на престојот на гостите во објектот, брзината на потрошувачката на производите или ...

Како што не известуваат од Филтер Лабел, соработката со еден од најталентираните македонски џез композитори и гитаристи, Георги Шарески, продолжува и во 2024 година. Откако тие минатата година го објавија дует албумот со виртуозот на усна хармоника Марко Јовановиќ, овој пат тие ви претставуваат еден сосема поинаков проект – џез триото „The Instincts“. Станува збор за интернационален состав, во кој Шарески членува заедно со германскиот тапанар ...

Во најновата епизода на подкастот „Искрено со Ивана И Адријана” девојките седнаа со Мартин Трпчевски познат како Мартин 99. Со него зборуваа на тема љубомора, контрола на партнерот и социјалните медиуми, како и чепкaње во телефони. Ја отворија темата кои партнери се љубоморни и зошто не им веруваат на личноста во која се во врска. Мартин и Адријана се сложија дека со вистинскиот партнер нема да чувстуваш љубомора, додека Ивана остана на став ...

На 26-ти април, Владимир Четкар ќе настапи во Њујорк во познатиот музичкиот клуб Chelsea Table & Stage каде ќе се претстави со своја авторска музика и аранжмани, а таа вечер специјален гостин ќе му биде и легендарниот диско артист Ди Си Лару, кој своевремено беше издаван од прочуената музичка куќа Казабланка Рекордс. На 3-ти мај Четкар патува за Детроит каде ќе одржи концерт во џез клубот Aretha’s Jazz Cafe at the Music Hall. По Њујорк и ...

„Его“ е насловен новиот музички проект на Тамара Тодевска и младиот артист Young Dadi. Музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов, текстот е напишан од Dadi. Станува збор за динамична поп мелодија, која е надополнета со интересен спот во кој доминираат двајцата артисти. „Среќна сум што навистина после повеќе години објавувам песна, која е дует, односно соработка со друг артист. Dadi е дел од помладата музичка сцена. Го следам подолго време, ...

19-ти и 20-ти април се датумите резервирани за двата акустични, последователни концерти на рок-групата „Ареа“. Концертите се закажани во Македонската филхармонија, а членовите на групата најавуваат акустична музичка магија и патување низ нивната 30-годишна музичка кариера. Вакви два концерти „Ареа“ одржа и во 2010 година во Универзалната сала, а интересно е што овој пат на сцената друштво ќе им прават четири девојки кои се членки на ...

Во преполна сала и добра енергија помина концертот на Жељко Самарџиќ во Скопје. Гостинка на концертот беше Калиопи која со Самарџиќ ја отпеа „Знам“, која ја напиша Ромео Грил, а од лани стана доста популарна во регионот, а гостуваше и Бора Чорба. Ефективен беше стартот на концертот со песната „Бисер балкански“ од Гоце Николовски и целата сала пееше со него. Присутните во еден глас ја пееја култната песна и тоа дополнително ја загреа ...

„Љубав преко мреже” е насловот на новата песна на момците од Браво бенд, која е само продолжение на приказната што почнаа да ја испишуваат со претходната нумера „Катаклизма”. Авторскиот тим и на двете песни е ист, односно музиката ја потпишува фронтменот на Тропико бенд Сале (Александар Цветковиќ), текстот е на Драган Брајовиќ – Браја, додека аранжманот е на Јован Лазаревиќ – Тукс. Песната излегува во исто време со спот, за кој кадрите се ...

Неодамна музичкото дуо „Дупер“ ја промовираа својата најнова песна „Тие места“. Музиката, текстот и аранжманот се на Борис Какуринов и Илчо Нечовски кои всушност и го прават ова интересно и популарно музичко дуо. Како што и самите тие велат за Музика24, музиката што тие ја создаваат е безвременска и затоа секој нивни проект носи свежина и пријатно изненадување на македонската музичка сцена. А што претставува „Тие места“, слушнете во ...

Во минатонеделното интервју на единствената емисија посветена на главниот град на Македонија – „Скопје Але Але“ која се емитува на Телма Телевизија секој викенд, ексклузивно Дарко Гелев – Брејк откри дека стартува со ново радио кое ќе биде од забавен карактер, односно народна музика. Освен што вети дека истото ќе биде број 1. кога станува збор за емитување на радио програма, го откри и името кое ќе го носи ова ново радио – „Радио Естрада”. Во ...

Бомбардирани од сите маркетинг пораки за тоа како да го спречиме стареењето одлучивме да ја разработиме и таа тема, прашуваме дали староста е срамота и дали стареењето се смета за болест. Дали стареењето без брчки е благодет кој што можат да си го дозволат само богатите? Зборуваме со кого ако не со личности од јавниот свет во Македонија кои не знаат да стареат. Стојна Костовска, Драган Стојчевски, Маја Глигоровска и д-р Роберт Стојовски се ...

Кога се концертите во прашање, во Македонија постои една легенда која многу брзо прерасна во урбан мит. А, тоа е: ,,Имало кај нас концерти, ама ниту еден не бил ни приближно добар како оној на Lenny на стадион во Охрид”. Добро, да – имаше нешто необјасниво таа вечер во воздухот и на сцена, а поготово во публика. Никој никогаш и никаде не може да ,,намести” специјална вечер, кога се концертите во прашање. Тоа се случува ретко и само од себе. ...

Легендарниот македонски гитарист и композитор Влатко Стефановски, во интервју за емисијата „U svom filmu“ на HRT откри дека го комплетира новиот албум кој ќе се вика „Muscle Memory“. Новиот материјал, за кој гитарскиот виртуоз вели дека го работи без брзање и временски рамки, треба да биде објавен за неколку месеци. Покрај новиот албум, Влатко откри дека пишува автобиографија. Вели дека сфатил „дека е многу деликатно да се префрлат на хартија ...

Култниот македонски рок бенд „Мизар“ ќе одржи концерт во Македонската филхармонијата на 12-ти мај, со почеток во 20 часот. На концертот насловен „Мизар и Хармосини – Гласови“, групата ќе биде придружувана од македонскиот византиски хор „Хармосини“. „Седумнаесетмина најдобри македонски музичари-инструменталисти, предводени од Горазд Чаповски, хорот „Хармосини“ и аранжерот и диригент Дени Омерагиќ ќе ви ги донесат безвременските хитови на ...

И покрај тоа што ни претстои неверојатно возбудливо музичко лето, Авалон продукција со гордост и задоволство ви го најавува новиот проект со кој што ќе ја стартуваат новата работна сезона – есен 2024-та, а тоа е најголемиот светски забавувачки музички колектив „Postmodern Jukebox“ кој во Скопје во рамки на својата светска турнеја ќе го прослават својот 10-ти роденден. Концертот за закажан за 6-ти септември 2024, во Македонската филхармонија. ...

Во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода, Суперхикс во вторник 16-ти април 2024 година, со почеток во 12 часот ќе го промовираат новиот албум „Сила и нервоза“. „Ве каниме на слушачка (а и малку свирачка) промоција на новиот албум „Сила и нервоза“. Истиот е снимен во студиото „Тра Ла Ла“ на продуцентот Мите Димовски (освен „Скарантин“, која е снимена кај Ненад Трифуновски) и веќе се наоѓа на CD формат и на сите музички платформи. ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
7.2
54%
1020
weather icon

Белград

-3ᴼ / -3ᴼ
5.14
74%
1022
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -5ᴼ
0.51
68%
1024
weather icon

Софија

-6ᴼ / -6ᴼ
5.66
79%
1021
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
9.22
74%
1018
weather icon

Љубљана

-5ᴼ / -8ᴼ
1.03
91%
1026
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
63%
1008
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
6.69
56%
1013
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
11.32
32%
1019
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -5ᴼ
0.0
85%
1015
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
10.8
69%
1019
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 3ᴼ
8.75
93%
1010
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Злато

144981.23

Иридиум

169549.30

Паладиум

57935.65

Сребро

2569.43

Рутениум

44946.74

Бакар

11.84

Цинк

3.10

Алуминиум

3.14

Платина

72292.89

Калај

44.73

Кобалт

59.52

Родиум

310254.70