Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
По напорна работна недела, најпосакуваното нешто што ни треба е одмор за душа и за срце. И токму тоа го носи новата, 26-та епизода од четвртата сезона на обожаваниот музички серијал „На здравје“, која и овој викенд ќе внесе радост, песна и забава во секој дом. Со почеток во 20:00 часот на музичката телевизија Балкан Мјузик, емисијата нуди богата содржина исполнета со македонски евергрини, современи хитови и исклучителни настапи од најдобрите ...
Во новата епизода на “Нешто конкретно”, зборувавме за очекувањата – што животот ни должи, што луѓето мислат дека треба да бидеме, и како ние сами го рушиме сето тоа. Елена Ристеска беше таа што ја отвори темата најискрено. Го допре разводот – нешто што сите ги интересираше а за „Јас заработував повеќе, но тоа не е причината што се разведов,” рече директно, без задршка. И додаде – ако денес фати помлад дечко, уште ќе ѝ залепат етикета: „Види ...
Како што дознава музичкиот портал Музика24, утре 17-ти април со почеток од 19 часот во прилепскиот гастробар „Монарка“ ќе се одржи хуманитаерн стенд-ап настап на младиот битолски стенд ап комичар Александар Георгиевски. Влезници за настанот може да се набават по цена од 200 денари, а истите може да се набават на телефонскиот број 075/767-407, и истите се со ограничен број. Инаку, средставата кои ќе бидат собрани од влезниците ќе бидат ...
Празничната епизода на омилената емисија „На Здравје“ подготвува нешто навистина посебно за сите свои верни гледачи, обожаватели, како и за сите читатели на нивниот портал. Овој Велигден, тимот на „На Здравје“ ни подготвува незаборавно доживување исполнето со македонска традиција, љубов и духовност. Во чест на најголемиот христијански празник, ќе се слави животот и ќе се негуваат вредностите кои најмногу значат – спојувањето со Бога, ...
Во новата епизода на Нешто конкретно темата беше поставување граници, ама разговорот отиде многу подлабоко – во љубов, пријателства, музика, па дури и семејства. Пејачаката Марија Луиза сподели: „Моите ми донесоа иселеник од Австралија да ме мажат”, какви граници се поставуваат кога некој друг ги носи одлуките за твојот живот? „Јас дојдов во емисија да бидам убава, не паметна”, додаде Марија што во епизодата звучеше саркастично, но сепак ...
Стотици, а може и илјадници верници од Прилеп и неговата околина синоќа се собраа во православните храмови за да го прослават еден од најголемите христијански празници Воскресението Христово-Велигден. Со запални свеќа, молитва и радост верниците ја дочекаа веста за Воскресението Христово точно на полноќ. Имено, црквите „Св. Благовештение“ (стара црква), „Св. Кирил и Методиј“ (параклис) и „Св. Петка“ (точила) беа преполни со верници, а имаше и ...
Легендарната песна “I Will Always Love You”, позната по интерпретацијата на Витни Хјустон во филмот “The Bodyguard”, освои дури 11 престижни награди и стана вистински феномен на музичката сцена. Помалку познат факт е дека оваа балада е првата песна во историјата која трипати се искачила на врвот на Билборд топ-листата. Она што ја прави уште поуникатна е тоа што единствено оваа песна двапати го зазела првото место во изведба на истата пејачка ...
Со доаѓањето на пролетта, не само што се буди природата, туку се буди и нашето расположение, инспирацијата, љубовта и желбата за дружење и споделување убави моменти. А што подобро време за музика, насмевки и позитивна енергија од неделна вечер? Оваа недела, со почеток во 20:00 часот, музичката телевизија Балкан Мјузик ви носи уште една незаборавна епизода на омилената емисија „На Здравје“ – емисија што обединува музика, традиција и вистински ...
Сонцето се појави, природата се разбуди, а музиката – баш сега, почнува да звучи поубаво од кога било. И во таа совршена комбинација на пролетна магија, на сцената ни се враќа најмузичката емисија со најпознатата здравица во насловот — „На Здравје“. Ова не е само уште едно издание. Ова е вистинска прослава на сè она што ни недостасуваше додека чекавме да ни се разведри денот: топли разговори, спонтани смеења, незаборавни настапи и музика што ...
Денес Радио Валандово го одбележува својот 62-годишен јубилеј – шесет и две години континуирано емитување, посветеност на заедницата и беспрекорна љубов кон радиото како медиум. Сè започна на 1 мај 1963 година, кога во етерот за првпат се слушна гласот на Радио Валандово. Од тогаш до денес, оваа радио станица не престанува да биде информативен, културен и музички белег на градот и регионот. Денес, на фрекфенција ФМ 91.6 MHz, Радио Валандово ...
По серија успешни поп-хитови, Валдера реши да се врати таму каде што сè започна – во светот на рок музиката. Неговата најнова песна „Ми требаш ти“ е вистинско освежување на сцената, а за оваа енергична нумера соработува со еден од најпознатите македонски диџеи, Ерик Фокс. „Песната е враќање на моите корени“, вели Валдера, кој самиот го напиша текстот, додека музиката и аранжманот се дело на Ерик Фокс. Оваа комбинација носи динамичен звук што ...
Ако барате песна што ќе ве натера да танцувате уште од првиот такт – ја најдовте! Дамјан Стојановски го освојува етерот со својот најнов сингл „Остани“, ритмична денс-бомба која дефинитивно ќе ја освежи вашата плејлиста! Песната е комбинација на врвен аранжман од Златко Миладиновски, перфектен звук благодарение на Љупчо Павловски (студио „Анастасија“), а музиката и текстот се дело на самиот Стојановски, што ја прави уште попосебна. За ...
Последниве денови едно прашање ги крена на нозе фановите на фолк музиката: „Се омажи ли Стојне Николова?“ Честитки летаа од сите страни, а некои дури и се подготвуваа за свадба. Но, вистината е нешто сосема поинакво – ова не беше венчавка, туку премиера на нејзината најнова песна „Најлична невеста“. Со музика и аранжман на Инан Неџипович и текст на мајсторот на зборот Орце Зафировски, Стојне повторно погоди во центар. Новата песна донесува ...
Во прекрасниот амбиент на ресторанот „Бир гарден“ во Дебар Маало, легендарната фолк пејачка Соња Тарчуловска ја претстави својата најнова песна „Црвено“ заедно со импресивен видеоспот. Вечерта доби уште поголем сјај со неочекуваното изненадување – промоција на урбаната ремикс-верзија на нејзиниот безвременски хит „Во бело“. Настанот привлече голем број медиуми, колеги и обожаватели, а меѓу присутните кои ѝ дадоа поддршка на Соња беа и ...
Секое пролетно утро носи ново будење на природата, но и нов почеток, ослободување од студените зимски денови и враќање на слободата. Токму за тоа зборува новиот сингл на популарната група „Љубавници“, насловен „Одлазим“, кој уште при првото слушање освојува со заразен рефрен и весела мелодија. Пролетната доза на позитивност ја потпишуваат Марио Регелја и Антонија Шола, кои стојат зад текстот и музиката, додека за аранжманот и продукцијата се ...
По минатогодишниот триумф, уникатниот проект „Stars Symphony“ на Битолскиот Камерен Оркестар ќе доживее свое скопско издание на 20 мај, во форма на четиричасовен аудио-визуелен спектакл што ќе ги надмине сите очекувања. Овој пат, публиката ќе има ретка можност да ужива во најголемите MTV хитови од 80-тите и 90-тите (Volume 3), аранжирани специјално за оркестар, со моќна поддршка од хор, балет и врвни вокали. Како кулминација на вечерта, ќе ...
Македонскиот гитарист Владимир Василевски – Четкар на 8 мај ќе го промовира својот нов албум „Let Us Be“ со концерт во „Јавна соба“ во Скопје. Настанот започнува во 22 часот, а публиката ќе има можност да ужива во новиот материјал кој веќе освои внимание на светските музички платформи. Албумот „Let Us Be“ официјално беше издаден на 19 јануари глобално, откако претходно беше достапен ексклузивно во Јапонија преку реномираната музичка куќа ...
Битолскиот рокенрол бенд „Паркети“ најавува спектакуларен концерт на 26 април во Младинскиот културен центар во Скопје. Под насловот „Паркети и пријатели“, овој настан ќе обедини бројни музички имиња и љубители на рокенролот. На сцената со „Паркети“ ќе застанат и гости како Димиш, „Д Далтонс“, Зоки Агресор, Сеад Хаџиќ-Сецко, Сашо Поповски, Донплеја, Александар Ристовски-Принц и уште многу други. Сашо Паркет, фронтменот на бендот, истакнува ...
Многумина веруваат дека вечната младост на Џенифер Лопез е резултат на скапи третмани и ексклузивни козметички производи. Но, светската ѕвезда тврди дека нејзиниот свеж изглед е заслуга на едноставни, но доследни навики кои ги следи уште од младоста. „Морам да признаам дека имам добра генетика. Мајка ми и баба ми имаа убава кожа, па затоа и јас имав среќа“, открива пејачката. Сепак, таа додава дека младешкиот изглед не се должи само на ...
По петгодишна пауза, Селена Гомез се враќа со нов албум, носејќи со себе изненадување за своите обожаватели. Пејачката тајно работела на проектот „I Said I Love You First“, а официјалниот датум на издавање – 21 март, дојде без претходна најава, што дополнително ја зголеми возбудата. Албумот е создаден во соработка со нејзиниот свршеник, продуцентот Бени Бланко, а фановите веќе шпекулираат дека текстовите одразуваат дел од нејзиниот личен ...
Кога ќе се спојат две исклучителни вокални сили како Лука Новокмет и Душка, резултатот е експлозија на емоции што ги поместува границите. Овој моќен музички тандем, кој ја освои публиката со своите настапи во The Voice, сега ја претставува „Тетоважа“ – нов сингл во издание на Dancing Bear. Оваа силна соработка добива и визуелна димензија, која дополнително ќе ја продлабочи емоционалната порака на песната. Под режисерската палка на Матија ...
Сопственикот и директор на HYPE TV, Саша Мирковиќ, вчера вечер преку својот Тик-Ток профил откри шокантни информации поврзани со легендарната пејачка Лепа Брена. Во своето најново видео, Мирковиќ изјави дека целиот тим кој стоел зад Брена во изминативе 16 години, вклучувајќи ги бек вокалите, музичарите, менаџерите и останатите членови на екипата, си поднел оставка и повеќе нема да соработува со неа. „Еве ја последната вест. Да не биде дека не ...
Забележителни се и нивните настапи на најпрестижниот македонски фестивал „Макфест“ каде настапија со „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“ (за која ја освоија наградата за најдобар сценски настап и за највртена песна помеѓу двата фестивала) и „Прв“ (дует со Врчак, за кој исто така добија награда за најдобар сценски настап). Двократни добитници се и на „Златна орбита на популарноста“, а бројни се и нивните учества на хуманиратни концерти и ...
Настанот што ја потресе Македонија и регионот – трагедијата во дискотеката во Кочани, во која животите ги загубија 59 млади луѓе, остави длабоки траги кај многумина. Посебно внимание привлече реакцијата на хрватската пејачка Барбара Бобак за време на нејзиниот настап во Загреб, кога во еден момент беа активирани пиротехнички ефекти. Бобак веднаш престана да пее, соочувајќи ја публиката со својата емотивна и решителна реакција: „Веднаш ...
Јелена Карлеуша, по разводот со Душко Тошиќ, отворено проговори за своите чувства и за врската што ја задржала со неговата мајка, Николета. И покрај тешките моменти и крајот на 16-годишниот брак, пејачката со емотивни зборови и благодарност ѝ се обрати на жената која останала важен дел од нејзиниот живот. „Најмногу ја сакам Николета, мајката на Душко. Можам да кажам дека многу ме сака и дека ми е жал за сѐ што минува како жена која не е ...
Арена Софија, најголемата сала во Бугарија, беше премала да ги собере сите што сакаа во живо да ја видат Драгана Мирковиќ на сцена. Балканската музичка ѕвезда им се оддолжи на своите обожаватели со спектакуларен концерт за паметење. Хитовите се редеа еден по еден, а публиката од сите краишта на Бугарија пееше во еден глас со својата омилена пејачка. Најемотивниот момент на вечерта беше кога Драгана ја доби наградата „Grand Oskar“ односно, ...
Со голема тага музичкиот свет се збогува со Маринко Колнаго, басистот и еден од основачите на легендарната група Нови фосили, кој почина на 83-годишна возраст по кратко и тешко боледување. Колнаго беше единствениот член кој остана со бендот од самите почетоци во 1969 година, создавајќи музика што ќе остане вечно. Неговите бас линии, страст и харизма беа дел од магијата на песни што го одбележаа музичкиот простор на поранешна Југославија и ...
Дара Бубамара по 32 години кариера и 8 години од издавањето на последниот албум го објави својот нов, 13-ти по ред студиски албум под наслов „2025“. Новиот албум на Дара е под издание на City Records . Албумот содржи 12 сосема нови песни, а Дара уште еднаш покажа и докажа дека таа „владее“ над многу жанрови и стилови на пеење. Докажаните соработници и младата сила на авторот, го направија новиот албум на Дара да го најде патот дури и до оние ...
„Пред да стапнам на сцената, почувствував неверојатна возбуда: ова е реално, се случува, мојот сон се остварува. Тој момент беше еден од оние што се паметат, еден од оние по кои се мери многу во иднината. Емоциите што ме обзедоа тогаш сè уште се присутни секојпат кога ќе излезам на сцената. Ви благодариме за сите овие прекрасни години“, напиша Даниела Мартиновиќ во својата објава, потсетувајќи на долгогодишната љубов што ја споделува со ...
На неодамнешниот настап во едно кафуле, српската пејачка Наташа Беквалац уште еднаш ја покажа својата искреност и емотивност пред публиката. Настанот беше дополнително разубавен со присуството на група девојки кои славеа моминска вечер, а Наташа одлучи накратко да го прекине концертот за да ѝ се обрати на идната невеста. Со трогателни зборови, пејачката ѝ посака сè најубаво во новото животно поглавје: „Сакав да имам семејство, деца, маж, ...