Под мотото „Ајде да се дружиме“, Општина Берово најавува незаборавна вечер исполнета со радост, музика и признание за трудот и посветеноста на учениците. Настанот ќе се одржи во петок, на 13 јуни, со почеток од 19:30 часот, на плоштадот „Димитар Беровски“. Во организација на Општина Берово, а во соработка со ОЈУДГ „23 Август“, ООУ „Дедо Иљо Малешевски“, ООУ „Никола Петров Русински“ и ОСУ „Ацо Русковски“, настанот ќе биде симболично затворање ...

На неодамна одржаното 38-мо издание на престижниот Фолк Фест Валандово, сцената повторно стана дом на македонската песна, емоција и традиција. Меѓу учесниците кои го привлекоа вниманието на публиката се истакна и Методија Столески – млад, но веќе докажан музички уметник со посебна харизма и искрен израз. Методија настапи со песната „Тага за Ристана“, композиција која се издвојуваше по длабочината на емоцијата и искреноста во изразот. Музиката ...

Дуото Ај Кју кое не претставуваше на Евровизија во 2018 година има нова песна на англиски насловена „Till The beat comes down”. Бојан и Марија кои веќе неколку години живеат и работат во Лондон се активни на полето на музиката и денес ја промовираат нивната нова песна која е дел од нивниот следен албум кој е во изработка. На оваа песна соработуваа со продуценти од Лондон Шведска Австралија и Италија. Звукот е модерен и претпознатлив за ...

Проектот „Showroom“, зад кој стојат Балкан Мјузик и Арт Студио Продукција, продолжува да го освојува вниманието на љубителите на квалитетната музика. Се работи за серија на живи музички изведби, во кои внимателно одбрани вокалисти и музичари преработуваат македонски и српски песни, носејќи им нов живот преку оригинални аранжмани и беспрекорна изведба. Во најновото објавено видео, „Showroom“ го претставува настапот на Филип Стојковски, кој со ...

Во новата епизода на најгледаната музичка емисија „На Здравје“, македонската душа повторно се разлеа низ екранот. Четвртата сезона продолжува со несопирливо темпо, а оваа недела сцената блескаше во полн сјај – со извонредни настапи, силни емоции и звучна традиција која обединува. Сè започна со веселото скопско оро, што ги размрда сите – и во студиото и пред малите екрани. Музичките домаќини, групата Круна и легендарниот Орде Неделковски, како ...

Со длабока тага, хрватската и балканската музичка сцена ја прими веста за смртта на еден од најистакнатите џез пијанисти и композитори на нашето време – Матија Дедиќ. Тој почина на 52-годишна возраст, оставајќи зад себе импресивно музичко наследство и непребол за љубителите на квалитетната музика. Матија Дедиќ беше син на легендарните уметници Арсен Дедиќ и Габи Новак. Пред десет години, во емотивен момент и во врв на својата пијанистичка ...

Давор Јордановски во соработка со реномираната етно-група Синтезис ја претстави својата најнова музичка креација – песната „Да сум таа“. Ова дело претставува симбиоза на длабоки емоции, македонски корени и современа музичка естетика. Автор на музиката е самиот Јордановски, кој заедно со истакнатите музичари Радослав Шутевски, Ванчо Јовчев, Гоце Димовски, Марјан Јовановски, Гоце Узуновски и Горан Гешовски стои и зад аранжманот. Со години ...

Најголемата икона на хрватската музичка сцена, легендарниот Мишо Ковач, конечно ќе добие своја голема филмска приказна. Во подготовка е долгометражниот биографски филм со работен наслов „Мишо“, кој ќе ја раскаже животната сага на човекот чии песни станаа химни на емоциите за генерации низ Хрватска и поранешна Југославија. Филмот ќе го следи Мишо од неговите први чекори, преку блескавата кариера, до денешниот статус на жива легенда. За улогата ...

И оваа недела, 8-ми јуни, повторно ве каниме на незаборавно музичко дружење преку малите екрани. Со почеток во точно 20:00 часот, на фреквенцијата на Балкан Мјузик телевизија, ќе се емитува најгледаната музичка емисија „На Здравје“, каде традицијата, емоцијата и македонската песна се спојуваат во едно. Како и секогаш, и оваа недела ви подготвивме внимателно избрана програма исполнета со вокали кои ја носат душата на народната песна, звучни ...

Во срцето на Струмица, каде што музиката е дел од секојдневието, а спомените за великани сè уште одекнуваат меѓу улиците, „Легато бенд“ создаде нешто повеќе од концерт – создаде музички мост помеѓу генерациите. Со посветеност и љубов, тие му оддадоа почит на својот сограѓанин и македонска музичка легенда – Гоце Арнаудов. Пред споменикот на Арнаудов во Малиот градски парк, се случи едно несекојдневно музичко доживување – видео проект кој ги ...

Во најновата епизода од четвртата сезона на емисијата „На Здравје“, гледачите беа сведоци на вистински музички спектакл исполнет со македонски звук, емоции и позитивна енергија. Под домаќинство на групата Круна и харизматичниот Орде Неделковски, студиото се претвори во сцена каде што љубовта кон македонската песна се чувствуваше во секој тон и чекор. Епизодата започна со Влатко Ѓоргиев и неговата виртуозна зурла, кои во соработка со групата ...

Во организација на Извидничкиот одред „Димитар Влахов“ од Велес, годинава по 25-ти пат ќе се оддржи уникатната Вардарска регата – шестдневно авантуристичко патување по реката Вардар, кое ги спојува природната убавина, историјата и пријателствата низ границите. Минатата 2025-та година, учесниците запловија на 19-ти јуни од Македонија, а на 24-ти јуни пристигнаа во Солун, преминувајќи вкупно 280 километри од кои 80 километри низ територијата на ...

Австралија оваа пролет блескаше во боите на македонската традиција и музика благодарение на големата турнеја на Борче Наумовски, попознат како Министерот за естрада. Заедно со своите врвни соработници – Анета Арсовска, Гоце Петрески – Бананата, Маестро Кирил Стојчевски и Стивен Стојчевски, тие за седум интензивни недели одржаа вкупно 12 музички настани, кои вклучуваа концерти, кафеански вечери и дружења под мотото Balkan Night Party. ...

Австралија оваа пролет блескаше во боите на македонската традиција и музика благодарение на големата турнеја на Борче Наумовски, попознат како Министерот за естрада. Заедно со своите врвни соработници – Анета Арсовска, Гоце Петрески – Бананата, Маестро Кирил Стојчевски и Стивен Стојчевски, тие за седум интензивни недели одржаа вкупно 12 музички настани, кои вклучуваа концерти, кафеански вечери и дружења под мотото Balkan Night Party. ...

Ако мислевте дека сме ве заборавиле – не, ние само подготвувавме уште едно незаборавно музичко доживување за вас. Вечерва точно во 20:00 часот, на единствената и неповторлива Балкан Мјузик телевизија, ве очекува нова епизода од емисијата „На Здравје“ – каде што музиката не е само звук, туку чувство. Очекувајте вечер исполнета со добро друштво, искрени емоции, и најубавите македонски и балкански рефрени – песни што ве допираат таму каде што ...

Деновиве, екипата на музичкиот портал Музика24 имаше привилегија што не се случува често – да биде дел од нешто ново, автентично и ветувачко. Благодарение на културниот дом „Горан Алачки“, бевме поканети да ѕирнеме зад сцената на првото издание на Фолк Фест Владимирово – фестивал кој, според сè што видовме и доживеавме, има сериозен потенцијал да стане традиционален музички празник. Но, пред да ве поведеме низ светот на песната, кавалите и ...

Деновиве, екипата на музичкиот портал Музика24 имаше привилегија што не се случува често – да биде дел од нешто ново, автентично и ветувачко. Благодарение на културниот дом „Горан Алачки“, бевме поканети да ѕирнеме зад сцената на првото издание на Фолк Фест Владимирово – фестивал кој, според сè што видовме и доживеавме, има сериозен потенцијал да стане традиционален музички празник. Но, пред да ве поведеме низ светот на песната, кавалите и ...

На седницата на Собранието на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, одржана на 21 мај 2025 година во просториите на здружението, беше избрано новото раководство. За нов претседател на СОКОМ е избран композиторот Филип Иванов, кој доби мнозинска поддршка од членството и на таа позиција ќе ја наследи доскорешната претседателка, композиторката Валентина Велковска Трајановска. Покрај изборот на претседател, беа изгласани и новите ...

Во последната епизода на „Нешто Конкретно“ темата беа парите, мажите и жените, а гостите коментираа на вечната дилема: За мир во куќа кој треба да биде финансисер, а кој финансиски менаџер но и зошто жената треба да крие пари од мажот? Разноликоста на гостите донесе одлични коментари, но и поука дека кога ќе настане кавга за пари жената е секогаш во право! Бизнисменот и финансиски ментор пак Зоран Витанов даде свое видување од призмата на ...

Што е недела без добра песна, македонско оро и чашка ракија во душа? Баш ништо! И токму затоа – „На Здравје“ повторно дојде како музичка терапија за срце, нога и гласни жици. Веднаш од старт, група Круна ни отвори врата со оро кое ќе ве натера да ги оставите сите проблеми под маса и да станете да фатите ред на килимот. А потоа – почна парадата од гласови, емоции и ритми. Прва на сцена – Лени Партикова. Ја „запали“ атмосферата со „Ај Горушице ...

И оваа година, како и секогаш, Валандово дише со ритамот на македонската музика. 38-то издание на „Фолк Фест Валандово“ беше вистински празник на македонската народна песна – топло, емотивно и раскошно. Со дури 22 нови композиции, фестивалот уште еднаш потврди дека традицијата е жива, дека љубовта кон фолкот не се заборава и дека Валандово останува храм на македонската песна. Иако временските неприлики ја одложија втората предфестивалска ...

Во рамките на првата предфестивалска исполнета со емоции, традиција и музичко уживање, фолк иконата Сузана Спасовска уште еднаш ја покажа својата магија на сцената. Настапот започна по кратка пауза и местење на музичкиот бенд, и веднаш ги освои присутните со својот моќен, препознатлив глас и хитови кои се веќе дел од македонската музичка историја – „Марко, Марко“, „Кога љуби мома млада“, „Стојане сто те убиле“ и други кои одекнуваа од сцената ...

Со почеток точно во 21 часот, на градскиот плоштад во Валандово и официјално започнаа деновите посветени на еден од најстарите музички фестивали во Македонија – Фолк Фест Валандово. Во рамките на првата OFF вечер, организаторите понудија вечерна програма исполнета со музичка магија, емоции и силен одзив од публиката. Вечерта ја отворија Кико и неговиот Болеро Бенд, кои настапија со внимателно селектиран репертоар на добро познати македонски ...

Во просториите од Градската библиотека „Борка Талески“-Прилеп се одржа годишниот настан во организација на Здружението за развој и едукација на деца ADEY. На настанот присустувуваа голем број на ученици кои беа групни натпреварувачи како и нивни ментори, а истите беа од основните училишта во Прилеп и неговата околина. Настанот како и минатата така и оваа година имаше натпреваручки каратер, а гласовите и поените беа разгледани и дадени од ...

Кога животот ќе нè повика на песна – ние не размислуваме двапати. Оваа недела, повторно го палиме ТВ приемникот и душата, со највеселата емисија на Балканот – „На Здравје“, само на Балкан Мјузик ТВ во 20:00 часот. На репертоарот? Сè што душата сака: Марјан Коцев со неговата чаршиска харизма, Лени Партикова – енергија на високи потпетици, Кате Брезева што пее со срце, Соната што тера на игра, Чуле, кој секогаш изненадува…и уште многу други ...

„Љубов за сите“ – беше насловот на поетската ликовно-музичка манифестација што се одржа во НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп во чест на уметничката Андријана Мациев-Ан, која што на 41 годишна возраст замина во вечноста и стана жив ангел небесен. Манифестацијата беше вечер на многу емоции каде не беа изоставени солзите по обраќањето на мајката на Андријана, Јулија Мациевска, која што накратко раскажа за бурниот живот и последните денови од ...

Во време кога повеќето луѓе на 97 години одамна би се повлекле во тишината на мирен дом, Добрила Чабриќ Ивановска живее сосема поинаква приказна. Таа не само што и понатаму настапува и снима песни, туку и самата вози автомобил, патува сама до Белград, а нејзиното омилено место за разонода е – казиното. Добрила, победничка на регионалното шоу „Никогаш не е доцна“, стана синоним за виталност, харизма и непокорен дух. Љубителите на музиката ја ...

Во СОУ„Ѓорче Петров“-Прилеп денес се одржа отворениот ден на кој полуматурантите од нашиот град имаа можност повеќе да се запознаат со образовните профили и струките кои се изучуваат во училиштето. Наташа Најдоска професор по стручни предмети во медицинската струка ги повика деветоодделенците да се запишат во ова училиште затоа што училиштето е средно стручно, а по завршувањето на четврта година тие се оспособени да работат во реални ...

На 30.06.2025. од 20:00 часот во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје, ќе се одржи светската концертна промоција на албумот „Маглота“ на Јордан Костов и неговите пријатели, албум кој е снимен во Ханој, Виетнам, во 2023 година. „Маглота“ е најновиот музички проект на Јордан, роден од неговата длабока врска со Виетнам. Тоа е доказ за магијата што се случува кога музиката се испреплетува со културата. Албумот вешто ги инкорпорира ...

Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје, ќе го отвори 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Отворањето ќе биде во 20 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“-Прилеп. Претставата „12“ е дел од официјалната селекција на фестивалот. Во претставата играат: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1001
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
95%
1001
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1003
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
67%
1002
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.51
82%
1001
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
97%
1003
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
6.26
62%
1005
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
76%
999
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
997
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
86%
1000
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -4ᴼ
0.51
89%
1003
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
9.77
71%
1004
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.4288

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.2315

Currency

0.58605

Кобалт

59.52

Иридиум

169549.30

Цинк

3.11

Родиум

311058.47

Алуминиум

3.08

Платина

72143.25

Бакар

11.76

Злато

143662.56

Сребро

2492.14

Рутениум

44142.98

Калај

44.58

Паладиум

58707.26