Голем број граѓани од соседна Албанија доаѓаат во Македонија за купување гориво и храна по пониски цени, кои се зголемија и во Албанија, но и низ целиот свет поради војната во Иран, така што на граничниот премин „Ќафaсан“ се чека поеќе од 2 часа за влез во Македонија, јави „Еуроњуз Албанија“, заедно со снимки од долги колони возила. Слична ситуација е пријавена и во граничниот премин „Какавија“ кон Грција. Инаку, за утре во Скопје е најавена ...

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава е намален за 3,4 отсто во однос на истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Намалувањето е присутно во сите клучни сектори, при што најголем пад има во рударството и вадењето камен (-6,3 %), потоа во преработувачката индустрија (-3,4 %) и во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (-0,4 %). Негативниот тренд продолжува и ...

Програмскиот совет на јавниот сервис МРТ му наложи на генералниот директор Марјан Цветковски да покрене дисциплинска постапка, со цел да се утврди одговорноста за емитувањето на спорната песна за „Голема Албанија“. Според Советот, содржината поттикнува меѓуетничка омраза и содржи територијални претензии кон Македонија и соседните земји. „Програмскиот совет на МРТ заклучи дека со емитувањето на содржината на МРТВ2, е констатирано прекршување ...

МОН ги демантира натписите во медиумите кои наведуваат дека се затвора средното земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“ во Битола. – Земјоделската струка од средното училиште „Кузман Шапкарев“се префрла во средното училиште „Таки Даскало“ и ова е наведено во Конкурсот за упис во средни училишта за учебната 2026-2027 година. Наставниците не го губат работното место, продолжуваат да им предаваат на постојни запишани ученици кои и натаму ќе ...

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN It is an irrefutable fact that the Macedonian people have managed to ensure their con- tinuation despite all forms of pressure for their assimilation. This is yet another proof that this people, being a Biblical one, has managed to confront and endure all conquests, oppressions, and denials. Macedonia is the only country in the world that has such a long and ancient history. Its ...

Фудбалската репрезентација на Италија трето Светско првенство нема да настапи, што е секако огромно разочарување во земјата која е четирикратен светски првак. Ден по натпреварот и поразот на пенали од Босна и Херцеговина, навивачите и јавноста сè уште се во шок. Дел од навивачите своето незадоволство го искажаа со вандалски чин на влезот на просториите на фудбалската федерација на Италија. Од високи државни позиции се бараат оставки од ...

Ракометарите на Охрид се пред портите на полуфиналето во Европскиот куп откако со 26-31 победија на првиот меч против Олимпијакос на гостински терен. Во сабота ги очекува реваншот на домашен терен и се чини дека само чудо може да ги спречи да се најдат меѓу најдобрите четири екипи во третото по ранг ракометно натпреварување. Спортскиот директор Славчо Ристески вели дека во Грција биле коректно пречекани и мечот минал без никакви проблеми, па ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека Вашингтон преговара со претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, и дека САД ќе знаат во рок од една недела дали двете страни можат да соработуваат, објавија странските медиуми. „За околу една недела ќе откриеме дали тој е некој со кого Америка навистина може да соработува“, рече Трамп. Според него, имало „фундаментална промена“ во иранското раководство, а претходните ...

Обвинителката Ленче Ристоска денеска до архивата на Советот на јавни обвинители поднесе оставка на функцијата Јавен обвинител. Пред два дена ѝ ги зедоа предметите за висока корупција „Талир 1” и „Талир 2”, поврзани со ВМРО-ДПМНЕ. „Последните одлуки на Советот на јавни обвинители и на новиот Државен јавен обвинител многу се штети на позицијата на Јавното обвинителство и сè тоа е спротивно на сите принципи за кои се борам и се залагам низ ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска поднесе кривична пријава против гувернерот на НБРМ, Трајко Славески. Според генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ, кривичната пријава е поднесена поради основано сомнение за сторено кривично дело – несовесно работење во службата, по член 353 в од Кривичниот законик. „Постои основано сомнение дека гувернерот Трајко Славески, со несовесно постапување, предизвикал ...

Судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за тешко семејно насилство што заврши фатално за животот на неговата жена и неговата ќерка, продолжи во Кривичниот суд со распит на сведоци. Во судницата сведочеше сосетката од зградата во која живееле несреќните Ивана и Катја. Кажа дека подолг период во зградата се слушале викање, тропање, удирање со столови, гласови од Катја. – Една ноќ кон 2:00 часот слушнавме: „Тато, ќе ја убиеш мама!“ Малата Катја ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола покрена истрага и предложи притвор против 31-годишен битолчанец осомничен за дистрибуција на детска порнографија. Од Обвинителството соопштија дека осомничениот, кој инаку бил вработен во образовна установа, во периодот од април 2024 година до 1 април годинава, на компјутерските уреди и опрема што ги користел дома, за себе набавувал и поседувал материјали со детска порнографија. За детална проверка ...

Минатиот месец значително се намалил бројот на поднесени приговори што граѓани и фирми ги поднесуваат до Основниот кривичен суд Скопје во врска со системот „Безбеден град“, односно со издавањето прекршочни налози за евидентирани сообраќајни прекршоци, информираат од Кривичен. Имено, граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот прекршок можат да поднесат приговор до надлежниот суд. Станува збор за поднесени барања за ...

THE LIFE AND WORK OF THE DONOR ATANAS BLIZNAKOV IN THE MONOGRAPHS OF SLAVE KATIN Atanas Ivan Bliznakov came from the eminent family of the Bliznakov’s who were considered to be one of the oldest families of D’mbeni. The roots of this family could be traced as far back as the XVI century when the Bliznakovs moved from Sajnovo, Kostur Region, settling in D’mbeni. According to Atanas, the second name of all his ancestors was Bliznakov and they ...

Дефанзивно ориентирана и со само еден удар кон противничкиот гол, македонската фудбалска репрезентација одигра вечерва во Даблин нерешено 0-0 против Ирска во пријателски натпревар на двете селекции кои минатата недела со порази во полуфиналните баражи останаа без пласман на Светското првенство. Македонскиот селектор Гоце Седлоски направи четири измени во почетниот состав од дуелот во четвртокот против Данска во Копенхаген, давајќи им шанса на ...

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по 120 минути игра резултатот беше нерешен – 1:1. Во најважниот дел, пеналите, Босанците погодија 4 од 4, а Италија не успеа да реализира преку Еспозито и Кристанте, со што им дозволи на момците на Сергеј Барбарез да приредат голема прослава за своите ...

Протестите беа организирани од национални и локални групи, вклучувајќи ги и добро познатите прогресивни коалиции како што се „Неделив“, „50501“ и „Движи се“. Организаторите на протестите изјавија дека во однос на бројот на учесници, ова се веројатно најголемите протести „Без кралеви“ досега, од кои последниот се одржа во октомври минатата година, и дека сакаат преку протестите да испратат порака дека Американците го кренале својот глас против ...

На судењето на Стојанче Јовановски, чија сопруга Ивана Стојаноска по повеќегодишно семејно насилство на 2 март се самоуби со 6-годишната ќерка Катја скокајќи од заедничкиот стан во скопската населба Тафталиџе, денеска сведочеше Мартин Саздов пред чии очи се случи самоубиството. Според обвинението, Јовановски извршил загрозување на сигурноста, тешка телесна повреда при семејно насилство и наведување на самоубиство. За последните минути од ...

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи, во координација со одделенијата при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана акција на повеќе локации низ државата. Во рамки на операцијата се вршат претреси на вкупно седум локации, со цел обезбедување докази за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено во Кривичниот законик. Еден ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во март, преку системот „Безбеден град“ се регистрирани вкупно 26.241 прекршок. „Од вкупниот број на регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци што претставува намалување на 68,2 отсто во споредба со месец февруари, најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 25.230, а во текот на март месец беа ...

Вонреден надзор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги утврдил дека Македонската радио-телевизија, односно Вториот програмски сервис МРТ2, го прекршил член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, откако во својата програма емитувал содржина што поттикнува етничка нетрпеливост. Надзорот бил спроведен по службена должност и се однесувал на емитување од 28 март, во рамки на музичката програма „Билбилите на ...

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев остро го искритикува новиот државен обвинител Ненад Савески, нарекувајќи го „латентно вмровско кадарче“. Тој вели дека Савески за два дена спровел сè што кажал премиерот од говорница. „Иако на почетокот настапи со одредени квазиманири, за само 24 часа се покажа дека размислува идентично како Мицкоски. Сè што Мицкоски изјави од говорница, обвинителот го спроведе во рок од еден ден“, изјави Апасиев во ...

Премиерот Христијан Мицкоски остро реагираше на обвинувањата од опозицијата за евроинтеграциите, оценувајќи дека станува збор за веќе позната реторика и политики што, според него, го загрозуваат македонскиот идентитет. „Тоа е позната реторика. Сега што да коментирам кога веќе сум ја коментирал многу пати во минатото? Начинот на којшто СДСМ ги гледа евроинтегративните процеси, а тоа е исклучиво распродавање на македонскиот национален ...

Младите ракометари на Еурофарм Пелистер ги елеминираа врсниците од Данска, совладувајќи го тимот на Алборг со 24:23 и утре ќе играат финале со Фуксе Берлин. Со денешната победа, битолчани, како лани така и годинава обезбедија пласман во финалето на турнирот на млади ракометни шампиони. Турнирот за пласман на „фајнал фор“ во Келн, годинава се одржува во Пореч, а по денешната победа на германскиот младински шампион Фуксе над Загреб, утре во ...

Поминаа седум години откако ВАР технологијата беше воведена во Премиер лигата, но наместо да донесе мир и праведност, таа предизвика вистински револт кај оние кои се најважни – навивачите. Најновата анкета спроведена од Здружението на фудбалски навивачи (FSA), открива фрапантни податоци: три четвртини од фановите сакаат ВАР да замине во историјата. Во истражувањето учествувале речиси 8.000 поддржувачи на сите 20 клубови од англиската елита, а ...

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN The national-liberation fight of the Macedonian people, the creation of the Macedo-nian state, and the autocephaly of the Macedonian Orthodox Church, made a radical change in the national and political orientation of the Macedonian emigrants. These facts represented a turning point for the part of the Macedonians deluded by propagandas; they managed to find the right path and ...

Хутите во Јемен, поддржани од Иран, потврдија дека го нападнале Израел за прв пат од почетокот на американско-израелската војна со Иран. Групата вели дека испукала бараж од балистички ракети „насочени кон чувствителни израелски воени објекти“ како одговор на изралеското ракетирање на Иран, Либан, Ирак и палестинските територии. Додава дека нејзините операции ќе продолжат сè додека не заврши „агресијата“ на сите фронтови. Ова следи откако ...

Во своите заклучоци од консултациите со македонските власти, согласно членот 4 од Статутот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), мисијата на ММФ бара од Народна банка да ја затегне монетарната политика заради комбинацијата на енергетскиот шок и сè уште силната домашна побарувачка. Следствено, ММФ посочува дека Народна банка треба да премине кон аукции со целосна алокација на благајнички записи и да ја зголеми основната каматна стапка. Се ...

Вкупно 39 припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) погрешно постапиле по пријавите за семејно насилство кои досега биле поднесени против Стојанче Јовановски – сопругот на Ивана од Скопје која на почетокот на март годинава почина по пад од балкон со нивната шестгодишна ќерка Катја. Пропустите на полициските службеници се утврдени од страна на внатрешната контрола при МВР. „Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и ...

Поради работите кои владата на СДСМ ги прифати, сега преговорите со ЕУ нема да изгледаат како преговори за затворање кластери туку како преговори за историски настани, битки и револуционери, рече Сергеј Попов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија 24, каде говореше на темата за европската интеграција на земјава. – Во оваа моментална ситуација со овие моментални работи, коишто СДСМ во претходната влада ги прифати, ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28