Во периодот од 20 до 23 март и годинава, Скопје Сити Мол заедно со Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“, ПНВ Публикации, Култура Бета и други чинители го организира проектот „Денови на поезијата“ со низа настани што ја промовираат поезијата. -Како и минатата година, така и оваа, го организираме и настанот наменет за поддршка на младите поети „Скопје СИ ТИ“ ‒ поетско читање на млади поети и поетеси почетници, за оние што можеби и не објавиле ништо ...

Секој 1 март, во чест на мистериозната Баба Марта и доаѓањето на пролетта, се плетат уникатни мартинки, едни од омилените модни додатоци на младите. Се изработуваат од бел и црвен конец, а традиционално и се подаруваат. Според традицијата, на првиот ден од март, најстарата жена во семејството врзува на рацете на децата засукан бел и црвен конец за здравје и против уроци. Според некои верувањата мартинките се носат до 22 март, а потоа се ...

Двајца малолетници, 14-годишници од Скопје, ги испраќале лажните дојави за бомби во училиштата, информираат од МВР. Малолетните лица на 19 февруари годинава од мобилниот телефон на едниот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена бомба во две училишта (едно основно и едно средно) во Скопје. Исто така, на 21 февруари годинава од мобилниот телефон на другиот малолетник испратиле имејл со заканувачка содржина за поставена ...

Општина Центар распиша јавен повик за доделување на субвенции во висина од 10 илјади денари за полагање возачки испит на сите млади лица кои во текот на 2025 година ќе наполнат 18 години, односно родени се во 2007 година и живеат на подрачјето на општината најмалку една година. Субвенцијата може да се користи единствено за полагање на возачки испит во автошколи кои се регистрирани во Општина Центар. Доставата на барањата се врши во архивата ...

Преку 600 учесници и 25 групни маски се очекува да бидат дел од централното дефиле на маските в недела напладне на плоштадот во Прилеп. Ќе се одржи најновото издание на прилепскиот карневал „Прочка 2025“. Локалната самоуправа веќе ја објави програмата за сите настани врзани на карневалските свечености кои ќе траат три дена. Програмата почнува в петок, на 28 февруари со изложбата на рачно-изработени маски кои ќе бидат изложени во ликовниот ...

Од Општина Сопиште бараат ЈСП да обезбеди контиуниран и навреме јавен превоз особено на линијата 58. Веќе неколку месеци, залудно го известуваме ЈСП Скопје за сериозните проблеми со оваа линија, а недостапен за директна комуникација е и директорот на претпријатието. Подолг период, јавниот превоз на линија 58 не се одвива по утврдениот возен ред, а речиси секојдневно дел од утврдените поаѓања воопшто и не се реализираат, што ги остава жителите ...

Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС организира интерактивен изложбен настан во чест на Обичајот Мартинки, нематеријално културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО. Настанот ќе се одржи на 28 февруари 2025 во Јуроп Хаус Скопје од 10:00 до 18:00 часот, каде посетителите ќе имаат можност да се запознаат со оваа вредна традиција. Како правен носител на Обичајот Мартинки ви УНЕСКО, ХАЕМУС ...

Зоолошката градина во Скопје демантира дека се угинати над 40 животни. Како што информираа денеска оттаму имаат 646 животни од 91 вид, за кои се грижат зоонегуватели кои професионално си ја работат својата работа и се грижат за животните. Писмениот допис до медиумите, како што велат од ЗОО Скопје, го праќаат со цел и надеж дека одредени поединци ќе престанат со ширење дезинформации и невистини и со пласирање на информации со цел да ја ...

Германскиот филм за деца „Уау! Порака од вселената“ во режија на Феликс Биндер, од денеска премиерно се прикажува во Скопје и Битола. Во Кинотека и киното „Милениум“ во Скопје, филмот се прикажува во терминот од 18 часот, додека во киното „Манаки“ во Битола денеска и утре ќе игра во терминот од 19 часот, а задутре од 17 часот. – Станува збор за авантура за целото семејство во која главните ликови се 11-годишните Анабел („Били“) и Дино. Тие се ...

Деновиве за урива некогашната сендвичара „Кинг бургер“ на булеварот Климент Охридски во центарот на Скопје, а на нејзино место ќе се гради зграда на седум ката. Градилиштето е веќе оградено и поставена е табла на која стојат податоци за градбата. Градежната дозвола од Општина Центар е издадена на 14 ноември 2024 и според неа, ќе се гради станбена зграда на приземје, шест ката и поткровје, пишува Сакам да кажам. Сендвичарата „Кинг бургер“ пред ...

„Cuban Fire“ е насловен концертот што вечер ќе го изведе Националниот џез оркестар во 20 часот во Филхармонија. Најавувајќи го концертот како уште едно неверојатно музичко доживување, од Националниот џез оркестар посочуваат дека овој пат фокусот е на афро-кубанската музика и ги спојува биг-бенд музиката со кубанските ритми и мелодии. Низ оваа автентична “латино свита” ќе нѐ води нашиот долгогодишен пријател и соработник, диригентот ЗИГИ ФАЈГЛ ...

Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго на 14 март 2025 година ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“. Со него ќе настапи и Марија Хозе Сири – една од водечките сопрани во светот, заедно со оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент ќе биде Жорди Бернасер од Шпанија. Директорот на Македонската опера и балет Оливер Арсовски на денешната прес-конференција нагласи дека овој концерт е шанса за позиционирање на државата ...

Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, најстарата и најреномирана вискокообразовна институција и центар за развој на ликовната и визуелна култура во нашата држава, оваа година одбележува 45 години од своето основање. Сите активности на ФЛУ до крајот на 2025 година ќе се случуваат во чест на јубилејот со официјален датум 31 март, информираат од Факултетот. Оваа недела, од 18-ти до 20 февруари, ...

На прв поглед, можеби ќе ви се види дека работата на современата индонезиска уметница Цитра Сасмита е создадена пред стотици години. Од далеку, нејзините везови и слики лесно можат да бидат погрешно протолкувани како древни свитци кои прикажуваат живописни и фантастични митови или легенди. Но ако погледнете поблиску, ќе видите дека уметноста на Сасмита е појава на женственост која е незамисливо и силно модерна. View this post on Instagram A ...

Што значи Светската галерија на карикатури во светот на карикатурите ќе илустрирам само со овој пример: да бидеш во каталогот на СГК значи дека си ОДЛИЧЕН КАРИКАТУРИСТ, а да бидеш награден – значи дека си СВЕТСКИ ВРВЕН КАРИКАТУРИСТ!. Во ова време, карикатурите ни помагаат да ги одржуваме работите во рамнотежа, нè потсетуваат дека нашите мисли и чувства, нашето знаење и смисла за хумор не смеат да се складираат туку треба да се изразат, а ...

На 18 март 2025 година во Македонската филхармонија Јордан Костов и Пријатели ќе ја запознаат публиката со нивното најново музичко остварување „Маглота“. – Најновиот музички проект, роден од длабока поврзаност со традиционалната музика на Индокина и Виетнам, стои како доказ за магијата што се случува кога музиката се испреплетува со природата и културата. Албумот го прикажува неверојатниот талент на шест меѓународни музичари и уметници, вешто ...

Во Загреб наскоро ќе биде отворен нов тематски музеј посветен исклучиво на историјата на видео игрите. Посетителите ќе можат да видат повеќе од 3.000 релевантни и атрактивни експонати од тој свет. Музејот за историја на видео игри ( VGHM ) ќе биде отворен за јавноста од мај. Музејот за историја на видео игри во Загреб ќе биде посветен на зачувување и прикажување на еволуцијата на видео игрите и културата на игри од 1960-тите до раните ...

Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово во 2024 година го зголеми книжниот фонд со купување на 470 нови наслови, односно 1420 нови книги и 269 нови книги подарени од тетовските роднокрајни автори. Бројот ќе се зголемува и во текот на оваа календарска година со оглед дека има одобрен буџет од Министерството за култура, но од друга страна се повеќе е проблематично каде да се стават книгите со оглед на недоволниот простор со кој располага ...

Полесните случаи на болни деца од Клиниката за педијатрија ќе се лекуваат во поликлиниката Бит Пазар каде е отворен нов, специјалистички педијатриски пункт. Пунктот ќе работи секој ден од 19.30 – 7.30 и во недела 24 часа, а располага со сите потребни медицински средства за преглед, анализи и третман на деца до 14 години. Вкупно 11 педијатри кои работат во Здравствениот дом – Скопје ќе даваат здравствени услуги во пунктот на Бит Пазар. Во ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека забраната за употреба на мобилни телефони за време на наставата функционира одлично во сите осум основни училишта. -Забраната за користење мобилни телефони за време на часовите дава резултати. Оваа мерка ја имплементираме две години во основното училиште “Св.Кирил и Методиј” и има бенефит. Учениците, целосно се посветуваат на учењето и се подобрува квалитетот на образовниот ...

Во секојдневниот урбан хаос, реалноста суруво нè брка во потрага по стандарди, вредности и конзумеризам, во сите сфери од нашето живеење, што повеќе ги задоволуваат нашите егзитенцијални потреби, отколку што не прават среќни и исполнети. И во тој хаос е реткост, особено во центарот на Скопје да се наиде на мирно и место исполнето со многу светови потиснати на маргините од она што вообичаено се смета „ин“, во „тек со времето“, современо, а ...

Денеска се навршуваат 10 години откако студентите го окупираа Универзитетскиот кампус во Скопје и ја прекинаа наставата прво на Филозофскиот, а потоа и на останатите факултети. Поради незадоволството од тогашниот закон за високо образование, на 11 февруари 2015 година, поголема група студенти се собра на платото на универзитетот и со истакнување на паролите „Автономна зона” и „Универзитетот е наш” уште еднаш ги искажаа своите барања и ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото во скопската општина Чаир, каде во оружен инцидент ноќеска беше убиено едно лице, а две беа повредени. Како што информира денеска Јавното обвинителство, според првичните сознанија, во престрелката учествувале повеќе лица, а од местото на настанот се подигнати траги и чаури кои ќе бидат предмет на вештачење. Обезбедени се и снимки од видео надзор кои се ...

Кафуле во Париз, покрај вообичаеното кафе и кроасан, ќе Ви понуди и можност да си испратите писмо и разгледница до себеси во иднина. И, сѐ тоа – за доста пристапни цени. Пишувањето писмо до своето идно, поискусно јас, се вели, може да се искористи како алатка за самопреиспитување и личен раст. А, откако ќе го напишете писмото, може да го добиете и само за една, но и за пет или 20 години. Така, „гостите имаат прилика да си ги отворат своите ...

Пациенти кои одат на дијализа во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје реагираат дека се оставени без превоз откако завршил договорот со такси – превозникот. Тие треба да добиваат паричен надоместок за превоз, но според Здружението на бубрежно болни „Нефрон“, од октомври не им се исплатени овие парични средства. Душко Ѓоргиев од Здружението „Нефрон“ објаснува дека до октомври дел од пациентите користеле обезбеден такси превоз, а дел ...

На службените мејлови на повеќе образовни установи во Скопје и во други градови во државата, се добиени дојави за поставени експлозивни направи. Дојава за бомба, утрово имало во Штип, Охрид, Струмица, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струга, Берово и Македонска Каменица. Според соопштението на Општина Центар, утринава во ООУ „Киро Глигоров“ , ООУ „Димитар Миладинов“ и ООУ „ Гоце Делчев“ во Општина Центар биле добиени дојави за поставени ...

Тргнува првиот воз од Скопје за Куманово. Ќе се патува 41 минута, а возот ќе сообраќа двапати дневно. Во одредени делови од денот, возот ќе сообраќа и до Бељаковце, а кога ќе биде завршена пругата, и до Крива Паланка. Во 16:30 часот ќе тргне првиот воз од Скопје за Куманово. Возот ќе сообраќа двапати дневно, наутро во 6:30 ќе тргнува од Куманово, а во 16:30 ќе се враќа назад и обратно. Ќе има четири возови дневно кои ќе оперираат за 41 минута ...

Изминатиот викенд, Дуња Иванова – државен првак во планински велосипедизам, забележа уште еден уникатен меѓународен успех со освојување на Етапната маунтинбајк трка ,,Коста Бланка” која се одржа во Калпе, Шпанија. Во четири последователни маратонски натпревари, таа успеа да измине речиси 200 километри со висинско искачување од 5.000 метри на еден од најсериозните и брутални терени во Европа. Со вкупно време од 14 часа и 35 минути, Дуња ја ...

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар вчера повторно се соочила со смет на улиците кои се во надлежност на Град Скопје. И ова утро, вели тој, жителите на Центар се соочија со истата грда слика од минатата недела, Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска го немаат исчистено ѓубрето од центарските улици кадешто имаат надлежност. Герасимовски потенцира дека сметот е отстранет од страна на општинските служби. Во ...

На вчерашниот голем протестен марш под мотото „Кој е следен“ десетици илјади граѓани бараа ПРАВДА И ОДГОВОРНОСТ за одземениот живот на младата Фросина. Протестот почна во 17 часот пред Универзална сала. По булеварот „Партизански одреди“ многуилјадната колона се упати кон Собранието, а по пат го исвиркаа министерството за правда, за потоа маршот да продолжи до Кривичниот суд. На секоја точка, граѓаните оддава почит на Фросина со триминутно ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1000
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
0.0
95%
1001
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1003
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
67%
1001
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.75
83%
1000
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
97%
1003
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
8.05
59%
1004
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
76%
999
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
4.12
100%
997
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
2.68
80%
1000
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
0.45
86%
1003
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
9.26
72%
1003
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.4288

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.2315

Currency

0.58605

Родиум

310254.70

Калај

44.73

Цинк

3.10

Рутениум

44946.74

Паладиум

57935.65

Сребро

2569.43

Кобалт

59.52

Злато

144981.23

Платина

72292.89

Алуминиум

3.14

Иридиум

169549.30

Бакар

11.84