Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Со доаѓањето на есента, дворовите и градините се исполнуваат со паднати лисја, кои многумина веднаш ги собираат и ги фрлаат. Но, наместо да ги третирате како отпад, можете да ги претворите во квалитетно природно ѓубриво кое ќе им помогне на растенијата да растат поздраво и побујно. Паднатите лисја се богати со органска материја и јаглерод, а кога правилно ќе се разградат, создаваат хумус кој ја подобрува структурата на почвата, ја зголемува ...
Рузмаринот најчесто се поврзува со медитеранската кујна, но ова ароматично растение со векови се користи и во традиционалната употреба на лековити билки. Од неговите листови може да се подготви чај кој има специфичен мирис и вкус и најчесто се пие како топол билен напиток. Чајот од рузмарин содржи растителни соединенија со антиоксидативни својства, поради што рузмаринот е предмет на интерес и во современите научни истражувања. Може да помогне ...
Со доаѓањето на постудените денови, настинките и другите респираторни инфекции стануваат почести. Покрај одморот, доволното внесување течности и соодветната исхрана, топлите чаеви можат да бидат пријатен начин за хидратација и олеснување на дел од непријатните симптоми. Важно е да се знае дека чаевите не можат да го излекуваат вирусот, но топлиот напиток може да помогне полесно да се внесуваат течности, а некои состојки традиционално се ...
Чешање на носот, кивање, насолзени очи и иритација на грлото се симптоми што често ги мачат луѓето со сезонски алергии, особено во пролетните и есенските месеци. Покрај избегнувањето на алергените и соодветната терапија, топлите чаеви можат да помогнат во смирувањето на грлото, навлажнувањето на слузницата и ублажувањето на дел од непријатните симптоми. Сепак, важно е да се знае дека нема доволно научни докази дека чаевите можат да ги ...
Чајот од камилица е една од најпопуларните билни напивки, позната по својот пријатен мирис, благ вкус и традиционална употреба за релаксација. Со векови се користи како дел од домашната нега на здравјето, а денес многу луѓе го избираат како вечерен напиток за опуштање по напорниот ден. Камилицата содржи различни растителни соединенија, меѓу кои флавоноиди и апигенин, кои се истражуваат поради нивните антиоксидативни својства и можните ефекти ...
Станува збор за букет од свежи зачини и останати состојки кои се додаваат во супи, чорби, сосови, манџи или кога пржите или динстате месо. Најчесто, овој букет се состои од гранчиња целер, гранчиња магдонос, ловоров лист и мајчина душичка. На ова, може да се додадат праз, кромид, лук, морков и други ароматични тревки и зеленчуци. Букетот од зачини се врзува цврсто со кујнски конец (понекогаш се става во газа) и се става во јадењето кое го ...
Шафранот е најскапиот зачин во светот. Шафранот помага за здрави очи и срце, како и за превенција од рак. На пазарот, премиум квалитет на квалитетен најдобар шафран чини до 3000долари за околу 1 килограм, велат од „Голден Шафран“. Шафран минзухар (Crocus sativus) е културен вид минзухар од семејството Перуникови (Iridaceae). Цветовите му се со виолетова боја и во облик на ѕвезда. Во текот на ноќта се отвораат. Цветовите се берат рачно, а ...
1. Луѓето со синдром на нервозно дебело црево Кромидот содржи фруктани – вид јаглехидрати од групата ФОДМАП (FODMAP), кои кај некои луѓе тешко се апсорбираат во тенкото црево. Поради тоа, тие можат да предизвикаат создавање гасови, надуеност и стомачни болки. Кај луѓето со синдром на нервозно дебело црево, овие симптоми може да бидат поизразени. Во такви случаи, лекар или нутриционист може да препорача привремено ограничување на храната ...
1. Го поддржува здравјето на срцето Растителните влакна, особено пектинот, можат да придонесат за намалување на ЛДЛ-холестеролот, познат како „лош“ холестерол. Полифенолите во јаболката се истражуваат и поради нивното можно поволно влијание врз крвните садови. Јаболкото само по себе не може да спречи срцеви заболувања, но неговото редовно консумирање како дел од исхрана богата со овошје, зеленчук и интегрални житарки може да биде корисно за ...
Од 30 октомври до 1 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржи единаесеттото издание на „Фестивалот на чај“, во знакот на „Ароматичната моќ на билките“. Повеќе од 30 учесници, сертифицирани билкари, чајни мајстори, креатори на чајни тинктури и љубители на чај од земјава и од странство ќе ги претстават своите производи и знаење, нудејќи им на посетителите ретка шанса да откриваат различни вкусови да дегустираат и да уживаат во ...
Кога јадеме овошје и зеленчук, најчесто го отстрануваме делот што ни изгледа помалку вкусен или потежок за консумирање – кората. Но, токму во неа, кај голем број намирници, се наоѓа значителен дел од хранливите материи. Кората на овошјето и зеленчукот може да содржи влакна, витамини, минерали и различни растителни соединенија со антиоксидативно дејство. Нивната количина и состав зависат од видот на намирницата, па затоа не може да се каже ...
Одгледувањето овошје и зеленчук, органското производство и производството на здрава храна веќе не се само дел од земјоделството и грижата за здравјето, туку и огромна глобална индустрија. Сè поголемиот интерес на потрошувачите за квалитетна, свежа и нутритивно богата храна создава пазар вреден повеќе од илјада милијарди долари годишно. Според анализата на Global Wellness Institute, глобалниот пазар за здрава исхрана, нутриција и контрола на ...
Секоја есен, малото хрватско село Ливаде во Истра се претвора во вистинска гастрономска дестинација, привлекувајќи љубители на храната и гурмани од различни делови на светот. Таму се одржуваат „Деновите на тартуфите“, манифестација посветена на еден од најценетите и најскапи деликатеси во светот – тартуфите. Настанот се организира во текот на неколку есенски викенди, кога започнува сезоната на собирање на овие ретки подземни габи. Истарскиот ...
Здравјето на срцето во голема мера зависи од секојдневните навики, а особено важна улога има исхраната. Редовното внесување зеленчук може да помогне во намалувањето на холестеролот, одржувањето на нормален крвен притисок и заштитата на крвните садови. Кардиологот д-р Маршал Рунге за здравствениот портал „EatingWell“ издвојува четири вида зеленчук и мешунки кои особено ги препорачува за зачувување на кардиоваскуларното здравје. Според него, ...
Како што старееме, природно доаѓа до одредени промени во функционирањето на мозокот. Меморијата, концентрацијата и брзината на обработка на информациите можат постепено да се менуваат, но начинот на исхрана игра важна улога во одржувањето на когнитивното здравје. Одредени намирници содржат хранливи материи кои го поддржуваат функционирањето на нервниот систем, го намалуваат оксидативниот стрес и придонесуваат за здравјето на крвните садови. ...
По повод 26 Август – Меѓународниот ден на кучињата, ЈП „Лајка“ потсетува дека овој ден не е само можност да ја славиме поврзаноста меѓу луѓето и кучињата, туку и повод сериозно да размислиме за нашата одговорност кон нив. Кучињата се дел од нашето секојдневие и од заедницата во која живееме. Сепак, голем број од нив и понатаму завршуваат на улица како последица на неодговорно сопствеништво, неконтролирано размножување, напуштање и ...
Само “една чаша сецкано, сирово цвекло содржи 11% од дневните потреби за витамин Ц, 22% од дневните потреби за манган и 37% од дневните потреби за фолна киселина. Цвеклото е одличен извор на растителни влакна.” Сокот од цвекло содржи многу фолна киселина, манган и витамин Ц. Ви пренесуваме 10 добри причини да пиете сок од цвекло: • Го поттикнува слабеењето • Го намалува притисокот • Го намалува ризикот од рак • Одличен е против воспаление • ...
Во жешките летни денови, кога температурите во домовите стануваат непријатно високи, покрај клима-уредите постојат и неколку природни начини за создавање попријатна атмосфера. Меѓу нив се и растенијата, кои преку сенка и испуштање влага можат да помогнат просторот да се чувствува посвежо. Важно е да се знае дека собните растенија не можат да ја заменат клима-уредната, ниту значително да ја намалат температурата во целата просторија. Нивниот ...
Растенијата не се само секоја декорација на ентериерот и нивната цел не е едноставно да ја освежат просторијата – некои од нив се симбол за просперитет, финансиски успех и среќа. Меѓу љубителите на флората, најбарани се 3-те видови на растенија кои носат богатство. Тие можат да ви донесат вистинска финансиска благосостојба и да ве збогатат. Во следните редови, ние ќе ви покажеме какви се и како да ги одгледуваме правилно и добро: Растенијата ...
Херојски момент среде огнената стихија над селото Палиград, на планината Китка. Додека пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје се бореле со големиот пожар, успеале да спасат мало теле кое останало заробено на опожарениот терен. Информацијата ја сподели Мухамед Али, кој бил на терен за време на гаснењето на пожарот. Телето било исплашено, но за среќа живо, а неговото спасување претставувало мал, но значаен момент во ...
Иако со малку пониски температури, сепак и денес понеделник 24 август територијата на Македонија ќе биде под влијание на топлотниот бран кој од југ, односно од Африка продира до нашата територија. Максималните дневни температури на воздухот денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 37 степени. Времето ќе биде сончево со појава на мала до ...
Болеста на сипаници кај овците предизвикува сериозна криза во македонското сточарство, при што бројот на угинати животни веќе надминал 10.000. Сточарите предупредуваат дека загубите се огромни и бараат итна вакцинација за да се спречи понатамошното ширење на заразата. Најпогодени се делови од источна Македонија. Од Здружението на сточари велат дека ситуацијата на терен е алармантна и дека повеќе од 100 сточари досега останале без цели стада. ...
Веќе е докажано дека собните растенија и цвеќиња може да имаат позитивно влијание врз семејството. Ви нудиме да го наполните своето живеалиште со атмосферата на љубовта, кое го лачат растенијата. Меѓу нив се розите од сите бои, а исто така и розовите цвеќиња. Растенијата исто така, ќе ви помогнат да создадете услови за нежност, разбирање и убавина. Ставете ги во ноќта на праговите, за да се облеат од сребрената светлина на ноќното светило, па ...
Растенија на работа Основниот проблем во службените и работните простории е наводнувањето. Во службените простории се одгледуваат само отпорни без проблематични растенија кои можат да преживеат во сабота и недела без вода. Треба да се знае дека клима уредот не штети на растенијата, дури напротив, повеќето се развиваат добро при рамномерна температура и висока важност на воздухот. Живото зеленило прави да сивите службени простории бидат повеќе ...
Анигозсантусот или т.н. кенгуров цвет (Anigozanthos flavidos) е растение кое цвета во месеците Јуни – Јули. За татковина се смета Австралија. Анигозантусот е релативно лесно растение за одгледување и погодно за неискусни луѓе во цвеќарството. Егзотичното растение има црвени цветови кои личат на кенгурови шепи поради што локалното население во Австралија и му го дало името. Растението цвета во раното лето, кога боите му се зелени и жолти или ...
Нов скандал ги тресе грчките земјоделски субвенции. Анализа на официјални податоци покажува големи разлики меѓу бројот на говеда за кои биле исплатени средства од ЕУ и реалната состојба во земјата. За 2024 година биле пријавени околу 260.000 крави во лактација, додека статистиката покажува дека вкупното стадо говеда во Грција се намалило од околу 640.000 во 2023 година на 600.000 во 2024, а потоа на околу 520.000 во 2025 година. Дополнителни ...
Природата на Националниот парк „Пелистер“ повторно открива интересни сцени од дивиот свет. На фотозамките поставени во паркот, по подолг период, е регистрирана дивокоза, што укажува на присуството и движењето на дивечот во природното живеалиште. Од НП „Пелистер“ посочуваат дека засилената работа на ренџерската служба придонесува дивечот почесто да се регистрира во зоните на активно управување и строга заштита. Фотозамките овозможуваат следење ...
Дали знаете дека јогата е тесно поврзана и со градинарството. Всушност доколку се применува во градинарството дава одлични резултати. Кога градинарите или кога вежбате јога, потребно е да обрнувате внимание на тоа што го правите. Фокусирањето во градината ви овозможува еден вид комуникација помеѓу себе, природата и самите растенија. Тоа ви дава одреден мир и спокој. Фокусриањето во одредени растенија или грмушки дава хармонија на душата и ...
Дали некогаш сте забележале како мачките, како малите животни со големо его, избираат со кого ќе се дружат? Изгледа дека мачките се исклучително чувствителни на енергијата и љубовта што ја добиваат од луѓето околу нив. Ако не сте во можност да ги сакате и цените како што чувствуваат дека заслужуваат, тешко дека ќе ве сметаат за нивен пријател. Оваа префинета способност што ја имаат мачките да ги проценуваат луѓето не е случајна. За разлика од ...
За да уживате во цвеќињата во текот на целото лето, важно е да им обезбедите услови според нивните потреби. Редовно отстранувајте ги прецветаните цветови – кај многу видови ова поттикнува создавање нови пупки. Наводнувајте правилно – во најтоплите денови најдобро е полевањето да се прави рано наутро или навечер, а количината на вода да се приспособи на растението и условите. Обезбедете добра дренажа – премногу вода околу коренот може да ...