Запленетата марихуана од неколку фирми од бизнисот со медицински канабис е топ тема во Македонија. Како што е познато станува збор за над 40 тони марихуана која е запленета од фирми во Скопје и струмичко, а акцијата следеше по заплената на пет тони марихуана во Србија, во која беше уапсен и еден од сопствениците на фирма за медицински канабис од Македонија. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е фирмата Алфафарм регистрирана во Македонија, чиј косопственик е ...

Во фирмите кои добиле лиценца за производство на марихуана за медицински цели ќе има вонредни контроли, одлучи Владата. Оваа следи откако во Србија во акција беа запленети пет тони марихуана, во која беше уапсен и еден од сопствениците на фирма од овој бизнис во Македонија, по што и во земјава се отвори истрага и беа запленети околу 40 тони марихуана од неколку фирми кои произведуваат медицинска марихуана. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Која е фирмата ...

Денеска, после скоро две години преговори, се уважи барањето на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ), вработените во управата и правосудството да добијат зголемување на своите плати за 40%, информира од Синдикатот. „На средба со претставниците на Владата беше договорено да се потпишат колективни договори на ниво на работодавач, а опфатот се однесува на 11.000 вработени во управата и ...

Нашата олимпијка Милијана Рељиќ го освои третото место и се закити со нов бронзен медал на еден од најстарите таеквондо натпревари во Европа – Австрија Г-1 Опен во Инсбрук, Австрија. Во категорија – 62 кг таа ја покажа својата врвната форма откако минатиот викенд, исто така, се закити со бронза на натпреварот во Фуџарија Г-2 Опен во Обединетите Арапски Емирати. Во првата борба Рељиќ два пати ја победи репрезентативката на Сенегал, Фатима ...

Пазарите минатата недела беа погодени од силни турбуленции, откако стравувањата од затегнување на ликвидноста предизвикаа широко повлекување од ризични инвестиции низ сите класи на средства. Клучниот катализатор беше номинацијата на Кевин Ворш за нов претседател на Федералните резерви на САД, што повторно ги разбуди грижите за поагресивно намалување на билансот на централната банка, односно построго монетарно затегнување. Ризичните средства ...

Американскиот претседател Доналд Трамп е популарен од неговиот руски колега Владимир Путин во Македонија, покажува најновото глобално истражување на Gallup International Association (GIA), кое опфати испитаници од 58 земји. Трамп во земјава го подржуваат 48% од граѓаните, а Путин 41%. Во Босна и Херцеговина поголема подршка има Путин, 39%, а Трамп, 33%. Во Србија пак дури 67% од граѓаните имаат позитивно мислење за Путин, а за Трамп 26%. Во ...

Прилепската фабрика „Еурокомпозит“ за 4,2 милиони евра доби нови сопственици, објави државната агенција МИА. Фабриката ја купиле полската фирма „FHR armorl logistiks Sp z.o.o.“ и македонската „Футура мода Д&А“ ДООЕЛ Скопје. „Еурокомпозит“ од 2021 година беше во стечај, и е последена од фирмите на листата на загубари. Сумата за која е купена е всушност 65% од вкупните побарувања на доверителите. Инвеститорот парите ќе ги уплаќаат на четири ...

Од вечерва на полноќ се намалува само цената на Мазут М-1 НС, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Бензинот Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 72 денари за литар, бензинот Еуросупер БС-95 за 74 денари за литар, Еуродизелот (Д-Е V) за 68 денари за литар, а маслото за горење Екстра лесно (ЕЛ-1) за 67 денари за литар. ...

Од Основното јавно обвинителство, денеска информираа дека во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата, континуирано презема активности во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство. ПОВРЗАНИ ...

Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од инфективната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана информираа дека болеста не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, како што тоа се пласира во јавноста. Министерството воедно апелира да не се злоупотребува поединечен случај, за кој се наведува дека не е заразен во касарната, за манипулирање на јавноста, со што се нанесува и директна штета ...

Министерство за внатрешни работи на Србија, соопшти дека две непознати лица со закани со нож и огнено оружје, го киднапирале Даниел Кајмакоски во раните утрински часови во Белград и се обиделе да изнудат пари. Возилото било сопрено на територијата на општина Рума, во кое оштетениот бил затекнат со врзани раце. Киднаперите успеале да побегнат во непознат правец. „Оштетениот е згрижен, на местото на настанаот беше извршен увид, а полициските ...

Собранието лани го посетиле 11.328 посетители, што е досега најголем број посетители по воведување на можноста за организирани посети во 2014 година, информираат од таму. „Организираните тури се наменети за ученици, студенти, граѓански организации и други заинтересирани групи и вклучуваат едночасовна обиколка со водич низ просториите на Собранието, запознавање со неговата историја, надлежности, начин на функционирање и значењето на самата ...

Кај двајца припадници на професионалните војници кои се на обука во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес е дијагностицирана кожната болест „scabies“ (шуга), информираа од Генералштабот на Армијата. Како превентивна мерка, сите новопримени професионални војници кои се обучуваат во Командата за обука и доктрини се пуштени дома, а освен двајцата кај кои е дијагностицирана шуга, останатите војници во понеделник треба да се вратат во ...

Во Милано и Кортина Дампецо, Италија, синоќа беа отворени Зимските олимписки игри. Македонскиот тим го сочинуваат четворица спортисти, најмногу досега. Во тимот се Виктор Петков, Ана Цветановска, Јана Атанасовска и Ставре Јада. Знаменосци на македонското знаме беа Атанасовска во Кортина и Јада во Предацо. Во нашиот тим се и шест официјални лица (тренери и доктор), предводени од Цветанка Макаровски, која е шеф на делегацијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ ...

Општина Тетово склучи договор за изградба на канализациона мрежа за фекални и отпадни води за населените места Порој и дел од Џепчиште, Општина Тетово, со друштвото за производство, градежништво, трговија, транспорт и услуги Еко-пеу ДООЕЛ Тетово. Договорот е во вредност од 29.996.921 денари или 487.755 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 2,1 милиони евра склучи Општина Тетово со „Пелагонија“ Договор од 993,7 илјади евра склучи Општина Тетово со ...

Недвижниот имот во Скопје станува интересен и за странски инвестициски фондови. Цената на становите во главниот град од 2022 година постојано расте, а според гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, дански инвестициски фонд, купил околу 40 стана во објекти во изградба, во централното градско подрачје на Скопје. Информацијата ја сподели во интервју за емисијата „Вин-Вин“ на Телма. Нема информација дали фондот купува станови за ...

Јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп оваа година ќе се одржи од 5 до 12. јуни во Прилеп, беше одлучено на Собранието на фестивалот, што се одржа минатата недела. -Во тек се подготовките на фестивалот и тимот активно работи фестивалот да има достоен јубилеј, креативна програма и да се комплетира идејата за Прилеп како град театар Авторот во фокус – Дејан Дуковски ќе биде наш гостин и ...

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2% во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика. Истите во јануари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, сe зголемени за 3,4%. Цените на угостителските услуги во 2025 година, во однос на 2024 година, се зголемени за 4,8%. По групи, во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година, цените се зголемени за 0,3% кај ...

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), постапувајќи по пријава на Управниот одбор на ФФМ, донесе одлука за изрекување дисциплинска мерка забрана за вршење на функција во траење од две години на Муамед Сејдини, делегат на Собранието на ФФМ, поради сторено дејствие „измама и доведување во заблуда орган на фудбалска организација“, согласно член 84 од Дисциплинскиот правилник, информираа од таму. Сејдини е ...

Претседателот на Управниот одбор на Гранит АД Скопје, Страшо Милковски купил нови акции на компанијата, информираа од таму преку Македонската берза. Тој купил 3.000 акции и сега поседува 2,32% од вкупниот број на акции на Гранит. Деновиве повеќе членови на менаџментот на компанијата исто така купија нејзини акции. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Директорот на Гранит, Зоран Милковски, купи 1.000 акции на компанијата Катерина Ѓердовска купи 284 акции на Гранит ...

Општина Чаир склучи договор за изградба на училишен затворен спортски базен за основното училиште “7 ми Марси” со друштвото за градежништво, трговија и услуги Нум констракшн ЛТД ДООЕЛ Скопје. Договорот е во вредност од 61.138.706 денари или 994.125 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 218,4 илјади евра склучи Општина Чаир со “Ескаватори-мк„ Договор од 1,1 милион евра склучи Општина Чаир со „Лукс инженеринг 25“ Општина Чаир склучи договор за ...

Илирка холдинг д.о.о. Љубљана, Словенија, е нов доминатен сопственик на Илирика инвестментс АД Скопје, информираа од таму преку Македонската берза. Оваа следи откако досегашниот доминантен сопственик Илрика д.д. Љубљана нетрговски пренесе 1.525 обични акции или 61% од вкупниот број на акции на Илирика инвестментс Скопје на Илирка холдинг д.о.о. Љубљана. Илрика д.д. Љубљана повеќе не поседува акции во Илирика инвестментс Скопје. Фото: Унсплеш ...

Компанијата dm drogerie markt ја потврдува посветеноста кон своите вработени со зголемување на бруто-платите во просек за речиси 10 отсто на почетокот на 2026 година. Ова зголемување е знак на благодарност за постојаниот труд и придонесот на сите вработени, како и продолжување на долгогодишната традиција за унапредување на работните услови и создавање стимулирачка средина за професионален и личен развој. Освен зголемувањето на платите, од ...

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, воспоставува соработка со Ragusa Group, една од водечките угостителски групации во земјата, информираат од таму. „Со ова партнерство, Ragusa Group станува официјален патрон партнер на МАСИТ, овозможувајќи дополнителни бенефити за членовите на комората, придонесувајќи кон унапредување на деловната заедница во земјата. Ragusa Group е препознаена по својата гастрономска ...

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – декември 2025 година, изнесува 493.235.9 милиони денари и бележи пораст од 3,01% во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2025 година, изнесува 711.069.6 милиони денари, што е за 4,46% повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговската размена ...

Во акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) во кординација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), која трае веќе два дена бил одземен медицински канабис од околу 27 тони, неофицијално објавија повеќе медиуми. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Акција на локации во Скопје и Струмица по заплената на марихуаната во Србија Како што е познато во рамки на акцијата се вршеа претреси во Скопје и струмичко. ...

ВМРО-ДПМНЕ повеќе нема да има потпретседатели во овој мандат, а досегашните Александар Николоски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска Кочоска и Тимчо Муцунски ќе бидат предложени за членови на Извршниот комитет, рече лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски во интервју за МРТ1. Денеска партијата ќе одржи Централен комитет на кој треба да бидат избрани новите членови на Извршниот комитет и нов генерален секретар. Според Мицкоски, ...

Драган Ковачки е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на местото на Ѓорѓија Сајкоски, соопшти претседателот на партијата Христијан Мицкоски по седницата на Централниот комитет. За членови на Извршниот комитет се избрани Александар Николоски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска-Кочоска, Тимчо Муцунски, Ѓорѓија Сајкоски, Никола Мицевски, Луке Галески, Антонијо Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, ...

Од Гранит АД Скопје преку Македонската берза информираа дека Зоран Милковски, генералниот директор на компанијата и член на Управниот одбор (УО) купил 1.000 акции на Гранит. Тој сега поседува 10,28% од вкупниот број на акции на Гранит. Изминатиов период како што пишуваше еМагазин, повеќе членови на УО и Надзорниот одбор на Гранит купија акции на компанијата. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Катерина Ѓердовска купи 284 акции на Гранит Членови на менаџментот на ...

Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје склучи договор за набивка на горива со друштвото за производство, трговија и услуги Пуцко петрол увоз-извоз ДООЕЛ од селото Пласница. Вредноста на договорот е 118.000.000 денари или 1.918.699 евра. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Договор од 1,9 милион евра склучи МВР со „Пуцко петрол“ Договор од 1,9 милион евра склучи ЕСМ со „Пуцко петрол“ (Фото) Газдата на “Пуцко петрол“, Асмир Јахоски со времен пасош во Истанбул ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.85
43%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
13.02
95%
1011
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
6.71
79%
1011
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
57%
1012
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.01
50%
1010
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 24ᴼ
1.34
54%
1009
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
3.58
66%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
61%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
59%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
46%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
3.58
48%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
1.31
59%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68