Секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид бил претепан, јавија бугарските медиуми, а случајот го потврди и македонското МВР. -Тројца напаѓачи почнале да го удираат секретарот на бугарскиот културен клуб, го навредувале и му се заканувале дека ќе го убијат бидејќи е Бугарин и работи во културниот центар. Веднаш ги известив бугарското и македонското МНР. Контактирав со министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи ...

На 81-годишна возраст почина познатиот американскиот рок кантавтор Дејвид Крозби. Информацијата за неговата смрт, во изјава за американски медиум ја потврдила неговата сопруга. „По долго боледување почина нашиот сакан Дејвид Крозби. Иако тој повеќе не е со нас, неговата хуманост ќе продолжи да не водат и инспирира. Неговото наследство ќе продолжи да живее преку неговата легендарна музика“,изјавила сопругата на Крозби за американски медиум. ...

Во хеликоптерска несреќа денес пред главниот град на Украина загинаа најмалку 15 лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи Денис Монастирски. Официјални лица рекоа дека несреќата се случила во близина на градинка во Бровари, предградие источно од Киев, каде што девет од загинатите биле во хеликоптерот кога се урнал. Засега не е јасно што ја предизвикало несреќата. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Телеграм рече ...

На социјалната мрежа Твитер се појави видео снимка од последните моменти во авионот што се урна во Непал, направена со мобилен телефон од патник во авионот. Во падот на патничкиот авион со 72 лица во Непал, потврдена е смртта на 68 лица, а четворица се водат како исчезнати, соопштија властите, завршувајќи ја потрагата по исчезнатите. Авион ATR72 на Јети ерлајнс падна во провалија при слетување на линијата од Катманду до Покара. Еден од ...

Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро, јави италијанската новинска агенција АНСА. Денаро, чиј прекар е Дијаболик, бил уапсен во приватна клиника во Палермо. Прекарот го добил од истоимениот италијански лик од стрипови. Тој се смета за еден од новите водачи на Коза Ностра по апсењето на Бернардо Провенцано на 11 април 2006 година и апсењето на Салваторе Ло Пиколо во ноември 2007 година. ...

Министерот за надворешни работи Бујар Османи кој денеска е во својата прва посета на Украина во улога на претседавач со ОБСЕ, утринава по пристигнувањето во земјата се упати во градот Бородјанка во Киевската Област кој е силно погоден од воените дејствија. Движејќи се меѓу урнатините и уништените станбени згради, Османи од украинскиот град уште еднаш ја осуди руската инвазија на Украина додавајќи дека не постои оправдување за континуираниот ...

На командирот од „Идризово“ Срѓан Димитриевски, во чија смена беше спроводот на затвореникот кој избега, му е одреден притвор во времетраење од осум дена и тој е однесен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Освен него, притвор им е одреден и на двајца од четворицата полицајци. Утринава тие се спроведени во затворот. Кривичниот суд смета дека командирот и полицајците можат да избегаат, а бидејќи постојат индиции кои укажуваат дека му ...

На ден 12.01.2023 година, околу 23,20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар ,,Мајка Тереза “поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службеното возило било пресретнато од возило марка ,, ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот. Припадник на затворската полиција е ранет, а затвореник во „Идризово“ е во бегство. Ова е ...

Во интерес на правилно и точно информирање на јавноста, ги отфрламе неоснованите ставови изнесени во јавноста од страна на градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска. Имено, вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3. и 4. јануари 2023 година, во присуство и на инспектори од Град Скопје, потврди дека емисиите од производниот процес во Цементарница Усје се пониски од дозволените гранични ...

Убиецот на мајката и бабата во Скопје веројатно е психички болен. Откако ги извршил двете убиство во неговиот стан на улицата „Рузвелтова“, отишол во болница каде побарал да биде уапсен. На лекарите им рекол дека убиството го извршил од семејни причини и оти заслужува да оди во затвор. Лекарите ја известиле полицијата и веднаш бил уапсен. Двете тела на жртвите, едната на 60, а другата на 80 години, се испратени на обдукција. Од Јавното ...

Убиецот на мајката и бабата во Скопје веројатно е психички болен. Откако ги извршил двете убиство во неговиот стан на улицата „Рузвелтова“, отишол во болница каде побарал да биде уапсен. На лекарите им рекол дека убиството го извршил од семејни причини и оти заслужува да оди во затвор. Лекарите ја известиле полицијата и веднаш бил уапсен. Двете тела на жртвите, едната на 60, а другата на 80 години, се испратени на обдукција. Од Јавното ...

Не престануваат реакциите во јавноста по смртта на легендарната македонска актерка Катерина Крстева која почина пред два дена. Откако актерот Гоце Тодоровски, инаку нејзин колега од култното радиошоу „Хихирику“, откри дека славната Мара Попара имала исклучително тежок живот пред да замине на оној свет, блиски пријатели на семејството открија дека Крстева умрела во најголеми маки откако пред само неколку месеци ѝ починало единственото ...

Сите летови низ САД беа откажани, откако Федералната управа за авијација соопшти дека има прекин на компјутерскиот систем. Сите летови кон САД беа приземјени по инцидентот, изјави за NBC News извор запознаен со ситуацијата. „Техничарите моментално работат на обновување на системот и во моментов нема проценка за обновување на услугата“, се вели во соопштението. FAA работи на обновување на својот систем и се вршат конечни проверки за ...

Одбраната на осудениот поранешен прв цариник Драган Даравелски побара повторување на судската постапка по неговото вчерашно апсење на граничниот премин Табановце. Оваа информација ја потврди Основниот суд Скопје 1. Даравелски беше осуден со правосилна пресуда во мај 2007 година беше осуден на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања, која пресуда е потврдена и правосилна од Апелациониот суд Скопје од март 2008 ...

Апелацискиот суд во Скопје неразумно долго, без да наведе причини, ги чувал предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ во кои обвинет е ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, но и случајот „Транспортер“ за ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, а пропусти има и во случајот „Алфа“ за убиството на полицаецот кај ПМФ. Ова се дел од заклучоците донесени на денешната седница на Судскиот совет по направената ревизија во Апелација. Работна група од ...

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески започна со издржување на затворска казна за случајот „Транспортер“. Тој синоќа бил спроведен во затворот во Прилеп. Талески помина три години во домашен притвор, а во меѓувреме земаше плата од Битолскиот народен театар каде е вработен како актер. Случајот за кој е осуден тој и уште 20 лица се однесува на злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во ...

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе обвинителен акт против докторот Жан Митрев, сопственик на истоимената клиника, за кривичното дело измама (член 247, став 4 од Кривичниот законик), а поврзано со лекувањето ковид-пациенти со методот хемофилтрација. Обвинителен предлог за измама има и за клиниката како правно лице. За кривичното дело за кое е осомничен Митрев предвидена е затворска казна од 1 до 10 години, додека на клиниката и ...

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот, на 7 јануари, се сретнал со оштетениот во раните утрински часови, по што се упатиле во казино во селото Желино. Во казиното му побарал 50 евра на оштетениот, кои веднаш ги потрошил. ...

Попладне, најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени. Во Скопје, претпладне со појава на магла, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Минималната ...

Претседателот на Украина Володимир Зеленски вели дека Русија зборува за прекин на огнот бидејќи сака да го искористи како фронт за да го запре напредувањето на Украина во источниот регион Донбас и да испорача повеќе луѓе и опрема. „Тие сега сакаат да го искористат Божиќ како покритие, иако накратко, за да го запрат напредувањето на нашите момци во Донбас и да ја доближат опремата, муницијата и мобилизираните трупи до нашите позиции“,рече ...

Десет лица се повредени во сообраќајна несреќа која денеска се случи на железничкиот премин кај фабриката „Порцеланка“ во Велес, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР). Повредените се пренесени во Општата болница во Велес каде им се укажува лекарска помош. До несреќата дошло откако на железничкиот премин кај фабриката „Порцеланка“ се судриле воз на „Македонски железници“ и такси возило – комбе. Комбето кое било управувано од ...

Српскиот новинар Владан Радосављевиќ почина, а неговата сопруга Олга е тешко повредена откако биле нападнати од глутница кучиња во близина на нивната викендица кај Голема Иванча. Радосављевиќ и неговата сопруга Олга се движеле покрај дворот од кој, според полицискиот извештај, низ отворената ограда истрчале три кучиња и ги нападнале. Кучињата се свртеле кон 62-годишниот новинар, кој починал како последица од страшниот напад, додека неговата ...

Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива. Рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на органите, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање. Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали. Не радува тоа што се ...

Поранешна сопственичка на погребна куќа во Колорадо е осудена на 20 години затвор, откако беше обвинета за продажба на делови од мртви тела. Нејзината мајка е осудена на 15 години. Mеган Хес признала дека е виновна. Таа управувала со погребна куќа и служба за донирање органи од истата зграда во Монтроус, Колорадо. Нејзината мајка, Ширли Кох, исто така се изјаснила за виновна и беше осудена на 15 години затвор. Таа имала задача да ги сецира ...

Хрватска од денеска е членка на Шенген зоната и официјално почнува да го употребува еврото наместо досегашната национална валута – куна. Со влегувањето на Хрватска во најголемата безгранична област во светот, граничните контроли на сите нејзини граници со земјите од ЕУ се укинуваат, додека границите со Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора стануваат надворешни граници на ЕУ. За граѓаните од соседните земји кои не се во ЕУ (Србија, ...

Една минута по полноќ, точно во 00:01 часот, се роди првото бебе во новата 2023 година на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. Бебето е машко, тежи 3 720 грама и е долго 51 сантиметар, информираат од Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. Мајка на бебето е 22-годишната Стојанка Панајотова од село Соколарци, Кочани и тоа е нејзино прво дете. Од Клиниката на ...

Бенедикт Шеснаесетти, прв папа од Германија по речиси 500 години, кај некои беше омилен, за други – контроверзен. Тој почина денеска (31.12.2022) на 95-годишна возраст во неговиот дом во Ватикан, соопшти Светата столица. Тој беше големиот папа-теолог. Што и да правеше, што и да зборуваше, секогаш заштитнички на ум ги имаше традицијата и учењето на црквата низ вековите. Сепак, теолошките достигнувања не го заштитија од сè покритичкиот поглед ...

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќни празници ќе биде бесплатно за сите граѓани на РСМ. Согласно Одлуката на претпријатието, на 01.01.2023 година (недела) и 02.01.2023 година (понеделник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе бидат бесплатни за сите граѓани на РСМ. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 03.01.2023 година (вторник) со ...

Апелирам до сите политичари да се воздржат од какви било коментари во однос на работата на Судскиот совет и на тој начин мешајќи се во надлежностите. Да не се коментираат состојби со одлуки донесени од страна на судовите. Ова значи директно влијание врз работата и во надлежностите на Судски совет, а Министерството за правда или извршната власт како предлагач на законите може час поскоро да реагира ако смета дека тоа не е правилно, изјави ...

Дојави за бомби попладнево се упатени на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и осум во Куманово, информираат од МВР. -Дo сега, попладнево, e пријавено дека на електронските адреси на 12 училишта во Скопје и осум во Куманово е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.85
43%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
13.02
95%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
89%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
57%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
67%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
61%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
59%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
46%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
46%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.31
60%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Платина

55170.68