Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно го поддржа унгарскиот премиер Виктор Орбан пред претстојните парламентарни избори во Унгарија. „Високо почитуваниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, е навистина силен и моќен лидер, со докажана евиденција и извонредни достигнувања. Тој работи неуморно за својата голема земја и својот народ, кого го сака, исто како што јас работам за Соединетите Американски Држави. Виктор работи вредно за да ја ...

На 24.03.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од с.Марино. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за ...

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 12 часот и 05 минути, беше почувствуван земјотрес од епицентралното подрачје Скопје. Неговата магнитуда изнесува 2.7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот беше почувствуван во градот Скопје и околината со интензитет III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. За потребите на сеизмолошките истражувања, ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија истакна дека ние сме една од првите влади во Европа која оди со намалување на даноците за горивата и како и тоа дека ако некогаш се коленичеше за помош, сега ние сме тие кои рефлектираат стабилност и помагаат на соседите, при што посочи дека не треба да се заборави дека оваа влада враќа 2,5 милијарди евра стари долгови на претходните влади. „Се ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа говорејќи за работењето на Владата истакна дека се дава максимумот иако, како што рече, кај одредени поединци има дилема, ги опоменува и доколку не се коригираат ќе бидат сменети. „Ние кажувавме, состојбата е тешка. Ние не сме чудотворци да ветуваме чуда. Тоа јавно на митинзи сум го зборувал. Тој што ви ветува чуда не ја говори вистината, но дека ќе ...

ФБ статус на Марјан Забрчанец: Нервозен партиски инфлуенсер во гувернерска фотелја носи голема недоверба кон Народната банка! Гувернер на Народна банка мора да биде фигура на доверба, стабилност и интегритет, а не партиски првоборец во костум на независен регулатор. Скандалот со незаконското кочење на изборот на вицегувернери, отворената кавга со новинар и префрлањето вина на сите други, дополнително ја разголуваат неспособноста на Славески ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана. По едно лице во Гостивар, Кавадарци, Прилеп и Тетово (малолетник) воеле без возачка дозвола. Еден возач во ...

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против тројца соизвршители на кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Во првите денови од март годинава, од кругот на фабриката „Железара“, обвинетите украле различни видови кабли вредни вкупно 196.500 денари, сопственост на правно лице од Кавадарци. При кражбата оштетиле и кабел кој бил дел од јавна ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во Белата куќа изјави дека САД водат преговори со Иран и дека Техеран многу сака да постигне договор, а во исто време тврди дека нападите на САД и Израел веќе доведоа до промена на режимот. „Разговараме со вистинските луѓе и тие навистина сакаат да постигнат договор“, рече Трамп за време на своето обраќање пред новинарите. Тој ги повтори претходните тврдења дека Иран повеќе нема морнарица, воздухопловни ...

Папата Лав XIV изрази загриженост за растечкото непријателство во ескалацијата на војната во Иран, повторувајќи ги своите повици за прекин на огнот. Првиот американски папа се пожали дека „омразата расте, а насилството станува сè полошо и полошо“. САД планираат да испратат илјадници војници на Блискиот Исток. „Сакам да го обновам мојот апел за прекин на огнот. Мора да работиме за мир, но не со оружје, туку со дијалог“, им рече тој на ...

Иран ѝ соопшти на администрацијата на Доналд Трамп дека не сака повторно да преговара со специјалниот претставник Стив Виткоф и зетот на претседателот, Џаред Кушнер, туку би сакал да разговара со потпретседателот Џеј Ди Венс, наведуваат два регионални извори. Пораката, која им беше пренесена на САД преку неофицијални канали, сигнализира дека Иран верува дека разговорите со Виткоф и Кушнер нема да бидат продуктивни поради недовербата што се ...

Вчера (24.03.2026 година) во периодот од 08:00 до 12:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на град Скопје со цел контрола на возачи и возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата изречени се шест мерки за возачи кои вршат јавен превоз на патници без да поседуваат задолжително лекарско уверение, четири мерки за технички ...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на оклопни возила STRYKER во касарната „Страшо Пинџур“ Петровец. Оклопните возила STRYKER се набавуваат од САД како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила. Во рамките на соработката со САД се реализираат два договори на принципот Влада-со-Влада, станува збор за лесните оклопни возила од типот JLTV и STRYKER. ...

Променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури се движат од -2 до 5 степени, при што најниски вредности се очекуваат во источните делови на земјата, додека во останатите региони ќе се задржат околу 1 до 2 степени. Во текот на денот, максималните температури ќе се движат од 11 до 19 степени, при што ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата ...

Вселенското летало „Ван Ален“ на НАСА, тешко околу 600 килограми, треба повторно да влезе во атмосферата на Земјата по речиси 14 години. Американските вселенски сили предвидуваат дека повторното влегување се очекува да се случи околу 19:45 часот по источно време (12:45 часот по средноевропско време) во вторник, но НАСА вели дека постои можност за 24-часовно одложување, објавува Би-Би-Си. Се очекува сондата, лансирана во 2012 година, да изгори ...

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, ја нарече војната со Иран катастрофална грешка и кршење на меѓународното право, во невообичаено остра критика кон надворешната политика на американскиот претседател Доналд Трамп. Во исто време, тој рече дека вториот мандат на Трамп означи длабок прекин во односите на Германија со нејзиниот најголем повоен сојузник. Во многу директна изјава, Штајнмаер, чија функција е главно церемонијална, ...

Обединетото Кралство и Франција работат на формирање коалиција од земји за обезбедување на Ормускиот теснец, еден од клучните патишта за глобална трговија со нафта, изјавија денес британските одбранбени претставници, како што објави Би-Би-Си. Лондон понуди да организира безбедносна конференција во Портсмут или Лондон во блиска иднина, на која би се развиле конкретни планови. Официјалните лица велат дека секоја мисија ќе бара учество на повеќе ...

Израелската армија ќе го окупира Јужен Либан до реката Литани, изјави во вторникот министерот за одбрана Израел Кац, што е првпат Израел јасно да ја искаже својата намера да заземе делови од либанската територија. Кац претходно ѝ се закани на либанската влада дека ќе изгуби територија ако не го разоружа Хезболах, проиранската милитантна група што го вовлече Либан во американско-израелската војна против Иран кога започна да го напаѓа Израел на ...

Дрон кој влегол од Русија експлодирал во источна Латвија, на само 13 километри од границата, соопштија властите. Инцидентот се случил во раните утрински часови, а експлозијата била регистрирана во близина на селото Добричин. Според премиерката Евика Силиња, нема повредени лица ниту материјална штета. На терен веднаш реагирале армијата, полицијата и граничните служби, додека потеклото на дронот се уште се истражува. Во меѓувреме, воведени се ...

Повеќе држави од Персискиот Залив, пред сè Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), ја разгледуваат можноста да се приклучат во американско-израелската војна против Иран, пишува Блумберг. Сепак, според пишувањето, некои од овие држави би биле принудени на таков чекор само доколку Техеран ја нападне нивната клучна енергетска и водна инфраструктура. Саудиска Арабија и Емиратите сè повеќе го губат трпението поради иранските напади ...

Црна Гора денеска се очекува да затвори уште едно преговарачко поглавје со Европската унија – за трансевропски транспортни мрежи, со што вкупно ќе затвори 14 од 33 поглавја. Преговорите за членство земјата ги почна во 2012 година, а властите најавуваат дека сите преостанати поглавја би можеле да бидат затворени до крајот на годинава, со цел членство во 2028 година. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека ваквиот рок е премногу амбициозен, ...

Тим лекари од Општата болница во Госпиќ минатата недела успешно отстраниле тумор тежок 36 килограми кај 81-годишна пациентка. Операцијата била сложена и ризична поради возраста на пациентката и големината на туморот, кој се протегал од карлицата до пределот на белите дробови. Интервенцијата ја предводел шефот на гинекологија и акушерство Дарко Милиновиќ, заедно со тим од гинеколози, хирурзи, анестезиолози и медицински сестри. Пациентката ...

Министерството за надворешни работи на Русија денес објави дека долгорочните последици од агресијата на НАТО врз Југославија во 1999 година сè уште се чувствуваат. „Воената операција на НАТО против суверена Југославија пред 27 години беше трагедија, чии долгорочни и повеќекратни последици се чувствуваат дури и денес“, објави Министерството за надворешни работи на Русија на Телеграм, во врска со годишнината од бомбардирањето. Како што е ...

Силен земјотрес со магнитуда од 7,6 степени ја погоди денес областа во близина на Тонга во Тихиот Океан, поради што крајбрежните области беа евакуирани, но нема опасност од цунами. Геолошкиот завод на САД објави дека земјотресот се случил рано навечер по локално време, на длабочина од околу 240 километри. Земјотресите на помали длабочини обично се чувствуваат посилно на површината. Епицентарот на земјотресот бил во морето, околу 153 километри ...

Иран почна да им наплаќа на бродовите за минување низ Ормускиот теснец, еден од клучните светски транспортни правци за нафта и гас. Дел од комерцијалните бродови сè повеќе минуваат низ иранските територијални води преку таканаречениот „Техерански коридор за наплата“, каде што иранските сили ги проверуваат бродовите и во некои случаи наплаќаат за минување, според анализата на поморските податоци што ја пренесува Lloyd’s List. „Најмалку два ...

Катар не е цел на напади веќе неколку дена, но ситуацијата останува многу напната, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџид Ал-Ансари. На прес-конференција во Доха, тој потврди дека немало ирански ракети или дронови насочени кон Катар од минатиот четврток, но предупреди дека земјата е сè уште „во окото на бурата“, објавува Би-Би-Си. „Последниот пат кога стоев тука на подиумот, веднаш откако завршив, имаше два ...

Во четврток преку денот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од јужен правец. Од вечерните часови нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност која ќе услови период на нестабилно и постудено време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во петок, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Поради продор на постудена воздушна маса, на планините и ...

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација во чиј фокус беа традиционално пријателските билатерални односи. ...

Училиштето е местото каде се гради култура на ненасилно однесување и се стекнуваат вештини за градење пријателства место конфликти. Децата од мали треба да се воспитуваат дека нема ништо привлечно во носењето оружје. И тоа да се објаснува соодветно на нивната возраст, но упорно и со примери. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на настан во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје со кој беше означен стартот на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1016
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
62%
1014
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1014
weather icon

Софија

13ᴼ / 6ᴼ
0.51
48%
1016
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.88
64%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
2.24
48%
1014
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
76%
1016
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
59%
1016
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
1.03
61%
1013
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 13ᴼ
2.24
53%
1012
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
39%
1015
Currency

61.64

Currency

52.5688

Currency

71.0401

Currency

37.5703

Currency

38.4418

Currency

67.0149

Currency

7.69168

Currency

0.69864

Currency

0.33132

Currency

0.52501

Currency

1.16811

Currency

0.5579

Паладиум

48048.94

Рутениум

53788.20

Цинк

3.48

Родиум

326330.08

Алуминиум

3.60

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Бакар

12.11

Злато

166450.52

Сребро

2840.84

Платина

64687.30

Калај

50.49