Хулијан Алварес повторно се најде во центарот на вниманието по натпреварот на Атлетико Мадрид против Виљареал, а неговиот потег по последниот судиски свиреж дополнително ги засили шпекулациите за неговата иднина. Додека останатите фудбалери на Атлетико им се приклучија на навивачите за да им се заблагодарат за поддршката, Алварес го напушти теренот и не им се придружи на соиграчите. Овој момент веднаш привлече големо внимание, особено поради ...

Бескомпромисниот став на Атлетико Мадрид во врска со можна продажба на Хулијан Алварес во Барселона, како што е желбата на фудбалерот, отвори шанса за некои премиерлигаши да се распрашаат за Аргентинецот. Вратата за Барса е затворена, па пред Хулијан е избор: или да остане во Атлетико, каде што е во немилост на фановите, или да се врати во Премиер лигата, каде што настапуваше за Манчестер сити. Овојпат кандидати се лондонските Арсенал и ...

Хулијан Алварес доби и повеќе од јасна порака од навивачите на Атлетико (М). Тие го сметаат за предавник затоа што сака да оди во Барселона, па затоа беше пречекан со бран на исвиркувања и навреди пред натпреварот со Виљареал. Кога влезе во игра, буквално се случи вистинска ерупција. Аргентинецот беше пречекан „на нож“ и на сите им беше јасно дека неговата приказна е завршена со навивачите на Атлетико. Сепак, сцените на крајот од играта ќе се ...

Трансфер-сагата околу Хулијан Алварес добива нов пресврт во последните денови од преодниот рок. Покрај Барселона и Арсенал, сега и Челзи го испитува теренот за евентуален трансфер на аргентинскиот напаѓач на Атлетико Мадрид. Според трансфер-инсајдерот Николо Скира, претставници на Челзи минатиот четврток во Лондон разговарале со луѓе од Атлетико Мадрид и се распрашале под кои услови би можел да биде реализиран трансфер на Алварес. Средбата ...

Барселона се обидува да донесе засилувања во врвот на нападот уште од почетокот на летниот преоден рок откако Роберт Левандовски го напушти клубот, а се чини дека и Феран Торес ќе го стори истото. И на птиците на гранката веќе им е јасно дека најголемата желба на Барселона е Хулијан Алварес, за кого веќе понудија 100 милиони евра, но Атлетико (М) не сака да го продаде. Самиот Аргентинец се обидува на секаков можен начин да оди во Барселона, ...

Поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари жестоко го критикуваше Хулијан Алварес поради начинот на којшто Аргентинецот се обидува да го напушти Атлетико Мадрид. Алварес сака трансфер во Барселона, но Атлетико не планира да се откаже од еден од своите најважни играчи. Ситуацијата дополнително се влоши откако аргентинскиот напаѓач беше исвиркан од навивачите на натпреварот против Виљареал. „Тој и неговиот тим се идиоти. Како можеш да ...