Шкендија Арачиново утре ќе го игра најважниот натпревар во својата клупска историја, откако во баражот за пласман во Првата македонска фудбалска лига ќе се соочи со Пелистер, кој ќе се бори за опстанок во елитното друштво. Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци, место кое буди убави спомени кај фудбалерите на Шкендија Арачиново. Токму на овој стадион минатата сезона екипата од Арачиново го совлада Осогово и обезбеди ...

Утре македонската фудбалска сезона и официјално го има својот крај, со бараж дуелите за опстанок односно пласман во ПМФЛ конкуренцијата. Пелистер како што е добро познато оди на дуел со тимот на Шкендија од Арачиново, а истиот се игра во Кавадарци со почеток од 16:30 часот. Битолачани ниту во сон не помислуваат да се враќаат во втора лига, па токму затоа во градот неколку дена сериозно се „билда“ атмосферата околу овој меч. Популарните ...

Клупската фудбалска сезона во Македонија и официјално ќе заврши попладнево со двата бараж-натпревари за опстанок/пласман во Првата лига. Пелистер и Брера до последен момент ќе стравуваат за задржување на прволигашкиот статус, а Скопје и Шкендија Арачиново сакаат изненадување и промоција во повисок ранг. На „Градскиот стадион“ во Кавадарци се игра мечот помеѓу осмопласираниот од Првата лига, Пелистер, и третопласираната екипа од Втората лига, ...

Тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски, испрати јасна порака во пресрет на бараж натпреварот за опстанок во Првата македонска фудбалска лига против Шкендија Арачиново, кој ќе се одигра во Кавадарци. Стратегот на битолскиот тим потенцира дека единствено важно е Пелистер на крајот да излезе како победник, без оглед на начинот на кој ќе се дојде до триумфот. „Една работа е важна во бараж-натпреварот, а тоа е Пелистер на крај да биде победник. ...

Денес попладне од 16:30 часот во Кавадарци и Битола ќе се одиграат двата бараж натпревари кои ќе одлучат кои екипи следната сезона ќе се натпреваруваат во Првата македонска фудбалска лига. Најголемо внимание привлекува дуелот во Кавадарци, каде што Пелистер ќе се соочи со Шкендија Арачиново, најпријатното изненадување во Втората лига оваа сезона. Фудбалерите од Арачиново пристигнуваат со висок морал и убави спомени од Кавадарци, каде токму ...

Екипата на Тетекс и следната сезона ќе игра во Втора лига, откако со 9:0 славеше над Влазними на стадионот во Ѓорче Петров. Во меч на тотална доминација, тимот од Тетово имаше лесна задача и следната сезона ќе биде во второлигашкото друштво. Брера испадна во Втора лига, откако загуби од Скопје со минимални 0:1, со што тимот од Автокоманда преку бараж се врати во Втора лига. Градскиот стадион во Кавадарци носи среќа за Шкендија Арачиново, овој ...

Во неверојатен историски ден во Кавадарци, одново овој стадион се покажа среќен за Шкендија Арачиново, овој пат за историски влез во Првата македонска фудбалска лига, Пелистер се сели во Втората македонска фудбалска лига, Битола остана без прволигашки фудбал. Неверојатен беше мечот во Кавадарци, многу шанси, неизвесности, многу пропуштени шанси, вечерва во Арачиново ќе се слави овој огромен историски успех. Шкендија Арачиново дојде до ...

Екипата на Шкендија Арачиново забележа историја и ќе игра во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а најголемиот резултат за клубот го донесе голманот Антонио Столевски кој беше херој во пенал-серијата. Столевски фати четири пенали, од кои три беа регуларни на крајот. Едниот од одбраните беше на Кире Ристевски, меѓутоа беше повторен со ВАР заради порано напуштање на гол-линијата и заврши со гол. Околу прочитаните пенали, тоа беа на Давид ...

Шкендија од Арачиново испиша нова страница во својата клупска историја и го оствари долгоочекуваниот сон – пласман во Првата македонска фудбалска лига. Клубот формиран во 1977 година и по скоро половина век избори пласман во ,,елитата”. Во незаборавна драма во Кавадарци, арачиновскиот тим го совлада Пелистер по изведувањето на пенали и обезбеди место меѓу најдобрите македонски клубови. Апсолутен херој на натпреварот беше голманот Антонио ...

Шкендија Арачиново ја доби драмата со Пелистер во баражот и обебзеди прволигашко место за зледната сезона. По мечот следуваше големо славје на арачиновци, во чии редови вистински херој беше голманот Столевски. Во составот на Шкендија играат неколку Македонци, па на прославата на теренот во Кавадарци го имаше и македонското знаме. Шкендија Арачиново ја доби драмата со Пелистер во баражот и обебзеди прволигашко место за зледната сезона. По ...

Херојот на историскиот успех на Шкендија Арачиново е голманот Антонио Столевски. Прилепскиот „пантер“ беше човекот на одлука во баражот за влез во Првата македонска фудбалска лига, каде со своите одбрани го одведе својот тим до најголемиот успех во клупската историја. Во натпревар исполнет со неизвесност, Столевски најпрво блесна во регуларниот дел кога му одбрани пенал на капитенот на Пелистер, Мирко Ивановски, оставајќи ја Шкендија во игра ...

Голманот Антонио Столевски зад себе има импресивен учинок кога станува збор за бараж натпревари. Младиот чувар на мрежата досега настапи на три баражи и сите три ги заврши победнички, а последниот успех со Шкендија Арачиново сигурно е најголемиот во неговата досегашна кариера. Првиот бараж триумф Столевски го забележа во сезоната 2023/2024 како голман на Победа. На стадионот во Ѓорче Петров, прилепскиот клуб со 2:1 славеше над тогашниот ...

Голманот Антонио Столевски имаше блескава партија за Шкендија Арачиново во победата над Пелистер по пенали и историскиот пласман во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), а со промоцијата дојде до интересна статистика. Прилепчанецот кој има 23 години зад себе во последните три сезони има три баражи и на сите три беше победник со своите екипи. Низата започна во 2024 година, кога направи трансфер во Победа. Тогаш во баражот за ВМФЛ, екипата ...