Европската комисија побара од платформата ТикТок да го промени начинот на кој функционира алгоритмот за препорачување видеа во делот „For You“. Според прелиминарните наоди на европските регулатори, постојниот систем може да ги изложува корисниците на долготрајно гледање слични содржини, вклучително и материјали што негативно влијаат врз нивната психолошка благосостојба. Брисел смета дека алгоритмот може да создава затворен круг на препораки ...

Климатските рекорди продолжуваат да се нижат, а податоците од европската програма „Коперник“ покажуваат дека планетата сè повеќе се приближува до границата на затоплување од 1,5 степени Целзиусови. Октомври 2026 година беше најтоплиот октомври во историјата на мерењата на глобалните температури и трет последователен месец во кој беше надминат прагот на затоплување утврден со Парискиот договор, соопшти денеска главната програма на Европската ...

Комисијата за заштита на податоци (ДПЦ) на Ирска го казни „Гугл“ (Google) со 403 милиони евра за начинот, на кој компанијата ги обработувала податоците за локација на корисниците. Казната е резултат на повеќегодишна истрага за „Гугл Ирска“ (Google Ireland), европската подружница на „Алфабет“ (Alphabet). Истрагата се фокусираше на законитоста на обработката на податоците за локација и дали „Гугл“ доволно им објаснил на корисниците како и зошто ...

Маж во Дубаи доживеал ненадеен срцев удар, но неговиот живот бил спасен благодарение на брзата реакција на медицинскиот тим и употребата на автоматска машина за кардиопулмонална реанимација (CPR). दुबई में एक व्यक्ति को अचानक हृदय घात की स्थिति बन गई, लेकिन स्वचालित CPR मशीन के उपयोग से मरीज की जान बचा ली। pic.twitter.com/vgx2k5XXYj — RS KHATANA (@rskhatana72) September 23, 2026 Уредот овозможил континуирани и контролирани компресии на ...

Како што пишува „Саут Чајна морнинг пост“, овој подводен енергетски систем отвора нови можности за снабдување со енергија за време на подводни операции. Успешните тестови покажаа дека сончевата светлина може да се претвори во електрична енергија дури и во слабиот „самрак“ на океанските длабочини. Chinese scientists have achieved the world’s first practical demonstration of underwater #solar power generation at a depth of 10 meters, ...

Американската технолошка компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) објави дека нејзиниот асистент со генеративна вештачка интелигенција, „Чет-ГПТ“ (ChatГПТ), го користат повеќе од 1,2 милијарди луѓе секоја недела. Оваа бројка на корисници беше откриена на „Девдеј“ (DevDay) – годишната конференција на компанијата за развивачи во Сан Франциско, САД, каде што беше истакнато и дека имаат 2,5 милиони деловни корисници. Овој сектор е клучен за финансирање на ...

Истражувачи од Обединетото Кралство користат вештачка интелигенција (ВИ) и роботи за да создадат дигитален музеј што содржи околу 70 милиони примероци од животни, растенија, фосили и карпи од збирки низ целата земја. Проектот, познат како „Дистрибуиран систем на научни збирки (ДИССКО УК / DiSSCo UK), има за цел да им овозможи на јавноста и на истражувачите пристап – преку телефон и компјутер, до збирки коишто претходно беа достапни само во ...

Платформата за запознавање „Тиндер“, со седиште во САД и во сопственост на „Меч груп (Match Group)“, воведува нова функција што им овозможува на корисниците да се запознаваат и да организираат групни излегувања, со цел да ги привлече помладите генерации и да го запре трендот на опаѓање на бројот корисници. Функцијата, наречена „Групни дружења (Group Hangouts)“, му овозможува на корисникот прво да избере активност, а потоа да покани најмалку ...

Кинеската новоформирана компанија „Photon matrix lab“, со седиште во Чангџоу, со користење на лидар и ласер ќе се справува со комарците, со почетно месечно производство од 3.000 до 5.000 уреди. Производот привлече големо внимание за време на кампањата за групно финансирање на странски пазар. – Првата серија на уредот треба да биде испорачана овој месец, изјави директорот за продажба, Лоренс Ленг. Уредот се нуди во две верзии, со инфрацрвен и ...

Илон Маск планира да ја преименува својата компанија за вештачка интелигенција (ВИ) во согласност со настојувањето на американскиот претседател Доналд Трамп оваа технологија да се нарекува „суперинтелигенција“. Милијардерот од технолошкиот сектор вчера, одговарајќи на прашање на својата платформа „Икс“, потврди дека неговата компанија „СпејсИксАИ“ (SpaceXAI) ќе биде преименувана во „СпејсИксСИ“ (SpaceXSI). „Да, ќе ја направиме таа промена“, ...

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, изјави дека верува оти вештачката интелигенција би можела да генерира доволно раст на продуктивноста за да им овозможи на Американците да се префрлат на тридневна работна недела или да се потпрат на еден приход во домаќинството – отфрлајќи ги загриженостите дека технологијата би довела до масовни загуби на работни места за американските работници. Извршниот претседател на „Амазон“ го разгледува говорот на ...

Современ SUV со plug-in хибриден погон, електричен домет до 81 километри и комбиниран домет до 1.200 километри Кон крајот на октомври, македонскиот автомобилски пазар ќе биде побогат за нов модел од гамата на Dongfeng – Mage PHEV. Со современ дизајн, напредна технологија и plug-in хибриден погон, новиот SUV е наменет за возачите кои сакаат да ги спојат практичноста на автомобилот за секојдневна употреба со поголема слобода при подолгите ...

Нови можности за возачите, со модели што ги обединуваат функционалноста, современиот дизајн и разновидноста на погонските решенија. Автомобилскиот бренд JAC наскоро ќе биде повторно достапен на македонскиот пазар, со понуда што опфаќа модели наменети за различни потреби и животни стилови. Палетата ќе ја сочинуваат четири модели: пикап возилата T8 Pro и T9, SUV моделот JS6 и неговата plug-in хибридна изведба JS6 PHEV. Со оваа понуда, JAC ги ...

Американската технолошка компанија „Мета (Meta)“ претстави нови модели на вештачка интелигенција – „Мјуз вондер“ и „Мјуз вондер фул“ (Muse Wonder / Muse Wonder Full), тврдејќи дека тие можат да им соперничат на најнапредните системи од „Опен-АИ“ и „Антропик“. Овој потег е дел од напорите на „Мета“ да го зајакне своето место во глобалната трка во развојот на ВИ. Од „Мета“ изјавија дека новите модели се дизајнирани за сложени задачи што ВИ може ...

Моделот на вештачка интелигенција „Клод“ (Claude) заобиколи систем за плаќање и извлече агрегирани, јавно достапни податоци за излезноста на гласачите во американската сојузна држава Џорџија без човечка дозвола, соопшти „Антропик“. Моделот Клод не добил пристап до системот за регистрација на гласачи на државата, ниту ги измени или извлече податоци од евиденцијата на гласачите, соопшти компанијата, додавајќи дека презела чекори за блокирање на ...

Американската компанија „Гугл“ (Google) го претстави „Џемини 4 карбон“ (Gemini 4 „Карбон“) – нов модел на вештачка интелигенција, кој, според наводите, се наоѓа на првото место на „Индексот на анализа на ВИ“ (Artificial Analysis Intelligence Index). Како што соопшти технолошкиот гигант, во почетната фаза тој ќе биде достапен исклучиво за избрани стручњаци за кибербезбедност. „Карбон“ доаѓа по моделот „Џемини 4 аргон“ (Gemini 4 Argon). Новиот ...

Кога една компанија ќе изгради напреден модел на вештачка интелигенција, нејзините конкуренти можат да научат нешто од него само со поставување прашања. Ако соберат доволно одговори и ги употребат како примери за обука, можат да го подобрат сопствениот модел. Токму таквата употреба на американските системи од страна на кинески компании отвори спор во Вашингтон за тоа каде завршува конкуренцијата и каде почнува неовластеното користење на туѓа ...

WhatsApp од 8 септември 2026 година повеќе не поддржува телефони кои користат Android 5.0 или Android 5.1. Новиот минимум за апликацијата е Android 6.0 или понова верзија. Промената ги засега само уредите кои не можат да се надградат на понова верзија на Android. Ако вашиот телефон има Android 6 или понов систем, нема потреба од никаква промена. WhatsApp ја прекинува поддршката за старите верзии поради безбедноста и техничките ограничувања. ...

По околу шест месеци на Меѓународната вселенска станица (ISS), двајца Американци, еден Русин и еден астронаут од Обединетите Арапски Емирати безбедно се вратија на Земјата. Станува збор за двајцата астронаути на НАСА, Стивен Бовен и Ворен Вуди Хобург, како и Русинот Андреј Федјаев и Султан ал Нејади од Обединетите Арапски Емирати, кој е првиот астронаут од арапските земји кој поминал долго време во орбитата, објави АП. Нивното враќање беше ...

Генетско истражување ги поврзува домородните Хавајци со жителите на Рапа Нуи и Мангарева, расветлувајќи дел од историјата на населувањето на Тихиот Океан. Од каде пристигнале луѓето што први ги населиле Хавајските Острови? Ново истражување, објавено во списанието Science, нуди дополнителни генетски докази за патиштата по кои древните полинезиски морепловци стигнале до овој оддалечен архипелаг, пренесува ScienceAlert. Научниците откриле силна ...

Психоделична супстанција од отровот на жаба може да помогне во лекувањето на депресијата, откриваат научниците Соединение што некогаш беше поврзувано со сензационалистички приказни за халуцинации денес влегува во клинички протоколи како можен третман за луѓе кај кои класичните антидепресиви не помогнале. Научниците го испитуваат како синтетизирана супстанција во спреј за нос, со резултати што покажуваат брзо намалување на симптомите по само ...

Кинескиот ласерски систем успешно уништи неколку бранови на дронови за напад На неодамнешни теренски тестирања во пустина во северозападна Кина, групи ударни беспилотни летала се приближувале на мала височина од повеќе правци. Пред да стигнат до целите, тие одеднаш се запалиле во воздух, ја изгубиле контролата и се урнале. Пресретнувањето го извел кинескиот противдронски ласерски систем од семејството „Гуангџјан“ („Светлосен меч“), пренесува ...

Кобила која се ождреби на улица во Скопје утрово беше повод за реакција на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој побара институциите итно да преземат мерки за заштита и згрижување на животните. Ѓорѓиевски информираше дека екипите на ЗОО – Скопје веднаш реагирале и дека кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно место, каде што ќе добијат соодветна нега и стручен третман. – Раѓањето нов живот треба да биде убава вест. ...

Играта „AION 2” (во верзија наречена “Global“) ќе излезе на 5 октомври во Америка, Европа и Јапонија во своја глобална верзија на англиски јазик, иако веќе околу десет месеци се игра во Кореја и Тајван со својата оригинална азиска верзија со која се нудат доста нови информации што е добро да се знаат, кои ќе бидат вклучени како готови измени од стартот на играта. „AION 2“ е видеоигра на фирмата „NCSoft“ чиј успех кулминираше со првата верзија ...

Иако играта „Wo Long 2: Wings of Ember“ е најавена да излезе на 4 Март 2027 год. веќе има достапно бесплатно „Demo“ на „Steam“ што може уште сега да се симне и да се преигра, иако демото не е предолго сепак нуди увид во тоа што направиле девелоперите „Team Ninja“ досега со второто продолжение во серијалот, дека на оваа игра и претходи играта „Wo Long: Fallen Dynasty“ за која може повеќе да прочитате овде. Играта има претерано слични околини ...

Мрежната игра „Dune: Awakening“ е скоро надоградена со тоа што не мора да се игра со други играчи туку е имплементирана цела „Single Player“ кампања во која можете да играте сами. И не само тоа туку на играчите им се дава слобода да ја направат играта потешка или полесна по свој избор со менување многу опции рачно кои го дефинираат играњето и секако дека ветераните во гејмингот и стримерите ќе прават содржини од играње на најтешка тешкотија. ...

Иво Бару е новиот државен шампион на Македонија во најпознатата друштвена игра во светот „CATAN“, откако вчера, 27 септември, ја освои титулата на „Државното првенство во Catan 2026“ и со тоа обезбеди место на Европското првенство кое во ноември ќе се одржи во Португалија. Шампионатот се одржа во новоотворениот простор за друштвени игри „Rulebook“ во Скопје, а турнирот повторно беше организиран од „Гоблин Друштвени Игри“. На масите во ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја потпиша одлуката за формирање на Советот на поранешните претседатели на Собранието – тело кое за првпат се воспоставува во историјата на законодавниот дом. Како што информира Гаши преку објава на Фејсбук, целта на Советот е искуството и знаењето на поранешните претседатели да се претворат во вредност за работата на актуелниот парламентарен состав, преку зачувување на институционалната меморија и ...

Со отворање на изложбата „Солидарноста како иднина“ во Музејот на современата уметност синоќа во Скопје започна новото издание на „Европските дијалози – Европско наследство и иднина“, во организација на Францускиот институт и Амбасадата на Франција во Северна Македонија. Настаните продолжуваат од денес до 2 октомври на повеќе локации низ градот, меѓу кои Младинскиот културен центар, Инокс центарот, Културниот центар „Јадро“, Europe House и ...

Се работи динамична и брза игра со тркање во „Star Wars универзумот“ наречена Galactic Racer, каде се користат „podracer“ – возила, но за разлика од првата ваква игра има да бирате и лебдечки моторцикли и таканаречени „Ramjet“ возила кои може да лебдат и сосема свртени вертикално за маневрирање на околината и поминување низ тесни процепи на карпи и напуштени индустриски структури. Во играта има пет достапни планети низ кои „шалтате“ низ ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34