Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Една средба со народните носии на неговата баба и посетите на соборот во Ракотинци биле доволни за Кристијан Митревски да почне да го истражува културното наследство на својот крај. Со својата работа и посветеност во етнокореологијата, Митревски покажува дека младите се вистински мост помеѓу минатото и иднината и дека имаат клучна улога во зачувување на народниот етос, негова материјализација и преточување во наука. Како што самиот вели, ...
Пишува: Ристо Савески Политичките и општествените случувања во Србија неретко имаат одек и надвор од нејзините граници. Затоа, актуелните парламентарни избори претставуваат интересен случај за анализа не само на политичките односи во Србија, туку и на пошироките општествени процеси на Балканот. Студентското движење, натсанува како резултат на падот на настершницата на железничката станица во Нови Сад, го има акумулирано најголемата и ...
Љубовта кон фудбалот за Изабела Таневски започнала со гледање натпревари со нејзиниот татко, а можноста за едногодишна обука ѝ го отворила патот до коментаторскиот оптикум од каде гледачите во Шведска ги запознава со сите случувања на фубалскиот терен како прв директен сведок. Таа е очите и ушите на спортските терени, репортерка со долгодишно искуство и познавање на фудбалот и една од најуспешните спортски новинарки од Македонија, која работи ...
Повеќе од 100 деца кои се соочуваат со сиромаштија и социјална исклученост се запишани во Дневниот центар „Гнездо“ во Скопје, каде што добиваат образовна и психосоцијална поддршка, оброци и простор за дружење и развој. Андреа Накова, координаторка на проектот „Гнездо“, во интервју за Радио МОФ зборува за помалку видливите последици од детската сиромаштија, работата со децата и семејствата и потребата од континуирана поддршка што ќе ги надмине ...
Кога Европската комисија предупредуваше дека се засилува влијанието на „српскиот свет“, владините претставници нè исмеваа. Алта банка е класичен пример за тоа влијание. А кога државниот врв е позаинтересиран да ги брани унгарските и српските интереси отколку интересите на сопствените граѓани, тогаш граѓаните ќе чекаат во редици за да си ги подигнат сопствените пари. А ова е само почеток. ФБ став на Фуркан Салиу Кога Европската комисија ...
На 28 октомври јавните обвинители ќе гласаат за нов шеф на ОЈО ГОКК. Убаво звучи тоа „непосредно гласање“. Речиси римски. Обвинител, гласачко ливче и совест. Само што ние живееме во Македонија, па меѓу гласачкото ливче и совеста понекогаш знаат да се протнат телефон, партија, колега, услуга, етничка математика, ветено напредување и она старото обвинителско правило кое никаде не е напишано, ама сите го разбираат: Не се залетувај. Ќути си и ...
Секој разговор за литература и книги ги започнува со голема љубопитност и одговорност. Низ својата долгогодишна писателска кариера, создаде авторски печат, чија оригиналност и интензивност го впишаа во листата на најпознатите писатели од Македонија воопшто. Голем писател, со скромен пристап, благ темперамент и ведрина со која ја добива читателската доверба. Детството на многу генерации поминало низ страниците на неговите книги и писанија во ...
Во очекување на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во однос на евроинтегративниот процес, би било добро да се кажат два три збора однапред како превенција на онаа политичка возбуда што секоја година ја имаме во овој период. Независно од неговата содржина, било таа позитивна за едните или негативна за другите, секоја година сме сведоци на неизбежна сензибилизација на јавноста со цел да се освои по некој ...
Кога државниот јавен обвинител Ненад Савески вели дека има впечаток оти еден обвинител работи за тројца, овојпат немам причина да се расправам со него. Напротив. Веројатно ова е една од најточните дијагнози за состојбата во македонското обвинителство кажана во една реченица. Недостигот на обвинители не е веќе кадровска непријатност. Тој станува прашање на функционирањето на кривичната правда. Од нашата мрежа Дали заминувањето на Лагард ќе ...
Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА епска, јуначка и пред сè чесна борба. За потсетување: Големиот Реал Мадрид изгуби еден натпревар, убаво се сеќавам, од ...
Во ерата на дигиталната поврзаност, каде што јавниот дискурс се пресели од физичките плоштади во виртуелните лавиринти на социјалните мрежи, либералната демократија се соочува со својот најголем парадокс. Слободата на изразување, некогаш тешко стекнато право, денес преку алгоритмите и анонимноста често се трансформира во моќно дигитално оружје. Кога виртуелниот простор се користи за уривање на самите темели на демократскиот систем, ...
Девојката имала 17 години. Според медиумите, таа претходно го пријавила момчето за насилство. Во октомври, пред неполн месец, полицијата привела 21-годишник од Богданци по пријава дека ја нападнал во својот дом. Некоја недела подоцна, две лица се пронајдени мртви кај Богданци. Изгорени. Едно тело во автомобил, друго до автомобил. Неофицијално, едното тело е на девојката. Околностите и причините за смртта треба да ги утврди истрагата и ...
Шетајќи низ ходниците на нашите судови, лесно можете да добиете чувство дека времето запрело некаде во минатиот век. Мирисот на прашливи хартии, томови папки врзани со коноп, архиви во кои се трага по предмети како во лавиринт и судски соопштенија кои сè уште патуваат со денови преку поштенски сандачиња. Оваа слика на традиционалното, тромо правосудство со години е синоним за бавна правда – а бавната правда, како што знаеме, е неправда. Но, ...
Македонија денес се наоѓа на клучна развојна крстосница, период во кој економските реформи, финансиската дисциплина и привлекувањето на странски капитал се поставени како врвен, бескомпромисен приоритет на државната стратегија. Секој одговорен политички субјект, секој зрел лидер и секоја конструктивна опозиција во едно демократско општество би требало да работат на зајакнување на овие столбови, свесни дека економската стабилност не е партиска ...
Деновиве јавноста повторно беше иритирана од поплаките на обвинителката Лидија Раичевиќ, која во медиумите гласно го отвори прашањето за ниските обвинителски плати, посочувајќи износ од околу 90.000 денари како несоодветен за тежината и одговорноста на функцијата. И додека огромен дел од граѓаните во Македонија го преживуваат месецот со значително помали примања, дел од обвинителите сметаат дека нивната професионална положба заслужува ...
Пред речиси два милениума, римскиот император и филозоф Марко Аврелиј, запишувајќи ги своите најдлабоки мисли во воените походи долж Дунав, остави кристално јасна максима: „Правдата е единствената вистинска основа за стабилна заедница“. Најмоќниот човек на тогашниот свет не зборуваше за правдата како апстрактен декор на моќта, туку како за врвен општествен лепак. Без неа, заедницата престанува да биде сојуз на граѓани и станува арена на ...
Г-а Весна Јаневска не можеме да ја сметаме за министерка бидејќи нејзиното делување, реферирам на повлекувањето и менувањето на програмата за Сеопфатно сексуално образование (линк во коментар), е несомнено во својство на служителка на отец Јаков и МПЦ, и на серија анти-демократски и протофашистички здруженија и движења, што е делување спротивно на Уставот на државата (демократска и секуларна), чиешто слово мора да го почитува за да биде ...
Во едно од своите обраќања, откако медиумскиот простор околу него повторно се стесни, познатиот српски сатиричар Зоран Кесиќ изговори една реченица која одекна многу подалеку од границите на неговата земја: „Сите излегуваме затоа што ни е грижа за нашата земја. Сите излегуваме затоа што сакаме да го работиме она во што сме најдобри.“ Оваа мисла, мене ме наежи, иако кажана во Белград, всушност е најпрецизната дијагноза за состојбата на умот на ...
Во едно успеа лицево за надзор, а тоа е да не’ обедини, па имаме една надпартиска, повеќе граѓанска реакција за заштита на позицијата на жената во нашето општество. Но, мора да се земе предвид и дека реакцијата е вака силна зошто човеков е целосно неважен лик. Многу е важно вака здружено и солидарно да се реагира и кога мажи, кои се на позиција на моќ, дискриминираат и дискредитираат жени или поттикнуваат родова дискриминација. Тогаш ќе може ...
Демократските игри во Србија не завршуваат со победата на изборите. Тие допрва почнуваат! Но српските студенти и демократската младина имаа(т) една огромна предност во споредба со, на пример, некогашните македонски протести викани „Шарена револуција“: не дозволија да им се закачат крлежи од типот на одамна смирисаната македонска „интелектуала“ и, особено, политиката да им ги украде протестите и перфидно да ги пренасочи во сопствена насока. На ...
Владата сака да го покачи студентскиот оброк. Супер! Само што има еден услов: парите да ги трошиме таму каде што ќе ни кажат и за она што ќе ни дозволат. Тоа не е подарок. Тоа е нова цена. Од нашата мрежа Дали заминувањето на Лагард ќе предизвика нова криза во европската… 11 минути biznisinfo.mk Египќаните открија ново наоѓалиште на природен гас во Средоземното Море 22 минути biznisinfo.mk 📱Започнаа преговорите за целосно укинување на ...
Има и легенди и сведоштво за тоа како настанал најмаркантниот лозунг на студентските протести во Франција во 1968 година. Во легендите се спомнуваат наводни автори како Херберт Маркузе, Ернесто Че Гевара и други. Сведоштвото, пак, вели дека синдикален лидер од фабриката „Рено“ тогаш им рекол на студентите: „Мора да бидеме реални, не треба да го бараме невозможното“. Истиот ден, студентите отпечатиле летоци и на ѕидовите на факултетот Сенсие ...
Популистичките партии добиваат рекордна поддршка во Европа. По Втората светска војна популистичките и авторитарните партии никогаш немале толку силна поддршка од гласачите во Европа како во последните години, покажуваат резултатите на неколку нови истражувања. Екстремно десничарските, крајнолевичарските и популистичките центристички партии добија просечно 32,6 проценти од гласовите на последните парламентарни избори во 31 европска земја, ...
Олкава простотија речиси и да не сме виделе досега не само на македонскава таканаречена политичка сцена туку и во јавниот збор, вклучувајќи ги тука и медиумите, се разбира. Не само што рамништето на пристојност, културно однесување и елементарен обид за нормален дијалог се одамна збришани од вокабуларот и однесувањето на главните „актери“ на таа сцена туку тоа веќе се граничи со крајна непристојност и провинцијализам од најдолен вид. Оттука и ...
Зошто ЕУ ги толерира нашите владетели кои создаваат услпви да горат деца во дискотеките (шупи) и болниците (лимени контејнери)? ЕУ знае дека македонските политичари се длабоко корумпирани, но токму тие корумпирани политичари беа единствените кои беа подготвени да го сменат името, да потпишуваат договори и да ја одржуваат Македонија како послушна колонија. За Брисел, владеењето на правото во Македонија е неважно, сè додека владетелите ги ...
Гледам сите овде знаат што и како се случува во Србија. И што и како ќе се случува понатаму. Суријата „експерти“, политиканти и историканти прават споредби со македонското сценарио на онаа таканаречена „Шарена револуција“, а на која што – барем според манирите и резултатите! –повеќе ѝ одговара називот „Шарена променада“. Со што апсолутно не сакам да го намалам нејзиното значење за современата македонска историја. Други пак ни мавтаат со ...
Укради милиони, избегај од државата, сокриј се некаде додека да стивне бурата, а потоа врати се како ништо да не се случило. Помини малку време во домашен притвор, одмори се, почекај да истечат законските рокови и продолжи да се браниш од слобода. Ако, пак, имаш доволно имот за гаранција, можеби и воопшто нема долго да останеш зад решетки. Дали ова станува новиот рецепт за избегнување на притворот во Македонија? Дали ова е пораката што нашето ...
Веројатно не само јас туку и некој друг, ако не и пошироката јавност, многу би сакале да бидеме просветлени за што, како и по кои тоа важни прашања одлучувала „нашата“ (навидум) „висококотирана“ претставничка во дувлото на нато (малите букви се соодветни на злосторничката реалност на таа „организација“)? Или пак нејзините детски мечти за седењето на важни маси и одлучувањето за круцијални за светот прашања е само невешт извадок од нејзината ...
Лидери на шест од вкупно осум партии застапени во Шведскиот парламент-Риксдаг се жени. Во Норвешка на чело на шест од вкупно девет парламентарни партии се исто така жени. Гледано во целина, во нордискиот регион во Северна Европа, вклучувајќи ги и Данска, Финска и Исланд, лидерските позиции во околу 50 проценти од парламентарните партии им се доверени на жени. Тешко би можело да се поверува дека меѓу нив би можела да помине каква било дебата ...
Економската размена меѓу Македонија и Русија по почетокот на војната во Украина (февруари 2022 година) претрпе големи промени во обемот на размена. Особено проблем предизвика драстичниот пад на македонскиот извоз, на македонски производи традиционално извезувани во Русија. Според официјалните податоци, извозот кој во 2021 година изнесуваше околу 48,3 милиони евра, падна на само околу 11,8 милиони евра во 2023 година. Најмногу настрада извозот ...